Page 1 of 2

Пад на D-GLLW

Posted: 06 Sep 2016, 18:59
by Марко СВ.Н.
НОВА дознава дека станува збор за авион кој се обраќал од Дубровник и исчезнал во близина на Скопје.
Се работи за приватен италијански авион од марката „Пајпер“, со германски регистарски таблички.
Екипите на МВР се на терен и го бараат авионот.
http://www.libertas.mk/avion-ischezna-v ... na-skopje/" onclick="window.open(this.href);return false;

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 19:05
by alvarhanso
Обновено: Авион исчезна во околината на Скопје

Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром, потврдуваат од МВР за НОВА.
НОВА дознава дека станува збор за авион кој стартувал од Тревизо, Италија а на скопскиот аеродром бил уредно најавен дека ќе слета за да наполни гориво.
Но во 17 и 40 часот, се губи од радарот на контролната кула на аеродромот „Александар Велики“.
Се работи за приватен италијански авион од марката „Пајпер“, со германски регистарски таблички со капацитет од шест патници.
Екипите на МВР се на терен и го бараат авионот.
http://novatv.mk/avion-ischezna-vo-okolinata-na-skopje/" onclick="window.open(this.href);return false;

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 19:06
by Марко СВ.Н.
Се работи за D-GLLW и според новите информации авионот е пронајден во близина на Велес.

Image

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 19:09
by alvarhanso
Има преживеани?

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 19:10
by Марко СВ.Н.
Се надевам дека има,но велат дека се слушнала голема експлозија...

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 19:16
by alvarhanso
Пронајден авион во пламен близу Велес

Првата информација за урнатиот авион пристигнала од жители на селото кои слушнале силен звук, удар и експлозија.
Во близина на село Ветерско, атар на општина Велес е пронајден авионот во пламен кој пред околу половина час исчезна од радарот на скопскиот аеродром.
Првичните информации од спасувачките служби се дека авионот е во пламен, а теренот е непристапен.
Првата информација за урнатиот авион пристигнала од жители на селото кои слушнале силен звук, удар и експлозија. Кон локацијата веќе се упатени спасувачки служби од Скопје и од Велес.
Селото Ветерско е во непосредна близина на пункот на Македонија сообраќај кој се наоѓа на познатата велешка тумба на автопатот Велес - Скопје, пред да започне спуштањето кон Катланово.
http://plusinfo.mk/vest/85071/pronajden ... izu-veles-" onclick="window.open(this.href);return false;

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 21:22
by Марко СВ.Н.
http://www.youtube.com/watch?v=DcmqaWrpHgU" onclick="window.open(this.href);return false;

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 21:33
by alvarhanso
Полицијата се пробива до урнатиот авион над селото Кожле

Полицијата веќе се пробива до авионот кој се урнал во непристапен терен, после село Кожле, во областа Синадорит, јавува репортерот на НОВА, Влатко Чаловски. Наводно, веќе дошле до некои предмети, патики мобилни телефони, но телата на патниците не се пронајдени.

На теренот покрај полициските екипи има и возила на Итната медицинска помош, а присутни се и повеќе новинарски екипи. Според мештаните на селото Кожле, нешто после 17 часот слушнале силен звук кој личел на експлозија, но бидејќи имало магла и врнело, мислеле дека грми.

“Слушнав силен звук кој личеше на екслпозија. Во тој момент гледав вести, но не помислив дека паднал авион“, изјави едне од жителите на Кожле.

Според мештаните до реонот каде што се урнал авионот се стигнува само со теренски џипови.
Екипата на НОВА, репортерот Влатко Чаловски и снимателот Трајче Антовски се на терен и ќе известуваат што се случува.
http://novatv.mk/politsijata-pravi-plan ... pen-teren/" onclick="window.open(this.href);return false;

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 21:43
by Марко СВ.Н.
Неофицијално: Едно тело најдено изгорено, патниците во паднатиот авион се италијански државјани
http://www.libertas.mk/neofitsijalno-ed ... rzhavjani/" onclick="window.open(this.href);return false;

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 21:51
by Canemakedonski
ПРОНАЈДЕН АВИОНОТ ШТО ИСЧЕЗНА КАЈ СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ВО НЕГО БИЛЕ ИТАЛИЈАНСКИ И КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИ

Полицијата вечерва кај селото Блаце, јужно од Скопскиот аеродром го блокира пристапот кон селата Кожле и Ветерско, каде што е паднат авионот Пајпер со германски регистарски ознаки сопственост на авиоклуб од Тревизо, Италија.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изјави дека остатоци од авионот се најдени на 2 километри од селото Кожле и дека полиција веќе го обезбедува местото на несреќата.

http://sdk.mk/index.php/naslovna/pronaj ... rzhavjani/" onclick="window.open(this.href);return false;

Нажалост, како што изгледа нема да има преживеани...

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 22:28
by cyber2smile
не ми е јасно?! некои информации по обичај доведуваат до збунувачки размислувања
немал гориво,а летал до Приштина преку Скопје -

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 06 Sep 2016, 23:55
by alvarhanso
http://www.youtube.com/watch?v=dj6vFEHJDPQ" onclick="window.open(this.href);return false;

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 07 Sep 2016, 00:27
by Skopjeair
cyber2smile wrote:не ми е јасно?! некои информации по обичај доведуваат до збунувачки размислувања
немал гориво,а летал до Приштина преку Скопје -

Нема гориво да се купи во Приштина затоа тука сакал да слета за да наполни за враќање

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 07 Sep 2016, 04:25
by zlatko83
VFR ili IR?
cel let na FL130?

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 07 Sep 2016, 13:16
by cyber2smile
Skopjeair wrote:
cyber2smile wrote:не ми е јасно?! некои информации по обичај доведуваат до збунувачки размислувања
немал гориво,а летал до Приштина преку Скопје -

Нема гориво да се купи во Приштина затоа тука сакал да слета за да наполни за враќање
како што пишуваат италијански медиуми, промоција на аеро клуб во Приштина ,од Тревизо имало 4 лета , два до Приштина и два до Скопје
Сите стигнале освен последниот со претседателот на италијанскиот аеро клуб, потпретседателот и останати членови

пак ќе кажам , збунувачки информации

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 07 Sep 2016, 13:48
by karamba
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... 81f4e202b2" onclick="window.open(this.href);return false;
Пилотот Франческо Монтањер, претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“, кој управувал со приватниот авион „пајпер Па 34-200 Т сенека“ што падна вчера попладне кај Кожле, Велес, бил искусен и добар пилот.

Летови како вчерашниот од Тревизо до Скопје, долг 800 километри, не се вообичаени за пилотите од аероклубот „Тревизо“, но пилотот Монтањер бил имал стотици часови летање зад себе. Временските услови за летот биле лоши, со дожд, ветер и мала видливост. Пилот бил и загинатиот Дарио Бастасин, кој пред десет години имал инцидент при слетување во Тревизо, но без поголеми псоледици.

- Од Тревизо заминаа четири авиони со 20 патници. Тие требаше да пристигнат во Косово на прославата на првата годишнина на тамошниот аероклуб кој беше основан со поддршка на аероклубот од Тревизо. Она што засега сигурно го знаме е дека трите авиони пристигнале, е еден се урнал најверојатно поради лошите вренески услови - изјави Маурицио Патуели од аероклубот „Тревизо“, пренесуваат италијанските меидуми, според кои авионот ги имал сите дозволи и одобренија за летање.

Со падот на авионот загинаа сите патници, покрај пилотите, уште и Италијанците Лука Дале Муле и Ангело Калегари, како и Косовците Иларија Бертио и Висар Бегај, кои имале и италијанско државјанство. Патувале кон Приштина, а над Македонија требало да извршат прелет и да дополнат гориво на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

По падот на приватниот авионот со германски национални ознаки, на терен е тим на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Комитетот е независно истражно тело формиранот според обврските од потпишаната Конвенција на Република Македонија за Меѓународно цивилно воздухопловство.

Активности за расветлување на авионската несреќа презема и Јавното обвинителство.

- По добиените сознанија, обвинителството во координација со надлежните институции презема мерки за утврдување на местото на несреќата, негово обезбедување и натамошно постапување. Истовремено се прибираат податоци и релевантни факти во насока на утврдување на причините за несреќата - соопшти Јавното обвинителство и најавува дополнително подетални информации.

За местото на падот на авионот први јавија лока
Слики од НМ од местото на падот и од остатоците

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... fa08c96c36" onclick="window.open(this.href);return false;

Re: Приватен авион исчезна во околината на Скопје ???

Posted: 07 Sep 2016, 14:53
by Scylla
Има ли архива од синоќа од КЛ? На Лајв АТЦ нема ништо, фидот не бил активен.

Re: Пад на D-GLLW

Posted: 07 Sep 2016, 15:22
by Марко СВ.Н.
За FR24 мислиш ? На FR24 не може ништо да се види бидејќи авионот нема MODE-S транспондер (ADS-B),има делови од летот, но од пристап ништо не може да се види.

Re: Пад на D-GLLW

Posted: 07 Sep 2016, 15:24
by Bobo
Марко СВ.Н. wrote:За FR24 мислиш ? На FR24 не може ништо да се види бидејќи авионот нема MODE-S транспондер (ADS-B),има делови од летот, но од пристап ништо не може да се види.
КЛ-Контрола на Летање

Re: Пад на D-GLLW

Posted: 07 Sep 2016, 15:27
by Scylla
Марко СВ.Н. wrote:За FR24 мислиш ? На FR24 не може ништо да се види бидејќи авионот нема MODE-S транспондер (ADS-B),има делови од летот, но од пристап ништо не може да се види.
Го дава скоро целиот лет до влез на GOSTI веројатно или DEBAR, ама прашував за фидот од Приодна СКП дали има архив од синоќа

https://www.flightradar24.com/data/airc ... lw#ae9ead3" onclick="window.open(this.href);return false;