Загина Стив Ирвин, ловецот на крокодили

Неврзани работи кои и немаат баш многу врска со авијацијата.
Simple chit chat for things that may not really correspond with aviation.
Post Reply
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Загина Стив Ирвин, ловецот на крокодили

Post by avijacijamk »

[img]http://www.vest.com.mk/images/{D57CCF72 ... stiv-2.jpg[/img]

СИДНЕЈ (ДПА) - Австралискиот ловец на крокодили и голем љубител на животните Стив Ирвин почина вчера откако ража го избодела со боцка во срцето додека снимал документарец за морскиот свет кај Кернс во северен Квинсленд, Австралија. Од чамецот за нуркање повикале хеликоптер , меѓутоа 44-годишниот авантурист бил прогласен за мртов додека да стаса помош. Се претпоставува дека умрел од инфаркт.
"Веднаш се виде дека доби повреда што не може да ја преживее", изјави Ед О'Лахлин, докторот што бил повикан да го прегледа Ирвин. "Тој доби прободна рана на градниот кош. Го загуби пулсот и не дишеше".
Снимателот Дејвид Ајрленд кој работеше со Ирвин изјави дека снимањето на ражите од близу била опасна задача.
"Имаат една или две боцки на опашките кои не само што се отровни туку се како бајонет. Ако погодат витален орган, смртоносни се како бајонет", изјави тој.
Ирвин ја наследи Австралиската зоолошка градина на Сончевото крајбрежје во Квинсленд од своите родители во 1991 година и ја претвори во голема туристичка атракција. Следната година тој ја продуцираше и ја играше главната улога во успешната телевизиска серија "Ловецот на крокодили".
Хиперактивниот љубител на животни облечен во сафари облека тврдеше дека серијата ја гледа публика од 500 милиони луѓе во светот. Тој често се жалеше дека неговиот талент повеќе се цени во странство отколку во неговата земја.
"Кога ќе видам што се случува во светот, ме сметаат за многу популарен Австралијанец и воин во дивиот свет. А овде во мојата земја луѓето како да се срамат од мене", изјави тој во 2003 година. Следната година тој се посрамоти и му наштети на угледот на "Ловецот на крокодили" кога беше снимен во Австралијанската зоолошка како на еден огромен крокодил од четири метри со едната рака му дава кокошка, додека во другата рака го држеше својот син Боб кој беше бебе од еден месец. Оваа егзибиција, што ја изведе пред насобрана публика, ги натера неговите обожаватели во светот да се запрашаат дали човекот можеби го загубил разумот. Дури го споредуваа со однесувањето на поп sвездата Мајк Џексон кој во 2002 година го покажа својот син преку балконот во германски хотел. По ова Ирвин извесно време се повлече од јавноста.
Директорот на Австралискиот совет за туризам Метју Хингерти го опиша Ирвин како "вистинска австралиска икона" кој ја претвори Австралиската зоолошка во профитабилна институција.
"Влијанието на 'Ловецот на крокодили' во светот придонесе кон прилив на милиони долари од туристите кои доаѓаа во Австралија и отвори работа за стотици Австралијанци", вели Хингерти.

ВЕСТ
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 35669
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Post by dragan_mig31 »

da be vcera ova.a ja sve mislev deka krokodil kje go pojeden nekj den,ali greota coekot od riba.......
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: Столе Маф, Google [Bot] and 8 guests