Се урна авионот на полскиот претседател

Факти, причини и последици од авионските несреќи.
Facts, reasons and outcomes from aircrash investigations.

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby IgorMKD » 19 May 2010, 17:38

Дарко Димитријевски wrote:Во пилотската кабина на авионот на Качински имало непознати лицa

Лица кои не биле членови на авионскиот екипаж биле присутни во пилотската кабина (кокпит) на авионот во кој загинаа полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија и уште 94-мина кои патуваа со нив.

Ова утринава го пренесе ББС наведувајќи дека истрагата го докажала овој факт.

Еден од нив е идентификуван но името не е се уште обелоденето пред јавноста. Истрагата потврди дека екипажот на авионот добил предупредување за лошите временски услови.

„Официјален претставник од воздушната контрола двапати ги предупреди членовите на екипажот дека видливоста се протега до 400 метри и дека не постојат услови за слетување“, рече Алексејj Морозов, претседател на Истражна комисија за авионската несреќа во која загина Качински.

Претседателскиот авион кој се урна на 10 април годинава беше во потполно исправна состојба, пренесе Итар Тасс.

„Истрагата утврди дека не станува збор за терористички напад, ниту пак за пожар, експлозија или дефект на опремата во авионот“, изјави началникот на Меѓудржавниот воздухопловен комитет Татјана Анодина, истакнувајќи дека моторите работеле се додека авионот не удрил во земјата.

Анодина прецизираше дека идентификацијата на гласовите од лица кои не се членови на екипажот уште повеќе е отежната од фактот што вратата на кабината била отворена.

„Еден глас веќе е идентификуван. Полска сега треба да го утврди другиот глас“, изјави Анодина.

Во авионската несреќа која се случи на 10 април 2010 година во Смоленск во Русија, загинаа вкупно 96 лица, вклучувајќи ги полскиот претседател и неговата сопруга. Тие требаше да допатуваат на Комеморација по повод злосторството кое се случило во Катинската шума пролетта 1940 година кога Советската тајна служба стрелале 22.000 полски војници.

MakFax


Ама ич не би се изненадил во кокпитот да бил Командантот на полското воено воздухопловство и/или НГШ... Чак што више, типувам на тоа.
"Igor, dojde vreme skoloto da e posledna sansa za onie koi nemaat nikakov drug talent ;)".
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15301
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby AlexGreat » 19 May 2010, 18:57

Абе се тоа е во ред...него како вие го објаснувате она видеоно некоја страница поназад...со новинарот???
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
User avatar
 
Posts: 9113
Joined: 05 Mar 2009, 22:18

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Дарко Д » 19 May 2010, 20:55

Mene ne mi e jasno ako tie lugi bile vo avionot kako ostanale zivi a site drugi poginale
[img]http://www.danasoft.com/sig/goko.jpg[/img]
Дарко Д
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 198
Joined: 27 Jan 2010, 13:14
Location: Куманово,Македонија

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby AlexGreat » 20 May 2010, 00:03

Novinarot ne bil vo avionot kolku sto znam...ziv i zdrav se nasol "nekako" tamu. Barem taka jas mislam.
Ama kako gi objasnuvate onie luge koi pukaat tamu ???
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
User avatar
 
Posts: 9113
Joined: 05 Mar 2009, 22:18

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Valter » 22 May 2010, 10:21

Фино,пишав и пред 3-4 страници.Обезбедувањето на председателот секогаш носи live муниција.Оружјето или некоја испадната рамка го зафатил оган и ете ти пукање.Сигурно не се толку глупави Русите па да го елиминираат Полскиот претседател на своја територија.А не постои европска служба способна да изведе акција на Руско тло(со оглед дека Качински им беше трн во око на ЕУ)..Кога едно Косово им ги испофаќа агентите на БНД што останува за другите.Друга можност е откога се срушил авионот да се создала гужва од цивили и радознали(сепак веднаш до аердромов имаше пат по кој одеа бааги коли) па стражата околу аеродромот реагирала со истрели во воздух.Сепак е воена инсталација,и веројатно откако паднал авионот,а се знаело кој и што има во него,во базата е дадена тревога.А при тревога се знае као одат работите,вклучително и стражата.
And on the 8th day, God created the Infantry-and Hell stood at attention!
Valter
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 3356
Joined: 18 Dec 2008, 19:03

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Trpkovski Vladimir » 22 May 2010, 13:40

И на крај, преводот е неточен, а зборувањето е нејасно.
Одличен начин некој да си заработи пари на ЈуТјуб.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"

Paluba Info - Forum o naoružanju i vojsci...
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
User avatar
 
Posts: 5539
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Avijaticar » 25 May 2010, 14:40

Командантот на военото воздухопловство бил во кокпитот на полскиот авион

Командантот на полското воено воздухопловство генерал Анджеј Блашик бил во пилотската кабина до самиот пад на авионот во кој на 10 април во близината на Смолнеск во Русија загина претседателот на Полска Лех Качински и 88 члена делегација.
Ова информација ја потврди полскиот претставник во руската комисија што ја истражува несреќата Едмунд Клих, додавајќи дека генералот Блашок влегол во кокпитот 16 минути пред трагедијата.
Присуството на генералот во кокпитот ги зајакна тезите во истрагата дека пилотите, макар и посредно, биле под притисок да слетаат во Смолнеск и во невозможни временски услови.
Според Клих, психолошката анализа на гласовите од пилотската кабина може да покаже дали и колку биле под притисок да слетаат по секоја цена.
Контролорите на летање на воениот аеродром во Смоленск јасно на пилотите им нагласиле дека временските услови не дозволуваат слетување и ги упатиле кон алтернативен аеродром.
Истрагата за несреќата на авионот од типот Тупољев 154, во кој заедно со полскиот претседател Лех Качињски загинаа уште 95 патници и членови на екипажот, досега како причини исклучи терористички напад, експлозија и дефект, бидејќи моторите работеле се до ударот на земја.

http://makfax.com.mk/108420
Avijaticar
Капетан на B737
Капетан на B737
User avatar
 
Posts: 418
Joined: 08 Aug 2007, 00:21

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby alvarhanso » 28 May 2010, 13:16

Нова теорија: Полскиот претседател Качински сепак е убиен?
28.05.2010 10:48

Деталите за авионската несреќа во која загина полскиот претседател Лех Качински, што се случи на 10 април во близината на Смоленск во Русија, стануваат достапни за јавноста „на рати“, чекор по чекор.

Шефот на истражувачката комисија Едмунд Клич изјави дека во пилотската кабина на авионот во кој животот го загубија 96 претставници на политичкиот врв на Полска, до последниот момент бил и командантот на воздухопловните сили генерал Андржеј Бласик, па се шпекулира дека тој им вршел притисок на пилотите.

Руските медиуми отидоа и чекор понапред и објавија дека генералот Бласик најверојатно сам го управувал авионот.

Полски и германски експерти се сомневаат дека некој намерно ја попречувал работата на автоматскиот пилот, кој заради тоа покажувал погрешни информации на која висина се наоѓа авионот. Автоматскиот пилот добивал информации од ГПС (GPS) а на него се темели севкупниот компјутерски систем на авионот. Прашањето е зошто пилотите не реагирале на информациите дека авионот е на 500, 70, 10 метри? Методот на пречки во ГПС е познат под англискиот збор meaconing а се употребува во одбрана на стратешки објекти како што се на пример нуклеарните централи.

Станува збор за информатички метод кој снима сателитски сигнал, а потоа го праќа со задоцнување. Поради тоа електронскиот уред чита погрешен сигнал, па така и во претседателскиот авион биле исчитана погрешна висина.

Потврдата за евентуално намерно уривање на авионот и убиство на претседателот Качински и полската елита може да се најде во црната кутија чија копија Русите им ја предадоа на Полјаците во понеделникот.

Полската опозиција смета дека на Полска треба да и биде предаден оригиналот, а не копијата.

Полскиот весник „Газета Полска“ претпоставува дека на рускиот произведувач на авиони од типот Тупољев ТУ-154 не им претставува проблем да ги сокријат трагите од таинствениот meaconing.

Истовремено, полските весници потсетуваат на случај на уривање на авионот на поранешниот социјалистички претседател на Мозамбик и верен сојузник на СССР, Самора Моизес Мачел во 1986 година во Јужна Африка.

Извештајот на тогашната комисија бил сличен на оној кој Русите го направиле за авионот на Качински.

Пред седум години, таен агент на тогашниот расистички режим на Јужноафриканската Република Ханс Лоу призна дека авионот се срушил поради пречки во пренесувањето на сателитскиот сигнал, но и дека авионот требало да биде погоден со боев проектил во случај пречките да не успеат.
Copyright 2010 makfax/A1
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 25159
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Христијан » 06 Jun 2010, 14:28

Руски специјалци уапсени поради кражба од загинатите во авионската несреќа во Смоленск

Тројца Руси, припадници на специјалната единица ОМОН, уапсени се денеска затоа што различни услуги, во вредност од 1.400 евра плаќале со кредитна картичка која ја зеле од една од жртвите во авионската несреќа во Смоленск, кога загина полскиот претседател Лех Качински.

Портпаролот на полската Влада павел Грас изјави утрово дека апсењата се „извршени со неверојатна брзина благодарејќи на соработката меѓу полските безбедносни агенции и руските специјални слижби, кои не дозволиле случајот да чека“.

Кредитната картичка му припаѓала на Анджеј Пшевожњик, генералниот секретар на националниот Совет за зачувување на сеќавањата на војните и мачеништвото.

- Парите се повлечени еднаш на денот на несреќата и уште два пати во следните денови по падот на авионот, изјави вдовицата на Анджеј Пшевожњик.

Украдени се и кредитните картички на уште една жртва, потпретседателката на партијата Право и Правда Александра Натали Швјат, но засега никој не ги злоупотребил.
The only easy day, was yesterday!
Христијан
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 2749
Joined: 16 Sep 2009, 22:14
Location: Република Македонија

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby alvarhanso » 06 Jun 2010, 14:30

Христијан wrote:Руски специјалци уапсени поради кражба од загинатите во авионската несреќа во Смоленск

Тројца Руси, припадници на специјалната единица ОМОН, уапсени се денеска затоа што различни услуги, во вредност од 1.400 евра плаќале со кредитна картичка која ја зеле од една од жртвите во авионската несреќа во Смоленск, кога загина полскиот претседател Лех Качински.


Гниди! :evil:
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 25159
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby AlexGreat » 06 Jun 2010, 15:01

Sramota navistina..
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
User avatar
 
Posts: 9113
Joined: 05 Mar 2009, 22:18

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby alvarhanso » 06 Jun 2010, 15:16

Не би сакал да бидам во нивна кожа коа ќе дојде чичко Путин да ги подбере. :twisted:
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 25159
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Bobo » 06 Jun 2010, 15:22

alvarhanso wrote:Не би сакал да бидам во нивна кожа коа ќе дојде чичко Путин да ги подбере. :twisted:



Ке паднат по скали несакајки (:
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
User avatar
 
Posts: 8056
Joined: 26 Oct 2007, 20:16

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Valter » 06 Jun 2010, 17:18

Кои м*чковци ....
And on the 8th day, God created the Infantry-and Hell stood at attention!
Valter
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 3356
Joined: 18 Dec 2008, 19:03

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Iko » 06 Jun 2010, 18:56

Mizerii....ova ne se lugje....ova se gnjidi najobichni....za vakvi bednici samo metak u chelo....
Iko
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 34583
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby IgorMKD » 06 Jun 2010, 20:31

Iko wrote:Mizerii....ova ne se lugje....ova se gnjidi najobichni....za vakvi bednici samo metak u chelo....


Со сигурност вакви гниди имаше и во Македонија, особено при падот на авионот Fokker 100 на скопскиот аеродром... Знам и за други случаи при авионски несреќи во Македонија но мрско ми е да пишувам на таа тема. Во меќувреме, го добив следниов циркуларен e-mail на тема падот на полскиот претседателски авион во Смоленск. Не сум поборник на теориите на заговор но еве ќе го споделам со вас:

Avionska nesreća kod Smolenska je više od nesreće?

Je li smrt poljskoga predsednika i cele delegacije u Rusiji bila slučajna nesreća? Predsjednik Lech Kaczynski bio je glasnogovornik većih sloboda država unutar Evropske unije. Dok mnoge druge evropske države imaju marionetsku vlast koja se klanja diktatu Evropske unije, poljski je narod izglasao vlast koja je glasno oponirala redukcijama državne, ekonomske i nacionalne slobode. Bio je euroskeptik i dugo odbijao potpisati Lisabonski ugovor, sve dok ga Irska pod prisilom (u drugom pokušaju) nije potpisala. Nije hteo da zameni nacionalnu valutu eurom i smatrao je da je najoptimističniji rok za uvođenje evra u Poljsku 2015 godina.

Novinar Damian Thompson u engleskom "Daly Telegraphu" piše da se iza ubistva predsednika Lecha Kaczynskog i cele delegacije nalaze bankari. Tako navode da je Poljska jedina zemlja u EU koja nije osetila krizu. Naprotiv, beleži rast proizvodnje i tako ruši mit novog svetskog poretka da sve nacionalne ekonomije moraju pasti na kolena, kako bi se novi poredak uspostavio.

29.03.2010. Poljska je odbila uzeti zajam koji joj je ponudio MMF u iznosu od 21,8 milijarde dolara. "…Ne samo da ta država nije postala žrtvom međunarodnog bankarskog gangsteraja koji se odvija kroz gusarske pozajmice, nego je Poljska Međunarodnom monetarnom fondu ponudila pozajmicu kako bi taj fond mogao pomoći drugim državama da prevladaju nadošlu globalnu krizu…", o čemu je izveštavao AFP 29.03.2010.

Poljska je bila jedina od 27 članova Unije koja je postigla privredni rast u 2009. godini, a Međunarodni monetarni fond (MMF) je predviđao da će taj rast doseći 2,75 posto sve do 3,25 posto u 2011. godini…", izveštava 14. aprila irska web stranica "Infowars Ireland". Poljska Nacionalna Banka i Vlada 09.04.2010. saglasno odlučuju o devalvaciji zlota, što će pogodovati poljskim izvoznicima, ali na štetu njihovih trgovinskih partnera, najviše onih u EU. Sledećeg dana nakon ove odluke o devalvaciji zlota, gine predsednik, čitav vojni vrh, guverner nacionalne banke, i još desetine vojnih i političkih službenika!!??

Štaviše, u nastavku teksta u "Daly Telegraphu" spominje se kako je predstavnik Češke Središnje banke Mojmir Hampl početkom aprila izjavio da je Međunarodni monetarni fond namerno razbuktao ekonomsku krizu u Evropi tako da su manje regionalne države bile prisiljene tražiti pozajmicu od zelenaškog MMF-a. Znači li to da je Poljska kao primer za druge države, počela ometati zelenaške planove velikih međunarodnih bankara?

Svemu ovome treba dodati i činjenicu da će sada Poljsku preuzeti britanski čovek, osoba školovana u Britaniji, koja čak ima englesko ime i prezime: "… Sada se vođstvo u Poljskoj menja i izgleda kao da će proevropski lider zameniti Kaczynskog. Proevropska Stranka Građanske Platforme DONALDA TUSKA najverovatnije će, nakon predsedničkih izbora u junu, zgrabiti vlast…" To je čovek kome je Kaczynski oponirao kada je trebalo zlot zameniti za evro i takođe s češkim predsednikom Vaclavom Klausom bio je među poslednjima koji su se opirali gubitku državne nezavisnosti što je donosi potpisivanje Lisabonskog ugovora.

Kao uspešna država, Poljska je sve manje zavisila od EU i odlazak Kaczynskog u Rusiju nije značio samo odlazak u Katynsku šumu, gdje bi se Putin i Medvedev izvinili Poljskoj, za pokolj njenih oficira i podoficira, već je taj odlazak trebalo da bude početak menjanja strane u interesnim sferama: Rusija više nije komunistička i kao ravnopravan partner davala je Poljskoj veće mogućnosti za razvoj ekonomske i nacionalne slobode. Poljska je u sukobu velikih interesnih sfera, nastojala promeniti stranu. Britanija i Amerika su shvatile problem i stoga je Kaczynski morao umreti zajedno s celom delegacijom. Nastojao je sačuvati Poljsku slobodnom i u tu svrhu odlučio je potražiti potporu Putina.

Osim navedenog, treba dodati i sledeće:

Poljska nije priznala Kosovo
Poljska ministarka zdravlja, takođe poginula u ovoj nesreći, je jedina od svih ministara na SVETU odbila državnu kupovinu vakcina protiv H1N1
Poljski ministar poljoprivrede, takođe poginuo u ovoj nesreći, je evropska perjanica suprotstavljanju uvođenja CODEX ALEMENTARISA, odnosno uvođenja GMO hrane u ljudsku i životinjsku ishranu (Kod nas je ovaj zakon uveden krajem prošle godine. Posledice su, osim direktno po zdravlje ljudi, i nestanak prirodnog semena za proizvodnju hrane i favorizovanje američkih proizvođača GMO semena).
Poljaci imaju tradiciju čuvanja novca u slamaricama, a ne u bankama. Takođe, nikada ne kupuju stvari na kredit, već samo u cash-u.
U poslednjem intervjuu, datom dan pre pogibije, Lech je objavio da su u Poljskoj potvrđene velika nalazišta gasnih škriljaca, što bi je potencijalno učinilo energetski nezavisnom, mozda čak i izvoznikom gasa.
Na snimku sa youtube-a, napravljenom neposredno posle nesreće, se vidi da nigde nema magle, što je izgovor za pad aviona. Takođe, po malo se čuju i pucnji iz pištolja.


Ko sme da ide poljskim putem, kada postoji asvalt?
"Igor, dojde vreme skoloto da e posledna sansa za onie koi nemaat nikakov drug talent ;)".
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15301
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Iko » 06 Jun 2010, 20:36

Polska GO prizna Kosovo...i ZEDE od vakcinive....


Celiov tekst mi e previshe u manir na Nikola Nikolov Martinov i negoviot "Nov Svetski Predok"....ispagja deka Kachinski koj beshe arhi-anti-Ruski nastroen politichar vsushnost bil opredelen za sorabotka so Moskva....bah.... :roll:
Iko
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 34583
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Дарко Д » 06 Jun 2010, 21:06

Руски полицајци од антитерористичката единица ОМОН ги ограбиле жртвите на падот на авионот на полскиот претседател Лех Качински, кој се урна на 10 април кај Смоленск, соопшти портпаролот на полската влада Павел Граш.
Јавноста во Полска и Русија за оваа срамна кражба на кредитните картички на покојникот и исчезнувањето на парите на една од 96-те жртви, дознала вчера од вдовицата на една од жртвите, Јоланда Пшевожнјик.
ostatokot tuka http://www.makfax.com.mk/#109284;jsessi ... C9F76D2B9B
[img]http://www.danasoft.com/sig/goko.jpg[/img]
Дарко Д
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 198
Joined: 27 Jan 2010, 13:14
Location: Куманово,Македонија

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Trpkovski Vladimir » 06 Jun 2010, 21:18

Нова теорија: Полскиот претседател Качински сепак е убиен?
28.05.2010 10:48

Деталите за авионската несреќа во која загина полскиот претседател Лех Качински, што се случи на 10 април во близината на Смоленск во Русија, стануваат достапни за јавноста „на рати“, чекор по чекор.

Шефот на истражувачката комисија Едмунд Клич изјави дека во пилотската кабина на авионот во кој животот го загубија 96 претставници на политичкиот врв на Полска, до последниот момент бил и командантот на воздухопловните сили генерал Андржеј Бласик, па се шпекулира дека тој им вршел притисок на пилотите.

Руските медиуми отидоа и чекор понапред и објавија дека генералот Бласик најверојатно сам го управувал авионот.

Полски и германски експерти се сомневаат дека некој намерно ја попречувал работата на автоматскиот пилот, кој заради тоа покажувал погрешни информации на која висина се наоѓа авионот. Автоматскиот пилот добивал информации од ГПС (GPS) а на него се темели севкупниот компјутерски систем на авионот. Прашањето е зошто пилотите не реагирале на информациите дека авионот е на 500, 70, 10 метри? Методот на пречки во ГПС е познат под англискиот збор meaconing а се употребува во одбрана на стратешки објекти како што се на пример нуклеарните централи.

Станува збор за информатички метод кој снима сателитски сигнал, а потоа го праќа со задоцнување. Поради тоа електронскиот уред чита погрешен сигнал, па така и во претседателскиот авион биле исчитана погрешна висина.

Потврдата за евентуално намерно уривање на авионот и убиство на претседателот Качински и полската елита може да се најде во црната кутија чија копија Русите им ја предадоа на Полјаците во понеделникот.

Полската опозиција смета дека на Полска треба да и биде предаден оригиналот, а не копијата.

Полскиот весник „Газета Полска“ претпоставува дека на рускиот произведувач на авиони од типот Тупољев ТУ-154 не им претставува проблем да ги сокријат трагите од таинствениот meaconing.

Истовремено, полските весници потсетуваат на случај на уривање на авионот на поранешниот социјалистички претседател на Мозамбик и верен сојузник на СССР, Самора Моизес Мачел во 1986 година во Јужна Африка.

Извештајот на тогашната комисија бил сличен на оној кој Русите го направиле за авионот на Качински.

Пред седум години, таен агент на тогашниот расистички режим на Јужноафриканската Република Ханс Лоу призна дека авионот се срушил поради пречки во пренесувањето на сателитскиот сигнал, но и дека авионот требало да биде погоден со боев проектил во случај пречките да не успеат.
Copyright 2010 makfax/A1



Ни овој текст нема блага врска со вистината, ниту на еден авион, висината не се мери само со ГПС, ова е тресење на глупости во голем стил.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"

Paluba Info - Forum o naoružanju i vojsci...
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
User avatar
 
Posts: 5539
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo


PreviousNext

Return to Авионски несреќи / Case study

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests