Се урна авионот на полскиот претседател
- KVARK
- Политички комесар
- Posts: 3753
- Joined: 06 Aug 2006, 23:39
- Location: New Foxсиче!
- Contact:
Се урна авионот на полскиот претседател
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=1 ... ntId=59230
http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8612825.stm
http://www.krstarica.com/s/index.php?s= ... ji/Novine/
http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8612825.stm
http://www.krstarica.com/s/index.php?s= ... ji/Novine/
Останете желни за знаење! Останете несериозни!
Стив Џобс
Стив Џобс
- Skopjeair
- H.M. MURDOCK
- Posts: 3197
- Joined: 12 Oct 2006, 10:23
- Contact:
- alvarhanso
- Тест пилот
- Posts: 33349
- Joined: 21 Jul 2007, 13:34
- Location: Skopje
- Contact:
- Iko
- Тест пилот
- Posts: 45754
- Joined: 06 Dec 2008, 22:55
- Location: Cape Town, RSA
- Contact:
- Mad Scientist
- On the mike at 120.3
- Posts: 773
- Joined: 05 Oct 2006, 18:42
- Contact:
- Trpkovski Vladimir
- Капетан на SR-71 Blackbird
- Posts: 6103
- Joined: 17 Jan 2008, 19:22
- Location: Tetovo
- Contact:
- Loaded_Dice
- Капетан на B747
- Posts: 1256
- Joined: 04 Aug 2006, 22:48
- Location: Skopje, MK
- Contact:
- MaKoM
- Капетан на Concorde
- Posts: 4639
- Joined: 04 Aug 2006, 19:07
- Location: Strumica R. Makedonija
- Contact:
„Во авионот покрај претседателот на Полска биле и неговата сопруга, началникот на генералштабот на полската војска и заменик министерот за надворешни работи“, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи на Полска Пјотр Пзковски.
Според А1
Гоелем удар за Полска, со еден потег скоро цело воено и дипломатско раководство.
Нека им е лесна земјата, ама мислам дека оваа не е несреќа.Ај ке видиме што ке излезе.
...shoveling shits up the hill...
- Valter
- Капетан на Concorde
- Posts: 3356
- Joined: 18 Dec 2008, 19:03
- Contact:
-
- Капетан на Bell 412
- Posts: 9659
- Joined: 26 Oct 2007, 21:16
- Contact:
Во авионот била и бројна владина делегација, меѓу кои двајцата потпретседатели на парламентот, четворицата најблиски советници на Качински, шефот на бирото за национална безбедност, началникот на генералштабот на армијата, заменик министерот за надворешни работи, гувернерот на централната банка и бискупот на полската католичка црква
RIP
RIP
- karamba
- Капетан на Enterprise
- Posts: 14209
- Joined: 26 Jun 2009, 23:07
- Location: Skopje,R.Makedonija
- Contact:
Голема трагедија за Полска!
http://www.gazeta.pl/0,0.html
A оделе на комеморација за жртви погинати(погубени)во истава шума кај што падна авионов.Дали со овој авион имаа пред некое време проблеми или друг беше?
Лесна им земја
http://www.gazeta.pl/0,0.html
A оделе на комеморација за жртви погинати(погубени)во истава шума кај што падна авионов.Дали со овој авион имаа пред некое време проблеми или друг беше?
Лесна им земја
- Valter
- Капетан на Concorde
- Posts: 3356
- Joined: 18 Dec 2008, 19:03
- Contact:
И ја се зачудив и помислив дека е некој дефект ама изгледа промашиле слетување...
Инаку војската им е осакатена.Целиот воен врв скоро настрадал.
Инаку војската им е осакатена.Целиот воен врв скоро настрадал.
Last edited by Valter on 10 Apr 2010, 13:26, edited 1 time in total.
And on the 8th day, God created the Infantry-and Hell stood at attention!
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15402
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Страшна трагедија... Страшна Моите пријатели од Полска ме информираа дека комеморцијата во Македонија ќе се оддржи денес во 18 часот во Католичката црква. Сочуство до пријателскиот народ на Република Полска.
Во контекст на оваа несреќа, сакам да Ве потсетам дека на тема ВИП флота на Република Полска пишував во Одбрана во Јуни 2008 година... Прикачувам скен од тој текст па кој го интересира нека прочита.
Во контекст на оваа несреќа, сакам да Ве потсетам дека на тема ВИП флота на Република Полска пишував во Одбрана во Јуни 2008 година... Прикачувам скен од тој текст па кој го интересира нека прочита.
- Scylla
- Капетан на Concorde
- Posts: 4913
- Joined: 12 Jul 2006, 03:21
- Location: Лозана
- Contact:
Вистинска трагедија...Покрај претседателот во авионот биле голем дел од политичката и дипломатската елита...Просто да не ти се верува дека толку важни личности седнале во ист авион.
Што е уште потрагично, во оваа иста шума погубени се над 20 илјади полјаци пред 70 години (воени офицери, јавни службеници, професори, интелектуалци) по наредба од страна на Политбирото.
Што е уште потрагично, во оваа иста шума погубени се над 20 илјади полјаци пред 70 години (воени офицери, јавни службеници, професори, интелектуалци) по наредба од страна на Политбирото.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
- Scylla
- Капетан на Concorde
- Posts: 4913
- Joined: 12 Jul 2006, 03:21
- Location: Лозана
- Contact:
Москва, 10 април (МИА) - Во авионот Ту-154, со кој патуваше полскиот претседател Лех Качински и кој се урна изутрината кај Смоленск, во западна Русија, имало 96 патници, а според првичните информации ниту еден патник не ја преживеал несреќата, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Гувернерот на руската Смоленска област Сергеј Антуфиев изјави дека загинале сите патници во авионот Ту-154, кој сообраќаше на релација Варшава - Смоленск.
Полската официјална делегација, предводена од Качински била составена од 88 лица. Качински, членовите на делегацијата и семејствата на жртвите од масакрот во Катин денеска требаше да присуствуваат на церемонијата со која се одбележува 70-годишнината од убиството на 22 илјади полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советските агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск. Планираните церемонии во Катин се откажани.
Полскиот претседател, неговата сопруга Марија и високи полски функционери се меѓу загинатите патници на Ту-154. Во составот на полската делегација имаше повеќе високи функционери - началникот на претседателскиот кабинет Владислав Сташак, началникот на генерал-штабот на полските вооружени сили Фратишек Гонгор, поранешниот министер за одбрана Јежи Шмајџински, гувернерот на Централната банка Славомир Шкрзипек, заменик-министерот за надворешни работи Анджеј Кремер, поранешниот полски претседател во егзил Ришард Качоровски, претседателот на Полскиот комитет за локациите кои се национален спомен Анджеј Пшевожник, пратеници и историчари.
Авионот Ту-154, кој беше управуван од екипаж на претседателскиот авионски тим, се урна при слетувањето на аеродромот во Смоленск, на околу 400 километри западно од Москва. Несреќата се случила поради условите на густа магла. Се претпоставува дека авионот удрил во дрво на околу 300 до 400 метри од пистата на воениот аеродром, по што избувнал пожар, кој е веќе изгаснат.
На местото на несреќата работат истражувачки екипи, кои ги испитуваат причините за инцидентот.
Полски воени извори во меѓувреме соопштија дека контролните служби на аеродромот во Смоленск му препорачале на авионот да не слетува, јави весникот „Газета виборча“.
Петнаесет минути пред планираното слетување на авионот со кој патувал Качински, контролните служби му забраниле на авионот Ил-76 да се приземји на аеродромот поради лошите временски услови. Рускиот воен авион ја извршил наредбата и се упатил кон друг аеродром.
Пилотот на авионот Ту-154 добил препорака од контролните служби да не слетува, но тие сепак не можеле да му забранат да се приземји.
Според портпаролот на регионалната власт на руската Смоленска област грешката на пилотот е можна причина за уривањето на авионот. Тој појасни дека пилотот бил посоветуван да се приземји во Минск, но тој одлучил да слета во Смоленск. Според руските медиуми пилотот четири пати се обидел да го приземји авионот.
Авионот Ту-154М беше, произведен во поранешниот Советски сојуз на 29 јуни 1990 година е беше во употреба повеќе од 20 години. Тој бил користен и од претходните претседатели Војчех Јарузелски, Лех Валенса и Александар Квашневски. Изминатите години авионот доживеа повеќе инциденти, а најсериозниот беше во 2008 година, кога беше задржан повеќе од два дена во монголскиот главен град Улан Батор поради дефект во управувачкиот механизам.
Во меѓувреме функцијата претседател во Полска согласно Уставот ја презема претседателот на Долниот дом на Парламентот, Бронислав Коморовски, кој во рок од 14 дена треба да објави кога ќе се избира нов шеф на државата.
Полскиот премиер Доналд Туск за денеска закажа вонредна седница на Владата.
Шеесет годишниот конзервативец Качински е роден на 18 јуни 1949 година. Тој стана претседател на Полска во декември 2005 година, откако на изборите го победи либералот Туск.
Претседателот, чиј брат близнак Јарослав Качински е поранешен премиер, планираше да се бори за реизбор оваа есен. Се очекуваше тој во претседателската трква да ги мери силите со Коморовски, кој е кандидат на либералната партија „Граѓанска платформа“ на Туск.
Со политиката тој почнува да се занимава уште како студен по право на Универзитетот во Варшава, кон крајот на ’60-те години од минатиот век, како отворен противник на комунистичкиот режим и активист на Комитетот за одбрана на правата на работниците и на Независниот синдикат.
Во 2001 година заедно Јарослав Качински ја формираат конзервативната партија Право и правда, на чие чело останува до 2003 година.
Круната на неговата политичка кариера беше победата на изборите во 2005. и изборот за шеф на државата. Некои аналитичари тоа го нарекоа непотизам, имајќи предвид дека неговиот брат беше премиер и ја предводеше владата се до изборите во 2007 година, кога загуби.
Качински беше познат по критичниот говор, поради што го предизвикуваше вниманието на јавноста и надвор од границите на Полска. Своевремено новинарот Јержи Пилчје во своите текстови го нарекуваче „качка“, што значи „патка“, а претседателот покрена парница против него. Судот сепак оцени дека споредувањето со тоа животно не е противзаконско и навредливо, но случајот остана забележан во хронологијата на политичкиот живот на Полска.
Сопругата на Лех Качински, Марија беше економист. Тие имаа една ќерка и две внучиња.една ќерка и две внучиња.
МИА

- Aviator
- Падобранец
- Posts: 140
- Joined: 22 Oct 2007, 20:40
- Contact:
Според портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Пјотр Пашковски, авионот на полската делегација се срушил на 1,5 километри од аеродромот во Смоленск, 225 километри оддалечен од Москва. Причината за несреќата најверојатно била густата магла.
"Сè уште не можеме да го разбереме размерот на оваа трагедија и што тоа значи за нашата иднина. Ништо слично никогаш не и се случило на Полска," изјавил Пашковски.
Ирина Андрианова од руското Министерство за вонредни состојби известила дека во авионот Туполев 154, кој од Москва летал кон Смоленск имало вкупно 132 патници.
Полската делегација во Русија патуваше по повод 70-годишнината од масакрот во Катин, каде што советските сили ликвидирале 22.000 воени заробеници од Полска.
"Подготвувајќи се за слетување, авионот на полскиот претседател не успеал да стигне до пистата," изјавил Сергеј Антуфиев, гувернерот на Смоленската област, притоа соопштувајќи дека во несреќата нема преживеани.
Причина за несреќата најверојатно е погрешната проценка на пилотот за висината на авионот и необјаснивата одлука да се промени рутата.
"Според прелиминарните извештаи, авионот ги зафатил врвовите на дрвата, по што паднал на земја и се распрачил," објаснува гувернерот.
"Пилотот беше советуван да се приземји во Минск, но одлучи наместо тоа да слета во Смоленск," ијзавил Андреј Јевсејенков, портпарол на локалната власт.
Профил: Лех Качински
Лех Качински беше контроверзна фигура на светската сцена, но неговите десничарски ставови за голем број прашања наидоа на одобрување меѓу најголемиот дел Полјаци, посебно кај традиционалистите и руралните гласачи.
Низ неговата кариера, тој немаше проблем да тежнее кон популистичкото мислење и идеи. Како градоначалник на Варшава, тој два пати ја забрани геј парадата и беше поборник за враќање на смртната казна во државата.
Тој беше избран за претседател на Полска во 2005-та, како кандидат на Партијата за Закон и Правда.
За време на кампањата, Качински инсистираше дека на Полјаците им треба претседател кој ќе се бори за нивните интереси.
Тогаш тој порача дека на пост-комунистичка Полска, често нарекувана "Третата Република," и треба радикална трансформација во "Четвртата република," која ќе се базира на социјална правда и силна држава.
Партијата за Закон и Правда, која ги подржува традиционалните вредности на Римо-Католичката црква, е основана од Лех и неговиот брат близнак, Јарослав, во 2001-ва.
Браќата близнаци станаа славни на 12-годишна возраст како ѕвезди во филмот "Двете момчиња кои ја украдоа месечината."
Лех го следеше неговиот брат во анти-владиното движење во доцните 70-ти а беше ангажиран и како советник на штрајкувачкиот комитет на бродоградилиштето во Гдањскза време на протестите организирани од Солидарност во август 1980-та.
На почетокот од 90-те, двајцата браќа излегоа од политиката по спорот со некогашниот лидер на Солидарност, Лех Валенса, кој во тоа време веќе беше претседател на Полска.
По изборите во 2005-та, Полска заврши со двајцата Качински на власт - Лех како претседател а Јарослав како премиер.
Од 2007-ма, претседателот Качински мораше да почне да работи со Доналд Таск, истиот човек кого го порази на претседателски избори две години претходно.
Качински побара од Таск да формира влада по победата на неговата партија на изборите во октомври 2007-ма.
Според полскиот устав, претседателот има помала моќ од премиерот, меѓутоа има значителна улога во надворешната политика.
Лех Качински е роден на 18-ти јуни, 1949-та.
Неговиот татко Рејмунд бил инженер а мајката Јадвига филолог.
Од братот близнак се разликувал единствено по бемката на левиот образ.
Сопругата Марија загина со него во истата авионска несреќа.
Зад нив остана ќерката Марта.
Високи функционери кои загинаа во несреќата
-Претседателот на државата Лех Качински и првата дама Марија Качински
-Шефот на кабинет на претседателот - Владислав Стасиак
-Шефот на националната безбедност - Александар Шцигло
-Гувернерот на народната банка - Славомир Скшипек
-Заменик спикерот на долниот дом - Јержи Шмајжински
-Подсекретарот во министерството за надворешни работи - Андреј Кремер
-Заменик министерот за одрана - Станислав Коморовски
-Заменик претседателот на партијата Закон и Правда - Презмислав Госиевски
Туполев-154
Типот на авион со кој леташе полски претседател, повеќе од 25 години е 'рбетот на рускиот а претходно и на советскиот авио-сообраќај.
Туполев-154 до сега има пренесено околу една половина од сите патници што летале со рускиот национален превозник Аерофлот. Во најголемиот пик, во 1990-та, со овие авиони беа пренесени 137 милиони патнци за една година.
Авионот влезе во служба во 1972-ра а беше дополнително модернизиран во 1986-та, со неколку промени на моторите и опремата кои требаа да ја подобрат потрошувачката и управувањето со авионот.
Сепак како индикација на застарениот дизајн, беше одлуката на кинеската влада од 2001-ва, да ги повлече сите Туполев-154 авиони од киниските авио линии.
Слична одлука донесе и Аерофлот, кој по 40-години користење на моделот, на 31 декември 2009-та го направи последниот лет со Туполев-154. Од таму објаснија дека ова се должи на високата потрошувачка на гориво заради која овој тип на авион е неекономичен.
Според експерите за руска авијација, до сега во авионски несреќи изгубени се 36 авиони од типот Туполев-154, што според анализите е сосема просечна бројка ако се земе во предвид бројот на произведени авиони, годините во служба и технологијата со која располага.
Од овие 36, 6 биле срушени од непријателски оган или терористички напади за време на граѓанските војни во Либан, Грузија и Авганистан. Дополнителни четири авиони се изгубени како резултат од пожар предизвикан од догорче, недостаток на бензин заради неочекувана промена на рутата, пилотска грешка и застарена опрема во контролата за летање (Мавританија, август 1980-та).
Во 2001-ва, еден Ту-154 падна во Црното море откако беше погоден од украински против авионски проектил, за време на воени вежби.
Во јули 2002-ра швајцарските контролори на летање ја прифатија комплетната одговорност за судирот во воздух меѓу Ту-154 и товарен авион.
До сега, произведени се вкупно 1015 авиони од моделот Ту-154. Продажната цена на еден ваков авион во 2008-ма изнесуваше 45 милиони долари.
On Net
- Loaded_Dice
- Капетан на B747
- Posts: 1256
- Joined: 04 Aug 2006, 22:48
- Location: Skopje, MK
- Contact:
Дали некој знае за конкретниов Ту-154 што се сруши од која верзија беше ? Знам дека словачките VIP Ту-154М што се добиени како замена за рускиот долг се произведени на ново во средина на 90-те и располагаат со модерна опрема како FMS, ILS и вестернизиран кокпит што овозможува летање со само 2 членови на екипажот, ама овој што падна изгледа беше обичен Tu-154M од постаро производство со 3 членови на екипаж.
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15402
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
- Loaded_Dice
- Капетан на B747
- Posts: 1256
- Joined: 04 Aug 2006, 22:48
- Location: Skopje, MK
- Contact:
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15402
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 10 guests