Уште полошо тогаш ќе го утепаат за џабеBobo wrote: Мој совет ти е да не му веруваш ни 1% на овој момак,неможам сеа тука да ти образложам зашто но TRUST ME! Нема ни мало (д) од докази овој
Падот на Z3-BAB
- igor_mk
- Капетан на B737
- Posts: 454
- Joined: 22 Sep 2006, 16:49
- Location: Скопје - Македонија
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Kolku poveke stari idei imas tolku poveke novi ke mozes da sozdades.
- Loaded_Dice
- Капетан на B747
- Posts: 1256
- Joined: 04 Aug 2006, 22:48
- Location: Skopje, MK
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
А да, постариве воздухопловци исто така зборуваат дека некој висок функционер од босна во тоа време се слупал со Learjet на прилаз за Сареаево.@loaded dice - imalo i za vreme na yu hint > dzemal bijedic...
Незнам зошто луѓево многу повеќе се спремни да поверуваат во некоја теорија за заговор или пак некоја уште поневеројатна причина во вакви несреќи (ај за новинариве ми е јасно ), наместо да ја прифатат најверојатната причина за случајов дека навистина е така како што покажува истрагата. Не тврдам дека е вака или онака бидејќи неможам да знам, секогаш треба да има скепса или пак доза на резервираност, ама фактите кажуваат дека статистиката ( Борис Трајковски- Мостар, Џемал Дедиќ -Сарајево, американскиот министер за економија- Дубровник, Каравелата на ЈАТ-Подгорица ...) оди во прилог на голем број на несреќи при прилаз на овие аеродроми, особено ако станува збор за било какви пропусти во подготовката на пилотите, така да логично ми е да го прифатам тоа објаснување ( Non Precision VOR approach без притоа да бидат во тековни со таков тип на approach е крајно рискантен потег- кој се разбира од авијација знае каква координација со штоперици и карти од екипажот бара тој тип на прилаз) како најверојатно за падот на Кинг -Ер-от. А тоа што се случувало псосле падот и шпекулациите за акциите од страна на SFOR мислам дека и те како заслужува посебна истрага од страна на босанските власти ( ако воопшто имаат мандат и муда за тоа)...
- AlexGreat
- Пилот на Су-25
- Posts: 13296
- Joined: 05 Mar 2009, 22:18
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Постои место за сомнеж во тоа што пилотите на Z3-BAB многупати имале полетувано и слетувано на тој аеродром,барем така се кажуваше...така да..некако сум скептик дека до толку неможеле да се извлечат..незнам ..
Svi ruski ratni ciljevi biće ostvareni, ali postepeno. Pošto se postepeno i menjaju.
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15403
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Нерелевантно. Секој лет е приказна за себе. Всушност рутината е опасна.AlexGreat wrote:Постои место за сомнеж во тоа што пилотите на Z3-BAB многупати имале полетувано и слетувано на тој аеродром,барем така се кажуваше...така да..некако сум скептик дека до толку неможеле да се извлечат..незнам ..
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
- AlexGreat
- Пилот на Су-25
- Posts: 13296
- Joined: 05 Mar 2009, 22:18
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Тоа апсолутно ... посебно во вакви струки,како авијацијата,поморството и слично.
Svi ruski ratni ciljevi biće ostvareni, ali postepeno. Pošto se postepeno i menjaju.
- Loaded_Dice
- Капетан на B747
- Posts: 1256
- Joined: 04 Aug 2006, 22:48
- Location: Skopje, MK
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Мислам беше спомнато дека последен пат пилотите летале на тој аеродром кога биле во воена академија или барем за едниот од нив, а тоа е сосема друг тип на летање (VFR). Како и да е сосема ирелевантен е самиот аерордом и кога пoследен пат летале на него, правно легално нема врска аердоромот освен ако не е т.н steep approach над 3 степена (мора да има посебен рејтинг за остар прилаз како и авионот да е сертифициран, пр. London ...). Сакав да ја напоменам корелацијата и статистиката дека не е изолиран случај во тој регион ( ваљда ради конфигурацијата на теренот не трпи грешки во инструментален прилаз како на други места ), набројавме уште 4 многу слични несреќи ...
P.S. гледајте те ја епизодата за несреќата во дубровник на Air Crash Investigation...

- cyber2smile
- Капетан на B737
- Posts: 412
- Joined: 26 Dec 2008, 10:57
- Location: Скопје
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Eden od pilotite za vreme na voenite dejstvija vo sfrj bil pogoden, no sepak uspeal da sleta. Opaskata od avionot e vo muzejot vo belgrad. E sega dokolku so osteten avion se ima spusteno na voen aerodrom pod neprijatelski ogin, zarem bi napravil tolkava greska pri vip transport
- KVARK
- Политички комесар
- Posts: 3753
- Joined: 06 Aug 2006, 23:39
- Location: New Foxсиче!
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Не сум сигурен дека оваа информација е точна. Имаш некој цитат на располагање за да го потврдиш кажаново?cyber2smile wrote:Eden od pilotite za vreme na voenite dejstvija vo sfrj bil pogoden, no sepak uspeal da sleta. Opaskata od avionot e vo muzejot vo belgrad. E sega dokolku so osteten avion se ima spusteno na voen aerodrom pod neprijatelski ogin, zarem bi napravil tolkava greska pri vip transport
Останете желни за знаење! Останете несериозни!
Стив Џобс
Стив Џобс
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15403
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Секој лет е приказна за себе. Најдобрите и најискусни пилоти гинат како последица на најбанални грешки.cyber2smile wrote:Eden od pilotite za vreme na voenite dejstvija vo sfrj bil pogoden, no sepak uspeal da sleta. Opaskata od avionot e vo muzejot vo belgrad. E sega dokolku so osteten avion se ima spusteno na voen aerodrom pod neprijatelski ogin, zarem bi napravil tolkava greska pri vip transport
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 35623
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Станува збор за овој Г-4 супергалеб,23733 погоден со манпад стингер 92ра година изнад тогашна СР Хрватска кој се има вратено назад и има слетано без потешкотии.Репот е заменет и галебов е и ден денес у састав на српско в и пво. А дали на него летал некој од покојниве пилоти што погинаа со кингерот не би знаел.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15403
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Еве јас најдов.KVARK wrote:Не сум сигурен дека оваа информација е точна. Имаш некој цитат на располагање за да го потврдиш кажаново?cyber2smile wrote:Eden od pilotite za vreme na voenite dejstvija vo sfrj bil pogoden, no sepak uspeal da sleta. Opaskata od avionot e vo muzejot vo belgrad. E sega dokolku so osteten avion se ima spusteno na voen aerodrom pod neprijatelski ogin, zarem bi napravil tolkava greska pri vip transport
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
- alvarhanso
- Тест пилот
- Posts: 33443
- Joined: 21 Jul 2007, 13:34
- Location: Skopje
- Contact:
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15403
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
На барање на Македонија, босанските власти повторно ќе ја отворат истрагата за несреќата на „Кингерот“
Скопје, 21 јули 2012 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од својот босански колега Дамир Хаџиќ побарал потворно отворање на истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски и формирање мешовита работна група, доставувајќи му притоа документ кој содржи нови сознанија поврзани со несреќата, соопшти денеска министерството за транспорт и врски.
Босанскиот министер за комуникации и сообраќај го прифатил предлогот истакнувајќи притоа оти завршувањето на истрагата е во интерес на Босна и Херцеговина, а со тоа и завршувањето на шпекулациите во врска со причините за несреќата.
- Договорено е да се формира заедничка работна група составена од експерти од Република Македонија и Босна и Херцеговина, која до крајот на септември треба да изготви извештај, информира Министерството за транспорт и врски.
Министерот Јанакиески, во рамки на вчерашната средба во Сараево, му доставил на Хаџиќ документ кој содржи нови сознанија за воздухопловната несреќа на авионот Beechcraft Super King Air 200 Z3-BAB што се случи на 26 февруари 2004 година кај Ротмиље во близина на Мостар, во која трагично го загубија животот тогашниот македонски претседател Борис Трајковски и неговите соработници. мд/сст/13:54
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=95731493&lId=1" onclick="window.open(this.href);return false;

- Skopjeair
- H.M. MURDOCK
- Posts: 3197
- Joined: 12 Oct 2006, 10:23
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
До кога ќе се вртиме во круг само не знам ... Исто како со атентатот на Киро Глигоров ... Let go!
I fly BELL 206 when I am sober!
- alvarhanso
- Тест пилот
- Posts: 33443
- Joined: 21 Jul 2007, 13:34
- Location: Skopje
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Полицискиот началник Зоран Доревски напиша книга за смртта на Трајковски: клучните прашања останаа неодговорени
22 авг 2012 11:07
Како се случил пожарот е едно од се уште неодговорените прашања, зошто ако се спореди со трагите на теренот ќе видите многу нелогичности. Но, и покрај тоа во официјалниот извештај има многу малку сознанија за тоа, вели Доревски.
Поранешниот полициски началник Зоран Доревски кој беше прв човек на шестата управа во МВР кога се случи авионската несреќа кај Мостар во која пред осум години загина претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација напиша книга за овој трагичен настан. Книгата „Контрoверзии на летот Зулу 3 Браво-Алфа-Браво“ на јавноста ќе и биде претставена денеска.
За мотивите што го потикнале Доревски на едно место на 268 страници да ги собере сите случувања, пишувања, реакции, тези, извештаи за падот на „кингерот“ на 26 февриари 2004 година авторот вели:
„Во книгата пишувам и за 36-те воздухопловни несреќи со ВИП патник што се случиле во историјата на авиосообраќајот. Пишувам за тоа како се случиле тие несреќи, како реагирале матичнните држави и што се се случувало во тие моменти. Анализирајќи го тоа, видов дека сите тие 36 земји, освен Македонија тој обемен материјал го имаат собрано и објавено во една книга. Оттаму, добив мотив и јас тоа да го направам за загинувањето на Трајковски“, вели Доревски.
Дали со објавувањето на оваа книга, читателот ќе добие нова слика без маглата над кобната кота кај Мостар и без сите контроверзи, неодговорени прашања во истрагата, пропусти и дилеми – беше ли Борис Трајковски убиен на 26 февруари 2004 година или пак падот на кингерот е авионска несреќа како што впрочем стои и во официјалната верзија на настанот:
Книгата, како што вели авторот го бомбардира читателот со информации, а тој самиот ќе создаде слика за несреќата во која загина претседателот Трајковски.
„Јас не сум тој кој треба да одговри што навистина се случило во моментот на падот на кингерот , но во секој случај во книгата се наведени сите неодговорени прашања во истрагата, сите нелогичности. На пример како се случил пожарот е едно од се уште неодговорените прашања, зошто ако се спореди со трагите на теренот ќе видите многу нелогичности. Но, и покрај тоа во официјалниот извештај има многу малку сознанија за тоа. Во книгата всушност се обработени четирите хипотези кои се појавија во јавноста. Првата е дека станува збор за авионска несреќа како што впрочем стои и во официјалниот извештај. Потоа имаше пишувања дека станува збор за несреќа предизвикана од надворешен фактор, потоа дека станува збор за атентат… . Јас не сум тој кој треба да одговори на овие прашања и не можам да шпекулирам. Во книгата само потсетувам што се случи и кои прашања останаа неодговорени, Не сакам после неколку години да се има има искривена слика за авионската несреќа“, вели Доревски.
Содржината на книгата, како што вели авторот е резултат на обемни истражувања на официјалниот извештај за авионската несреќа, на информациите што се појавија во печатените и во електронските медиуми во изминатите осум години, како и истражувањата и разговорите со директните учесници во истрагата околу авионската несреќа.
Поделена е во четиири поглавја. Во првото хронолошки е прикажан текот на целата несреќа, од подготовките што предходеле на летот, самиот лет, несреќата, до реакциите на неа, вклучувајќи го и политичко-безбедносниот амбиент во македонската, босанската и пошироката јавност во првите 96 часа по несреќата.
Второто поглавје ги лоцира и објаснува контроверзите што го сочинуваат овој настан, ги лоцира клучните прашања што останаа без одговор во истрагата, нелогичностите во официјалниот извештај за кои зборуваше и швајцарскиот пратеник и истражител Андреас Грос и активностите и постигнувањата на Анкетната комисија во Собранието на Македонија, формирана по повод несреќата.
Третото поглавје е посветено на претседателот Трајковски и опфаќа една група од теми со кои треба да се појасни неговата позиција и клучните државнички одлуки и, во тој контекст, да се постави прашањето дали некој има основ, односно мотив за преземање на незаконски (загрозувачки) дејства против него.
Во четвртото поглавје, авторот обработува поголем дел од 36-те воздухопловни несреќи со „ВИП“ патник што се случиле во светот вклучувајќи ја и последната во која загина полскиот претседател Лех Качински.
Книгата „Контроверзии на летот Зулу 3 Браво-Алфа-Браво“ има симболична цена – 350 денари и веќе е достапна за македонските читатели.
http://www.mkd.mk/53032/makedonija/poli ... isa-kniga/" onclick="window.open(this.href);return false;

ај да видиме колку ќе се развие темава после книгава
- alvarhanso
- Тест пилот
- Posts: 33443
- Joined: 21 Jul 2007, 13:34
- Location: Skopje
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Панчевски: Поседувам сателитски видео снимки дека Кингерот е урнат со ракета
Игнат Панчевски, адвокатот на семејствата на загинатите од падот на Кингерот, тврди дека поседува сателитски видео снимки на кои јасно се гледало дека Кингерот бил урнат со ракета од воен авион, а потоа просторот бил пален од војници со пламено фрлачи.
Вели дека со новите докази ќе ги запознаел Обединетите Нации, бидејќи материјалите биле разузнавачки и дека снимките нема да ги објави јавно се додека не пристигнеле извештаите од Босна.
Адвокатот наведе и оти открил дека пред летот на претседателот Трајковски планираниот воздухопловен персонал бил заменет со друг.
Панчевски посочи дека сакал новите докази да ги презентира во обвинителството, но дека републичкиот обвинител одбил да го прими на разговор.
http://www.24vesti.mk/panchevski-posedu ... -so-raketa" onclick="window.open(this.href);return false;
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... MjVe5E1g6s" onclick="window.open(this.href);return false;
Wow, сателитски снимки, ракети, пламено фрлачи... Tom Clancy step aside.

-
- Капетан на Bell 412
- Posts: 9683
- Joined: 26 Oct 2007, 21:16
- Contact:
- cyber2smile
- Капетан на B737
- Posts: 412
- Joined: 26 Dec 2008, 10:57
- Location: Скопје
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Нова истрага во Босна, стариот извештај не важи
- alvarhanso
- Тест пилот
- Posts: 33443
- Joined: 21 Jul 2007, 13:34
- Location: Skopje
- Contact:
Re: Падот на Z3-BAB
Експерти ги разгледуваа деловите од кингерот
Детален преглед на деловите од кингерот. 15-ет члената комисија е на аеродромот во Петровец во хангарот каде што се чуваат остатоците од авионот во кој леташе претседателот Борис Трајковски, а беа собрани близу Мостар. Новата истрага продолжува.
На аеродромот во Петровец - тоа беше втората работна задача на 15-члената комисија која го истражува падот на кингерот во втората, нова истрага.
Експертите според информациите на Канал 5 денеска биле на аеродромот во хангарот каде се наоѓаат остатоците од авионот кој пред девет години падна кај Мостар кога загина претседателот Борис Трајковски. Експертите ги проверувале наодите на стручните компании кои вршеле експертиза на деловите на авионот и на софистицираната командна табла.
Според досега откриеното имало сомнежи дека при првичниот увид и анализите извршени пред 9 години, трупот на паднатиот кингер и клучните делови не биле соодветно анализирани и дека дел од анализите вршеле компании кои биле во деловни врски со производителот на авионот, што не е дозволено во истраги за воздухопловни несреќи.
Комисијата вчера се собра во Скопје и во текот на оваа работна недела ќе ги проверува наодите и сознанијата добиени во текот на втората по ред истрага која почна во февруари. Членови на комисијата треба да се сретнат и со поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи - СОЗР која беше задолжена за владиниот кингер.
Состаноци со директорот, но и со други функционери и со еден адвокат се уште не се закажани иако претставници на комисијата во петок им се јавиле и им кажале дека ќе треба да се сретнат со Омер Кулиќ, претседател на комисијата за истражување на падот на кингерот.
Во февруари 2004-та кај Мостар падна владиниот кингер и загинаа третиот македонски претседател Борис Трајковски и 8 члена на државната делегација и на екипажот. Првата истрага утврди дека станувало збор за несреќа со пилотска грешка, но поради утврдени грешки во извештајот – повторно е отворена истрага за смртта на Трајковски.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=18030" onclick="window.open(this.href);return false;

Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 9 guests