Page 4 of 4

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 11 Jun 2015, 20:00
by MaKoM
Ке се прави споменик во Струмица ....

http://strumicanet.com/index.php/strumi ... a-nesrekja" onclick="window.open(this.href);return false;

ке треба да го редизајнираат да не е со Хјуи. :se_predavam: :se_predavam:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 10 Jul 2015, 12:21
by IgorMKD
Една година подоцна...

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 10 Jul 2015, 12:29
by Iko
Leta vreme...:(

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 10 Jul 2016, 14:25
by karamba
Лета време другари, Вечна слава за екипажот на МАП-7712!

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 10 Jul 2016, 14:26
by Iko
Vechna Slava! :(

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 10 Jul 2016, 15:32
by alvarhanso
Вечна слава! :(

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 11 Jul 2016, 23:53
by Helihopter
Vecna Slava !

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 28 Jun 2017, 15:34
by Scylla
Обвинителството отвори истрага против три лица за хеликоптерската несреќа во Струмица
28. ЈУНИ 2017 - 15:22 | МАКФАКС

Основното јавно обвинителство – Струмица издаде наредба за спроведување истражна постапка против три осомничени лица за хеликоптерската несреќа што се случи на 10 јули 2014 година, во која загинаа четворица полициски пилоти.

Бројните прибрани докази и извршени анализи до овој момент укажуваат на сомнение дека лицата извршиле кривично дело – тешки дела против општата сигурност.

„Надлежниот јавен обвинител и во текот на истрагата ќе продолжи да прибира податоци и докази, како и да сослушува сведоци кои ќе помогнат за целосно расветлување на случајот. Ќе бидат сослушани и осомничените лица“, соопшти Обвинителството.

Во несреќата животите ги загубија четворицата врвни пилоти – полициските јастреби Драги Мицев од Струмица – началник на воздухопловните сили на МВР и неговите колеги-пилоти Марјан Трајковиќ од Куманово, Тоде Орешков од Кавадарци и Иљо Лопатички од Битола.

Во центарот на истражната постапка е неосветлениот антенски столб на Македонската радиодифузија. Но, со истрагата е опфатена и опремата за ноќно летање. Обвинителството се обратило од израелската фирма „Елбит“ од која е набавена опремата за ноќно летање, од којашто е побаран одговор дали визирите за ноќно летање смееле да се користат во населено место и во услови во какви што бил изведуван последниот ноќен лет на рутата од Скопје преку Велес, Неготино, Валандово, Струмица, Берово, Делчево и назад.

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 02 Sep 2019, 22:24
by alvarhanso
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha ... -osvetlen/" onclick="window.open(this.href);return false;

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 06 Apr 2022, 14:42
by Avijaticar
Изречена пресуда за хеликоптерската несреќа кај Струмица во која загинаа четворица пилоти на МВР

Основниот суд во Струмица донесе осудителна пресуда за хеликоптерската несреќа кај Струмица, која се случи на 10 јули 2014 година и во која загинаа четворица пилоти на МВР.

Судечкиот совет ги осуди обвинетите Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ на условна казна од затвор од две години доколку делото не го повтори во наредните три години, Драгослав Радески, технички директор, доби 18 месеци условна казна доколку делото не го повтори во наредните две години, а ЈП Национална радиодифузија е казнета со парична казна во износ од 1 милион денари.

Според пресудата тие се товарат за тешки дела против општата сигурност по член 292 во врска со член 288 став два и еден и член 22 од Кривичниот закон. Казнетите се задолжени да ги платат судските трошоци и трошоците на оштетените.

На пресудата жалба најавија Обвинителството, кое ќе се жали на висината на изречената казна, а осудените на изречената казна за која сметат дека треба да е ослободителна.

Во хеликоптерот произведен 2008 година, на 10 јули 2014 година пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.

Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на тогашната „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.



https://sitel.com.mk/izrechena-presuda- ... oti-na-mvr

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 06 Apr 2022, 15:37
by Bobo
Конечно правда после 8 години!

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Posted: 06 Apr 2022, 16:59
by Iko
Jaka pravda...:roll: