Рачни часовници

Неврзани работи кои и немаат баш многу врска со авијацијата.
Simple chit chat for things that may not really correspond with aviation.

Рачни часовници

Postby Skopjeair » 23 May 2007, 18:53

Луѓе, имам проблем. Ми се расипа саатот и под хитно ми треба саат!!! Има ли некој да ми препорача некој модел на саат?
I fly BELL 206 when I am sober!
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
User avatar
 
Posts: 3184
Joined: 12 Oct 2006, 09:23

Postby ProMKD » 23 May 2007, 20:43

baras digitalen, ili klasicen stil na primer "swatch" ?
ProMKD
Капетан на B737
Капетан на B737
User avatar
 
Posts: 718
Joined: 26 Jan 2007, 01:21
Location: Skopje, Makedonija

Postby Mad Scientist » 23 May 2007, 22:08

Едно искуство од паталец:
Јас едно време имав Swatch, фина марка, евтина но многу нежна. Кога откажа послушност после неколку јаки стресови го однесов во сервис, каде дознав дека тие часовници не се отвараат и сервисираат внатрешно туку се „превиваат“ со помош на електромагнети, па ако пројде пројде (понатака APP). Саатот не беше од пластичните серии на Swatch, туку бесе Irony, со челично куќиште.
За малце повеќе пари, од 5-9 илјади денари, може да се купи добар Casio (моментално имам еден) кој што досега ги поднесува сите мои столарско-електричарско-механичарски авантури а е и сервисабилен (ова е чисто македонски збор) . Па ете, се надевам ти помогнав.
P.S. Нормално, секогаш можеш да си купиш и Breitling па да бидеш прав Hot-Shot пилот, ама за тоа треба да се одвои 2-5 илјади во тврда валута :-)
No good deed remains unpunished.

Нормален текст - Пишува љубител на авијација
Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор
Mad Scientist
On the mike at 120.3
On the mike at 120.3
User avatar
 
Posts: 773
Joined: 05 Oct 2006, 17:42

Postby Skopjeair » 23 May 2007, 23:07

Јас и сакам да купам Брајтлинг, ама нешто поволно не да давам ептен многу пари. Инаку сега во Рамстор го гледав Тисот T-touch, и има добри опции. Алтиметар, Топломер, Компас . . .
I fly BELL 206 when I am sober!
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
User avatar
 
Posts: 3184
Joined: 12 Oct 2006, 09:23

Postby FROGFOOT » 25 May 2007, 08:35

Mad Scientist e mnogu vo pravo vo vrska so SWATCH.

Od 95 do sega imam 3 nivni saati,

Prvo imav plasticen Chrono model, prvoto kozno kaivce se skina za 9 meseci, vtoroto plasticno za 6 meseci, tretoto metalno na tegnenje izdrza "duri" 1 godina. Na kraj plasticnoto kuciste pukna od mnogu mal udar, po pomalku od 3 godini koristenje.

Vtor mi e Irony verzija so aluminium kuciste i celicno kaivce od tip brazletna. Ovoj e kupen vo prolet 98 i se uste raboti odlicno, znaci veke
polni 9 godini. Momentalno ja trosi 3 baterija.

Tretiot e Irony Chrono, celicen so delumno celicno kaivce od tip brazletna. Prvoto kaizvce imase crni gumeni delovi koi se iskinaa za pomalku od 1 godina. Koga se pozaliv kaj nasive u servis mi rekoa deka kaivceto ne podlezi na garancija. Kupiv novo celosno celicno kaivce sto sega za sega sluzi odlicno.

Kako moj zaklucok, imas odlicni SWATCH saati, so celosno metalni kuciste i kaivce od serijata IRONY, kupuvajte samo takvi, bez nikakvi delovi od guma i plastika. Poednostavnite i pomali modeli se od 4500 do 5000 i se super. IRONY CHRONO modelite se od 6800 do 7200 i po moe ne vredat za tie pari.
Moj sovet, zemi od tie sto se megu 4500 i 5000, so pokazatel za den vo mesecot i den vo nedelata, celosno metalni.

Tocno e deka i CASIO pravi odlicni metalni saati, cenite im se odprilika kolku i na SWATCH.
Skopjeair, Za TISSOT T-Touch citav pred nekoe vreme na internet forumi deka bil premnogu nezen i ne vredel za parite.
I jas bi sakal BREITLING, TAG HEUER, CHASE DURER i slicno, no tie vredat malo bogatstvo.
Skopjeair, pisi na kraj sto si kupil, a ako ti treba sovet pisi mi licna poraka.
FROGFOOT
Спортски пилот
Спортски пилот
User avatar
 
Posts: 366
Joined: 29 Sep 2006, 12:42
Location: Skopje, Makedonija

Postby asphalt » 31 May 2007, 12:53

Swatch, Casio... Не!

Се работи за сфаќање на концепт на лош/добар саат. Ако сакаш да сфатиш, ја би имал неколку препораки.
Tissot T-Touch, е интересен но е саат играчка. Конзумира батерии побрзо од обичниот quartz саат. Тач-скринот си има и свој век, и од лично искуство знам дека се јавуваат проблеми во 40-на посто од случаевите. Не сакаш да ризикуваш со тоа. Иако е интересен на прв поглед, дури и фасцинирачки.. =)
Меѓутоа Tissot е одличен бренд.

Во Скопје, (па и во МК?!) нема Tag Heuer, најблиските во Солун, се по астрономски цени, од некои 2000 e, па нагоре. Моја препорака би бил Tag Heuer Aquaracer automatic Chronogaph. Ако имаш некој кој е во Дубаи, или на некој од Карибските острови кој би ти го купил од таму и би ти го донел, цената би била некаде околу $1400-1500. Јап, до толку е поскап у Европа. =)

Доколку имаш средства за нешто стварно исклучително, тогаш Omega Speedmaster Professional. Малце е по dive отколку air, ама е врв! Као мала тривија, тоа е официјалниот саат на Аполо мисиите на NASA.

Сепак да се вратиме на Tissot. Тоа е швајцарски бренд, кој по ништо, повторувам, по ништо не заостанува зад Tag Heuer. Разликата е во тоа што Tissot e поефтин.
Лична препорака е Tissot PRS200, или пак по-dive варијанта, Tissot Seastar Automatic. Се работи за саати со сафирен кристал, квалитетен челик, и одлична изработка.
Јас сум горд сопственик на Tissot PRS516 automatic chrono, и имам само пофални зборови. (као информација погонот во него, Valjoux 7750 ја користат и Tag, и Breitling и Oris и многу други... ).

Поздрав
asphalt
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 4
Joined: 31 May 2007, 11:34
Location: Скопје

Postby FROGFOOT » 01 Jun 2007, 15:25

asphalt, kako si zadovolen od automatic mehanizmot na TISSOT, tatko mi imase SWATCH autimatic, celosno otkaza saatot za pomalku od 1,5 godina, bez moznost za popravka.
FROGFOOT
Спортски пилот
Спортски пилот
User avatar
 
Posts: 366
Joined: 29 Sep 2006, 12:42
Location: Skopje, Makedonija

Postby asphalt » 01 Jun 2007, 16:35

Погонот на Swatch automatic е стварно зачудувачки. Зачудувачки е што уопште работи. =) Кинеска копија од 40 долари на Audemars Piguet има подобар механизам од Swatch-овиот.

ја сум задоволен од мојот, на сервис планирам да го однесам по 3-4 години, и тоа би било тоа...
asphalt
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 4
Joined: 31 May 2007, 11:34
Location: Скопје

Postby Skopjeair » 01 Jun 2007, 18:02

Во принцип ми треба авијациски часовник( значи да има напишано брзини одоколку, стоперка)

http://www.finestwatches.com/breitling-10816.html#

го замеркав овој саат, што е тоа што ми треба, а и е поевтин саат од каталогот на Брајтлинг . . .
I fly BELL 206 when I am sober!
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
User avatar
 
Posts: 3184
Joined: 12 Oct 2006, 09:23

Postby asphalt » 01 Jun 2007, 18:53

Tissot PRS516 automatic chrono ги има истите функции како Брајтлингов (стоперка, тахиметар), со тоа што и покажува плус ден а не само датум. И е скоро трипати поефтин. И доаѓа и со кожна нараквица. =)

P.S. Овие саати не се "расипуваат". Зборуваме за саати кои ќе ви траат цел живот, доколку не ги изгубите... =)
P.S. За користење на тахиметарот http://home.xnet.com/~cmaddox/tachymetre.html
asphalt
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 4
Joined: 31 May 2007, 11:34
Location: Скопје

Postby FROGFOOT » 02 Jun 2007, 23:20

Od moeto licno iskustvo so kozni kaivcinja za saati mozam da kazam deka ne traat dolgo, se umirisuvaat od potta i ne i davaat na kozata na rakata da "dise" kako sto treba. Jas bi preporacal saat so titaniumska, aluminiumska ili celicna brazletna i toa tokmu po toj redosled. Iako tatko mi veke 1,5 godina nosi nonstop Swiss Army WENGER so kozno kaivce koe dosega ne pokazuva ni najmali znaci na zamor na materjalot.
FROGFOOT
Спортски пилот
Спортски пилот
User avatar
 
Posts: 366
Joined: 29 Sep 2006, 12:42
Location: Skopje, Makedonija

Re: Рачни часовници

Postby Scylla » 24 Nov 2010, 22:31

Како ги чистите челичниве бразлетни и кукишта на часовнициве? Имам пробано со паста за заби, обичен сапун, 97% алкохол и детергент за машина за садови. Сите одлично делуваат, со детергентот (малечки коцки) мислам дека има најголем ефект за чистење од наталожените материјали а пастата го враќа првичниот сјај и ја полира површината. За стаклото имам пробано на синтетичко стакло полирање со мала количина на сол и успеав да покријам едно мала гребаница. Додуше во поопремениве специјализирани продавници имаат добри апарати и препарати кои можат стар изгњавен челичен часовник да го вратат во првична состојба вклучувајќи го и стаклото.

Инаку за расипување на механизмот, голема улога игра и батеријата. Јас секогаш гледам да користам РЕНАТА батерии кои се прилично докажани, ако евентуално не можам да ги набавам земам ВАРТА. Веројатно во голем број на продавници каде заменуваат батерии не користат баш проверени и реномирани марки од батерии, ова е чест случај на расипување на механизмот поради неквалитетна батерија.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Re: Рачни часовници

Postby Scylla » 30 Nov 2010, 11:31

Ова мислам дека ќе ви биде интересно. Ова е Брајтлинг Навитајмер 2100 специјално направен за италијанското воздухопловство. На задниот капак (кој е променет, овој не е оригиналниот) верувале или не изгравирано е RV i PVO и амблемот. Претпоставувам југословенски пилот го добил на поклон или го купил па го изгравирал додатно. Проблемот е што часовникот е расипан и не работи, по увидот од страна на фабриката дефинитивно кажано е дека не може да се поправи бидејќи некои делови се стари повеќе од 30 години и ги нема да се заменат.

Image

Image

Image

Image
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Re: Рачни часовници

Postby alvarhanso » 30 Nov 2010, 13:52

Штета, баш изгледа ѕверски.
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 26213
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Re: Рачни часовници

Postby IgorMKD » 04 Dec 2010, 13:51

:mrgreen:

Image
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15319
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Re: Рачни часовници

Postby Iko » 04 Dec 2010, 14:03

Me otkrivte.... :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
Iko
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
Online
 
Posts: 36986
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA

Re: Рачни часовници

Postby AlexGreat » 04 Dec 2010, 14:08

Aaaaaaaaa ova e HAI znaciii... :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
User avatar
 
Posts: 9179
Joined: 05 Mar 2009, 22:18

Re: Рачни часовници

Postby Iko » 04 Dec 2010, 14:24

Ahahahahahaha... :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
Iko
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
Online
 
Posts: 36986
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA

Re: Рачни часовници

Postby Loaded_Dice » 04 Dec 2010, 18:50

Овој модел на Breitling е специјално произведуван за RV i PVO, и е дел од стандардната опрема на воените пилоти во тоа време . Може да ги имале и италјанците, ама знам дека во бивша Југославија на секој пилот во војска му следувал по еден ваков :lol:
Loaded_Dice
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 1115
Joined: 04 Aug 2006, 21:48
Location: Skopje, MK

Re: Рачни часовници

Postby Scylla » 06 Dec 2010, 15:42

Loaded_Dice wrote:Овој модел на Breitling е специјално произведуван за RV i PVO, и е дел од стандардната опрема на воените пилоти во тоа време . Може да ги имале и италјанците, ама знам дека во бивша Југославија на секој пилот во војска му следувал по еден ваков :lol:


Се распрашав повторно за детаљи и имаш право, само ќе те надополнам, информацииве ми се од прва рака за овој часовник од сега пензиониран пилот. Овој часовник Breitling Navitimer 2100 Quartz им е понуден на југословенските пилоти во 1984/1985 година по повластена цена и добиен со емблемот на РВ и ПВО (капачето е оригинално, јас претпоставив дека не е). По 6 месеци буквално часовникот се расипал, како и најголем дел од останатите од оваа специјална серија од Брајтлинг за југословенското РВ и ПВО. Бидејќи пилотите ги добиле во оригинална кутија без документи и гаранција, секој сервис морал да оди преку приватен канал до Брајтлинг и да биде платен приватно. Овој часовник еднаш е поправен во 1987 но повторно се расипал буквално после 3 месеци. Бидејќи често се расипувал бил тргнат од употреба и заменет со марката Citizen кои најголем дел од нив работат и денес.

Механизмот кој бил вграден во овие часовници бил јапонскиот Miyota 3510 кој се покажал катастрофален.

Поради проблемите Брајтлинг при крајот на 80тите спровел организиран сервис и повлекување на сите часовници од оваа серија но поради тогашната ситуација југословенските воопшто не биле опфатени. Производството на резервни делови престанало уште во почетоците на 90тите па сега ни Брајтлинг не може да го оправи часовников. Имено, во Франција во овластениот дилер и сервисер на Брајтлинг е понудено замена за овој расипан часовник за Breitling B-1 или било кој друг модел по повластена цена (од 25% до 35% попуст на редовната цена)...Меѓутоа сопственикот не беше заинтересиран.

Image

Image
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Next

Return to Општи муабети / Off topic

Who is online

Users browsing this forum: Столе Маф and 7 guests