http://www.365.4d.mk/event.php?id=2638&categoryId=18" onclick="window.open(this.href);return false;
А да прошетаме до Музејот на ЈСП !
Музејот на ЈСП - Скопје, сместен на околу 200 квадратни метри во гаражата на ЈСП во скопската населба Ѓорче Петров, како да постои само за ЈСП. Ретки се посетителите кои во годината ќе го посетат, иако со своите експонати и прикази, овозможува многу лесно запознавање со богатата историја на јавниот превозник во Скопје.
Таму можат да се видат автобуси од далечната 1969 година од марката „Лејланд“ во одлична состојба, кои минале над милион километри, возејќи многу генерации. Вработените во гаражата на ЈСП се трудат да бидат добри домаќини и секогаш се расположени да ја раскажат историјата на своето претпријатие, која датира од далечната 1947 година кога од „Кумановската трошарина“ (денешните бараки на општината Гази Баба) тргнувале првите „Рено“ автобуси со капацитет од 60 седишта кон центарот на Скопје па се до сегашниот Градски парк.
Првите автобуси во Скопје биле од марките „Шкода“, „Рено“, „Клокнер“, „Штофнер“ и „Берљет“, на кои набрзо им се приклучуваат автобуси од „Фиат“ и „ Круп“. Се прераскажуваат разни настани кои ги доживувале возачите и кои денес личат на приказни... Треба да се посети овој необичен музеј за да се почуствува тој дух на минатото.