Maчките на Груман

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
Post Reply
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Maчките на Груман

Post by MaKoM »

Корпорацијата Груман Grumman е основана во 1929г од Лирој Груман и Џејк Свирбул.Почнувајки скромно ке се претвори во водечка компанија за производство на воени авиони.Во 1994г. Груман се спојува со Нортроп и го создаваат концернот на Нортроп Груман.

Во годините на самостојно постоење оваа компанија ке произведе многу различни типови на авиони , секако најпознати се авионите од серијата на “мачките“ или the cats. од периодот на втората светска војна со моделите на Ф4Ф и Ф6Ф,после војната производството на авиони ке премине во ерата на реактривните мотори на големите брзини секако одговорот е со Ф9Ф Пантер за време на студената војна ке ги понуди многу успешните А-6 Интрудер и Ф-14 ТомКет.Но да почнеме со ред.

Прв дизајн на компанијата е авион двокрилец кој е понуден на Аериканската морнарица.Тое е Груман ФФ-1, двокрилец,кој има можност да ги собира тркалата.Призведен е во 1930.Вооружувањето му се состои од 2 митралеза од 7.62мм и една бомба од 45кг. Произведени се вкупно 57.Дел од нив се составени од Канада.Во состав на морнарицата е во служба на носачот Лексингтон.После проевооружување на морнарицата авионите се распродадени ,дел на Хондурас , еден на Јапонија, а преостанатите се продадени на Турција, но не пристигаат , во 1937 г се интернирани во шпанското републиканско ВВ.
Image

Но да се вратиме на “мачките“

Ф4Ф ВајлдКат/Wild Cat F4F

На почетоткот на 40 тите , морнарицата на САД распишува конкурс за ловец авион кој ке ги замени застарените двокрилци .Груман се јавува на тој конкурс со авионот Ф4Ф,но за негова несрека или срека е победен од Бафалото на Брувстер(За Бафалото пишував порано , може да ја најдете сторијата на насловна или на форумот. маком). Како варијанта за да се спаси нешто Груман го предлага авионот за странство, во тоа време веке беснее војната во Европа, Британија е стесната од сите страни и и е потребна секаква помош во техника.И така дивата мачка на груман оди во Британија, каде го добива името Мартлет.Првиот боздушен бој е со еден Ју-88 над морнаричката база Скапа Флоу.Каде и го забележува првиот успех, тоа е всушност и првиот соборен авион во војната од страна на американски авион.Во подоcнежниот период командата ги префрла во одбрана на конвоите во Атлантикот.Тука мачката има голем успех во борбата со Кондорите FW-200 на Луфтвафе.
После нападот од Јапонија над Перл Харбур , сите останти авион од линијата на Груман се предадени во служба на морнарицата. Тука нема голем успех поради фактот дека го има за противник јапонскиот Зеро. Единствено оклoпот што го има околу кабината и специалниот сигнален уред кој е за наогање на носачот во океанот може да се сметат за позитивна страна. Јасно е дека е време за замена на дивата мачка.Како негативи страни се посочуваат кратките нозе, т.е малиот радиус на дејство , како и слабиот мотор.

Како заклучок Вајд кат има 15 555 борбени лета. Со соборени 1327 авиони со 191 сопстени загуби или однос 6,9/1

тт.к
Воор - 6 *12.7мм Браунинг митралези со по 250 куршуми на секој
можност за 2 бомби од 45кг.

мотор Прат и Витни Р-1830-86 двојно радиалнем мотор со 1200 кс

макс брзина 515 км/ч
долет 1240 км.
Image
Image
Last edited by MaKoM on 04 Jul 2007, 19:38, edited 1 time in total.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Ф6Ф ХелКет/HellCat F6F

Во почетокот на војната морнарицата на САД,бара модернизација на Ф4Ф.Првин Груман планира помала надоградба на веке постојниот модел, но покасно се определува за доста појак морот кое од своја страна ја сменува целата концепција. Резултатот е еден авион кој ке се прослави во најголемиот воен театар кој некогаш се одиграл во историјата на човековото постоење.Хелкет ги задржува сито добри особини од вајлдкат , оклоп околу сите важни елементи на авиони.Впрочем поради тоа ставање на оклоп во авионите Груман го добива и познатиот прекар Grumman ironworks(железара).Хелкет е дел од новата доктрина на војување која ја наметнува морнарицата. Брзите носачи на авиони како замена за борбените бродови , во секој носач има по 36 ловци (претежно Хелкет, но има и Ф4У Корсер уште еден многу позната авион од тоа време) 36 Пикирачки бомбардери , како и 16 торедни бомбардери.
Како цело Хелкет е многу успешен авион , или со речникот на американците , тој авион ја однесе “тепачката“во дворот на јапонците.
За целата војна хелкет има 66 530 борбени полетувања од кои окоу 62 000 се од носач.Има соборено 5 163 авиони ,со претрпени 270 загуби или во сооднос 19:1 .
Овој авион е и авион на асови, 306 пилоти на морнарицата и маринците се здобиле со тирула АС (т.е имаат соборено 5 или повеке авиони)

ттк /.
Воор 6 митралези 12.7мм
или во некои верзии 4 топови 20мм
бомби 1 од 450кг или 6 од 45кг.
мотор
Прат и Витни R-2800 -10W Double Wasp" два реда радијални мотер со два супер компресора ,со моќност од 2000кс (1,500 kW)

*1263 авион Хелкет се предадени во служба на Британците на Европсото боиште. Тука авоните имаат претежо позадинска работа , разузнување, фотографирање. Обезбедибање на конвои и слично.Хелкат и тука докажува дека е опасна мачка, дури и со основните германски ловци Ме-109 и ФВ-109.
Но предиството е на страна на германците.Поради што група на инженери од САД,меѓу кои има и од Груман се пратени во Британија да се запознаат со заробена германска техника.При едно испитување на еден заробен ФВ-190 група на инжинери на Груман доагаат до идеа да се искористи телото на ФВ-190 но со американски мотор.Така се раѓа Ф9Ф БеарКет.
Image

Image
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Ф7Ф ТајгерКат /Tigercat F7F
Може да се карактеризира како промашена работа .И покрај што има многу добри аеродинамични перформански .Дизајниран за новата класа на носачи. Тигеркат преставува двомоторец кој е опремен со мотори со 2100 кс. и многу мокно вооружување 4 митралези од 12.7мм и 4 топа од 20мм .Неговата воена кариера почнива во Корејсата војна , каде и покрај фактот што има силни мотор веке е застарен, времето е на рактивните ловци.И во 1954 е повлечен од употреба.

Image
Image

Ф8Ф Беаркет Bearcat F8F

Во 1943 г. група на инжинери на Груман имаат можност да разгледат еден заробен ФВ-190.Авионот е заробен од британците и е предаден како неинтересен на американците. Овие пак се толку многу заинтересирани што еден тест пилот пишува во развојната ваза или сектор 58 дека Тое е авионот што и треба на морнарицата за борбата со самоубиствените напади на јапонците.
Искористено е телото на ФВ-190 но со мотор Прат и Витни Р-2800-34В со 2100кс.
Авионот е вооружен со 4 митралеза 12.7мм Браунинг М2 како и со 4 ракети кал. 127мм .
Но неговото појавување е доцна , војната е веке завршена.После војната Ф9 се наметнува како основен ловец на морнарицата со него се вооружени 24 ескадрили.Ф9 има и извозен успех . Одреден број се продадени на Тајландската морнарица. Исто така и Франција добива от тој тип . Француските Ф9 се користени во првата Индокинеска војна (Виетнам).Ф9 е и основниот авион на Сините Ангели.

Image

Image


Ф9 е во служба на носачите кога почнува Корејската војна, но време е за реактивни мотори,“мода која ја промовираа германцита кон крајот на 2рата светска војна со Ме-262.

Затоа Груман оди во реактивната ера.
Last edited by MaKoM on 09 Jul 2007, 20:57, edited 1 time in total.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Реактивната ера

Ф9Ф Пантер/ F9F Panther

Авионот Пантер до ознака Ф9Ф е првиот реактивен авион на Груман.Тој е порачан од морнарицата на САД,каде ке биде вториот реактивен авион .(првиот е Ф2Х Баншии) Темпото на работа во Груман на новиот авион е силно и на 24 ноември `47 првиот Ф9ф се вивнува во воздухот. Опремен до мотор Ј24 на Прат и Витни (лицензна копија на Ролс-Ројс Нене) Пантерот е способен да развие брзини од 900 км/ч.Неговата воена кариера почнува во Кореа каде тој ја има честа да ја отвори воздушната војна, кога на 3 јули 1950 соборува еден Јак-9 од составот на Северна Кореа, до крајот на војната зад неговото име ке се запишат уште и ПЕТ МиГ-15.Пантерот не е користен само како ловец, а и како авион за непосредна подршка,бидејки за разлика од другиот реактивен авион на морнарицата. тој може да носи вооружување за цели на земја.
Воената кариера на Пантерот завршува во 1956 кога се повлечени од првата линија.
Ф9Ф Пантер е извезуван во Аргентина (24 авиони) .За време на војната со Чиле , Ф9Ф од Аргентиското ВВ се активно користени.Во 1969 зе заменети со А-4 Скај Хок.

Image
Image
Вооружување

4 топа М2 со калибат 20 мм со по 190 гранати.
може да носи и ракетно=бомбено вооружување до 1000 кг.

моторот Прат и Витни Ј42 ( Pratt & Whitney J42-P-6/P-8 turbojet, 5,950 lbf (26.5 kN) with water injection)

Ф9Ф ама овој пат е Кугар/F-9 Cougar

После успешниот дизајн со Пантерот , инжинерите од Груман се зафакта со работа за го преработат , главна разлика од Пантерот е во неговите крила. Кај Пантерот се прави ,додека кај Кугарот се коси(тоа е од паниката што ја има предизвикано МиГ-15 кај американската инжинериска елита), со тоа се добива поголема брзина, така Мах цифрата се зголемува од 0.79 на .0.86.Кугарот е означен како Ф9Ф-6 како варијант на Пантерот , но после 1962 се означува како Ф-9.

Кугарот може да се каже е морнаричкиот одговот на МиГ-15, но никогаш нема да разберем кој е подобар во рална битка, поради фактот дека Кугарот не учествува во Корејската војна.Кугарот ке помириса барут во Виетнам , каде неколку авиони од верзијата ТФ-9 се керистени како командни авиони и како насочувачи на удари по земја во Јужен Виетнам во 1966-67

Вооружувањето е истоа како и кај Пантерот , 4 топа од 20 мм М2 со по 190 куршуми на цевка.Интересно е дека на Кугарот се монтирани и 4 ракети со инфрацрвено насочување АИМ-9 Сајдвиндер.

Моторот е Прат и Витни Ј48-П8А турбоџет (Pratt & Whitney J48-P-8A turbojet, 8,500 lbf (38 kN) with water injection)

Image

Image
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Post by Scylla »

Браво Маком, одлична сторија! Ја подесив, деновиве целата ќе излезе и на насловна.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Scylla wrote:Браво Маком, одлична сторија! Ја подесив, деновиве целата ќе излезе и на насловна.
Благодарам за пофалбата , само што не е комплетирана. :oops: :oops: Има уште 2-3 авиона.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Grumman XF-10F Jaguar

Авионот (ИксЕф-10еф ) е еден обид на Груман да се држи до модата на денот.Овој експериментален авион е дел од алката што ке доводе до еден од може да се каже најдобрите авиони на модерното време Ф-14.Во раните 50ти години на минатиот век, во “мода“ се неколки теории за развитокот на идниот ловец на морнарицата , тој мора да има коси крила со голема површина за да може да полетува и да слетува на носачи , но во исто тоа време трева да има минимални скосени крила за да развива големи брзини.Концептот кој ке се роди од таа доктрина ке резултира со создавање на едни инзворедни машини со одлични перформанси ,од западна страна Ф-14. Ф-111 како и европскиот Торнадо.Од испокот се се родат Миг-23 и Миг-27 , како и Су-24.Предвесник на таа генерација е XF-10F. развиен како морнарички ловец со еден мотор.Фјузелажот му е како на Пантерот.моторот е Westinghouse J40 turbojet многу не стабилен мотор, кој е една од причините за неупехот.Крилато е со две позиции, 13.5° за полеување и слетување и 42.5° за борбени брзини.

Вооружање нема , но се претпоставува дека ако е примен за сериско производство дека ке имал стандардно 4 топа од 20мм.



Image

Image
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Post by Scylla »

Ајде стави ги и двата авиони кои фалат, за да ја комплетираме на насловна.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Ке биде во брзо време, а за насловна имате ептен работа (Спитфаер уште 2-3 дела. У-2 над СССР и др.)

Поздрав
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Ф-11Ф/Ф-11 Тигар//F-11F/F-11 Tiger

Оваа мачка на Груман го добива името Тигар. Се до 1962 ја има ознаката Ф-11Ф ,но со воведувањето на ановата номенклатура на вооружените сили на САД, се преименува во Ф-11 Тигар. Дизајниран како едносед ловец наменет првенствено за морнарицата,поставен со радилакен нов концепт за аеродинамика, предизвикано од големиот успех со Патерот, инжинерите на Груман повторно се соочуваат со пробелми кога авионот ке достигне близу М-1(Мах-1 ~1225Км/ч) Затоа контолата на авионот е малку поразлична од стандардните типови. Така крилото е направено да го променува работа на напад, со “спојлери“ наместо со елерони.Како мотор е избрано решението на Врајт Џ65 Тубоџет( Wright J65 turbojet) кој е лицензирана копија на Армстонг Сидлеј Сафир(Armstrong Siddeley Sapphire.)

Првиот лет е во 1954 но поради тоа што немало сеуште готов мотор на Врајт со афтербрнер, на Ф-11 е ставено обичен , но и на неговиот прв лет достигнива брзини близу до М-1.Со поставувањето на појак мотор со афтербурнер Ф-11 станува вториот авион на морнарицата кој ке го пробие звучниот ѕид.
Во почетокот на 1955 е направен обид да се стави нов мотор на Џенерал Електрик Џ79, но таквиот потег ке резултира со преработка на целата внатресна конструкција и со згилемувањето на дупките за воздух(појман немам како се вика air intake на мекедонски).Оваа модификација ке добие име Ф-11Ф-1 Супер Тигар.Но порадди сите ови проблеми Грумман ке го загуби пазарат , само 200 авиони ке се произведет.Ф-11 ке биде со служба на носачите само 4 години , од каде ке биде истиснат од Ф-8 Крусајдер на Воут.Сите преостанати авиони се пратени во Тексас да послужат како тренинт авиони, или според зборовите на инстуктурите.“Ф-11 ни дава можност да им покажеме на студентите само за миг како е да се лета суперсонично, пред да бидат пратени на носачите“

Ф-11 е понудани на странскиот пазар , каде гоелм имтерес пројавуваат Германија , Јапонија и Канада , но на крајот на денот сите се решават за Ф-104 Старфајтер.

Ф-11 е авион на Сините ангели од 1957-1969.

Вооружен е со 4 топа од 20 мм Колт Мк12 со по 125 куршуми на цевка, како и 4 места за закачување на ракети В-В АИМ-9 Сајдвиндер.

Image
Image

Интересен податок има за Ф-11 , имено тој е првиот авион во историјата што си има само себе соборено. На 21 септември 1956г, при рутинска проверка на топовите, пилотот Tom Attridge стегнува неколку рафали од 20мм топови во ленсно пикирање , но потоа нагло го спушта авионот во стрмно пикирање, на тој начин доага директно на патот на сопствените куршуми.Attridge се катапултира.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Snajper
Падобранец
Падобранец
Posts: 17
Joined: 29 Aug 2007, 18:08
Location: Р.Македонија
Contact:

Post by Snajper »

За Ф-11 гледав на Дискавери, имаше интересни филмски кадри,тоа за соборувањето го истакнаа како добра карактеристика.

Само мислам дека ти фале уште некој авион, а МаКоМ, го нема томкет. 8) 8) 8) 8)
...French + Greek = FREAK...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Томкет малку ми бега не е мој домејн. недека неможам да се правам ама ке побарам содејство од друг.„експерт“ па се напишеме заедно за Ф-14
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Ema
Падобранец
Падобранец
Posts: 42
Joined: 28 Apr 2009, 22:01
Location: Skopje
Contact:

Post by Ema »

Лелее Makom па ти си бил многу креативна личност. !Одлични текстови.
avijaciska medicina....zakon
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Ema wrote:Лелее Makom па ти си бил многу креативна личност. !Одлични текстови.
Фала . ама во иднина не ставај имиња и презимиња на форумот.
...shoveling shits up the hill...
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 4 guests