Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
- BORG
- Капетан на А380
- Posts: 1328
- Joined: 15 Jul 2006, 23:09
- Location: YYZ Toronto -Mississauga ON
- Contact:
Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Во 1951 година била склучена разузнавачка сопогодба меѓу ФНРЈ и САД со која на Америте им е даден гланц нов Миг 15, штотуку купен од Советскиот Сојуз. Транспортот го извршиле американски шпиони, а на Русите им е кажно дека авионот паднал
Во почетокот на 1951 година тогашните југосовенски власти и испорачале на американската тајна служба еден советски јуришен авион Миг 15, со што засекогаш го смениле текот на историјата. Ова тврдење во својата книга Глушечка дупка која треба да се држи на око" го изнесува Кулман Амстројнг Мехта, магистер по историја на Универзитетот Сверна Каролина. Користејќи материјал од кој неодамна е симната ознаката Строго доверливо", и серија разговори со шефот на ЦИА во Белград од 1948 до 1951 година, Мехта го следи развојот на односите Југославија - САД, а пред се нивните разузнавачки служби.
Тој наведува дека во ноември 1951 година Френк Визнер, шеф на Одделот за тајни операции на ЦИА, почува преговори со Владимир Велебит, југословенски заменик-министер за надворешна трговија, за можноста склучување разузнавачка спогодба меѓу двете земји. Велебит е избран како најсоодветна личност, бидејќи од сите во Титовата власт бил најпрозападно ориентиран. Кога бил склучен договорот, не поминало ниту една недела, а Југославија на Американците им го понудила најновиот, штотуку купен, авион Миг 15, за кој Америте биле заинтересирани и кој се покажал како клучен во корејската војна.
Планот бил веднаш скован, па Југославија на Советите им соопштила дека мигот се урнал, дека неповратно е оштетен, па затоа и одбиле Русите да испратат екипа разузнавачи и стручњаци за да го утврдат тоа. Но, авионот требало да се транспортира во САД, што властите на ФНРЈ не сакале и не можеле да го направат, па предложиле тоа да ги изврши шефот на ЦИА во Белград.
Ме разбудија среде ноќ и ми понудија целосно нов авион да го транспортирам во САД. Петмина наши оперативци итно допатуваа во Беград, го расклопивме авинот на делови и така го префрливме во Америка... Бевме во шок, бидејќи првпат добиме авион од овој тип кој може да лета" - тврди поранешниот агент на ЦИА во разговорот со авторот на книгата.
Во почетокот на педесеттите години на минатиот век Југославија стана стратешки значаен актер во Југоисточна Европа и служеше како клучна алка за одбрана на Медитеранот и Блискиот Исток. Според оценките на ЦИА Југославија беше една од ретките земји во Јужна Европа во која режимот не беше многу рестриктивен и во која постоеја релативни слободи за патување. Затоа таа стана центар за собирање разузнавачки податоци од целиот регион, па така од глушечка дупка скокна во категоријата земја со стратегиско значење и стана важна компонета во американската стратегија на студената војна.
Vecer

- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15402
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Курвање...
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
- Skopjeair
- H.M. MURDOCK
- Posts: 3197
- Joined: 12 Oct 2006, 10:23
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Затоа после тоа си правел како си сака!
I fly BELL 206 when I am sober!
- MaKoM
- Капетан на Concorde
- Posts: 4639
- Joined: 04 Aug 2006, 19:07
- Location: Strumica R. Makedonija
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Колку што ми е мене познато, во текот на војната во Кореа, Америка има објавено награда од 100 000 долари за оној пилот на северна Кореа кој ке пребега со авион МиГ-15 во Јужна или на било кој аеродром конторлиран од Американската војска ,Тие пари во тоа време биле вистинско богатство.Еден млад поручник пилот од Северот пребегува со чисто нов МиГ-15 кон крајот на војната (мислам војната се уште не е завршена,трае и до ден денешен, има само примирје подпишано ) ако не се лажам мислам дека се викаше Сок или Сојк. После тоа Сок добива УС државјанство и вработен во УС арми, така да имаат и инструктор и авион што работи, незнам каква улога имл Тито во сето оваа ама може има посредувано ( се зафркавам се разбира ) ...Сега кога ке размислам мислам дека има и еден бурагски МиГ-15 или беше МиГ-17 пребегано , и тоа во Италија,треба да се првери , како успеал да ја прелета цела бивша Ју и да слета во Италија, а мислам дека и еден полски МиГ-15 бега , ама после мислам дека е вратен, не ми замерувајте одаман немам утрвдено градиво за МиГ-15 и Кореа, пишувам напамет. а ме мрзи да барам по интернет.
ајде поздрав одам на работа ме чекаат пациенти , неможе по цел ден авиони да расправаме хехех ако ме чуе директорот

...shoveling shits up the hill...
- KVARK
- Политички комесар
- Posts: 3753
- Joined: 06 Aug 2006, 23:39
- Location: New Foxсиче!
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Мислам дека она за што со сигурност се знае дека му е испорачано на USAF од страна на Тито е оној пребегнат ЈАК-15 од Унгарија (или Романија). За МиГ-15, не сум сигурен.
Останете желни за знаење! Останете несериозни!
Стив Џобс
Стив Џобс
- Trpkovski Vladimir
- Капетан на SR-71 Blackbird
- Posts: 6103
- Joined: 17 Jan 2008, 19:22
- Location: Tetovo
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Поточно се работи за ЈАК-23.
МиГ-15 бил испитуван само во ВОЦ. Се знае и кој пилоти летале со двата авиона, и колку летале и што се испитувале, само што тоа не е интересно за сензационалистичките новинари, па мораат да прават сензација од нешто.

"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
- KVARK
- Политички комесар
- Posts: 3753
- Joined: 06 Aug 2006, 23:39
- Location: New Foxсиче!
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Точно!Trpkovski Vladimir wrote:Поточно се работи за ЈАК-23.
Останете желни за знаење! Останете несериозни!
Стив Џобс
Стив Џобс
- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 35462
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
им ја продал тајната,бреј ко да е конструктор на мигов па да им шитнал планови,ццц.Новинари све у ендек треба!
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
- apo_bullseye
- Капетан на А380
- Posts: 1695
- Joined: 26 Feb 2010, 13:53
- Location: Скопје
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Мислам дека веќе има некаде пишувано за овој настан...KVARK wrote:Точно!Trpkovski Vladimir wrote:Поточно се работи за ЈАК-23.
- Loaded_Dice
- Капетан на B747
- Posts: 1256
- Joined: 04 Aug 2006, 22:48
- Location: Skopje, MK
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
И не е нов купен, туку "по грешкa" слетан маѓарски МиГ-15 на батајница поради "дезориентација" . 1951 е време на кулминација на кризата со Сталин, така да нема шанси било каков авион да бил купен од советите, а камоли МиГ-15.
- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 35462
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Ова новинариве се дно дна.Каква тајна бре какви глупости.Ова ко да е ламба со дух или пештера со скриено азно па да ја продал Тито.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
- kocov
- Капетан на SR-71 Blackbird
- Posts: 8783
- Joined: 12 Jan 2008, 18:59
- Location: Republika Bitola
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
и јас сум на оваа мислам дека се работи за унгарски авион бидејки во 1948 југославија беше во тивка војна со сссрLoaded_Dice wrote:И не е нов купен, туку "по грешкa" слетан маѓарски МиГ-15 на батајница поради "дезориентација" . 1951 е време на кулминација на кризата со Сталин, така да нема шанси било каков авион да бил купен од советите, а камоли МиГ-15.
И миг-15 сериски почнува да се прави во септември 1948 а дури некаде после јануари 1949 се примени првите парчиња на миг-15 а во тој период веке ссср и фнрј веке се во лоши односи .Се изгледа се работи за некој пребеган миг-15 во југославија
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 35462
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
Re: Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!
Мислам дека е принудно слетан во југославија ради отказ.
kocov wrote:и јас сум на оваа мислам дека се работи за унгарски авион бидејки во 1948 југославија беше во тивка војна со сссрLoaded_Dice wrote:И не е нов купен, туку "по грешкa" слетан маѓарски МиГ-15 на батајница поради "дезориентација" . 1951 е време на кулминација на кризата со Сталин, така да нема шанси било каков авион да бил купен од советите, а камоли МиГ-15.
И миг-15 сериски почнува да се прави во септември 1948 а дури некаде после јануари 1949 се примени првите парчиња на миг-15 а во тој период веке ссср и фнрј веке се во лоши односи .Се изгледа се работи за некој пребеган миг-15 во југославија
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 17 guests