Page 1 of 1

Нова книга за авиони

Posted: 11 Jun 2017, 10:53
by Andonovic Vladimir
Излезе од печат најновата книга на авторот д-р Владимир Андоновиќ со наслов „Еволуција на виталните системи на авионите“ - или воздухопловни легенди 2. Книгата на 160 страници текст и многубројни фотографии содржи: Пролог со кратка историја на летањето, 7 глави основен текст, библиографија и белешка за авторот.
Книгата ги обработува некои од крупните епохи кои биле пресвртници во еволуцијата на авионот и довеле до нови поквалитетни конструктивни решенија и скокови во перформансите како:
- примена на слободноносечкото крило,
- примена на системите за хиперпотисок,
- примена на метален пропелер и промена на чекорот на краците на пропелерот во лет,
- вовлекување/извлекување на стојните органи во лет
- примена на турбомлазни реактивни мотори,
- совладување на звучната бариера,
- епилог, или што понатаму?
За разлика од книгата „Воздухопловни легенди“ (од истиот автор), во која беа опишани историските херојски летови, тежиштето на оваа книга е врз конструкторите. На овој начин се затвора кругот на воздухопловните легенди составен од конструкторите, научниците и летачите.
Книгата се препорачува на широк круг читатели кои ги интересира воздухопловството, од средношколци и студенти, до професионалци во пензија.
Книгата е посветена на генерацијата матуранти 1955-1959 година на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ и последната глава на книгата содржи податоци за оваа генерација.

Re: Нова книга за авиони

Posted: 11 Jun 2017, 14:35
by IgorMKD
Честитки професоре и голема благодарност за трудот и работата на вака дефицитарни теми во нашето општество.

Каде би можеле да ја најдеме и купиме книгата?

Re: Нова книга за авиони

Posted: 11 Jun 2017, 18:10
by Andonovic Vladimir
Книгата може да се купи во книжарницата „Матица“ на бул. Св. Климент Охридски.

Re: Нова книга за авиони

Posted: 11 Jun 2017, 19:16
by IgorMKD
Благодарама професоре, ќе ја купам веќе од утре :D

Re: Нова книга за авиони

Posted: 15 Aug 2017, 18:29
by zlatko83
interesno
ce mi treba recnik da gi razberam nekoi od strucnive izrazi :o)
ali sepak ce mora da vleze u biblioteka :o)

Re: Нова книга за авиони

Posted: 17 Aug 2017, 19:04
by Andonovic Vladimir
При пишување на книгата „Еволуција на виталните системи на авионите“ настојував што помалку да користам стручни изрази кои не се среќаваат во секојдневниот говор. Сепак некои морале да се појават. Доколку не Ви е тешко можете да ги соберете и испратите преку Форумот, а јас ќе Ви ги дадам потребните објаснувања. Книгата е пишувана со популарен јазик и скромна „тежина“ па сепак понекаде морало да се отстапи од овој принцип. Ви благодарам на јавувањето, се надевам дека книгата ќе Ви се допадне. Д-р Владимир Андоновиќ.

Re: Нова книга за авиони

Posted: 26 Aug 2017, 12:40
by Zoran MAF
Andonovic Vladimir wrote:При пишување на книгата „Еволуција на виталните системи на авионите“ настојував што помалку да користам стручни изрази кои не се среќаваат во секојдневниот говор. Сепак некои морале да се појават. Доколку не Ви е тешко можете да ги соберете и испратите преку Форумот, а јас ќе Ви ги дадам потребните објаснувања. Книгата е пишувана со популарен јазик и скромна „тежина“ па сепак понекаде морало да се отстапи од овој принцип. Ви благодарам на јавувањето, се надевам дека книгата ќе Ви се допадне. Д-р Владимир Андоновиќ.
Поздрав Професоре ( ми предавате на ТМФ- Машински елементи )
Мило мие што неуморно творите.
Поздрав само напред.
Искрено
Зоран .Т

Re: Нова книга за авиони

Posted: 29 Aug 2017, 20:49
by Andonovic Vladimir
Почитуван колега Зоран Т.,
големо задоволство за еден стар професор е неговите студенти да се сеќаваат на него па и да му се јавуваат. Ве поздравувам и Ви посакувам добро здравје и успеси во професијата.
Со почит, проф. д-р Владимир Андоновиќ.

Re: Нова книга за авиони

Posted: 30 Aug 2017, 10:55
by Zoran MAF
Andonovic Vladimir wrote:Почитуван колега Зоран Т.,
големо задоволство за еден стар професор е неговите студенти да се сеќаваат на него па и да му се јавуваат. Ве поздравувам и Ви посакувам добро здравје и успеси во професијата.
Со почит, проф. д-р Владимир Андоновиќ.
Задоволството е взаемно. Не престаНУВААТ КОНТАКТИТЕ СО НАПУШТањето на образовниот систем.
Поздрав од ТЛМ Разине
проект печка за топшење алумијум
легура 5оо5

Искрено Зоран.Т