FOR COMMENT или За Коментирање

Неврзани работи кои и немаат баш многу врска со авијацијата.
Simple chit chat for things that may not really correspond with aviation.

FOR COMMENT или За Коментирање

Postby karamba » 22 May 2013, 12:15

Шизици вака,

Бидејќи темата "NO COMMENT" е претежно ориентирана за разно разни домашни и белосветски мајстори на глупостите кои навистина не вредат да се коментираат, мислам дека треба да се има една тема кај што би се коментирале, постирале, пофалиле работи и достигнување од сите теми на опстојувањево човечко...значи работи кои вреди да се коментираат, нели во чиста спротивност на веќе споменатата тема "NO COMMENT" :)

Еве за старт, ако е долеспоменатиот магистер еден наш ценет член, а има за што да се пофали, нека се пријави сам да не го бараме преку УБК и нека почасти по едно Folkodin-че, па мајку му ко деца сме го кркале сите зш сеа да не џапнеме по едно, бар сеа му ја знаеме и структурата :) . Ако па ја сум ги смешал лончињата со имево на ценетиот Магистер ондак ја ќе частам по една/ен Жолтоспирин со салата :wink:

Ајде Живели!

Алкалоид ја откри непознатата структура на соединението фолкодин монохидрат


Истражувачкиот тим на Алкалоид АД Скопје во соработка со две научно-истражувачки лаборатории првпат во светски рамки ја реши кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат кое за пациентите кои страдаат од интензивна сува кашлица е повеќе од половина век достапно во форма на капсули и сируп.

Од компанијата соопштија дека познавањето на кристалната структура и полиморфизмот (можност едно хемиско соединение да постои во повеќе различни кристални форми) на секое фармацевтски-активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичко-хемиски својства и физиолошка активност.

Иако фолкодин монохидратот во вид на капсули и сируп против интензивна сува кашлица се наоѓа во активна медицинска употреба во светски рамки уште од средината на минатиот век, не беше позната неговата кристална структура.

Најверојатно, како последица на непознавањето на неговата структура, досега останаа неразјаснети некои аспекти во врска со физиолошката активност на ова соединение. Нивното разјаснување и дефинирање перспективно може да понуди негова проширена и модифицирана медицинска примена.

Добиените резултати од ова значајно откритие се објавени во реномираното научно списание „Кристален раст“ („Journal of crystal growth“) во вид на оригинален истражувачки труд насловeн „Фолкодин монохидрат: Кристална структура и полиморфизам“. Истражувањето е спроведено по иницијатива на м-р Ѓорѓи Петрушевски, вработен во Институтот за истражување и развој на Алкалоид АД Скопје, стои во соопштението.

Ова научно постигнување, информираат од компанијата, претставува огромен успех за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип раководено од македонски научници под покровителство на Алкалоид АД Скопје, што претставува поттик за понатамошна соработката на оваа компанија со научните институции во Република Македонија.


http://www.sitel.com.mk/node/79213
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
User avatar
 
Posts: 12101
Joined: 26 Jun 2009, 22:07
Location: Skopje,R.Makedonija

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Iko » 22 May 2013, 17:18

Iskreno, edino vakvi vesti od kaj nas me raduvaat i pravat da se chustvuvam gord...srdechni chestitki....sekoja chest i samo napred! :bravo: :bravo: :bravo:
Iko
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
Online
 
Posts: 36947
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby KVARK » 22 May 2013, 20:14

И јас ги познавам луѓево! :D

http://www.sciencedirect.com/science/ar ... 4813002807
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
User avatar
 
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 22:39
Location: New Foxсиче!

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Зоран » 22 May 2013, 20:21

Ако добро ја проследив веста , бидејки само што се вратив од пат....
Честито Доторат драг пријателе.
Го достигна врвот во наукта.
Остани таму.
Зоран
Mодератор
Mодератор
User avatar
 
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby karamba » 22 May 2013, 21:02

Освен од Универзитетот од Загреб, останатата екипа е цела домашна, па шта речи још, уште еднаш другар Кварк честитки и само напред :bravo:
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
User avatar
 
Posts: 12101
Joined: 26 Jun 2009, 22:07
Location: Skopje,R.Makedonija

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby IgorMKD » 22 May 2013, 22:57

Респект Ѓорѓи, длабоко ти се поклонувам :bravo: :bravo: :bravo:
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15319
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Skopjeair » 23 May 2013, 07:56

Многу ме радуваат вакви вести од Македонија! GO KVARK!
I fly BELL 206 when I am sober!
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
User avatar
 
Posts: 3184
Joined: 12 Oct 2006, 09:23

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Momak od Gjorce » 23 May 2013, 11:54

Честитки и само напред... :bravo:
Momak od Gjorce
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2461
Joined: 18 Jan 2011, 16:36
Location: Скопје,Ѓорче Петров

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Canemakedonski » 23 May 2013, 21:01

И од мене честитки.
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
User avatar
 
Posts: 5779
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby alvarhanso » 24 May 2013, 18:20

Се придружувам на честитките, само напред! :)

Идеме понатаки. :wink:

Илина Арсова стана првата Македонка што стапна на Монт Еверест

Илина Арсова, познатата македонската алпинистка, денеска рано утрото стана првата Македонка што го искачи Монт Еверест, највисокот планински врв во светот.
Како што дознаваме од пријателите на Илина, таа вчера околу 3.15 часот по полноќ застанала на врвот на светот, на 8.848 метри надморска висина, и тоа со неа бил само нејзиниот носач.
Во моментов таа се спушта од најголемата планина во светот и се наоѓа на висина од околу 7.000 метри.
Илина Арсова има триесет и една година. Таа е ликовен уметник и позната планинарка, која во женска конкуренција има постигнато најголеми успеси во Македонија.
Освен Монт Еверест, таа досега се има искачено уште и на Килиманџаро, Мон Блан, Аконгагва и на уште многу други високи планински врвови низ целиот свет.
http://www.mkd.mk/makedonija/ilina-arso ... kachi-mont

Image

Секоја чест за Илина! :bravo:
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 26204
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Iko » 25 May 2013, 07:22

Boga mi, navistina sekoja chest...povtorno da kazham, me raduvaat vakvi vesti od kaj nas... :bravo: :bravo: :bravo:
Iko
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
Online
 
Posts: 36947
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Helihopter » 26 May 2013, 12:06

OVO JE BLAŽO: Golim rukama zadavio medveda!
Mečka je Grkovića napala dok je čuvao ovce na livadi na katunima ispod planine Volujak. U teškoj borbi Grković je zadobio povrede po celom telu


GACKO - Blažo Grković (48) iz sela Vrba kod Gacka udavio je mečku koja ga je napala kod dok je čuvao ovce, a on je u tom napadu zadobio teže telesne povrde ali se na svu sreću nalazi van životne opasnosti.

Mečka je Grkovića napala dok je čuvao ovce na livadi na katunima ispod planine Volujak. U teškoj borbi Grković je zadobio povrede po celom telu, a zubi ove krvoločne životinje prolazili su mu i kroz kosti ruku i nogu, ali na sreću glava nije povređena.

Grković koji se nalazi u Kliničkom centru u Foči potvrdio je da se oseća dobro i da je tek sada svestan šta se desilo, ali nije mogao da precizira koliko je trajala nemilosrdna i neizvesna borba "prsa u prsa" sa mečkom.

Dok je sedeo blizu ovaca velika mečka utrčala je u stado, pošla prema Grkoviću koji je u tom trenutku u džepu imao samo malu sekiru. Ovaj hrabri čovek koji je u opštini Gacko od ranije poznat po svojoj neustrašivosti uhvatio se u koštac sa medvedom koji mu je izbio sekiru iz ruku, ali je Blažo uspeo da ga savlada.

"U jednom trenutku, jedna ruka mi je bila među medvedovim šapama, a drugom sam ga držao za grkljan dok nije pao", kaže Blažo.

Njegova supruga Mira rekla je da Blažo može da se kreće, ali da ruke ne može najbolje da pomera.

"Sve će biti dobro, važno je da je Blažo živ, a rane će zarasti", kaže Mira i dodaje u šali da je znala da joj je muž hrabar, ali ne i da je snažniji i od medveda.

Ona ističe da se po garderobi koju je imao na sebi može zaključiti da je borba bila strašna. Nakon što je rukama udavio mečku, Blažo je uspeo da nazove svoga šuraka Božidara Eleza, koji je pozvao hitnu pomoć. Grkovići kažu da je mečka prethodnog dana ušla u selo i iz tora odnela jagnje i ovcu.

Gačani, nakon što su se uverili da je Blažo dobro u šali kažu da će svi medvedi iz hercegovačkih šuma odseliti nakon ovog slučaja u strahu za svoju bezbednost.

http://www.kurir-info.rs/hercegovac-zad ... nak-808279
Helihopter
Спортски пилот
Спортски пилот
User avatar
 
Posts: 323
Joined: 26 May 2012, 13:05

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Momak od Gjorce » 28 May 2013, 16:53

Средношколци од Гостивар ги претвораат дождот и громот во струја- добија бронзен медал во САД

Двајца средношколци од Гостивар и донесоа на Македонија бронзен медал од САД.

Мартин Јосифоски и Мартин Филиповски имаат само по 17 години, но нивната иновација го воодушеви светот.

Нивниот труд според кој силата на дождовните капки се претвора во електрична енергија, се најде меѓу 400-те избрани од 4.000 пријавени од целиот свет.

Во изјава за Дневник, тие раскажуваат за предизвикот.

- Со предизвикот се соочивме уште лани есента. Звукот што го произведуваат капките дожд кога врне е доказ дека има механичка енергија и како таков е неискористен. Размислувавме, а по истражувањата на интернет, најдовме и соодветни материјали. Го разработувавме и теоретски и практично. И конечно успеавме - кога првите капки вештачки дожд паднаа врз плочата, а лед-диодата светна, вели за весникот Мартин Јосифоски.

Нивниот труд беше претставен на Интернационалната олимпијада за обновлива енергија и зачувување на животната средина, која се одржа од 9 до 13 мај во Хјустон, САД.

http://grid.mk/read/news/505127220/3138 ... dal-vo-sad
Momak od Gjorce
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2461
Joined: 18 Jan 2011, 16:36
Location: Скопје,Ѓорче Петров

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby karamba » 28 May 2013, 17:33

Браос за дечкиве, искористено е пиезоелектричното својство на материјалот и секоја капка дожд дава по малце енергија, во текстот вика просечен дожд кој паѓа на метар квадратен од материјалот дава ел.енергија за послаба сијалица...делува малце ама битен е моментот :) само напред
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
User avatar
 
Posts: 12101
Joined: 26 Jun 2009, 22:07
Location: Skopje,R.Makedonija

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Iko » 28 May 2013, 17:35

Bravo za klincive...samo napred! :bravo:
Iko
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
Online
 
Posts: 36947
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Зоран » 28 May 2013, 18:07

Админите да ја поделат темата.
Успехот на Кварк да не го разводенуваме , не оти момциве немаат со што да се пофалат .
Ама трудот на КВАРК е нешто неспоредливо!
Зоран
Mодератор
Mодератор
User avatar
 
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Iko » 28 May 2013, 20:42

Ovde komentirame za SITE nashi uspesi...siguren sum deka eden intelektualec od kalibarot na nash Kvark - toa jasno go podrazbira i ne zameruva na istoto...vprochem, so istoto - nie ni najmalku ne go obezvrednuvame negoviot enormen uspeh...
Iko
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
Online
 
Posts: 36947
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby firefox » 31 May 2013, 20:56

Ајде да искоментираме некои неуспеси!
Мајки Оперски Вечери 2013!
Последна вечер Аида од Верди - шлагот на оваа наша престижна манифестација од овој жанр!
И ... македонска работа! Само што се вратив недогледувајќи ја односно ја напуштив претставата после првата пауза, тотално разочаран од убаво замисленото, ама како и секогаш нам нешто мора да ни фали и да ни се случи!
Убаво изведена бина со костимографија, актери со перформанс на ниво, оркестар за секоја чест што успева во онакви услови да го постигне тоа и на крај проекцијата со преводот што оди од двете страни на бината како во педесетите! Проекција со замаглен бледо-сив фонт намален до тоа ниво што треба со дурбин да го читаш! Нормално ги слушам луѓето реагираат и кометираат. Исто како да гледате кинески филм без превод. Нека е и оскаровски филм, ама ако нема превод и неможеш да ја пратиш претставата исто како да не си го гледал!
Сепак чувството треба да ти биде комплетно - операта е спој од вокал, оркестар, амбиент, костимографија и секако приказна! Џабе сето претходно кога неможеш да ја пратиш приказната!
Јас не велам дека треба да се сконцентрира човек на текстот, ама треба да фрлиш око на секунда да знаеш на каде води дејствието...или овие нашиве сметаат дека сите што одат на опера треба да ги знаат дејствијата однапред, добро да ги имаат разглобено и останува само да уживаме во перформансот....?!
Стварно организаторот - според мене, а и според реакциите на публиката околу мене - ја укака работата, ама онака саглам што се вика на финалната вечер!
Разочарувачки! Срамота!
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 15:44
Location: Skopje

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby Зоран » 01 Jun 2013, 10:45

Другари неуспеси имаме на тони.
Дајте бар овие редови да го одбележи по некоја светла точка.
Зоран
Mодератор
Mодератор
User avatar
 
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: FOR COMMENT или За Коментирање

Postby karamba » 01 Jun 2013, 12:39

Зоран wrote:Другари неуспеси имаме на тони.
Дајте бар овие редови да го одбележи по некоја светла точка.

Све треба да се прокоментира друже Зокс, и арно и лошо, затоа ми беше цел насловот да соодветсвува со муабетите во темава...*За коментирање*... еве на пример Off Fest, почнувајќи од Anoushka Shankar па натаму со другите изведувачи, ај кажи нешто лошо :) Ама нажалост не е се увек ОК, колегата firefox е сведок баш на тоа, затоа и треба да се коментира

http://www.offest.com.mk/
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
User avatar
 
Posts: 12101
Joined: 26 Jun 2009, 22:07
Location: Skopje,R.Makedonija

Next

Return to Општи муабети / Off topic

Who is online

Users browsing this forum: rascia82 and 2 guests