Тупољев 144 (Конкордски)

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.

Тупољев 144 (Конкордски)

Postby Scylla » 15 Jul 2006, 07:17

Тупољев 144 (наречен инаку Конкордски) е првиот патнички авион кој го пробил звучниот зид и летал со брзина поголема од 2 маха на 5 Јуни 1969. Голема контроверзност стекна со сличниот (скоро ист) дизајн на Конкорд, кој излезе кратко подоцна. Во 1973 на Париското шоу се сруши пред илјадниците гледачи убивајќи 6 од екипажот и 8 на земја.

Сличностите на надворешниот дизајн се огромни, но уредите за навигација управување и останатите битни елементи се потполно различни. Потполно исто како Буран вселенската програма, која била лансирана "само за инает" на американската Спејс Шатл програма. Сергеј Павлов - официјален претставник на Аерофлот (компанијата која главно го користела Тупољев 144) бил уапсен во Париз, 1965 година бидејќи ги поседувал деталните планови на системот за кочење, тркалата и целосната рамка на Конкорд. Друг руски агент бил уапсен во 1977 бидејќи ги поседувал сите планови на прототипот на Конкорд од 1960 година.

Image

Прототипот прв пат полета на 31 декември 1968 близу Москва, 2 месеци пред Конкордот. Тупољев 144 прв пат ја проби звучната бариера на 5 јуни 1969, а на 15 јули 1969 стана првиот патнички авион кој ја преминал границата од 2 маха.

Тупољев 144 на многу начини бил понапреден и различен, но очигледно е дека некој крадел од дизајнот на другиот. Тупољев започна со патничко летање на 26 Декември, 1975, пренесувајќи пошта и карго од Москва до Алма-ата во подготовки на пренос на патници, и во Ноември 1977 започна полу-закажано летање се додека првиот Tu-144D претрпе несреќа додека леташе тест лет, и се урна на 23 Мај 1978 со загуба на екипажот. Летот на Аерофлот на 1 Јуни, 1978 е 55-тиот и последен лет на Тупољев 144.

Закажан карго превоз со Tu-144D повторно започнал на 23 Јуни 1979. Денес е познато дека Аерофлот продолжил да го лета Ту-144D во 1980тите исклучиво за тестирање и превоз на карго.

На париското шоу во 1973, додека полетувал пилотот незнаејќи дека над него лета француски Мираж (летал во непосредна близина со цел да ги слика револуционерните крилца кај Тупољев 144, воедно непочитувајќи го правилото на оддалеченост од 5 милји на секој аеро митинг), што го натерало пилотот да направи нагло вртење а од ова откажале моторите. За да ги рестарира, се нурнал кон земјата меѓутоа од огромната брзина и наглото вртење авионот се скршил во воздух и се урнал.

Image

Има три главни теории на неговиот пат. Првата е дека се срушил пробувајќи да го избегне францускиот Мираж кој го сликал за да ги опфати сите напредни и различни делови од Француско-Англискиот Конкорд. Другата е дека русите намерно заменале одредени подесувања во компјутерот на автоматската стабилизација со што би го надиграле Конкордот, меѓутоа не отишло се како што треба па Тупољев 144 се срушил. И уште една теорија, која вели дека луѓето на Конкорд намерно направиле многу документи и нацрти со вградени грешки кои би ги излажале русите па би следела несреќата.

Image

Исходот на оваа несреќа очигледно е направен да се избегне одговорноста на обете страни, француската влада се спогодила со владата на тогашниот Советски Сојуз дека немало шпионски Мираж во воздухот, а Русите како надомест добиле јавен исказ од французите дека немало технички проблем со Тупољев 144 туку дека грешката била од човечки фактор - пилотска. Црната кутија од летот е уништена.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4895
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Postby fly_macedonia » 04 Aug 2006, 19:41

Ех, тие политички договори :evil: . И на крај пилотите криви, најлесно е да ја префрлиш вината на покојниот. Срамота!!!
Зачленете се на VATSIM
fly_macedonia
Спортски пилот
Спортски пилот
User avatar
 
Posts: 373
Joined: 04 Aug 2006, 18:09
Location: Скопје, Р. Македонија

Postby avijacijamk » 04 Aug 2006, 21:57

go imam video klipot od ovoj pad, bas e tazno. :cry:
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 12:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia

Postby Tane » 09 Feb 2007, 10:51

Пред неколку месеци, гледав една емисија на „Национална географија„ или „Дискавери“ (точно не се сеќавам) каде се зборуваше дека американците и русите ќе го рестартираат ТУ 144, ми се чини со руски мотори и америчка електроника.

Тоа како „И по Конкорд - Конкорд“, односно ТУ 144. :wink:

Целата емисија беше само за ТУ 144, за моторите, електрониката, дизајнот и опремата.


Поздрав!
Не сум пилот, ама го сакам небото
Tane
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 141
Joined: 22 Nov 2006, 09:04
Location: Кичево, Македонија

Postby avijacijamk » 09 Feb 2007, 13:22

Дај Боже!!!
Премногу анализа доведува до парализа!!!
http://www.avijacija.com.mk
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 12:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia

Postby Scylla » 11 Oct 2008, 12:17

Пронајдов една доста ретка фотографија од пречекот на пилотите на Ту-144 веднаш по нивниот прв успешен лет. Погледнете ја радоста на лицата...

Image
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4895
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Postby MaKoM » 13 Oct 2008, 17:23

Да да победа над западниот имперализам ... :lol: :lol: :lol: :lol:
...shoveling shits up the hill...
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4640
Joined: 04 Aug 2006, 18:07
Location: Strumica R. Makedonija

Tu-144

Postby Зоран » 17 Mar 2012, 09:30

Зоран
Mодератор
Mодератор
User avatar
 
Posts: 14553
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Тупољев 144 (Конкордски)

Postby Canemakedonski » 19 Mar 2012, 20:31

Наса го има изнајмено Ту 144 за аеродинамички тестови меѓу 1996 и 1999:

http://www.nasa.gov/centers/dryden/news ... -DFRC.html
http://www.nasa.gov/centers/langley/new ... U-144.html

А сега еден примерок е изложен заедно со Конкорд во Германија во музејот во Зинсхајм:

http://sinsheim.technik-museum.de/en

Image
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
User avatar
 
Posts: 5155
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep

Re: Тупољев 144 (Конкордски)

Postby Зоран » 23 Mar 2012, 20:05

Suva lepota.
Зоран
Mодератор
Mодератор
User avatar
 
Posts: 14553
Joined: 31 Jan 2008, 19:20


Return to Историја на авијацијата / Aviation history

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest