Германските АСОВИ од ВСВ.

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

Маком ги куца сам, меѓутоа да не дојде до забуна со ова мое глупо формирано прашање погоре... Ме интересира затоа што сакам да направам план за да се постават овие постови на маком на насловната страна
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

avijacijamk wrote:Другар уште колку имаш со гермациве?
Хмм уште едно 50 . :lol: :lol: ама нема да ги пишувам сите.Само по познатите.
Pepo wrote:Sam gi kucas tekstovive ?
Да, ама авторските права не се мои, ова му доаѓа како проширен превод,оригиналниот текст плус додаток од други места.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
GarGamel
Падобранец
Падобранец
Posts: 14
Joined: 15 Nov 2006, 17:29
Contact:

Post by GarGamel »

Дај напиши нешто за Хартман амаан едвај чекам да читнам за него нешто.
Ако АБОРТУСОТ е УБИСТВО тогаш МАСТУРБАЦИЈАТА е ГЕНОЦИД
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

aaaa нем да ме варкате. ке биде и Хартман ,треба оште нешто да видам и го спремам за на крај,како јагодка на шлаготна тортата.

Одиме понатаму.

ЕГОН МАЈЕР е еден от нај познатите пилото тесно поврзани со екскадрилата "Рихтхофен", бидејки целата кариера му поминува во неа.Мајер е роден на 19 август 1917 г. во Констанц.На аеродромот во Баленберг, кдето во тоа време врие од летење, тој се докажува како мноху способен млад летач на едрилоци.Како и кај многун други ловци пилоти и Мајер почнува касно во војната , но неговите победи се константни.Во декември 1939г. тој е распореден во JG 2.Првата победе ја постигнува во воздушната војна со Франција.И дури во јули 1941 г.,ја постигнува својата 20 та победа , за што е и одликуван цо рицарскиот крст.За време на Битката за Британија е собориван 4 пати,а има и неколку слетувања со скршување на авионот.После една борба тој скока во ладните води на Ла Манш каде останува повеќе од 1 час. чекајки ги спасувачките служби на крајбрежната гарда.

Во летото на 1942 г. бројот на соборени победи нагло му пораснува бидејки за време на 3 недели соборува 16 англиски и американски авиони.На 19 август 1942 г. ја постигнува 50-тата победа.Во ноември
Мајер е промовиран во чин капетан и му е одредена команда на III./JG 2.После 63-тата воздушна победа е одликуван со Дабовите лисја на Рицарскиот крст(16 април 1943 г.).Но во тоа време Мајер е опседнат како да излезе на крај со американските „Летечки тврдини“ и како да се подобри тактиката.Заедно со Георг-Петер Едер тој ја развива тактиката за напад во предната полусвера ,каде глевниот детал е напад во кабината и левата или десната група на миотори зависност од која страна е нападот.Таа метода се оправдува само неколку дена покасно и веќе на 6ти септември 1943 г., кога тој сам соборува три такви 4 моторни чудовишта.за време на 19 мин.Истовремено со промоцијата во чин подполковник, на 2 јули 1943 г. Мајер го наследува Валтер Јозау като комодор на ескадрата "Рихтхофен".
Мајер потрошува многу време и сили за да ги научи и да ги охрабри неговите соборци да напаѓаат фронтално , бидејки се потребни многу живци и храброст да се нападне кон авион вооружан до заби со митралези за одбрана .

Image
Image

Image
Focke Wulf Fw 190 A-2, flown byOberleutnant Egon Mayer 7./JG 2, Theville/France August 1942.



Еден пилот ловец треба да знае точно колку авиони има околу него и каде се наогаат .ако изгуби од вид некој може многу лесно да е изнанаден токму од тој.Но треба многу добро и да ги разликува кој е свој а кој туѓ. За да го постигно тоа , пилотот е принудан да ја врти главата константно на сите страни , ако не го прави тоа , може многу брзо да премине во графата на загубени авиони. Тие непрекината движење на вратот и на главата , предизвикуваат многу рани и пликпви на кожата, бидејки се трие од јаката на летечкото одело. Пилотите од І св.војна скоро секогаш се прикажувани во нивните откриени кабини со свилени шалови што се веат.Тој реквизит очевидно не е од романтични причини ставен , а од чисто практични за да нема триење на вратот. Во затворените кабини на машините од ІІ св.војна, темните шалове на пилотите ја немаат таа слава како на нимните претходници , топкму поради таа причина што не се веат. Егон Мајер, како и многу други негови другари носи шал и тоа бел по боја. Но неговиот шал доста излигува над неговата јака, поради тоа, бидејки е премногу долг или пак го носи на друг начин. Англиските и американските пилоти го забележале тоа и тој е познат по називот .“пилотот со бел шал“. Името им е познато не не од шалот а од неговите успеси. и способностите како командант.
На 5 февруари 1944 г. Егон Мајер постанува првиот пилот кој ја достигнал цифрата од 100 победи на Запад. Един месец покасно, на 2 март 1944 г., тој ја води својата екскадила против една формација од бомбардери В-17 кои се ескортирани ос Р-47“Thunderbolt”. Кога Мајер зима позивија за фронтален напад е нападнат од неколку групи на Р-47 , и покрај големото мајстарство неможе да им побегне и еден Р-47 успева во пикирање да му го погоди авионот и 26годишниот гермаскли пилот загинува.

Погребан е во гробиштат Beamont le Reger. Во 353 борбени лета Ергон Мајер соборува 102 противнички авиони . Во моментот на неговата смрт тој е нај добриот во борбата со „летечкити тврдини’“ 25 од тие камиони за мебел се негова жртва.


Image
Focke Wulf Fw 190 A-5, flown by Hauptmann Egon Mayer Stab III./JG 2, 1943.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

ГЕОРГ-ПЕТЕР ЕДЕР е најблизкиот соработник на Егон Мајер во развивањето на тактиката за напад на бомбардерските групи со фронтален напад. Во периодот од 1941 до 1945 г. тој е соборуван 17 и рануван 12 пати, а 9 пати е принуден да се спасува во падобран.И покрај сите ранувања и трауми тој е фанатичен борец и многу брзо испева да се врати во борбените редови,при што постигнува 78 победи.
Роден е на 8 март 1921 г. в Обердахштетен, област Франкен, уште на 17-годишна возраст Едер се запишува како пионер во Луфтвафе. На 1 април 1939 г. тој го започнува својот тренинг како пилот во военовоздушопловната акоадемија во Берлинж-Гатов. После завршувањето е пратен во 1ва ловечка школа во Вернојхен, а потоа е распореден во I/JG 51 која во тоа време е ангажирана во борбите на Ла Манш. Како пилот-ловец Едер исто така се развива касно Во битката за Англија не успева да постигне ниту една победа ,потоа неговата единица е префрлана на Источниот фронт, каде во тек е битката против Русија.Уште во првиот ден на војната на исток 22 јули 1941 Едер соборува 2 авиона.После соборувањето на неговиот 10 авион тој е тежко ранет тоа се случува на 24 јули , при што е задржан во болница цели три месеци.
Image

Откако се опоравува Едер е пратен во ловечката школа во Зербст, каде останува се додека не се опорави потполно за да се врати на фронтот.Во декември 1942 г. е префрлен во 7/JG 2, која е ставионирана на брегот на Ла Манш. Во март 1943 г. постанува штафелкапитен на 12/JG 2. За тоа време со Мајер ја развиваат тактиката за фронтален напад ,против US-бомберите,тактика која многу брзо ке му донесе пизнание од големите луге во луфтвафе. Во февруари 1944 г. тој е назначен за штафелкапитен на 6/JG 1. До јуни постигнува 49 воздушни победи. Рицарскиот крст го добива на 22 февруари 1944 г. Промовира во септември во чин мајор Едер ја презема командата на II/JG 26.
Војната ја завршува како пилот на реактивните авиони Ме-262 од составот на JG 7.

Георг-Петер Едер е познат со своето ричарско однесување.Често се говори дека тој е нај поштениот пилот на Луфтвафе, бидејки за челата војна од 4-години никогаш не е убил намерно наприателски пилот. Едер нишани во моторот или други важни делово на авионот но никогаш во кабината или пилотот.И уште нешто друго многу често не се одличува за довршувањер на авионот на противникот кота тој е цеке победен. Еден таков случај раскажува Мајк Гладич, полјак кој е на служба во РАФ за тоа време.Тој и Едер се срекаваат после војната за да разменат мисли и спомени како некогажни противници. Двајца та откриваат дека за време на еден воздушен бој над Лил ,Едер многу тешко го погодува авионот на Гладич и наместо да го докрајчи тој се приближува до неговиот авион го отпоздравува , со клатење на крилјата и се насочува кон својот аеродром. После некое време двајцата повторно се среќаваат во воздухот , и овјопат победник е Едер но овојпат го приморува Гладич да се насочи кој еден аеродром за да се предаде.Со помош на „сочни“ зборови и гестови двајцата „комуницираат“ и едер му дава на знаење за своите намери ,со тоа што лети многу блиску до Тандерболтот.Но Гладич е доста умен и го намамува еер во обсегот на сојузничката ПВО. Така Гладич по втор пат успева да ја спаси кожата.

От 78-те победи на Едер, 36 се против 4-моторни бомбардери.Освен тоа тој уништува и 3 тенка „Шерман“. Други 18 победи, за кои има поднесен парање за признавање не му се признати.За време на еден борбен лет со Ме 262, Едер прави таран(ова е руски термин , незна како е македонска терминологија,станова збор за намерен судар на авионот со друг -нешто слично на камиказе ама тоа е во Јапонија така да ако имате некој предлог за наш термин ка го сменам-МаКоМ) на еден Р-38 Lightning со што му дава предност на еден негов колега да собори еден бомбардер.

Image
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Mit-R
Падобранец
Падобранец
Posts: 68
Joined: 03 Sep 2006, 12:48
Contact:

Hans Ulrich Rudel biografija

Post by Mit-R »

Eve ja biografijata na najpoznatiot pilot na Ju-87 Hans Ulrich Rudel (500 unisteni tenkovi, 2-3 broda itn).


http://rapidshare.com/files/15549710/_H ... t.zip.html
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Re: Hans Ulrich Rudel biografija

Post by MaKoM »

Mit-R wrote:Eve ja biografijata na najpoznatiot pilot na Ju-87 Hans Ulrich Rudel (500 unisteni tenkovi, 2-3 broda itn).


http://rapidshare.com/files/15549710/_H ... t.zip.html
Рудел е пилот на Стука Ју-87 и посла на FW-190, негова та заслуга во војаната е повеке како содејство со копнената војска како непосредна подршка и уништување на тенкови.Секако еден одличен пилот и фанатик национал социалист.
Заборави да кажеш дека има и 11 соборени авиони. Носител на највисокото одликување на Луфтвафе ,Рицарски крст со златни дабови лисја си мечови и брилијанти.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

ГЕРХАРД БАРКХОРН сo своите 301 победа е вториот пилот-ловец во сбетот по бројот на соборени авиони.Четири години лета во JG 52. Роден е на 30 март 1919 г. во Кјонигсберг, Източна Прусија.Во 1938 г.се приклучува кон Луфтвафе. За време на Воздушната битка за Англија лета во состав на JG 2 и за време на целата кампања не само што не успева да сбори ниту еден авион туку за само неколку дена е соборен 2 пати. Првиот пат е погорен во маслениот радиаторот од еден Спитфаер.Со големи маки успева да го задржи неговиот Ме-109 над карпите на Дувер и го насочува авионот накај Франција , но во тој момент е нападнат повторно од истиот Спитфаер,авионот му е многу оштетен и едвиј се дрши во воздухот , кога алчниот пилот на Спитфаер повторно зима позиција за напад над авионот на Баргхорн ,еден од неговите колеги успева да го собори Спитот, но оштетената машина неможе да лета повеке , Баргхорн скока со падобран и пага во водата.За срека еден од неговата екскадрила јавува каде паднал и еден германски воен брот го спасува.Баркхорн е изваден од водата токму навреме,бидејки еден англиски морски спасувачки брод тргнал токму накајнего.После тој за среќа без последици инцидент Герхард никогаш повеке нема да се спосува со падобран а преферира да остане во авионот и да со приземи на стомак.Осум пати ке го прави тоa спасување за време на кое тој се наога на фронтот.

Image

Во август 1940 г. Баркхорн пристигнува во ІІ/JG 52. Едвај при неговиот 120-тиот борбен лет и тоа на 2 јули 1941 г.ја постигнува првата победа. И после тоа како да се е отворила некоја брана.успесите се редат еден по друг и ногово конто раси ,и така на 23 август 1942 г. оберлејтенантот е одликуван со Рицарски крст за 59-тата победа, а пет месеца по-касно го соборува својот 100-ти противник. На 11 јануари 1943 г. по повод на неговата 120-та победа е одликуван со Дабовите листа, а на 30 ноември постанува периот пилот ловец кој успева да собори 200 авиони.А трети поред, на 13 февруари 1944 г. к-н Баркхорн го соборува 250-ти авион.За што на 2 март е одликуван со Мечовете кон Рицарскиот крст.

Image

Групенкомандант Герхард Баркхорн е нај резултатскоит ловец на Луфтвафе, многу близо до него е Ерих Хартман.(се миссли за 1944 март-април , иначе Хартман до крајот на војната ке собори 352 авиона-маком)

Веднаш потоа во летото на 1944 г. Баркхорн се враќа од борбена лет кој му е шести за денот. Гледајки голема група руски бомбардери, се насочува кон нив . Со барбен заврт излегува во позиција за стрелање, но преумората се покажува и тој го заборава првото правило на водење воздушна борба ,секогаш гледај зад себе.Одпозади и одгоре една "Аерокобра”,се спушта и со митралезки-топовки оган го надупчува „месершмитот“.Ранет со десната нога и рака,Баркхорн поминува 4 месеци во болница.За това време Хартман го претекнува со победите и излегува напред во табелата.Шпекулира се тоа дали евентуално во "Аеркобрата" не е бил рускиот ас Александар Покришкин и Баркхорн не е една од 59-те победи на русинот.

Image

Кога во есента на 1944 г. Баркхорн се враќа од болницата на франтот неговата единица е префрлана во Унгарија.Во јануари 1945 г. тој е назначен за комодор на JG 6 "Хорст Весел". Кон крајот на војната лета и во JV 44 на Мe 262.

Баркхорн има вкупно 1104 борбени лета и повеке од 2000 часа налет на Ме 109.

Во послевоеното Бундеслуфтвафе тој е комодор на група на реактивни ловци.Се пензионира (се дава оставка ) како генерал мајор.

Загинува покасно во сообраќајна несрека.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Mit-R
Падобранец
Падобранец
Posts: 68
Joined: 03 Sep 2006, 12:48
Contact:

Post by Mit-R »

Интересно, честа појава е пилотите - асови кои ја преживеале војната, подоцна за загинат на банален начин во сообраќајка или летајќи.
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Mit-R wrote:Интересно, честа појава е пилотите - асови кои ја преживеале војната, подоцна за загинат на банален начин во сообраќајка или летајќи.
Да да навистина и мене ми е интересно дека многу пилоти асови загинуваат во собраќајни нестеќи,е така бес мислење ми се вртат имињата на Курт Велтер, Хајнц Бер, Хајнц-Волфганг Шнауфер и веке кажаниот Баргхорн , несакам да шпекулирам ама мислам дека НКВД и ЦИА си ја имаат добро завршена домашната работа. :twisted:
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
Posts: 3197
Joined: 12 Oct 2006, 10:23
Contact:

Post by Skopjeair »

Тоа е баш банално. Цел живот леташ ништо не ти се случило и на крај на 70 години кола ќе те акне . . .
User avatar
perseus
Падобранец
Падобранец
Posts: 57
Joined: 26 Jan 2007, 20:56
Location: Skopje, Macedonia
Contact:

Post by perseus »

VAO Kakvi prikazni!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
:shock: :shock: :shock: :shock:
Samo prodolzete so vakvi postvi

pozdrf
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

perseus wrote:VAO Kakvi prikazni!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
:shock: :shock: :shock: :shock:
Samo prodolzete so vakvi postvi

pozdrf
Фала на поздравот, ама се работи за вистински работи.не за измислени приказни.

поздрав
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Гунтер Рал е третиот по успех ловец во Луфтвафе со признате 275 победи.Тој како и Баргхорн и Хартман е тесно сврзан со JG 52. Роден е на 10 март 1918 г. во Гагенау, Баден. Во 1936 г. завршува средно школо и примен како офицерски какндидат во 13ти пешадиски полк.После завршувањето на воената обука во Дрезден тово 1938г. тој е префрлен во Луфтвафе а во 1939г е распореден во 8./JG 52 кој во тоа време е во Штутгард.
Image

Неговото прво воено искуство е во кампањата против Франција ,на 18 ти мај кога успева да соботи еден Curtiss Hawk 75A од GC II/5, пилотиран од чешкиот пилот Sgt.Chef Otto Hanzlicek (На кој му го спасува живото после скокањето со падобран).Кратко потоа неговата единица е пратена во реонот на Кале , да заме учество во престјната Битка за Британја.Многу кратко после почнувањето на кампањата против Британија е назначен за командат на 8./JG 52 на 25ти јули.На 1 август е промовиран во Оберлејтнант(нешко како постарводник)До крајот на октомври неговата еиница е повлечена од фронтот за да се докомплетира од загубите и после одморот и екипирањето е пратена во Романија за да осигури воздушна подршка за заштита на мостови и други стратегиски места за престојниот напад.Во мај 1941 г.8./JG 52 учествува во операцијата Меркур , која е за осгурување на воздушна подршка за десантот на остров Крит.Во тоа време Германија и СССР се веке во војна и после успешноата завршнива на Критската кампања се потхитно вротени во Романија за да осигурат ПВО заштита на рафинеријата Плоешти од напад од исток. Во борбите кои траат цели 5 дена , Рал и неговите другари успеваат да соборат 50 тина руски бомбардери и се пратени да војуваат во јужниот секрот на източниот фронт.После соборувањето на неговиот 36ти противник Рал е многу тешко ранет, буквално е закован за креветот цели 6 месеци.Целата случка се случува кога услева да собори еден И-16 но успева и сам да се собори со деловите на распарчениот противнил, слетувањето на стомах резултира со кршене на неговиот р`бет на 3 места, парализиран скоро на целата десна страна , тој не губи надеж и после 6 месеци лежење и тренирање тој е пак во кабината на авионот но веке е август 1942.Во првите 3 месци од неговото вракање тој успева да го накачи своето конто со победи до бројот 100.При што е одликуван од Хитлер со дабовите лисја на РК во 26ти ноември 1942. Во април 1943 е промовиран во капетан и му е доделена командата на III./JG 52 .На 29ти август ја постигнува својата 200та победа за време на неговата 555 борбена мисија, а на 12ти септември `43 Фирерот му ги доделува мечовите кон РК.После тоа само во еден месец,октомври `43 тој успева да собори 40 авиони.


Image

Во пролетта 1944 поточно на 19ти април , Рал е назначен за командант на II./JG 11 кој има за задача за Одбрана на Рајхот.(Reichsverteidigung)Противникот сега е 8мата воздушна армија на УСА.На 12 мај , Рал летајки на Ме 109 G-5 "Schwarz << +", W.Nr.110 089, од Stab II./JG 11, за малку успева да го собори командантот прочуената 56 ловечка група, потполковник Кол Хуберт Земке(со 17 победи кој подоцна е соборе и е воен заробеник.) во монетот на борбата е нападнат како контам мерка од друга два непријателски авиони Р-47, Рал сега мора да си ја спасува кожата,со многу итри маневри и вадење на максимум од „месершмитот“ успева да го собори и двата авиони но и неговиот авион е полн со дупки а и Рал е ранет во раката , ( еден 12.7м куршум му го откинува палецот) Рал скока со падобран над Франкгурт.Во операционата сала за време на санација на раните Рал се заразува од накаква инфекција , која го приземјува до ноември.

Image

Неговата полседна командна позиција е на JG 300 која за база ја има Салзбург од 20 феруари до крајот на војната.
После завршувањето на војната Рал е американски затвореник.

Image

Неговото досие е импресивно , има летано вкупно 621 борбена мисија,пти што е соборуван не помалку од 8 пати , рануван е 3 пати, но има соборено 275 неприателски авиони кое го прави третиот по ранк пилот во историјата.


п.с Интересно е што е жив и ден денес. :wink: :wink: :wink: :wink: :wink: :wink:
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

После скоро еден месец одиме понатаму , ке ме извините ама имав други обврски за пишување, така да одиме со еден од намаркантните асово на ВСБ и неговите брака.

Адолф “Долфо“ Галанд е роден на 19ти март 1912г во Вестерхолт,во областа Вестфалија.Уште од рана возраст(17)почнува да лета на едрилици.После тоа почнува да лета за компанијата Луфтханза,со доаѓањето на Хитлер на власт и со обновата на луфтвафе Галанд е пратен во школите за воени пилоти во Русија и во Италија.Во февруари 1934 тој се примен офивцијално во редовитен на луфтвафе како офицер, пилот и инструктор.Распореден во школата за воени пилоти во Минхе-Шлесем.Во 1937 тој е распореден во ловечката ескадрила Jagdgeschwader 2 „рихтхофен“, но брзо потоа се јавува како доброволец за да замине на мисија во Шпанија.Во Шпанија еназначен за командат на 3група на Ј/88 ,која е опремена со авиони за непосредна подршка на трупите на земја,иаку авионот Хе-51 .двокрилец е замислен и наменет како ловец,во тоа време е веке стар за таа работа и затоа е наменет за копнена подршка.Во таа улога Галанд се истакнува со решителни команди и со иновација во војувањето ,особено во битките во Астусиа, Теруел и Ебро, када има вкупно 280 мисии.Галанд е сменет од Вернер Мјолдерс во средината на `38,тие двајца се срекаваат во еден хотел и стануваат нераздели пријатели се до смрта на Мјолдерс.Многуте иновации на Галанд во ленањето,го привлекуваат вниманието на врховната команда на Луфтвафе.Но како награда добива една канцеариска маса во врховната команда, каде работи како координатор за обука на Штука групите.

Image

Со почетокот на војната Галанд е штафелкапетан на 4.(S)/LG 2 која е опремена со авиони за непостедна подршка Хе-123.неговата единца зема учество во војната против Полска,каде има 50 борбени мисии, за што е одликуван со ЖК.Но негоавата желба не се бавни и тромавци двокрилци за бомбање на пешадија.бара и добива прекоманда.Распореден е во JG 27 кој е на аеродромот во Кефелд.Но и тука нема да види пилотска кабина, поставен е како агутант за ескадруилат.Со кампањата против Франција,Галанд издествува да биде во борбените линии.Така на 12 мај западно од Лиеж го соборува својот прв противник.Во истот дена соборува уште два авиона.Сите три жртви се хурикани од РАФ.Со завршувањето на француската кампања неговото салдо е 14 соборени авиони. следива Битката за Британиј.Но меѓувреме е разпореден како Групенкомандат на III./JG 26.и промовиран во Мајор на 18 јули.

Image

На 24 јули Галанд ја води неговата група кон северниот дел на долтата на Темза , кога се нападнати од Спитфаери.Со лесно маневрирање Галанд успева да излезе во пресретнувачки курс на едн Спит и со сите орудија стрела.Спитфаерот се распага на парчиња и паѓа медаеку од Маргет.Пилотот на Спитфаерот е ас од РАФ-Џони Ален со 7.3 признаени и 5 непризнаети победи од 56 сквадрон на РАФ.
На 28 ми јули цела ескадрила Спитфаери е крената на префат на германски бомбардери.Кога двете групи се срекаваат,германците веке го имаат исфрлено тобварот и со полна пара се вракат дома,ловците почнуиваат дог-фајт.Од германска страна се I и II./JG 51 и III./JG 26.Галанд успева да собори еден Спитфаерр и повторно ас како пилот овојпат е потпоручник Францис Досон Пол со 7.25 признаени победи,Досон е пилот од кралската морнарица но е “позајмен “во РАФ .тој е Галантовата 17 победа.На 1ви август е одликуван со РК кога повторно соборува ас,овојпат е Ал Деер од Нов Зеланд со 17.333 победи од 54 сквадрон на РАФ.На 24 септември Галанд го соборува својот 40 те авион, уште еден прочуен ас,Харолд Брд Вилсон со 5.2 соборени авиони.од 178 сквадрон на РАФ.После тоа е одликуван со дабовите лисја.До крајот на септември Галанд има 42 победи.На 1 ноември му е доделена функцијата за командат на JG 26.Со 50 победи на својата сметка тој е задолжен за ескорт на група на Ме-110, но се пресретнати од Хуракани ,во ворбата Галанд успева да го собори познатиот ас Гроф Манфрен Черзин со 17 победи.Но срекате не е со него на 21ви јуни 41 кога тој е соборен над Болоња.од послскиот ас Болеслав Дробински (7.1 победи).Галанд е приморан да скока со падобран , но е ранет, и од Хитлер и Геринг добива директна наредба да седи на страна и мнгоу да не се излоќуива на ризик, но стите наредби ке бидат одбиени, абе срце јуначно не седи мирно.Многу кратко потоа е одликуван со мечовите кон РК.После смртта на Мјолдерс ,Галанд е назначен за генерал дер јагхфлигер,или генерал на ловечките сили.Но пред да ја преземе новата функција Галанд е назначен за организирање на воздушна подршка на морнарицата,за пренесување на бродовите Шранхорст и Гизенау,и тешкиот разурнувач Принц Еуген. сите мисии се со голем.Како генерал тој командува мала група составена од искусни пилоти со авиони Fw 190 при што има соборено 4 авиона Б-17 , сите летови се тајни,и врховната команда научува после случувањата од извештаите.Тоа е една од работите за што Галанд се смета за контраверзна личнот.Тој и Геринг не се сакаат , и има контрирање.Дури се оди до таму да Галанд му бара оставка на Геринг, за погрешката стратегија во правењето на ловци.Геринг врака на ударот и го разрешува од должност со обвинување дека е тој виновен што јадгвафе неможе да излезе накрај со сојузниќките бомбардирања.Посе тоа Галанд е распореден во JV 44 и тоа благодарение на Хитлер , кој несака да се замара со судски процеси на човек на кој лично му ги има врачено одликувањето за служба кон Рајхот.Галанд води група од Ме-262 на 26 април 1945 кога во еден ден соборува 7 непријателски авиони.Група до Б-26 бомбери е пресретната од групата на галанд каи освен топови имаат и по 2Х12 ракети Ураган под крилата, за неколку минути настанува вистинска кланица.Но авионот на Долфо е погоден прво од стелен на Б-26 а после е погоден од еден Р-47 пилотиран од 1st Lt James J Finnegan of the 50th Fighter Group, USAAF.Ранет тој успева да го приземи авионот на еден аеродром и трчајки се засолнува во еден канал за вода, бидејки аеродромот е под нарад.

Image

Галанд се предава на американската армија на 5 мај 1945.Суден и осуден на 2 години затвор.После тоа тој се сели во Аргентина каде е вработен во Аргентинското ВВ.И покрај големите понуди од разни компании кој се задолжени за опремување на новото Луфтвафе,да работи кај нив како консултант.Галанд одбива.Тој се пензионира и го минува времето во германија и Шпанија.Адолф Галанд починува на 9ти февруари 1996 во Ремаген.
Тој има 104 соборени авиони(официално)во 705 мисии.сите победи се на западниот фронт , еден од малкото асови ,кој немаат учество на источниот фронт.

Image

после војната сликата е сликана 74та
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Филхем фердинанд Галанд (Вурц) е рден на 23.10.1914г во Бохум.Се зачленува во Луфтвафе во `35 како член до посадата на еден притвавионски топ.Галанд учествува во напдот на Холандија и Белгија како член на ПВО регимент. После заврпувањето на кампањата се запишува на школо за пилоти-ловци.После завршувањето на школото е распореден во II./JG 26 во јуни `41 кога JG 26 е под команда на неговиот брат Адолф Галанд.Во таа единица е и другиот брат Пол Галанд кој загинува на 31.10.41.Вурц ја постигнува својата прва победа на 23 јули кога соборува еден Спитфаер над Хесдин.До крајот на годината Вурц соборува уште два спитфаера.На 5 ти мај 42 Галанд ги соборува своите 9та и 10 та победа,два Спитфаера над сливот на р.Сома.Галанд ја соборува својата 20 те победа на 4ти декември 42.На 13 јануари тој тврди за соборување на еден спитфаер но излегува дека е соборен Ме-109г-4 на унтерофицир Johann Irlinger.Погрепка препознавање на авионите го чини Ирлингер неговиот живот.После тој немил инцидент има истрага,и Галанд пага до депресија,но после оправдувањето на инцидетот и неговато карактеризиреање како несрекен случај.Галанд е повторн во топ форма.На 28 ми јануари е одликуван со гермаскиот крст во злато за неговите 24 победи.Тој ја забележува неговата 30 та победа на 15 ти февруари кога соборува еден Спитфаер над Рамсгат.Галанд го добива РК на 18 мај со соберени 35 авиони.

Image

На 21 април Галан е во пресрет на една формација на РАФ од бомбардери и ловци за ескорт.Тој успева да собори два бомбардера Вентура.Неговите 39 и 40та победа.На 14 јулу Галанд е водач на група за напад на американски бомбардери при што соборува два Р-47 неговите 40 и 50 победи.На 17 август 43 во 16:52 е даден сигнал за лет, за одбрана на Лил од страна на 200 б-17 бомбардера и околу 300 ловци.Авионот на Галант довива силни оштетувања од стрелците на Б-17 и е довршен од еден Р-47, се мисли дека е ас пилотот Вокер Махурин(24 победи) но авионот пага со толкава брзина ште на местото на падот остнува само кратер, невозможно е да се индентификува ништо.Вурц Галан загинува со авион FW 190 A-5 (W.Nr. 530 125) <<+- тој има 54 победи во 186 борбени лета. Загиинува со чин Мајор.Сите негови победи се на западниот фронт, при што има соборено 7 тешки бомбардери Б-17 и 37 Спитфаера.

Image
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Пол Галанд е најмладиот од браката Галанд.Тој е назначен во JG 26 како поручнит,после завршувањето на школото за пилоти-ловци.После завршувањето е назачен во 8./JG 26 .
Првата победа ја постигнува на 6 ти јули 1941 кога соборува еден Спитфаер.До крајот на `41 неговиот скор е три соборени авиона.Неговата 10 та победа ја забележува на 3 ти мај `42 кога повторно соборува ењден Спитфаер над Кале,Франција.На 31 Oктомври 1942 тој учествува во операцијта за одмазада над Кантавери.На вракање еден од колегите на Пол бара помош бидејкли е напданат од Спитфаер.Пол побрзува да му помогне ,Спитфаеррот ја забележува неговата намера и успева да се издигне во облаците ,Галанд го следи но нема доволно енергија и е приморан да понира за да развие поголема бразина.Во тој момент Спритфаерот излегува од облаци и го соборува .Пол Галанд загинува во авион Fw 190 A-4 (WNr 2402) “Black 1”.
Тој е со 17 признаени победи во 107 борбени летови.

Image
...shoveling shits up the hill...
User avatar
BORG
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1328
Joined: 15 Jul 2006, 23:09
Location: YYZ Toronto -Mississauga ON
Contact:

Post by BORG »

Kamo uste, samo prodolzi nema sto sekoja cest druze
ova ti se temi a ne .........
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

BORG wrote:Kamo uste, samo prodolzi nema sto sekoja cest druze
ova ti se temi a ne .........
:wink: :wink:

Ke има уште ...само треба време.Најдобрите доагаат. :lol: :lol:
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

ГОРДОН М. ГОЛОБ

Голоб го наследува Галанд на позицијата Генерал дер флигер.Роден е на 16 јуни 1912 г. во Виена, Голоб постанува пилот ловец во 1936 г., а покасно е распореден за инструктор на ловечките сили на военото воздухопловство за Австрија. Интересно е дека во тоа време неговото има е МекГолоб, име кое не е германско а има шкотдски корени.После преминување на Австриското ВВ во состав на Третиот рајх МекГолоб е “прекрстен“ во Голоб од страна на главната команда на Луфтвафе.
Като пилот на разрурнувач во состав на I./ZG 76 Голоб исполнува многу борбени лета во кампањата против Полска,каде го соборува првиот од 150тината авиони во неговата кариера.
Во април 1940 г. тој е назначен за штафелкапитен 3./ZG 76 во окупацијата на Норвешка.Tаму успева да собори два авиони ,едниот од кои е летечки брот Short Sunderland авион со 4 мороти кој е за патролирање над морето.Дури тогаш е преместен во ловечкие единици.За време на кампањата против Британија , тој е во состав на II./JG 3.Кратко време после почетокот на кампањата , и после неколкуте успеси каде успева да собори неколку Спитфаера , тој бара и добива премстување во Рехлин.Каде е обучуван за нокен ловец(шкотската крв, по се изгледа е имала некое дејство.) По вракањато на фронтот е назначен за командант на 4./JG 3
Во летото на 1941г ,тој како командант на неговата единица е првиот што ке ја предводи во нападот на СССР,Операција Цитадела.
На 1 ви јули Голоб е промовиран за групенкомандор а на 18 септември после неговата 42 победа е одликуван со Рицарскиот крст.

Image

После тоа неговата лична сметка почнува да расте. Така на пример само на 18ти октомври 1941г тој соборува вкупно ДЕВЕТ непријателски авиони.Шест дена покасно на 26ти октомври за соборени вкупно 85авини тој е одликуван со Дабовите лисја.Но во декември Голоб е префрлен во Рехлин(германскиот центар за испитувње на авијацијата).Тука е назначен да помага во усовршувањето на Ме-109.
Голоб се врака на фротот во 1942г во составот на
за провеждане на изпитания с техника на JG 77"Herzas", Тука успева да до достуигне магичнот број 100 и тоа како десети поред пилот на Јагдвафе.
На 24 јуни 1942 г. е одликуван со Мечовите на РК.
Под негова команда JG 77, која дејствува само на јужниот дел на источниот фронт ,се покажува како одличен инструмент на војната , опревдувајки ја довебата на командата. На 29 август 1942 г. со вкупно 150 победи комодорот на JG 77 Гордон М.Голоб е на врвот на асови во тоа време , поради кое е одликуван со Брилијантите на КР. лично од Адолф Хитлер.

Од октомври 1942 г. до април 1944 г. Голоб е Jafu 5( одговорен за ловечките единици за одбрана на Рајхот на делот на Ла Манш);После таа функција Голоб бара да се врати на форонтот но наместо тоа е распределен како експерт во успвршувањето на моредните ловци(Ме-262 и Ме-163) .Во декември 1944 г. тој е командант на специалната секција за ловечки единици при операција Боденпланте, дгерманската последна офанзива на Адрените.На 31 јануари 1945 е назначен за Генерал дер Јагдфлигер .после смената на Галанд.

Image

Во 340 борбени лета Голоб соборува 150 авиони.Неговоте влијание не е само во тоа како АС , неговато големо техничко знаење допринесува за усовршување на новото оружје.

Гордон М.Голоб умира на 7ми септември 1987 во Солинген.

*Во многу книги и интернет страници најдов многу матерјал за Голоб, на некои места кои се шкотски , се споменува како најголемиот ас на шкотскта во ВСВ.маком :lol: :lol: :lol:

Image
...shoveling shits up the hill...
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 3 guests