THRUSTMASTER/GUILLEMOT HOTAS COUGAR ?
- dekiplav
- Падобранец
- Posts: 7
- Joined: 12 Feb 2010, 14:42
- Location: Kumanovo
- Contact:
THRUSTMASTER/GUILLEMOT HOTAS COUGAR ?
Дали има некој некакви информации за овој Joystick ? Има ли некој некакво искуство со него ?
- Loaded_Dice
- Капетан на B747
- Posts: 1256
- Joined: 04 Aug 2006, 22:48
- Location: Skopje, MK
- Contact:
Здраво Деки и добредојде на форумот, а воедно и во редовите на 101-ot виртуелен сквадрон . Лично не сум го користел Cougar-oт, ама како човек што се интересира за последните трендови во оваа област можам да ти дадам неколку совети. Од она што го имам читано по форуми, не би ти го препорачал со оглед што имаше одредени поплаки на квалитетот на потенциометрите, што му е и најголема негативна страна од аспект што сеуште користи потенциометри на главните оски во време кога веќе постојат палици што користат понапредни технологии во тој ценовен опсег. Она што е најимпресивно кај него е фактот што е скоро целосно изработен од челик и е веродостојна реплика на палицата во F-16, освен што овој се движи за разлика од вистинскиот што користи force sensing технологија. Цената му се движи околу 250-300Е во Европа колку што имам видено по сајтови и по стоковни куќи во Германија. Како и да е, ако си заинтересиран за набавка на HOTAS систем, јас би ти го препорачал системот X52 Pro на Saitek, кој според мене нуди најдобар баланс на цена квалитет за околу 150E. Исто вреди да се погледне force feedback HOTAS-от на Logitech G940, кој вклучува се што е потребно (force feedback палица, двоен throttle и педаљи) за цена од 300E. Meѓутоа, последниов не би можел да ти го препорачам, поради големиот број на поплаки што ги има на интернет во врска со софтверската имплементација на force feedback центрирањето, каде што Logitech изгледа дека уште еднаш по којзнае кој пат разочара со слабата поддршка и нискиот квалитет на драјверите.
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 13 guests