Воздушната Кобра на Bell P-39

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
Post Reply
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Воздушната Кобра на Bell P-39

Post by MaKoM »

Воздушните кобри на Bell

Прикаската почнува ви 1936та година кога во компнијата Bell аиркрафт корпорејшн(aircraft corporation) под раководство на Роберт Вудс и Харланд Пајер почнува со проектирање на нов авион ловец, наменет за армискиот воздушен корпус на САД (USAAF)Конструкторите користат многу од веке постојниопт модел -авиоиот АирБонита, кои е наменет за американската моранрица но не успева да победи на конкурсот.Но да се вратиме на кобрата, гледано однадвор нема ништо особено различно од било кој друг авион од тоа време, но гледано внатре ,ниту еден агрегат не е таму кај што сите се навикнати да го гледат.Една од легендите е дека во тоа време на бум на амерканската авио индустрија авио инжинере има многу малку и од копанијата белл се приморани да вработат, авто инжинети и затоа Кобрат има предно носно тркало и вратичка за влез на пилотот, како да е автомобил а не авион.Но вистината е сосема различна ,конструкторите сакат да го направат Што е можно по маневарски,затоа го форсираат како конструкција носно тркало, моторт е ставен поназат со долга осовина некаде одколу 3 метра, И празнина за да се монтира оружје со голем калибат, еден топ от 25мм И два митралеза од 12.7мм .Во 1937 година нема произведено авиационо оружје со таков калибат , а И самото ставање на кабината поназад се влошува И опргледот на пилото во долната полусвера.Немајки друг избор конструкторите ја изфолжуваат уште осовината И моторот го ставаат зад пилотската кабина.Со центирањето на авионот со моророт во средина се добива една многу маневарска машина.Перформансите се солидни за тоа време :максимална брзинаод 640км/ч на висина од 6100 м и тежина од 2500кг.

Image

На 7 ми октомври УСААФ ,доставуваат документ со кој се обврзуваат Bell да направат еден експериментален авион за тестирање. Така се раѓа ХР-39 кој е призведен во сојузната држава Охајо,На 6 ти април тест пилото Џими Тејлот ја полетува првата Кобра.Перформансите се солидни, плафонот на авионот е 9740м авиониот се искачува на 6100м за 5 мин со максимална брзина од 628км/ч И со тежина од 2862кг.без вооружување.УСААФ потпишуваат за првата серија за тестирање од 12 авиони.Првиот од таа серија е вооружен со еден топ од 37мм и 2 митралези од 12,7мм во крилата,моторот Елисон В-1710-17 си тубро висински компресор е заненет со не висински В-1710-39 со максимален плафон од 4050м , бидејки евентуалните противници на америка нема стратегиска авијација И нема потреба од поголема висина, на УСААФ И треба авион кој ке служИ за непостдна подршка на борбеното поле.
Но промените доведуваат до влошување на летачките карактеристики на ХР-39В,максималната брзина паѓа од 600км/ч на 4000м. а времето за искачување на 6100 е веќе цели 7.5минНо И покриј тоа војската на америка порачува поголема сериуја од 80 авиоини од варијатот Р-39С(фабрички модел 13) , таа бројка не е задоволувачка за фирмата која се надева на поголема , но армијата е избрала конкурентот на Р-39 , авионот на Куртис Р-40 ,во таа позиција Белл го предлага својот авион на Франција и В.Британија.Франција порачува 200 авиони но брзата победа на Германија над Франција не дозволува таа зделка да се оствари. Британците порачуваат 675 авиони, и бидејки во РАФ нема ознаки на авионите , Р-39 го добива името Аиркобра.И а во техничката документација е заведен како Р-400 или Белл модел 14.Но покасно се покажува дека на Британците им е понуден авиои со перформанси зенеми од тестовите, а не вистинските.Но и покрај на сето тоа зделкат е склучена и Кобрата оди во војна во Европа.

Image
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Основни модификации на Р-39


ХР-39 .екпериментален , нема вооружување, Максимална брзина 628км/ч со плафон од 9760м ,брзината на искачување е за 6100м за 5мин.Моторот е V-1710-17 со турбокомпресор.

ЅР-39 предсериски варијант.Моторот е Елисон V-1710-39(1090 к.с.)Вооружен со 37мм топ М-4 Олдсмобил со 15 гранати.И 2 митралеза 12.7мм со по 200 куршума , и 2 митралеза 7.62мм со по 500 куршуми.Целото вооружување е монтирано во носот на авионот.Поставена е оклопна заштита со што тежината достига до 2280 празен.Произведени се 14 авиона.

Аerocobra I авионите се произведени за РАФ ,монтирани се британски мотор V-1710 Е-4.Вооружувањето е променето според британски побарувања , ставен е 20мм топ Хиспано Сјуиза со 60 гранати како И 2 митралеза од 12.7мм И 2 митралеза од 7.7мм.Произведени се вкупно 179 авиона.

P-39D Моторот е сменет со Елисон V-1710-35 (1150к.с.)Гранатите за 37мм топ се веќе 30.Во носот се вградени само топот И двете Колт-Браунинг тешки митралези 12.7мм а во крилото се монтирани 4 митралези од 7.62мм со по 1000куршума.За Британија се произведени 366 но со топ од 20мм ,и со заштитени резервоари за гориво.Но поради зголемената маса на авионот е намалено горивото од 643 на 455 литра.но под телото е монтиран еден носач на резервоар. Од 330Л.Произведени се вкупно 1000 авиони за американските сили.

P-39F истиот P-39D како но место стандардниот пропелер Куртис Електрик е заменето со ЕропродаксПроизведени се 229 авиони.

Р-39Ј исто како P-39F но со мотор Елисон V-1710-59 со 1100кс произведени се 25 авиона.

Р-39К со мотор од 1125кс.Произведени се 210.

Р-39L исто како К со со срариот пропелер до диаметар од 3.14м.Под крилото може да се монтират реактивни проектили.Произведени се 250


Р-39М исто како кај L но со мотор V- 1710-67од 1200 кс.кој само подобрува висинските карактеристики на авионот ,максималната брзина се покачува со 15км/ч.Произведени се 250.

Р-39Н со мотор V-1710-85 со 1200 кс.со нов редуктор И со нов пропелер Еропродакс со дијаметар 3.52м.Тоа е првата поголема серија си 2095 авиона.

P-39Q нај масовната серија на авионот.Се карактеризира со тоа што четирите митралезите од 7.62 мм се заменети со 2 митралези од 12.7мм со по 300 куршума.На сериите Q21 до Q25 се поставени 4 лопатни пропелера.


ТР-39 двосед -Школски авион без вооружување од носот само со тоа од крилото.


Image
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

На фронтот

Британија

Бритнациет први добиваат можност да го проверат вовојна авионот. На 3 јули 1941 година се добиени 3 авиони од С варијантат до крајот на месецот се добиени И другите од порачаните.Но пробите од британците се непијатни, брзината е падната со цели 53км/ч , излегува дека И Харикенот има поголем плафон за дејство.Кога видел дека има разлика од дадените на хартија И вистинските перформански британците почнуваат се сериозни тестирања на авиони , прават воздушни тренинзи со Спитфајер И со Месершмит Ме-109Е-4 заробен од германците.Излегува дека Кобрата е подобрта од Месерот на висина под 6000 метри додека со Спитот нема шанси дути И под 4500 м.При пукање во кабината на пилотот има чад од барут , кој може да предизвика тровање кај пилотот.На авионот му е потребна писто од чели 700 м, за да полета додека Спитфајерот И харикенот полетуваат од писти со до;жина од 400мПрви со Кобрата војуваат пилотите од 601 сквадрон во септември 41 добиваат 11 кобри.Првиот борбен лет е изврШен на 9 тиоктомври 41 кога пилотите успеваат да потопат еден транспортен брод (баржа).После три лета , авионот е приземе , поради дефек во компасот , излегло дека компасот е многу близу до оружјето кое му вијае со големата метална маса.Во март 601 сквадрон е превооружен со Спитфајер..Сите кобри кои се во Британија 170 се запакувани И пратени во СССР.а тие што се наогаат во САД се пракаат на дут фонт , онај на далекиот исток.

Image


САД

На 7 ми декември САД се ненадејно нападнати од Јапониј на Хавиите .и Филипините .Кобрата И Р-40 се единствените авиони кои можат да се спротистават на јапонците.Наогајки се во незавидна позиција САД ги пракаат сите резерви на фронтот за да не ги загубат своите бази.И додека Р-40 веке се бијат со јапонците сите ескакадрили со Р-39 се на територијата на САД.Итно се префрлени во базите во Нова Гвинеја Австралија И Панама.Во фабриките на Бел се наогаат И авиони кои се наменети за РАФ , веднаш се конфискувани И претени на фронтот.Една од првите екскадрили кои има Р-39 е 347 ловечка група..На 15 март42 е префрлена во зоната на дејство во Нова Гвинеја , а една недела покасно добиваат И 47 дрвени сандаци со разглобени Р-400.Авионите идат без инструкции без резервни делови И што е најважно од целата екскадрила само двајца пилоти имаат летено на тој тип на авион.Но со големи напори сен оспособени 41 авион кои во август учествуваат во борбите над Гвадалканал.Но први во војна се 35 И 36 група од составот на 8ма екскадрила од силите во Австралија кои се префрлени во март 42 а на 30 април се во војна над Порт Морсби -Нов Зеланд.За еден месец пилотите соопштуват уништени 40 непријателски авиои со сопсвени загуби од 36 авиони (25 соборени 8 слетале во вода и 3 уништени на земјата)Поради недостаток на друг модел на ловец , се принудени да го користат И како пресретнувач , Улого во кој нема да се снајде многу ефикасно поради што е лесен залак за јапонскиот ЗЕРО.Поради проблеми со кислородните боци Кобрата не може да ги достигне бомбардерите *мицубиши*Г4М кои летат на висина од 7500м.Поради тоа Кобрата го бие лош глас И за тоа е објавен од страна на пилотите ..да не се користи за борба освен при крајна нужда...
Но И покрај тоа освен 8 ма 35 и347 група се испратени И 15,18, И 318 група.Откато ја изигруваат нивната улога во запирање на јапонскиот продор постепено сите кобри се заменети со Р-38 Лајтнинг,Р-47 тандерболт И Р-51 мустанг.
На Американскиот континент базирани во реонот на Алјаска И Алуетските острови се стациоирана 34 ловечка група.Која осигурува заштита од јапонците а И го помага доставувањето на авиони И техника на СССР по шемата Ленд-Лииз
Во заштита на Панамскиот канал се испратени 32 ,36 И 53 авион група.

Image

Во Европа единствено се вооружени 342ра во Рејкјавик Исланд И 31 во Англија од состав на УСААФ.Поради големите загуби бразо 31 се превооружува со Спитфајер Мк5 .Но Кобрата се појавува во вистинска светлина во сојузничките десанти во Африка (операција Торч) каде добро оклопно опремени Кобрите се користат како ловец-бомбардер во 81 И 350 АЕ.Исто така И при десантот при Анцио улогата е исто но со покривање од Р-40 и Спитфаер.Но И тука како И насекаде по светот Кобрата е заменета со Лајтнинг Тандерболт И Мустанг.
Мал број Кобри добива и ВВ на Франција И ВВ на Италија кои се борат од страна на сојузниците.

Навистна е жално за авион кој само 6 години од неговото конструирање И 22 месеца од првата борбена мисија АероКобрата е симната од вооружување.Никој од пилотите кои летат на Кобрата нема светска слева , а И ниту една битка не е добиена по заслуга на АероКобрата.
Во составот на црвената армија
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Image

кобра со 4 видливи ознаки за соборени гермаски авиони. :shock: :shock:
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

СССР

Брзо после нападот на Германија ,СССР постанува дел од коалицијата против фашизмот.После колосалните загуби во почетните неколку недели на Црвената армија И е повеке од потребна помош.Првите АероКобри доагаат од Британија .Во јануари 42 во 22ри резервен авиополк од 6та авиодибизија која е специјализирана за Англо-американска техника.пристигаат првите 2 АероКобри а брзо потоа добиваат И уште 18 други.Но советската команда не брза да ги воведе во експлоатација , сигурно имале некакви информации за тој авион.За проучување на тој авион е сездадена специална комисја во НИИС(иститут за испитување на ВВ на ЦА)раководена од Израил Рабкин.Русите се многу задоволни од авионот каде неј многу се истакнува тоа што авионот има парно во кабината , нешто кое немаат руските авиони.

Image

Прв се превооружува 153 ЛАП со командант мајор Миронов(после војната е генерал-полковник) а после него И 185ЛАП .Пвра во војна оди 1ва екскадрила на 19ГЛАП со командат капетан Кутахов(после војаната е маршал на авијацијата).На 15 јуни пилотите од 19ГЛАП со 6 Кобри се борат со 6 бомбардера кои се придружувани од 16 ловци.Резултатот е 9 соборени германски авиони без загуби на советска страна.153ЛАП од 30 јуни до кријот на октомври 1942 се бори на Воронежкиот фронт за тој перот пилотите имаат 1070 борбени летови со 64 соборени авиони од кои 45 ловци.При што загубуват 8 свои.Во составот на морнарицата првите Кобри се примени во октомври 42 во состав на 2 ГАП чија задача е да со осигура небото над Мурманск.Со големи напори техничарите на фронтот успеваат да усовршат И дел од агрегатите на Кобрата . Сменет е дури И моторот Елисон со руски М-105П, како И засилена е конструкцијата на опашката.Но имаат И големи поблеми И тоа со т.н посок сврдел или спин.Тоа се јавува при случај кога е потрошена целата муниција се изместува центарот на тежина И авионот се однесува чудно.

Image

Кобрите идат во СССР по 3 патишта И тоа преку бродови во пристаништето во Мурманск. Преку патеката АЛСИБ И преку .Техеран.Патеката Алјаска Сибир(АЛСИБ) е една од непознатите страници за втората светска војна. Илјади американски И советски пилоти И техничари се задолжени за транспортот. Се започнува во Фабриката во Бафало до Нијагар водопадот, од таму пилотите на 3 та префрлувачка група ги носат во Греит Фолт Монтана каде се доопремени за експлоатација за во студена клима.Од таму се транспортирани до Лед Фиилдс близо да Феербенкс Алјаска.Таму се предават на советски пилоти И техничари ,После приемот авионите се преземат од советскиот 1ви полк за префрлување (ПАП) И прелетуваат преку Беринговиот проток цели 1560км до Уелкале И потоа Семчан оддалечњн 1450км авионите се префрлуваат од 2ри ПАП.Потоа до Јакутск 1200км од пилотите на 3ти ПАП.потоа до Киренскс од 4ПАП И до Краснојарск од 5ти ПАП.920км,После 6500км прелетени во зимски услови над Сибир И Алјаска на авионите се извршува ремонт.и после се дават на војните екскадрили.По трасата Феербенкс до Краснојарск се уриваат загинуваат 41 авион И 115 пилоти .(По АЛСИБ не се транспотрираат само ловци а и други авиони со повеке членови).

Image

Само во Краснојарск се примени 2593 авиони .Во ноември се добиени првите од серијата Д , последени после од серијата К,М,Н.
Во летото 1934 Кобрите се на целиопт форнт од Балитичко до Црно море.На Карелскиот фронт е вооружена 2гардиска смесена авио дивизија.На северозападниот фронт е вооружена 5та ЛАД .На централниот фронт е 1ГЛАД но посебно се истакнува 216 екскадрила,која после тешките битки оклу Кубан е преименувана во 9ГИАЕ.Во март се добиени првите Кобри а до 20 август се соборени 167 германски авиона при што губат 30 свои.На 24 август полкот е одликуван со гардиско знаме И постанува 104 ГЛАП.Вториот полк е 16ГЛАП во него летат: асот на СССР 3пати одликуван за херој на СССР Александар Иванович Покришкин (59победи од кој 48 на Кобрата) 2 пати херој на СССР Григории Андреевич Речкалов И Александар Фјодорович Клубов како И уште 15 други пилоти со звање херој на СССР, ако се има предви дека тоа одликување се врачува после 15 соборени авион , може само да се замисла какво е салдото на тој полк.

Image

Третиот полк е 45ГЛАП И во него има асови ,конандирот Дзусов ,браќата Глинка поголемиот брат има 50, а помалиот 31 победа потоа Бабак со 37 победи И уште 10 други со звање херој на СССР.
9та Гардиска авион дивизија го започнува својот борбен од кад Кубан , одликувана со ордени* Ленин* * Борвено Црвено знаме* *Богдан Хмелницки* Маринополска-Берлинско дивизија постанува една од елитните авио дивизии кои учествува во завршните етапи на војната , во последниот ден од војната на 9мај 1945 пилотото Г.Г.Голобев со Кобра успева да соори еден До-217 над Берлин само неколку часа пред да се објави крај на војната.

Со АероКобра се вооружени повеќе од 50 ловечки полка.637 пилоти се носители на звање херој на СССР 100 од кој летаат на Кобра.
Рекордер ас на Кобра е Покришнин кој соборува 59 од кои 48 се на Кобра останатите се на МиГ-3 и на Јак-1.
Во крајот на војната на вооружување се останати 3078 кобри.при ште се добиени 5965 од произведени 9584.
Интересно е дека Кобрата не успева да се наметни како добар авион кај западните полоти И команданти.Но советските пилоти се воодушевени од тој авион ,особено се впечатени от топовскот вооружување, каде едеа граната е доволна да потопи патролен брод. Во воздушните битки е доволно еден до два истрела да растурат ловец, на Кобрата не се монтирани реактивните проектили за засилување на огнената моќ.

После војната 27ГЛАП е испратен да војува против Јапонија ,тии извршуваат 122 борбени лета при што соборуваат 4 јапонски авиона без сопствени загуби.

Image
Покришкин пред својата Кобра со ознаки за 55 соборени авиони до карајот на војната ке станат 59.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Кралската Кобра Р-63


Image

Во текот на ескплоатацијата на Р-39 зе забележува еден конструктерски недостаток.При потрашување на мунивијата се изместува центарот на рамнотеже И многу често се случува да авионот влезе во плосток спин со опашката надоле.Така уште пред да влезе САД во војната на конвенција компанијата Белл го представува идниот ловец. Р-36 кои е Р-39 но изчистен од тие недостатоци,Малку поголем на површина И со поинакво крило, со зголемена тежина но И со многу помоќен мотор.Вооружувањето е сместено во носот , каде покрај 37мм тои И 2 те митралези има уште 2 митралези од 12,7мм.Моторот е Елисон В-1710-93 ..а под телото има едно место за закачување на една бомба пд 227кг или еден резервоар од 240л.Прототипот е изграден во почетокот на 1942 ,на 21 февруари 1942 полетува еден од прототиповите ,но нема среќа после само неколку лета се срушува , исто се случува и со вториот портотип.Но И покрај тоа се влегува во сериско производство.

Image

И во 1942 г е веке јасно кој ке е главниот клиент за тој авион , се поканети официални представници на СССР, тест пилотот Андреј Григориевич Кочетков И авиоинженерот Фјодор Павлович Супрун..Овие двијаца одат поради недостатоците на Р-39 И поплаките на пилотите .Освен откинувањето на опашниот стабилизатор И да влегува со спин, Кобрата има уште еден недостаток ,поради тесните вратички не е секогаш возможно да се излезе од авионот.Поради тоа во СССР се испратени И многу познати конструктори како Лејтон Џорџас,Џорџ Реј И др.
Еден млад пилот на Кобра раскажува како по чудо се има спасено од сигурна смрт кога неговата Кобра влегува во Спин , при излегување некоја невидлива сила го залепува за крилото , успева да се спаси благодарение ограмна физичка сила И лизгање по крилото.

....Во убав априлски ден на 1944 некаде сосема близу грми водопадот на Нијагара.Во двора на една живинарска фарма во Бафало лежат остатоци на еден лове оц типот Р-39.Покрај патот еден американски полицаец разговара со пилотот кои штотуку се е приземил со падобранец
-×ии е авионот?
-На компанијата Бел.
-А вашата националност?
-Русин.
-Државјанство?
-Државјанин на СССР
-Сер не се шегувате нели?
-Не, се разбира.
-Ама како ,советски пилот над Нијагара?
-Јавете се во компанијата Бел и се ке ви биде објаснето.
И нормално полицаецоте се јавубва И после некоја минува пристигнуваат цел тим од Бел како И Супрун.
Се собира цел тим за да се разјасни целиот пробелем , Во авионот на Кочетков има ставено средства за следење на работата на авионот.Кочетков прави секакви маневри И ги бележИ недостатоците,при влегување во спин ,а авионот е послуШен И брзо излегува од него ,После прави пак истите маневри но сега е без муниција И се случува она за Што се дојдени,влегува авионот во спин ,Но Кочетков не сака да го напушти ,тој работи , пробува,бара, знае дека со секое научено неШто може да услее да му спаси живот на некој него другар на форнтот.При висина 800м , тој го исклучува моторо, го прекинува доводот на гориво , И се фрла надвор од авионот.но е залепен за крилото како мува за мед.Сега во главата му се зборовите на младиот пилот И Кочетков се лизга по крилото е веке слободен,ја потеглива рачката И се отвара падобранот.За тој настан Кочетков е пдликуван со златна гасеница на Ирвин-тоа е гасеница ок која се прави свила за падобрани во природна големина направена од чисто злато со очИ од брилијанти.Се дава на луѓе што се имаат спасено со падобрани на Ирвин при екстремни ситуации.Интересно е да се каже дека Кочетков не е единствен русин одликуван со гасеница , прв воопшто е Михаил Громов одликуван 1928г.
Комисијата утврдува дека при празен авион центарот на рамнотеже е за 2% изместен наназад.НеШто кое ке биде отсрането во наредните серии.Додека е во САД Кочетков бара да го испроба новиот авион во воздушен дуел со Месершмит, но таков нема во америка И за тоа од Пентагон има прекаат еден Мустанг со топ пилотот Стенли ,кој истотака е носител на златна гасеница.
Во воздушниот бој нема победник,и двата авиона се трудат да влезат во опашката на противниот и да ја сликаат.
Р-63 е одобрен од СССР и САД и е пуштен во сериско производство.

Image

Р-63 се разликува од Р-39 со поголемите размери.Кабината на пилотот е малку понапред,Моторот е Елисон В-1710-93 со двостаопен компресор, со повишена моќност.од 1150кс.Освен тоа моторот има И така наречен вонреден режим на работа, т.е Форсаж за кое се впрскува на метанол мокноста на моторот се повишува до 1500кс.Таа моќност моторот може да ја користи само 5 мин.на во воздушна борба 5 мин се од животно значење.
Сето тоа води до подобрување на карактеристикита на авионот.На пример радиусот на виражот е 272м додека на неговите противници Ме-109г е 290м а на ФВ-190А е 340м.Елисата е четитикрака, Еропродакс А64-2СД1 со хидрауличко командување на степенот на вртење.
Вооружувањето на Р-63 е еден топ од 37мм кој е низ оската на пропелерот,како И 2 митралеза од 12.7мм кои се монтирани во носот , има можност И за монтирање на уште 2 такви но во крилата.Под телото има можност за закачување на една бомба од 227км или резервоар,
Заштитата на пилотот се состои од челични плочи со дебелина од 6.35мм пред редукторот на пропелерот пред пилотскта кабина , а има и оклопно седиште.

Целиот производствен циклус е од 3036 авиона

Р-63А-1725
Р-63В-не е произведен , постои само на хартија, не е конструиран бидејки моторот Ролс-Ројс Мерлин кој е наменет за него е ставан ан Р-51 Мустанг.

Р-63С варијант со мотор В-1710-117 со 1500кс
Р-63D веке е со нормална кабима , кој се лизга назад и има форма на капка.
RP-63 Pinboll е летечка мета., обоен со црвена боја да се познава од далеку, тој е создаен да ги тренира стрелците на бомбардерите .Целиот авион е силно оклопен сите можни места се засилени со мрежИ за да не влезе некој куршум ,кои пак од своја страна се со мека кошилка а е пробива.

Основниот корисник на Р-63 е СССР , првата партија да тој авион е во летото на 1944 , но во големи количини се појавуваат дури во пролета на 1945г.Со нив се вооружени предимно полкови од ПВО.При височина над 7500м СуперКобрата ги надминува по борбени квалитети авиони како Спитфајер МК9 како И најновиот авион од советско производство Ла-7.

На 24 јуни почнува нападот на Монголија на тој театар на војување СуперКобрата е како најдобар ловец на ЦА.Но при немање на противници во воздухот,Кобрите се користат за дејство по земјата.Единствено пилото Мирошенко успева да собори еден Јапонски авион.До крајот на војнат СССР добиваат околу 2400 Кралски Кобри.Последниот е доставен на 29 септември 1945.
После војната Р-63 е најраспространет странски авион во СССР , останал на вооружување до 1953год.

Во ВВ на Слободна Франција.

Околу 300 авиои се предадени на франција после ослбодувањето.Со Р-63 се вооружени сите елитни авио групи на Франција.Во 1951 се испратени да војуваат во ИндоКина приотив Виетнам , каде се користени како јуришни , во борба со партизанските единици на виетнам.Војната кариера им е прекратена поради немање на делови,

Најдолго Р-63 останува на вооружување во ВВ на Хондурас,Таму се испратени 5 авиона во 1948 како воена помош.Авионите се користат до 1957 при ште се вратени во САД и продадени за богати колекционери.

Со исклучување на Хондурас секаде по светот Кобрата е трганат од вооружување во период од 1947-1953.Но неговиот живот продолжува како авион за трки каде уште еднаш се натпреварува со неговиот конкурент Р-51 Мустанг.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 23:39
Location: New Foxсиче!
Contact:

Post by KVARK »

Секоја чест на огромниот труд!!

Само вака продолжи.
Инаку интересно е за овој авион, како тоа кај Западњаците се покажал како лош, а ете Русите му го извадиле максимумот.
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

Бравос, пријатно изненадување и мала промена од германциве. хехе
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Хе . немојте да мислите дека нема да има уште Германци. 8) 8) Ама ке има и друго.

п.с Многу фала на Princ за едитирање на текстот. :lol: :lol:
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Коло
Падобранец
Падобранец
Posts: 53
Joined: 22 May 2007, 16:23
Location: Београд
Contact:

Скроман прилог теми

Post by Коло »

За време посете САД југословенски Краљ Петар је 2. јула 1942. године обишао погоне фабрика „Кертис“ и „Бел“ у граду Бафалу. Знајући колико је млади монарх (18 година) заљубљен у авијацију домаћини су му омогућили да седне у једну П-39 Еракобру и испуца један добар рафал у фабрички грудобран.

Image
http://www.aeroart-srbija.com/
User avatar
Snajper
Падобранец
Падобранец
Posts: 17
Joined: 29 Aug 2007, 18:08
Location: Р.Македонија
Contact:

Post by Snajper »

Пред некое време мислам дека имаше пронајдено еден P-39Q10 во едно езеро во Русија. За чудо доста добро сочуван , дури имаше најдено и конзерви со месо од пилотскиот додаток.

Кој знае што се кријат степите во Русија. А и шумите кај нас.[/img]
...French + Greek = FREAK...
User avatar
Ema
Падобранец
Падобранец
Posts: 42
Joined: 28 Apr 2009, 22:01
Location: Skopje
Contact:

Post by Ema »

Што можам да искоментирам.воодушевена сум од твојот талент и ентузијазам.Треба да го издадеш како книга.

п.с Не го прочитав целото бидејки не разбирам многи ама ми се допага концепцијата.
avijaciska medicina....zakon
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Ema wrote:Што можам да искоментирам.воодушевена сум од твојот талент и ентузијазам.Треба да го издадеш како книга.

п.с Не го прочитав целото бидејки не разбирам многи ама ми се допага концепцијата.
Фала ти на комплиментите , целото е објавено на главната страна. :lol:
...shoveling shits up the hill...
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests