Авијацијата Во Македонија

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.

Авијацијата Во Македонија

Postby Bobo » 11 Dec 2009, 15:26

не видов дали има ваква тема...ако има нека ја бришат оваа



Авионски сообраќај
Како најново и најсовремено превозно средство, авионите последни биле вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен “Скопје”, а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба “Аеродром”. Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 год. Авионот бил од типот “Потез-29”, а превезувал 5 патници. [1]



12.14. Аеродромската зграда на аеродромот “Скопје”, МГС



Во 1929 год. била воспоставена авионска линија Солун- Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда во време. Авионите поаѓале од Скопје во 7ч. наутро, па патниците кои од Солун доаѓале во 5,45ч. можеле да продолжат за Белград. Во Белград на патниците им бил овозможен престој од 6 часа. До аеродромот “Скопје” сообраќало посебно возило кое тргнувало од пред кафеаната “Маргер” во 6,15 наутро. Билетот за превоз од аеродромот бил бесплатен, бидејќи тој бил пресметан во авионскиот билет. Билетот се купувала во Француско-српската банка или во агенцијата на аеродромот. За релацијата Скопје-Белград билетот чинел 450 динари, а повратниот кој важел 3 дена, 800 динари. Повластен билет можеле да користат државните чиновници, резервните офицери и офицерите. [2] Секој патник можел да понесе 15 кг багаж бесплатно. Во прво време, најголем број од патниците биле мажи.

На редовната линија Скопје-Белград сообраќало друштвото за авио-сообраќај “Аеропут”. Неговите пилоти биле многу вешти на што укажува и фактот дека немало авионски несреќи. Тоа биле пилотите Стрижевски, Јарошенк, инженер-конструктор Станисавлевиќ и др. [3]

Во 1930 год. била воспоставена линијата Скопје-Солун. Поради добрите резултати во 1934 год. од 1 мај 1935 год. се вовела секојдневна врска на оваа релација. Цената на билетот за оваа линија изнесувала 250 дин. [4]

Аеродромот во Скопје имал своја слава “Св. Илија” која ја прославувале секоја година на 2 август. На прославите присуствувале војската, цивилната власт и голем број граѓани. Во црковниот обред чинодејствувале свештеници од сите главни вери. [5]



12. 15. Авион на спортскиот аеродром, МГС



12.16. Покана од аеродромот “Скопје” до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија 1938 год.

Авионите биле од француско производство од типот Потез, кои поради ограничениот простор примале мал број патници и багаж.

Во 1931 година била пуштена линијата Скопје- Подгорица. [6]

Со цел да се привлече поголемо внимание и интерес кај населението за военото и цивилното воздухопловство, во Скопје бил формиран аероклуб “Наши крила”. Обласниот одбор на Аероклубот организирал аероденови на кои имало приредби и популарни предавања. Аероклубот имал 5000 членови, на чело со генерал Антониевиќ. На 9.05.1933 год. бил набавен авионот “Скопје”, а истата година, со средства собрани од предавањата и аеромитинзите, бил купен нов авион “Косово”. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. [7]

Како куриозитет старите Скопјани го паметат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени- пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 год. при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.

Во 1937 год. во договор со авионското друштво “Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот “Правда” од Белград. Авионот на “Аеропут” сообраќал секој ден, освен во недела. [8]

Од сето ова може да се изведе заклучок дека сообраќајот во Скопје меѓу двете светски војни достигнал револуционерен напредок, не толку во квантитет колку во застапеност на сите видови превозни средства.
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
User avatar
 
Posts: 8007
Joined: 26 Oct 2007, 20:16

Re: Авијацијата Во Македонија

Postby Falcon » 12 Mar 2013, 14:31

Имаше слики што беа објавени со приказнава?
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 808
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia

Re: Авијацијата Во Македонија

Postby alvarhanso » 24 Mar 2013, 22:57

Кога полетал првиот авион од Скопје

Скоп­ски­от аеродром е прогласен за најдобар во Европа за 2012 година. Тоа ми да­де идеја да се навратам на интересната тема - кога од Скопје полетал првиот ави­он? Скопје ја имал честа да биде меѓу првите градови кај нас од почетокот на 20 век од каде што полетувале првите авиони од военото и цивилното воз­ду­хоп­лов­ство. За тоа постојат податоци, кои се малку познати. Имено, на 27 ноември 1912 го­ди­на се случило вистинско чудо.

Од тогашниот Скопски аеродром полетал пр­ви­от, и тогаш единствен воен авион од марката "дукс", произведен во Москва. При­каз­на­та околу тоа прво полетување е многу куриозитетна. Авионот, спакуван во де­ло­ви, бил донесен од Русија, најпрвин во Белград, а потоа во Скопје. По многуте пер­и­пе­тии, првиот лет го направиле двајца домашни пилоти, обучени во Франција. Ле­тот бил само над Скопскиот аеродром. На првиот лет присуствувале многу скоп­ја­ни, меѓу кои и претседателот на Општината Спиро Хаџи Ристиќ, кој одржал при­го­ден говор. Утредента, на 28 ноември, рускиот пилот Агафонов направил вис­тин­ска сензација. Тој го надлетал цело Скопје, на височина од 1200 метри, пре­диз­ви­ку­вај­ќи вистинска бура од одушевување кај граѓаните.

Скоп­је многу брзо се вклучува и во авионскиот патнички сообраќај, кој во светот по­ин­тен­зив­но започнува да се развива кон средината на '20-тите години од ми­на­ти­от век. Пред да полета првиот патнички авион од Скопје, на иницијатива на ае­рок­лу­бот "Наши крила", се отвора првата домашна авиокомпанија "Аеропат". Тоа се случило во истата 1927 година кога Чарлс Линдберг го прелетал океанот. Таа ком­па­ни­ја ги купила првите патнички авиони од марката "потез 29", и била от­во­ре­на воздушна линија Белград - Загреб. Наскоро, а тоа за Скопје претставувало ис­клу­чи­те­лен настан, профункционирала и линијата Скопје -Белград. Тогаш од Скоп­је полетал и првиот патнички авион, на 27 мај 1928 година.
Се обидов да ги истражам сите тогашни записи и објави во печатот, во кои се от­кри­ва вистинско богатство од факти сврзани со патничкиот воздушен сообраќај кај нас, посебно со првиот лет. Цело Скопје било на нозе по повод тој свечен чин. Се ор­га­ни­зи­рал специјален превоз за граѓаните до Аеродромот. Во присуство на ви­со­ки политички, но и свештени лица, се извршило крштавање или осветување на пат­нич­ки­от аероплан од типот "потез 29". Како и аеродромската зграда, и тој бил на­ре­чен "Скопје". Еве што пишува во главниот запис: "Нашето прво друштво за воз­ду­шен сообраќај, со отворањето на оваа нова линија, која на најбрз можен начин ќе ги спои Скопје и Белград, направи акт од исклучителна важност. Летањето од Скоп­је до Белград за само 2 часа не е веќе бајка туку реалност, во која секој може да се увери. Воздушниот сообраќај ќе се одвива редовно, а станицата ќе биде на ов­деш­ни­от воен аеродром. За свеченото одбележување на оваа историска епоха ќе се изврши свечено крштавање на аеропланот во месноста Јурија. Пристапот на све­че­нос­та е дозволен за секој граѓанин. Посебно за младината. По свечениот чин на крштавањето, патничкиот авион ќе изведе 6 летови над Скопје. Во авионот мо­жат да се сместат 5 патници. Патниците првпат ќе видат еден луксузен патнички ави­он". Ова било пробно и свечено полетување, додека, официјално, првиот авион сле­тал и полетал од аеродромот на 15 јуни 1928 година. Некогашната Јурија била дел од денешната населба Аеродром. Специјално возило за до аеродромот, ги зе­ма­ло патниците од пред кафеаната "Маргер" на Плоштадот.

Ех, да се патува со авион, какво задоволство и какво доживување. Во еден запис од тоа време, духовито се вели: "Да појадуваш во Солун, да ручаш во Загреб, да ве­че­раш во Париз, и истата вечер да присуствуваш на претстава на Париската опе­ра". Аеродромот во Скопје наскоро станал и меѓународен. Во 1930 година, бри­тан­ско­то Кралство воздухопловство воспоставило врска меѓу Лондон и Индија. Сле­ту­ва­ње­то во Скопје било задолжително. Еве што се вели за тоа: "Од 13 април 1930 го­ди­на, друштвото за воздушен сообраќај 'Кралската авијација' ќе започне ави­он­ска служба меѓу Лондон и Индија. Авионите ќе слетуваат во Скопје и во двата прав­ца. Целиот пат од Лондон до Њу Делхи ќе трае 7 дена". И повторно еден ку­ри­о­зи­тет поврзан со Скопје. Патниците за Индија, слетувале во Скопје, а потоа со воз биле префрлувани до Солун. Оттука, со хидроплан до Египет, и понатаму до Ин­ди­ја. Може само да се замисли каква била егзотиката на ова патување. Град­ски­те власти во Скопје тогаш преземале генерално чистење и дотерување на гра­дот за странските гости и патници. Посебно бил реновиран патот кој водел до ае­род­ро­мот. За сето ова, и за нашите патници што патувале во странство, се грижел гос­по­ди­нот Сизар Хокинс. Ете, такви биле почетоците на воздушниот сообраќај. Во ед­на белешка, духовито се вели: "Патувајќи со авион, граѓаните ќе стават крај на за­бе­леш­ки­те кои постојано ги упатуваат до Општината поради лошата скопска кал­др­ма. Едноставно, не постои небесна калдрма, па летањето, барем прив­ре­ме­но, ќе нè спаси од комуналните проблеми".

пи­шу­ва Данило Коцевски
http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... F599477F48
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 24568
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje


Return to Историја на авијацијата / Aviation history

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest