ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Неврзани работи кои и немаат баш многу врска со авијацијата.
Simple chit chat for things that may not really correspond with aviation.
User avatar
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5835
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by Canemakedonski »

Iko wrote:Cane...te chesha tebe izgleda bratche nekoe rebro...ti izgleda zaboravi shto ni prenese Baronot De Rotshild na tajniot sostanok vo Shipkovica?!? :nenene:


:lol: :lol: :lol:
А, да не пиратуваме ништо под гигабајт? :roll:
User avatar
Iko
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 45851
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by Iko »

Yup, eventualno terabajt... :wink:

:lol: :lol: :lol:
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by kocov »

Картата на АCTA
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33458
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by alvarhanso »

Braća iz Kaštela privedena zbog skidanja filmova! Rakar: Ovo nema veze s ACTA-om
http://www.jutarnji.hr/dvojica-kastelan ... -/1011753/" onclick="window.open(this.href);return false;

Interpol ih prijavio jer su skinuli par filmova i igara s interneta!
http://www.vecernji.hr/vijesti/interpol ... nak-384028" onclick="window.open(this.href);return false;
brynner

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by brynner »

alvarhanso wrote:Braća iz Kaštela privedena zbog skidanja filmova! Rakar: Ovo nema veze s ACTA-om
http://www.jutarnji.hr/dvojica-kastelan ... -/1011753/" onclick="window.open(this.href);return false;

Interpol ih prijavio jer su skinuli par filmova i igara s interneta!
http://www.vecernji.hr/vijesti/interpol ... nak-384028" onclick="window.open(this.href);return false;
Uff, al' ti dobar avatar... ;)
brynner

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by brynner »

Лејдис енд џентлмен, АКТА хез лефт д‘ билдинг!...

(Или асимил од истото.)
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by kocov »

работат на случајот брајката ама и тие еден ден ке дадат душа ке стегат ке стегат ама еден ден ке пукнат и тие
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33458
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by alvarhanso »

Како ви звучи ова, борба против детската порнографија или ставање на рачето врз единствениот неконтролиран медиум?
Некако тешко ми е да поверувам оти ќе запрат само на тоа. Вака ќе го протнат за почеток... а понатаму...
Излегува дека ако напишам газ, цицка, еби, пи*ка, к*р, диета или марихуана ќе ми ја банира страната, не? Прилично Северно Корејски.


Владата ќе ги сузбива злоупотрбите: на интернет поставени 4.323 содржини со детска порнографија и над 41 милион пцости

Проект за заштита на деца и млади од нелегални и штетни содржини на интернет, кои се опасни за нивниот правилен развој планира да реализира Владата.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев информира дека за помалку од една година од Македонија се регистрирани околу 403 ИП-адреси кои симнале 4.323 различни документи со детска порнографија. Со пребарување на зборот „тепачка“ и „ќотек“ се постирани повеќе од 300 видеоклипови со потекло од Македонија. Преку 25.000 видеоклипови на интернет се со ксенофобична или националистичка содржина. Повеќе од 300 видеоклипови со содржина за малтерирање се поставени на интернет. Има над 41 милиони изрази на пцости и лоши зборови напишани со кирилично писмо и околу 106 милиони такви изрази со латинично писмо.

„Владата сериозно ќе се насочи кон активности за сузбивање на овие штетни појави кои ги загрозуваат децата и младите, нивниот развој, нивните вредности и поведение. Очекуваме силна поддршка од целото општество, од граѓанскиот и бизнис-секторот, од медиумите, од родителите, од секој граѓанин. Ова е исклучително значајна работа и ние како држава и општество очекуваме да оствариме успех во нејзиното превенирање и искоренување на штетните влијанија“, вели Ѓорѓиев.

Проектот ќе се развива во четири клучни правци: формирање Центар за побезбеден интернет на национално ниво, Национална програма со акциски план за превенција, спречување и заштита на деца и млади од злоупотреби на интернет. Потоа засилување на контролата и законско санкционирање на загрозувањето на децата и младите преку интернет и вклучување на државата во три меѓународни асоцијации за заштита на децата од овој вид опасност (Програмата за побезбеден интернет на Европската комисија, Инсафе центарот – мрежа за размена на искуства и координирање активности и во Меѓународната мрежа на интернет хотлајн провајдери Инхопе).

Првата мерка е комплексна и опфаќа формирање Национален интернет провајдер кој на јавноста ќе и нуди анонимен начин на пријавување нелегални интернет содржини. Провајдерот ќе има задача да оцени дали содржината е нелегална и во тој случај да ја предаде на надлежните институции. Ќе се формира и Советодавен одбор кој ќе се грижи за креирање на националните стратегии за подигање на свеста, Центар за подигање на свесноста кај локалното население, како и отворена линија за помош на која ќе се пријавува порнографија на интернет и ќе нуди емотивна поддршка на лица чии деца биле изложени на таква содржина.

Во Кривичнниот законик на РМ постојат 38 кривични дела што може да се направат на интернет, како детска порнографија, онлајн додворување и демнење и говор на омраза. Според истражувањата, скоро две третини од содржините на интернет може да бидат штетни за децата и младите, меѓу нив се промовирање самоубиство, булимија или анорексија, промовирање употреба на алкохол, дрога и други наркотични средства, нанесување штета на самите себе, откривање лични податоци, сајбер малтретирање, специфични ризици кои се однесуваат на мобилните телефони, зависности…
http://www.mkd.mk/50883/makedonija/vlad ... postaveni/" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
Христијан
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 2749
Joined: 16 Sep 2009, 23:14
Location: Република Македонија
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by Христијан »

Веќе не смееме ни да пцуеме. :D
The only easy day, was yesterday!
User avatar
apo_bullseye
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1695
Joined: 26 Feb 2010, 13:53
Location: Скопје
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by apo_bullseye »

http://skopjehacklab.github.com/blackout-mk/more.html
1. Повеќе нема да можеш да коментираш на страни, форуми, facebook, twitter без страв дека ќе бидеш осуден на огромна парична казна.
2. Ако имаш твоја страна, ќе треба да ги исклучиш коментарите или да набљудуваш и цензурираш 24 часа во денот.
3. Твојот веб сајт лесно ќе може да биде исклучен секогаш кога некој ќе се пожали кон интернет провајдерот, без судски налог.
4. Твојот (интернет провајдер) или било кој центар на моќ, ќе одлучува кои страници ќе ти бидат достапни исто како во Иран, Кина, Саудиска Арабија, Северна Кореја.
5. Како интернет провајдер секогаш можеш да бидеш тужен за содржината што ја објавуваат твоите корисници. Казната е 27.000 евра.
Ако ова е точно отидовме јабана...
brynner

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by brynner »

Јас би рекол „НАМЕРА“, не „опасност“... :x

Македонија: Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клеветa
Деловите од Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кои се однесуваат на комуникација преку интернет може да доведат до целосно затворање за можностите за јавна дебата преку сајтови регистрирани во Македонија и преку поттикнување цензура го кршат Член 16 од Уставот на Република Македонија.

Предлог-законот, кој моментално е на прво читање во Собранието, содржи и делови кои се однесуваат на работата на „провајдери на интернет-услуги“ при што како такви експлицитно се споменуваат портали, но самиот термин провајдер не е дефиниран прецизно па може да се однесува и на било кој друг вид онлајн услуга: обезбедување пристап воопшто, апликација за директен муабет меѓу корисници, форуми, агрегирање и пренасочување кон содржини, сервиси за водење блогови, особено оние кои дозволуваат коментирање од трети лица под постовите, итн.

Со оглед на досегашните искуства од примена на нејасно дефинирани поими во пракса, самиот судија ќе треба да одлучи дали „провајдер на интернет-услуги“, односно соучесник ќе го смета и блогер кој „дозволил“ на коментар под негов пост некој непознат да остави коментар кој е навредлив за трето лице, или пак да се појави линк кон некој друг блог или сајт кој евентуално содржи навреди или клевети за трето лице.

Основниот член кој се однесува на интернет е член 11, кој вели:
  • Одговорност на провајдерот на интернет-услуги

    Член 11

    (1) Провајдерот на интернет услуги превзема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување на пристап до навредливи или клеветнички информации.

    (2) Провајдерот на интернет услуги не одговара за изнесена навреда или клевета како резултат на овозможување пристап до навредливи или клеветнички информации под услов доколу:

    1) докаже дека авторот на информацијата објавена на веб порталот не дејствувал под директна или индиректна контрола или влијание од страна на провајдерот на интернет услугата, и

    2) докаже дека не бил свесен ниту трeбал да биде свесен дека навредлив или клеветнички материјал е објавен на веб порталот, или, во рок од 24 часа откако станал свесен за навредливиот и клеветнички карактер на објавениот текст или информација, ги превзел сите технички и други мерки за отстранување на таквата информација. Барање за отстранување на информација може да поднесе и оштетеното лице.
Со оглед на тоа што секој провајдер на интернет-услуги, односно администратор на веб-сајт, има технички можности за контрола на сите содржини (во крајна линија форма на контрола е бришење односно отстранување на сајтот од веб) спротивно на принципот за презумпција на невиност, со овој член сопствениците се ставаат во ситуација да мора да ја докажуваат дека биле невини, наместо оној кој ги тужи да треба да понуди докази за нивната вина односно зла намера.

Законов ќе ги обврзе порталите да цензурираат содржини објавени од нивните корисници по барање на „оштетеното лице“, не по судски налог врз основа на докажан и осуден прекршок. На пример, некој владин функционер може да биде навреден од изнесување докази за негова корупција. Ако провајдерот не може да докаже дека сторил сè да му го спаси угледот тогаш се соочува со иста одговорност за содржините како граѓанинот кој ги објавил.

Со оглед на тоа што се изложуваат на ризик да платат казни до 27.000 евра, многу е веројатно дека провајдерите на интернет-услуги, за да не ризикуваат тужби ќе оневозможат објавување било какви содржини генерирани од корисниците или во најдобар случај ќе бришат сè за што ќе добијат барање. Во спротивно повторно се изложени на трошоци бидејќи ќе бидат приморани да вработат модератори (адвокати и проверувачи на факти) кои однапред ќе може да проценат за секој коментар дали е навредлив или клеветнички, како и барем по 3 администратори кои ќе бидат на располагање во три смени односо 24 часа 7 дена во неделата (и за време на викенди и државни празници) за навремено да одговорат на сите барања за бришење во рок од законски пропишаните 24 часа.

Можностите за арбитрарна злоупотреба кои би ги отворило донесувањето на ваков закон, преку поттикнување провајдерите на интернет-услуги од сите општествени сектори, а особено од приватниот и од граѓанското општество, да воведат процедури за цензура на содржините генерирани од нивните корисници, го ставаат во директна спротивност со основните принципи на слобода на говор и забраната на цензурата содржани во член 16 од Уставот на Република Македонија.

  • Член 16

    Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
    Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
    Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
    Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
    Цензурата е забранета.


Метаморфозис ги повикува пратениците во Собранието на РМ да го одбијат усвојувањето на законот во ваква форма. Донесување на законски решенија кои буквално може да влијаат на економскиот опстанок на било кој од корисниците на интернет-услуги, кои сочинуваат над 60% од населението во Македонија, заради искажано мислење на интернет и со кои буквално се наложува на е-издавачите да развијат механизми за цензура доколку не сакаат да бидат изложени на опасност од драконски парични казни се во целосна спротивност на основното човеково право на слобода на изразување и Уставот на РМ.

Поради комплексноста и сеопфатноста на последиците од усвојувањето на овој закон, Метаморфозис смета дека процесот на донесување мора да се изведе инклузивно и во согласност со Упатството за начинот на постапување во работата на министерствата за вклучување на засегнатите страни во постапката за изготвување закони усвоено со уредба на Владата на РМ (Сл. Весник на РМ бр. 150 од 27.10.2011 г.) и достапно на веб-локацијата на Вицепремиерот за економија, согласно правната рамка за Процена на влијанието на регулативата (ПВР), вклучително Кодексот за консултации со јавноста за време на подготвувањето на регулативата и Прирачникот за проценка на влијанието на регулативата, достапни на веб-локацијата на Министерството за информатичко општество и администрација. Во тој процес мора да бидат вклучени сите засегнати страни, почнувајќи од провајдерите на интернет-услуги до самите граѓани-корисници на интернет-услуги, блогерите, активните корисници на социјални мрежи и читателите на медиумски портали кои го изразуваат своето мислење преку коментари, како и претставниците на приватниот, граѓанскиот и образовниот сектор, особено експертите за човекови права. За конструктивна проценка на ефектите од законот преку споредбени анализи со странство во процесот мора да бидат вклучени и релевантните меѓународни институции, првенствено Високиот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, како и меѓународните организации кои се занимаваат со заштита на слободата на говор.

Таквиот процес отсуствува во случајот на Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, кој до моментот на објава на оваа реакција не е објавен на официјалните владини веб-локации: ЕНЕР – единствениот национален електронски регистар на прописи на РМ и порталот за модерни јавни расправи е-Демократија.мк. Доколку Владата на РМ и Собранието имаат намера овој закон да има позитивни последици по развојот на демократијата и подобрување на квалитетот на животот во Македонија законот мора да се повлече од собраниска процедура и процесот да се спроведе од почеток.

Метаморфозис ги повикува сите општествени чинители, почнувајќи од индивидуалните граѓани, преку невладините организации, образовните и научните институции, приватните фирми, особено провајдерите на интернет-услуги, медиумите и е-издавачите, како и владините тела, особено оние задолжени за заштита на правата и слободите на граѓаните, активно да се вклучат во процесот на спречување на донесување на ова и било кое друго законско „решение“ кое нуди и најмала можност за загрозување на слободата на изразување во Република Македонија.

Метаморфозис ја упатува оваа реакција до надлежните институции на Република Македонија и општата јавност, како и до Високиот претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ, до Советот на Европа и до меѓународните организации кои работат на заштита на човекови права: ЕДРИ – Европски дигитални права, Амнести Интернешнал, Индекс он цензоршип, Хјуман рајтс воч и Репортери без граници.
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33458
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by alvarhanso »

Дечки, што си зборел за мене?

Image
User avatar
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
Posts: 14219
Joined: 26 Jun 2009, 23:07
Location: Skopje,R.Makedonija
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by karamba »

Ќе ми се фатат за процесоров, средиле они тоа што треба па сеа ќе средуеле ова, божем ние сме Шведска или Швицарска, ебате тоа мрмутите.
brynner

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by brynner »

Ова во никој случај не е средуење, ова е тешко „лукашенковство“... :x
User avatar
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
Posts: 14219
Joined: 26 Jun 2009, 23:07
Location: Skopje,R.Makedonija
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by karamba »

brynner wrote:Ова во никој случај не е средуење, ова е тешко „лукашенковство“... :x
Олабај се и свиркај си бре колега brynner ништо нема од ова, ние сме про-европски ориентирани и далеку сме од лукашенко :wink:
brynner

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by brynner »

karamba wrote:
brynner wrote:Ова во никој случај не е средуење, ова е тешко „лукашенковство“... :x
Олабај се и свиркај си бре колега brynner ништо нема од ова, ние сме про-европски ориентирани и далеку сме од лукашенко :wink:
:lol: Братче, и Врање ќе ни биде далеку ако не задеси ова...
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33458
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by alvarhanso »

ЗAДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ:

„9ти октомври, црн ден за слободата на македонскиот интернет, црн во буквална смисла на зборот. Сигурно имате приметено дека неколку страни се затемнети. Тоа е благодарение на член 11 од предлог-законот за навреда и клевета.

Сега можеби ќе си помислите дека сум некое идиотче шо вреѓа луѓе преку постови на блогов и дека ми смета законов. Па и не баш, вој член од законот не е закана само за мене, закана е буквално за секој што има пристап до интернет и, многу нормално, што има свое лично мислење.

Поради тоа што ретко кој од вас би седнал да чита некаков закон, во најкратки црти член 11 од законот за навреда и клевета ви овозможува лесен начин да „заработите“ парична казна поради нешто што вие ќе го напишете на интернет. Но тоа не важи само за корисниците, туку важи и за интернет провајдерите. Доколку тоа што вие сте го напишале било одобрено од страна на администратор на сајтот, кој бил одобрен од страна на администратор вработен во интернет провајдерот и провајдерот ќе добие казна. Или да упростам уште малце, доколку се изгласа овој закон, со секој коментар, твит, статус имате можност да добиете казна доколку некој се препознае во тоа и ве пријави.

Блогерите кои имаат блогови хостирани на некој блог сајт или пак си имаат свој веб сајт кој го користат како блог не само што треба да пазат што пишуваат, туку треба да пазат кои коментари ги одобруваат. Доколку некој се пожали дека некоја информација (точна или неточна), поготово ако се работи за некој функционер/јавна личност, ја сметал за навредлива, интернет провајдерот може да го избрише тој блог/сајт без налог и без никакво појаснување, при што не само авторот, туку и интернет провајдерот може да биде казнет, доколку така одлучи судот. Исто така треба да бидат филтрирани сите коментари кои ќе бидат оставени на таа статија/пост. Под филтрирани мислам на тоа дека треба администраторот на сајтот/блогот да одлучи дали тој коментар е навредлив за некој и доколку не е да го одобри, а доколку е навредлив да не го одобри. Ако одобри коментар кој е навредлив, следи казна за авторот на коментарот и администраторот кој го одобрил.

Во уште пократки црти, донесувањето на овој закон би значело цензура на интернетот во Македонија, со тоа што ќе биде филтрирано се што се пишува и плус интернет провајдерот ќе одлучува (како што ќе му биде наложено) до кои сајтови ќе имаме пристап. До сега сигурно веќе се прашувате што им кондрадикторно во сето ова. Контрадикторно е тоа што ќе биде цензурирано скоро се што ќе се појавува на интернет, што е во директен конфликт со член 16 од Уставот на РМ кој забранува цензура и овозможува слобода на говор, информации и споделување на истите. Сега останува битното прашање: сакаат да ни ја остават слободата или ќе добиеме сајбер катанци?

Доколку и вам ви е мила нашата македонска интернет сфера и сакате да остане таква како што е, најдобро нешто што можете да направите е да ги исконтактирате нашите пратеници или претседателот на собранието и да им оставите порака дека ние (македонскиот народ) сме против овој предлог-закон што може да доведе до цензура на единствениот транспарентен медиум што ни остана.
Да се обединиме и заедно да се бориме да ни остане интернетот чист како единствен транспарентен медиум. Смрт за цензурата, слобода за информациите!“

Делот е превземен од блогот Топилница - http://topilnica.wordpress.com/2012/10/ ... a-kleveta/" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33458
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: ACTA - смрт за интернетот и човековите слободи?...

Post by alvarhanso »

http://www.bbc.co.uk/news/technology-20445632" onclick="window.open(this.href);return false;
Од цела вест око ми фати оперативниов систем Red Star.... кај да се најде? :)
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 16 guests