Јури Гагарин

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.

Јури Гагарин

Postby avijacijamk » 24 Dec 2006, 22:12

Јури Гагарин е роден во Клушино, западно од Москва, на 9-ти март 1934 година. Тој живеел со неговите родители на фарма. Мајка му била писател, а татко му искусен столар. Додека одел во основно училиште тој го остварил првиот контакт со воздухопловството. Неговиот наставник по математика бил пилот во Црвената армија и му ѓи пренел тајните на воздухопловството на младиот Гагарин.

После основното училиште, Гагарин се запишал во средното техничко училиште во градот Саратов. Паралелно се зачленил и во локалниот аеро клуб и таму научил да лета на лесни воздухоплови. Во 1955-та година тој го завршил средното техничко училиште и се запишал во военото воздухопловно училиште Оренбург, каде што ја запознал неговата сопруга Валентина Гориачева, која ја земал за жена откако станал воен пилот на Миг-15.

Во 1959 година бил селектиран за космонаут во првата руска посада. На 12 април 1961 година Гагарин стана првиот човек кој отиде во вселената. Вселенското летало на гагарин "Восток 1", орбитираше околу земјата со брзина од 27,400 километри на час. Летот траел 108 минути и на нај високата точка тој имал висина од 327 километри од земјата.

На 27 март 1968 година Гагарин и неговиот колега го губат животот кога нивниот Миг-15 се руши во близина на Москва. Гагарин го губи својот живот на 34 годишна возраст. Тој го губи животот во UTI Mig-15 со сериски број 612739, кој бил направен во фабриката Vodokhod. Причината за несреќата била пилотка грешка во маневрите на воздухопловот, но и тоа што Гагарин не бил во тренажа за тој тип на воздухоплов во тоа време. Исто така се претпоставува дека причина за несреќата била и турбуленција во трага, која ја предивикал некој Су-11. После неговата смрт Гагарин е прогласен за херој. Неговиот роден град го менува своето име во Гагарин.
avijacijamk
Image
Image
Премногу анализа доведува до парализа!!!
http://www.avijacija.com.mk
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 12:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia

Postby IgorMKD » 25 Dec 2006, 04:08

Pobeden spomenik od prikazaniov na slikava ne mozele da mu napravat. Se sokirav. Mizerija!!!
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15301
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Postby MaKoM » 25 Dec 2006, 14:17

@Igor

Ne mislam deka toj e edinstven spomenik na J.Gagarin.
Eve sto ima vo Moskwa
Image


The monument is 40-meter high, made of titanium. It was completed in the USSR on July 4, 1980. Sculptor: Pavel Bondarenko, architects: Ya.B.Belopolsky, F.M.Gazhevsky, constructor: A.F.Sudakov. Geographic coordinates of the monument: 55°42′29.62″N, 37°34′56.84″E

Sepak toe e SSSR , zemja so kult kon licnost nema da go ostavat vaka. :wink: :wink: :wink:
...shoveling shits up the hill...
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 18:07
Location: Strumica R. Makedonija

Postby MaKoM » 25 Dec 2006, 14:19

Eve uste eden od mestoto na nestekata.
Image

A znaete li kolku visok bil Gagarin...........1.57sm :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
...shoveling shits up the hill...
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 18:07
Location: Strumica R. Makedonija

Postby FROGFOOT » 26 Dec 2006, 12:41

Covece, 40 m. spomenik od titanium, pa kolku gi kostal vo vremeto koga bil prozveden, toj metal i sega e skap, a kamoli togas.
FROGFOOT
Спортски пилот
Спортски пилот
User avatar
 
Posts: 366
Joined: 29 Sep 2006, 12:42
Location: Skopje, Makedonija

Postby IgorMKD » 26 Dec 2006, 18:07

E ovie spomenici se veke nesto... A vo vrska so titaniumot. Mozele da go iskoristat za nekolku MiG-25 avioncinja ili duzina drugi pokonvencionalni tipovi. No, sepak, Gagarin premnogu go zadolzi SSSR za da se stedi na nego.
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15301
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Postby Scylla » 13 Apr 2007, 13:56

Кремљ забрани отворање нова истрага за смртта на првиот космонаут во светот Јуриј Гагарин, неприфаќајќи ги "новите наоди" на група руски воздухопловни експерти кои тврдат дека ја решиле "една од најголемите мистерии на 20 век", тврди британскиот весник „Индипендент“.
Гагарин загина на 27 март 1968 година во Русија, за време на еден тренинг лет во авионот МИГ-15, под , како што се вели, "мистериозни околности". Одлуката на рускиот политички врв е донесена непосредно пред одбележувањето на денот на астронаутите, што во Русија се прославува во знак на сеќавање на Гагарин и неговиот прв лет во вселената, на 12 април 1961 година.
Како што јави допипсникот на МИА од Лондон, „Индипендент“ пишува дека околу смртта на првиот космонаут, во Русија има разни "теории и претпоставки", од кои едната е дека тој и неговиот копилот биле под дејство на алкохол кога седнале зад командите на авионот. Гагарин набргу по своето триумфално враќање од вселената станал зависник од вотка, наведува британскиот весник. Друга теориија вели дека поради тешкиот алкохолизам тој "тајно бил одведен во психијатриска болница" каде и починал без тоа да се соопшти во 1990 година.
Најдобра е приказната за тоа дека Гагарин ја исценирал својата смрт, за потоа да исчезне, откако претходно со помош на пластична хирургија си го сменил ликот.
Руските експерти тврдат дека авионот на Гагарин, сепак, се урнал за време на тренинг летот и дека причина за тоа е "неуспешниот маневар" со леталото, по грешка на првиот руски и светски космонаут.

Канал 5
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4898
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Postby Skopjeair » 13 Apr 2007, 19:32

за време на еден тренинг лет во авионот МИГ-15, под , како што се вели, "мистериозни околности".


100% не се сложувал со нешто или сакал да ја каже вистината, и се случило сра..
I fly BELL 206 when I am sober!
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
User avatar
 
Posts: 3183
Joined: 12 Oct 2006, 09:23

Postby Tane » 23 May 2007, 13:44

А како завршија Амстронг, Колинс...??????

Не е убаво, такви луѓе да се спомнуваат како „пијаници“ или „будали“!

Ако сами не можеле да се „заштитат“, државата треба да ги штити! :wink:

Секоја чест на Гагарин и другите после него!? :sluzim_narodu:

Поздрав!
Не сум пилот, ама го сакам небото
Tane
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 141
Joined: 22 Nov 2006, 09:04
Location: Кичево, Македонија

Re: Јури Гагарин

Postby alvarhanso » 12 Apr 2013, 21:40

Откриена е тајната за смртта на Гагарин
12.04.2013

На 27 март се навршија 45 години од загинувањето на Јуриј Гагарин, првиот човек кој леташе во Вселената. Гагарин загина за време на тренажниот лет на авионот МиГ – 15. Иако, целосната вистинска трагедија со децении се прикриваше, се појавија неколку верзии, кои на свој начин се обидоа да дадат одговор, како дојде до неговото загинување.

Алексеј Леонов, после Гагарин, сигурно е најпознатиот советски космонаут и е еден од првите космонаути кој бил многу близок со Гагарин. Тој е и еден од малобројните, кој ја знае целосната вистина за неговата смрт. Така, во јануари 2013 год. Леонов напишал писмо до претседателот Путин, во кое го моли конечно да се отворат тајните архиви и јавноста да ги знае деталите за смртта на Гагарин.

Леонов во списанието “Култура”, објавено на 22 март, ексклузивно изнесе детали каде ја разоткрива тајната смрт на првиот човек во Вселената. Тој истакнува дека Јуриј Гагарин бил предложен за началник на Центарот за подготовка на космонаутите. Гагарин самиот предложил дека за тоа мора да биде пилот, и тоа способен за летови за сложени метеоролошки услови на авионите “МиГ – 17”, за време на минимална облачност од 450 м. и видливост до 800 м. Тоа се условите кои важат за пилотите од прва класа.

Според Леонов, причината за несреќата на Гагарин е во неодговорноста која владеела во тоа време во Русија. Во реонот за тренажни летови, покрај авионот на Гагарин прелетал без никаква контрола од земјата еден авион. Тој летал со брзина од околу 750 км/ч. додека другиот авион, поминал покрај неговиот на растојание од само 10 – 15 м. со брзина од 1.170 – 1.200 км/ч. односно, со брзината на звукот. Силната воздушна струја го превртела авионот на Гагарин, кој влегол во длабока спирала и паднал на земјата. Авионот имал резервоари од по 260 л. гориво. Леонов истакнува дека има фотографија од местото на несреќата, на која, според него, ако авионот паднал со носот, тогаш би уништил две – три дрва, а на фотографијата има голем број на уништени дрва и тоа само на врвовите.

Според Леонов, вистината за смртта на Гагарин не се објавувала, бидејќи тогашниот руски државен врв не сакал да ја вознемирува јавноста. Името на пилотот што го управувал другиот авион е одлучено да не се објавува, бидејќи, тој бил тешко болен, и има речиси 90 години. Леонов тврди дека тој бил многу добар пилот – ловец, херој од Советскиот Сојуз, кој еднаш бил кај него. Грешката за несреќата е во другиот пилот, затоа што тој требал да лета над 1.000 м. но, тој одеднаш се спуштил под облаците до висина од околу 400 м. и со брзина на звукот прелетал нагоре, поминувајќи покрај авионот на Гагарин. Пилотот, подоцна признал дека сепак, нешто се случило. Леонов во соработка со “Академијата Жуковски”, која претставувала научен центар со моќни компјутери, направиле симулации од сите варијанти на преминувањето на авионот од една до друга точка за 55 сек. Во сите варијанти, заедничка била длабоката спирала, во која влегол авионот на Гагарин, откако претходно, другиот авион прелетал на мало растојание покрај Гагарин.

Леонов, во тој критичен момент, се наоѓал 13 км. од местото на падот. Тој слушнал две експлозии, а вториот звук бил карактеристичен за авиони, кои го пробиваат звучниот ѕид. Тогаш авионот нагло забрзувајќи, свртел во вис. Ги делело само 1.5 сек.

Според Леонов, откако поминале 20 години, им било дозволено да ги прегледаат документите од комисијата. Тогаш видел дека се што тој тогаш напишал е фалсификувано, тоа не бил неговиот ракопис, додека временската разлика помеѓу двете експлозии е зголемена за десетина пати. Тогаш, тој се заколнал дека вистината мора да ја открие. Сега, тоа време конечно е дојдено...
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=3631

Ќе ми извините за темава извадена од...

Image
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 25159
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje


Return to Историја на авијацијата / Aviation history

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest