Десет лица загинаа во авионска несреќа на Аласка

Факти, причини и последици од авионските несреќи.
Facts, reasons and outcomes from aircrash investigations.
Post Reply
Марко СВ.Н.
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 1030
Joined: 24 May 2013, 20:32
Contact:

Десет лица загинаа во авионска несреќа на Аласка

Post by Марко СВ.Н. »

Десет лица загинаа во неделата во несреќа на авион-такси која се случи на аеродромот во Солдотна на Аласка, соопшти Националната комисија за безбедност во транспортот на САД (NTSB).

Според претставникот на полицијата на сојузната држава Аласка, Меган Петер, авионот се урнал за време на полетувањето од аеродромот во Солдотна. Веднаш потоа избил пожар и воздухопловот бил целосно уништен кога пристигнала противпожарната единица. Идентитетот на загинатите сé уште не е познат.

Во соопштението на NTSB се истакнува дека во неделата навечер била испратена екипа на местото на несреќата за да се утврдат причините за несреќата.

Авионот од типот „De Havilland DHC-3 Otter” на компанијата „ Rediske Air” со девет патници и пилот се урнал во неделата наутро по локално време, а потоа се запалил, истакнал Клинт Џонсон, локалне началника на NTSB во Аноориџ

Од NTSB во Солдотна бил испратен истражителот кој беше ангажиран во истрагата за несреќата на боингот на јужнокорејската компанија „Asian Airlines” во Сан Франциско кога загинаа две лица а над 180 беа повредени.

Гратчето Содлотна има 4.200 жители и се наоѓа 120 километри јужно од Анкориџ.

Image
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests