Една плата за еден лет над Штип пред 84 години

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
Post Reply
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Една плата за еден лет над Штип пред 84 години

Post by Scylla »

[img]http://www.vest.com.mk/images/{3AD24A2D ... vjon-2.jpg[/img]

Кога во далечната 1924 година како гром од ведро небо пристигнала веста дека во мај во Штип ќе долета авион, за првпат во Источна Македонија, штипјани не верувале, но се увериле кога на 19 мај. Навистина над градот, во низок лет, почнал да кружи еден авион. Бил толку бучен што го гледале и слушале од целата околија. По кратко време авионот атерирал на една ливада кај Три Чешми, меѓу месноста Ежово Брдо и просторот каде што подоцна се изградила фабриката "Македонка". Само што се спуштил, кај авионот се насобрале стотина луѓе.Тутунарите од околните ниви го оставиле тутунот за да го видат авион кој прелетал над нивните глави.
Сите детали околу слетувањето на првиот авион се зачувани во архивата на штипјанецот Љупчо Кадифков. "Архивата, всушност, ја правеше мојот брат Ристо. Тој ми остави многу информации и над 1.000 фотографии од занаетчискиот Штип. Чудно, во тоа време најголем интерес за авионот пројавиле токму занаетчиите кои барале авантура. Се договориле колку и да побара пилотот за еден лет, ќе платат. Но биле разочарани кога им било кажано дека таа голема желба ќе им се исполни дури за три години, за празникот Голема Богородица, кога пилотот пак ќе дошол, но тогаш на аеромитинг", ги раскажува записите Љупчо на што тој по малку се сеќава, иако бил дете.
И навистина , на 28 август, на големо изненадување на штипјани, се случил првиот аеромитинг. Долетале неколку авиони кои правеле акробации над градот. И старо и младо отишло да ги види авионите кои слетале надвор од градот. "Тогаш на осумтемина занаетчии им се исполнила желбата, за првпат да летаат со авион. Како што се договориле, платиле колку што им било побарано. Секој од нив платил по 12 денари, многу повеќе од нивната месечна заработувачка. Толку во тоа време изнесувала една солидна чиновничка плата или платата на еден инспектор. Во тоа време да леташ со авион било голема атракција. Три месеци потоа во градот и во целата околија само за тоа се зборувало", раскажува Љупчо Кадифков.
Првите авиони и контактите со пилотите ги натерало штипјани уште истата година да формираат и школа за пилоти. Тоа се и зачетоците на еден од првите аматерски аероклубови во Македонија .Од овој клуб потекнуваат и првите воени пилоти на тогашна Југославија. Најдобрите - Киро Аџиарсов и Тртков биле одбрани од Бар да префрлат во Бари многу важен товар на кралот Карагоргевиќ, кој претходно, кога започнала Втората светска војна, пребегал во Велика Британија.. Подоцна се дознало дека тие со транспортниот авион превезувале еден тон кралско злато и оти по оваа акција требало да загинат, па биле пратени да летаат преку Средоземното Море и да се борат во Египет. Но поради сплет на среќни околности едниот од нив Аџиарсов останал жив, се вратил во Македонија и продолжил да работи во штипскиот аероклуб.
Аероклубот планира в година да го одбележи јубилејот - 85 години од првиот авион во Штип. Наскоро од печат ќе излезе и посебна монографија на Аероклубот чиј автор е Тодор Кралев.
"Според документите кои ги прибрав, дознав дека првиот пилот што слетал во Штип бил Украинецот Јуришченко. Подоцна, со помош на двајца словенечки пилоти - Фердо Градишник и Матеј Шворц од Љубљана и поголема група ентузијасти од Штип се формирал и првиот аеро клуб, во чии рамки десет години подоцна проработела и падобранска школа. Првиот падобрански скок бил изведен во 1936 година што, исто така, за Штип и околината било атракција", вели Тодор Кралев, инаку поранешен едриличар и воздухопловен моделар на аероклубот "25 Мај" од Штип.

Вест
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
Flug
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 518
Joined: 19 May 2007, 17:42

Post by Flug »

Bravo Scylla, mnogu dobar paket podatoci si nasol! Odlicno.
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 8 guests