Се урна авионот на полскиот претседател

Факти, причини и последици од авионските несреќи.
Facts, reasons and outcomes from aircrash investigations.

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Христијан » 08 Sep 2010, 13:45

Полските државни функционери не смеат да се најдат во ист авион заедно, стои во новото упатство за летови на полското биро за национална безбедност.

Поради падот на државниот авион на 10. април во кој покрај претседателот Лех Качински, загинаа и првата дама Марија и десетици членови на државната и воена делегација, отсега со претседателот на државата може да се најдат во ист авион најмногу три министри.

Во иднина одговорна за спроведување на ваквиот ред ќе биде институцијата која го организира летот. Новина е и тоа дека пилотот пред летот треба да направи пробно полетување и слетување, а доколку авионот мора принудно да слета претходно треба да се провери аеродромот.
The only easy day, was yesterday!
Христијан
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 2749
Joined: 16 Sep 2009, 22:14
Location: Република Македонија

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby IgorMKD » 08 Sep 2010, 20:03

После смрт болест... Ама подобро некогаш отколку никогаш да си стават ред во овој круцијален сегмент од функционирањето на државата.
"Igor, dojde vreme skoloto da e posledna sansa za onie koi nemaat nikakov drug talent ;)".
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15301
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Scylla » 24 Sep 2010, 14:32

Москва го пуштила Качински да загине

Од страв да не избие дипломатски скандал, Русите одбиле да забранат слетување на авионот на Качински, иако руските контролори на воениот аеродром во Смоленск барале одобрение од своите претпоставени во Москва да не дозволат слетување заради густата магла.

“Пуштете ги Полјаците да слетаат, можеби ќе успеат,“ им било одговорено на контролорите на летот, откако овие побарале да се забрани слетувањето на 10-ти април на авионот во кој освен полскиот претседател, се наоѓаа и високи дипломати.

Со контролорите во Смоленск тој ден, како и три дена претходно кога на истиот аеродром слета полскиот премиер Доналд Таск, невообичаено, бил и нивниот претпоставен од Твер, полковникот Николај Краснокутски. Оваа информација за весникот Газета Виброча ја потврдил обвинителот Иренеуш Шелонг, кој ја води полската истрага за авионската несреќа во која загинаа 95 лица.

Повикувајќи се на досега необјавени стенограми на разговорите на контролорите и нивните сослушувања, кои рускиот Меѓудржавeн воздухопловен комитет ги предал на полската истрага, рускиот весник навел дека двајца контролори испаничиле кога врз Смоленск се спуштила густа магла и дека им било совршено јасно дека полските пилоти нема да може да слетаат тука, но дека не знаеле дали смеат да забранат слетување на авион во кој се наоѓа шеф на странска држава.

Полковникот Краснокутски, сепак, кршејќи ги правилата, ги побарал своите претпоставени во Твер а потоа и Командата на руското воздухопловство во Москва, тие да му дозволат официјално да го забрани слетувањето.

“Ако сакаат Полјаците, нека слетаат, може ќе им успее,“ бил одговорот што го добил.

Дипломатски извори од Москва потврдиле дека Русија се плашела од голем дипломатски скандал кој сигурно би избил доколку контролорите му забранеле на Качински да слета, затоа што тоа би можело да се протолкува како Кремљ намерно да не го пушта полскиот претседател во Катин, туку само премиерот.

Качински требаше да присуствува на комеморација по повод 70-годишнината од масакрот во Катин, кога беа стрелани илјадници полски војници.

Оннет
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4905
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Scylla » 12 Jan 2011, 23:05

Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4905
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby IgorMKD » 12 Jan 2011, 23:53

Фала Scylla! :bravo:
"Igor, dojde vreme skoloto da e posledna sansa za onie koi nemaat nikakov drug talent ;)".
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15301
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Bobby » 13 Jan 2011, 01:56

IgorMKD wrote:Фала Scylla! :bravo:


Да, одлични се видеата, само што слабо некако со рускиов, макар што поединечни зборови разбрав.
За сите нас што подобро стојат со англиски отколку руски, еве друго видео.
http://www.youtube.com/watch?v=ucfMbPt8xRw&feature=player_embedded#!
To live is the rarest thing in the world, most people exist, that's all...
Bobby
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 832
Joined: 14 Nov 2009, 02:56
Location: OHD - SKP

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby karamba » 10 Apr 2011, 19:24

Година дена помина од несреќава,нека им е вечна слава!
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
User avatar
 
Posts: 11488
Joined: 26 Jun 2009, 22:07
Location: Skopje,R.Makedonija

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby alvarhanso » 05 Aug 2011, 11:34

Распуштен 36. полк на военото воздухопловство на Полска

Специјалниот полк на полското воено воздухопловство задолжено за превоз на полските функционери е распуштен. Според полските медиуми, полкот е распуштен врз основа на минатонеделниот извештај за падот на претседателскиот авион во кој загина Лех Качински.

Во извештајот констатирани се многу пропусти, недисциплина и недоволна обука на пилотите. Тоа била основната причина за падот на претседателскиот авион. Властите констатирале хаос во полкот.

Имало наместените статистички податоци, фалсификувани податоци за наводни летови за обука на пилотите и друго. Поради овие причини 36–иот специјален полк задолжен за превоз на полските официјални личности е распуштен, пишуваат медиумите. /www.kanal5.com.mk
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 25408
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Scylla » 09 Jan 2012, 20:29

Полски обвинител се обиде да се самоубие на прес конференција

Воен обвинител се обиде денеска да се застрела со службен пиштол во пауза на пресконференција во Познан, јавија полските медиуми.

Обвинителот Миколај Пшибил имал пресконференција за афера за наводно прислушкување од страна на армијата во Познан пред новинари кои пишувале за авионската катастрофа во која на 10 април 2010 година, загина претседателот Лех Качински.

По емоционални пораки во кои ги отфрлал обвиненијата за прислушкување новинари, тој ги замолил новинарите да ја напуштат салата „за да се проветри“.

- Подоцна се слушна звук и се вративме во салата. Тогаш го видовме обвинителот како лежи на подот облеан во крв, а до него службеното оружје, велат новинари од телевизијата те Фау Ен 24. Обвинителот бил пренесен во болница од каде сооопштија дека е жив и во добра состојба.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4905
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby Iko » 09 Jan 2012, 23:03

Objaviv video od samiov tragichen nastan vo "No Comment" temata na "Opshti Muabeti"....
Iko
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 35449
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby AlexGreat » 31 Oct 2012, 13:21

Полските истражители пронајдоа траги од експлозив во остатоците на владиниот авион што се урна во Русија пред две години, кога загина претседателот Лех Качински и уште 95 лица, објави дневниот весник Rzeczpospolita.
Не наведувајќи го изворот, весникот пишува дека обвинителите и експертите за експлозиви пронашле трагови од ТНТ и нитроглицерин на крилата на авионот и во кабината.

Траги од експлозив се пронајдени и на подрачјето во близина на Смоленск каде на 10 април 2010 година се урна владиниот Ту-154.

Руските истражители за несреќата ги обвинија пилотите на авионот поради обидот да слетаат во густа магла, дека полската страна тврди дека контролата на летање не смеела да дозволи слетување на авионот.

Според службените извештаи, истражителите не пронашле докази за вмешаност на трета страна во несреќата.

Меѓутоа, полскиот весник не ја исклучува можноста трагите од експлозив да потекнуваат од неактивирани бомби од Втората Светска Војна кои сеуште ги има на подрачјето околу Смоленск
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
User avatar
 
Posts: 9170
Joined: 05 Mar 2009, 22:18

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby IgorMKD » 28 Feb 2013, 20:34

"Igor, dojde vreme skoloto da e posledna sansa za onie koi nemaat nikakov drug talent ;)".
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15301
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Re: Се урна авионот на полскиот претседател

Postby alvarhanso » 11 Apr 2017, 11:21

Poland Says Explosion Behind 2010 Plane Crash in Western Russia
https://www.bloomberg.com/politics/arti ... -jet-crash

Polish presidential plane fell apart in the air: investigation chief
http://www.politico.eu/article/polish-p ... ion-chief/
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 25408
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Previous

Return to Авионски несреќи / Case study

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 3 guests