Canemakedonski wrote:...патиштата (...) американските се никакви. Европските се веројатно најдобри.
Од рамките на моето скромно искуство на возење во САД, морам одлучно да не се согласам. Вистина, американците се жалат на „лоши патишта“... но, споредено со што? со северна рајна-вестфалија или јужна франција??
За нашите западнобалкански стандардни патиштата се подеднакво
перфектни и на Interstate 95, и на Bundesautobahn 8.
Moжеби просечниот пат во западна европа е подобар од просечниот пат во некоја прерија, но километражите се неспоредливи. Инаку, во
подеднакво урбанизираните предели патиштата се
подеднакво феноменално-одлични и во европа и во сад. Со нашите просто нема споредба на ниту едно ниво.
извор: во последните 3 години имам возено изнајмена кола во државите Њујорк, Њу Џерси, Вирџинија, Мериленд и Флорида. Особено во Флорида: возев не само низ туристичките центри, туку и среде никаде во пољопривредните предели каде што не идат туристи, нагоре скоро до тромеѓето со алабама и мисисипи. При тоа, возев по еден автопат кој на интернет го прогласиле за „најлошиот автопат во флорида и еден од најлошите во сад“.
Јас, искрено, мислам дека тоа се размазени глупости. Еве го „најлошиот“ автопат, озлогласената, одвратна, опасна, треќи-свет делница меѓу Орландо и Тајтусвил:
Да се обрне внимание дека патот е мазен, чист (нема гранчиња и камчиња), вегетацијата од страните уредно потшишана итн итн. Ваков е цел. Тоа да ти бил според нив лош аутопут. Имал само 2 ленти.
Е, а откако видовте како изгледа лош автопат во америка, еве како изгледа нормален автопат: I10, некаде близу границата со Џорџија. Јас по ништо не го разликувам од, на пример, Салцбург-Минхен: редовно одржуван, мазен како маса за билијард и беспрекорно изсигнализиран: