Јуриј Гагарин - лет за вечност (***)

Место за интересни фотографии, видеа и линкови.
A place for interesting photos, videos and links.
Post Reply
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Јуриј Гагарин - лет за вечност (***)

Post by avijacijamk »

ЈУРИЈ ГАГАРИН - ЛЕТ ЗА ВЕЧНОСТА

Првиот лет на човекот околу планетата Земја се случил на 12. април пред 45 години, траел 108 минути, а јунакот на тој подвиг бил Јуриј Гагарин, пилот и новинар чија смрт во 1968 г. сe уште е мистерија.

Во вилата на шефот на Советскиот Сојуз во Сочи, репрезентативно одморалиште на советската политичка елита, утрото на 12. април 1961 г. владеела штама. Во летната бавча, невообичаено за тој дел од денот, било собрано речиси целото Политбиро на ЦК на КП на СССР. Малку понастрана од другите, седел Никита Хрушчов, сместен во удобна фотелја. Десно од него имало мала масичка и на неа голем црн телефон, во кој биле вперени погледите на врхушката на тогаш воено најмоќната сила на светот. Кога телефонот заѕвонел, сите потскокнале. Хрушчов видно возбуден ја кренал слушалката. Повикот бил од Бајконур, најтаинственото место во преголемиот СССР, а на линијата лично Сергеј Корољев, таткото на космичката програма.

"Товариш Хрушчов, падобранот се отвори, почнува приземјувањето и сe е под контрола", возбудено рапортирал прославениот конструктор.

"Дали е жив? Дали дава сигнали?", Хрушчов двапати го повторил своето прашање, сега веќе и самиот кренат на нозе. Откако го дослушал одговорот и слушалката му ја подал на збунетиот телефонист, Хрушчов почнал да скока и да вреска и тогаш во паркот пред вилата почнала урнебесна веселба. Шефот на Кремљ ги бакнувал сите што биле насобрани, па дури и луѓето од техниката, задолжени за обезбедување на таа историска врска помеѓу космичкиот центар и летната резиденција на шефовите на советската држава.

Неколку минути потоа, државната новинска агенција емитувала вест дека "успешно е извршен првиот лет во вселената со човек во екипажот, пилот-космонаут, граѓанин на СССР, Јуриј Алексеевич Гагарин". Сe што следи потоа е драматична и славна историја на освојување на вселената, незапирлив натпревар помеѓу СССР и САД, тогаш двете најмоќни сили на светот.

АМЕРИКАНЦИТЕ ЗНАЕЈА

Првиот лет на човекот околу планетата Земја траел 108 минути, а космонаутот Гагарин се приземјил во близина на селото Сомоловка во Саратовската област. Без оглед што не знаеле до каде се Русите со подготовките за тој "победнички" лет, Американците, 23 минути по лансирањето на космичкиот брод Васток, знаеле дека се престигнати. Американската радарска станица стационирана на Алеутските Острови ја следела целата мисија.

На тогашниот американски претседател Џон Кенеди и на целата светска јавност не им преостанало ништо друго туку со кисела насмевка да го проследат триумфот на советската космонаутика, презентиран на Црвениот плоштад, каде што Русите му приредиле неповторлив пречек на најславниот космонаут. Шеф на таа невидена парада на радоста бил токму Хрушчов. Славеникот многу подоцна признал дека на главната приредба бил преокупиран со маката како со војнички чекор да стаса до шефот на државата, а да не му отпадне распетланиот чевел.

СО СИТЕ ПОЧЕСТИ

Подоцна ќе се дознаат и многу други работи и тешкотии со кои се соочил Гагарин во текот на својата историска задача, со која татковината, за првпат по победата во Втората светска војна, ја искачил пред САД. Радиоврската не била добра, а со тоа и неговата комуникација со Земјата не била од полза при отстранувањето на ситните технички недостатоци во леталото. Бродот, наспроти пресметките, одлетал во повисока орбита од планираната, со што при откажување на сопирачките лесно можело да се случи враќањето на Земјата да трае и педесетина денови, а бродот бил оспособен само за десетдневен престој во вселената. За среќа, сопирачките биле исправни и Гагарин се приземјил според планот на генијалниот Сергеј Корољев.

Гагарин ги добил сите можни почести. Од шефот на државата добил четирисобен стан, нова "волга" со регистарски таблички 00-01 и доживотно право на бесплатен бензин. Покрај титулата херој на Советскиот Сојуз, бил одликуван и со Златна ѕвезда, најголемото признание во мирновременски услови. Неговата жена Валентина веднаш била одликувана со медал за работни заслуги и поставена за шеф на оддел во заводот во кој работела. За подвигот на Гагарин, со Златна ѕвезда на социјалистичкиот труд себеси се наградиле Хрушчов, Брежњев и Устинов, тогашен шеф на советската одбрана.

МИСТЕРИОЗНА СМРТ

Херојот Гагарин бил избран меѓу триста кандидати. Тој бил пилот и воен новинар и во завршниот круг покажал најдобри резултати. Неговата психофизичка состојба била пресудна комисијата да го избере него за мисијата. По завршувањето на мисијата, Јуриј живеел со семејството, преокупиран со своето хоби, летањето. Токму при тестирањето на еден од првите "мигови", чудото на руската авијација, Гагарин загинал во 1968 г. И денес, 45 години по подвигот што го оствари, неговата смрт не е разјаснета.

Дел од таа загатка може да се побара во една "ситница" во чувањето на споменот на големиот Јуриј Гагарин. Кога станал прв човек во Кремљ, Леонид Брежњев наредил од филмот - на кој е снимена церемонијата на пречекот на Гагарин по враќањето од вселената - да се избрише Хрушчов, по чија заслуга, тогаш, и за последен пат, Американците беа престасани во трката за планетарна превласт.
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Post by Scylla »

Интересно. Стално вакви работи ми биле многу интересни за читање.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 23:39
Location: New Foxсиче!
Contact:

Post by KVARK »

Одличен текст, само има еден не точен податок.
Токму при тестирањето на еден од првите "мигови", чудото на руската авијација, Гагарин загинал во 1968 г. И денес, 45 години по подвигот што го оствари, неговата смрт не е разјаснета.
Значи има загинато во МиГ-15УТИ, на тренажен лет, ама она што не е јасно е како дошло до катастрофата. Има две теории, едната е за дефект, значи неисправност на командите, а втората е поради влегување во млазот на еден Су-11 кој во таа област изведувал тренажен лет.
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: Bing [Bot] and 4 guests