Ајде да расчистиме некои основни работи:kocov wrote:нуклеарана бомба е многу лесно се направи ама ти треба голема количина на ураниум, а иран тоа го имаа во изобилство имаа многу рудници на ураниум на нивната територија .
0. Чистиот ураниум е метална смеса од два ураниумски изотопи: 99% U238 и 1% U235. Потежок е од олово, и е благо и безопасно радиоактивен.
1. Ураниумот го има практично насекаде. Всушност, ураниумот е еден од најраспростанетите елементи на планетата Земја! Во секоја рандом гранитна карпа има барем неколку грама чист ураниум.
2. Ураниумот рентабилно се вади од разни ураниумски руди. Убедливо најмногу таква руда има во Австралија. Од друга страна, Иран има мали резерви на ураниумски руди. Словенија, Грција или Шведска... сите имаат повеќе ураниум за вадење отколку Иран.
3. Ураниумска нуклеарна бомба ("gun type") бомба е релативно лесно да се направи ако имаш доволна количина на високозбогатен ураниум. Кога во ураниумот се состои од повеќе од 20% U235 (наспроти вообичаените 1%), тој ураниум се нарекува „високозбогатен“, радиоактивен е, и од него — да — релативно лесно се прави бомба. (со пониска збогатеност, меѓу 1 и 20%, се прават атомски реактори за електроцентрали и слично). Од обичен ураниум не е возможно да се направи бомба во никој случај. Шо се вика нема теорија.
4. Значи, кој сака ураниумска бомба, треба да си најде високозбогатен ураниум. Е арно ама, за разлика од незбогатен ураниум, збогатениот е неверојатно тешко и скапо да се направи. На прсти се бројат земјите кои воопшто можат да си дозволат погони за збогатување ураниум. Неверојатно тешко е и да се купи, бидејќи трговија со "weapons grade" збогатен ураниум е забранета со сите могучи меѓународни закони. Ако те фатат — јадеш санкции од оон.
5. Значи, кој сака ураниумска бомба, треба сам си направи високозбогатен ураниум. Постојат разни начини на збогатување ураниум. Двата најпознати методи се калутронскиот метод и методот центрифугирање. Иран има погони за центрифугирање. Кога на времето ги фатија шо праат, Иран викаше дека збогатен ураниум им треба за енергетика и истражување, но никој не им веруваше и сите им стегнаа санкции (не само сад, туку и русија, кина, сите...). САД и ЕУ понудиле „ако стварно ви треба за енергетика и истражување, не се мачете да центрифугирате, ние ќе ви дадеме 5% збогатен ураниум“. На ова Иран рекол „не фала сами ќе си праиме“ и оп - санкции.
6. Северна Кореа не прави ураниумска бомба, туку плутониумска. За разлика од ураниумската бомба, плутониум релативно лесно се наоѓа, но самата механичка конструкција на плутиониумската бомба (имплозивна) е неверојатно сложено и тешко да се направи, треба механичка прецизност со „астрономски“ мали толеранции, па голем дел од активирањата на такви бомби се неуспешни заради дефекти. Зачи: од ураниум лесно се прави бомба но ураниум тешко се збогатува и набавува, а плутониум полесно се набавува, но многу тешко од него се прави бомба.
7. Со меѓународни договори, бројот на земји кои се способни да збогатуваат ураниум во мера за бомба е трајно фиксиран. (тнр. NPT) Kакво било ширење на технологија за правење бомба значи меѓународни сакнции. Какво било тестирање на атомско оружје значи меѓународни сакнции. Затоа што, исто како што САД неќат Иран да има бомба, така и Русија и Кина и цел свет минус С. Кореа неќат Иран да има бомба. Зошто? Заради цела низа најразлични, но сите до една многу добри причини.
8. (лична забелешка) Ебем ти држава на која и треба атомска бомба за да не ја рокаат.