Парк аеродром

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.

Парк аеродром

Postby avijacijamk » 27 Jan 2011, 17:55

„АЕРОДРОМ“ – НОВ ПАРК СО ИМПРОВИЗИРАНА ПИСТА И АВИОН

27.01.2011 11:00



На денешната прес-конференција, 27.1.2011 година, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, соопшти дека е распишан тендер за изградба на нов голем зелен парк „Аеродром" покрај кејот на реката Вардар во Ново Лисиче во близина на мостот „Близнак".

Според проектот, паркот ќе се простира на 35.000 квадратни метри со богати содржини, меѓу кои 2 детски игралишта со лулашки, тобогани, клацкалки и други реквизити за игра, плато и бина за одржување разни манифестации, маси и клупи во зеленилото, клупи за седење по патеките, 5 чешми за пиење вода, голем број пешачки патеки, осветлување со канделабри низ целиот парк, канти за отпадоци и друга урбана опрема.

„Новиот парк очекуваме дека ќе донесе трикратен бенефит", изјави градоначалникот Коневски.

Прво, како што рече тој, граѓаните ќе добијат ново зелено катче за одмор и рекреација, а Аеродром уште еднаш ќе го потврди атрибутот на најзелена општина, што го носи поради фактот што во неа има 28 квадратни метри блоковско зеленило по глава на жител, во споредба со европскиот проектантски стандард од 8,5 квадратни метри по глава на жител.

Второ, со паркот ќе се облагороди овој со години наназад запуштен простор, ќе им се оневозможи на несовесните граѓани да го користат како дива депонија и ќе се спречат пожарите што повремено се случуваа поради сувата трева.

И трето, но не помалку важно, нашата општина конечно ќе добие препознатливо место и симбол што ќе асоцира на аеродром. А, тоа е школката од авион што ќе биде поставена во централниот дел на паркот на импровизирана осветлена писта во должина од стотина метри. Речиси сите знаат дека некогаш во овој реон постоел аеродром, а и општината денеска го носи токму тоа име, од каде што, всушност, потекна и идејата за изградба на ваков симболичен парк.

Инаку, зеленило ќе се наводнува со автоматски систем за наводнување, а кон паркот ќе се пристапува преку 6 влеза, односно 2 од страната на булеварот „АСНОМ", а 4 од велосипедската патека на кејот. За посетителите на ова несекојдневно катче, пак, ќе се изгради и паркиралиште.

http://www.aerodrom.gov.mk/novosti-zhivot.213/items/aerodrom-nov-park-so-improvizirana-pista-i-avion.html
Премногу анализа доведува до парализа!!!
http://www.avijacija.com.mk
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 12:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia

Re: Парк аеродром

Postby alvarhanso » 28 Jan 2011, 13:16

avijacijamk wrote:....ќе добие препознатливо место и симбол што ќе асоцира на аеродром. А, тоа е школката од авион што ќе биде поставена во централниот дел на паркот на импровизирана осветлена писта во должина од стотина метри.


Хмммм.... баш ме копка од што авион ќе биде "школката"?
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
Online
 
Posts: 25416
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Re: Парк аеродром

Postby dragan_mig31 » 28 Jan 2011, 15:09

ја навијам за су-25 :) али осеќам дека ми-24 204 коначно ќе иде на пиедестал како што е планирано за него уште пре многу години.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 21444
Joined: 04 Aug 2006, 13:01
Location: Југославија

Re: Парк аеродром

Postby Loaded_Dice » 28 Jan 2011, 15:46

Баш сакав и јас да прашам дали некој има додатни информации кој авион ќе биде поставен таму ? Со оглед што пишува авион мислам дека нема да биде хеликоптер, а за Су-25 сеуште не е решена нивната судбина дефинитивно така да не ми се верува, настрана од тоа ужасно лошо изгледаат. Претпоставувам дека F-86D би имало најголема веројатност, ама незнам во каква состојба се тие во касарна Илинден :?: . Можеби ќе купат некој поочуван експонат од странство ама тоа нема логика . И покрај тоа што сум фан на воени авиони мислам дека наједакватно би било да биде некој цивилен авион да речеме некој DC-3 или Утва-66, тој аеродром никогаш не бил користен за млазна авијација, а експонат од WWII тешко дека ќе се најде очуван за ефтини пари ...
Loaded_Dice
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 1114
Joined: 04 Aug 2006, 21:48
Location: Skopje, MK

Re: Парк аеродром

Postby Loaded_Dice » 28 Jan 2011, 15:51

А не би ме изненадило ако школката од авион биде нов споменик, дело на некој од нашите талентирани скулптори. Дури тогаш ќе може само да нагаѓаме на кој тип ќе личи :D
Loaded_Dice
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 1114
Joined: 04 Aug 2006, 21:48
Location: Skopje, MK

Re: Парк аеродром

Postby alvarhanso » 28 Jan 2011, 16:23

Што и да стават... ќе трае недела-две пред да го исфарбаат со политички пароли и слични глупости.
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
Online
 
Posts: 25416
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Re: Парк аеродром

Postby apo_bullseye » 28 Jan 2011, 18:06

alvarhanso wrote:Што и да стават... ќе трае недела-две пред да го исфарбаат со политички пароли и слични глупости.

Поверојатно е да го покрадат за старо железо :P
apo_bullseye
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 1695
Joined: 26 Feb 2010, 13:53
Location: Скопје

Re: Парк аеродром

Postby Loaded_Dice » 28 Jan 2011, 18:58

Богами, ќе треба обезбедување 24/7 да се плаќа за таков 'споменик', ама може да го стават на доста повисок постамент и да биде ограден со некоја ограда
Loaded_Dice
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 1114
Joined: 04 Aug 2006, 21:48
Location: Skopje, MK

Re: Парк аеродром

Postby IgorMKD » 28 Jan 2011, 23:14

Loaded_Dice wrote:Баш сакав и јас да прашам дали некој има додатни информации кој авион ќе биде поставен таму ? Со оглед што пишува авион мислам дека нема да биде хеликоптер, а за Су-25 сеуште не е решена нивната судбина дефинитивно така да не ми се верува, настрана од тоа ужасно лошо изгледаат. Претпоставувам дека F-86D би имало најголема веројатност, ама незнам во каква состојба се тие во касарна Илинден :?: . Можеби ќе купат некој поочуван експонат од странство ама тоа нема логика . И покрај тоа што сум фан на воени авиони мислам дека наједакватно би било да биде некој цивилен авион да речеме некој DC-3 или Утва-66, тој аеродром никогаш не бил користен за млазна авијација, а експонат од WWII тешко дека ќе се најде очуван за ефтини пари ...


Судбината на Су-25 не да е решена... Јас радо би ја ставил "спарката" таму на старт од пистата а десно од него едносед као на стајанка. Другите два, како што веќе сум кажал, би ги донирал на музејот на АРМ на Кале и еден обавезно на локалните власти во Радуша.
"Igor, dojde vreme skoloto da e posledna sansa za onie koi nemaat nikakov drug talent ;)".
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15301
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Re: Парк аеродром

Postby AlexGreat » 29 Jan 2011, 06:03

IgorMKD wrote:
Loaded_Dice wrote:Баш сакав и јас да прашам дали некој има додатни информации кој авион ќе биде поставен таму ? Со оглед што пишува авион мислам дека нема да биде хеликоптер, а за Су-25 сеуште не е решена нивната судбина дефинитивно така да не ми се верува, настрана од тоа ужасно лошо изгледаат. Претпоставувам дека F-86D би имало најголема веројатност, ама незнам во каква состојба се тие во касарна Илинден :?: . Можеби ќе купат некој поочуван експонат од странство ама тоа нема логика . И покрај тоа што сум фан на воени авиони мислам дека наједакватно би било да биде некој цивилен авион да речеме некој DC-3 или Утва-66, тој аеродром никогаш не бил користен за млазна авијација, а експонат од WWII тешко дека ќе се најде очуван за ефтини пари ...


Судбината на Су-25 не да е решена... Јас радо би ја ставил "спарката" таму на старт од пистата а десно од него едносед као на стајанка. Другите два, како што веќе сум кажал, би ги донирал на музејот на АРМ на Кале и еден обавезно на локалните власти во Радуша.
:twisted: :twisted: :twisted: со една парола... „Sjecanje mi tugu nosi...„ :vojnik_wink:
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
User avatar
 
Posts: 9172
Joined: 05 Mar 2009, 22:18

ПСС во општина Аеродром

Postby KVARK » 29 Jan 2011, 11:02

http://vest.com.mk/?ItemID=EA017B7798E3 ... 34DE13D92A

Можеби една 25-ка ќе заврши на постамент?
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
User avatar
 
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 22:39
Location: New Foxсиче!

Re: Парк аеродром

Postby dragan_mig31 » 29 Jan 2011, 14:31

ја би ставил електрична ограда + позорникари и кучиња па кој припари со прачка по рука и нога.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 21444
Joined: 04 Aug 2006, 13:01
Location: Југославија

Re: ПСС во општина Аеродром

Postby dragan_mig31 » 29 Jan 2011, 14:33

KVARK wrote:http://vest.com.mk/?ItemID=EA017B7798E33B4BA4973534DE13D92A

Можеби една 25-ка ќе заврши на постамент?



тек сега го прочитав.ова е или ми-24ка 204 или е су-25.трето нема.само ова мора да биде на постамент минимум 5 -10 метра од земја пошто стокава лом ќе го направи.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 21444
Joined: 04 Aug 2006, 13:01
Location: Југославија

Re: Парк аеродром

Postby Trpkovski Vladimir » 29 Jan 2011, 14:57

Драган, зошто мислиш дека ќе биде Ми-24 или Су-25 ??
Па и олупините по касарните се во сопственост на АРМ. Имавме некаде тема каде што колуку се сеќавам колегата СкопјеАир кажуваше дека преговара со градоначалникот за средување на еден парк, и поставување на авион во тој парк. Ми се чини дека темата беше од 2008 година, ама никако да ја најдам.
Last edited by Trpkovski Vladimir on 29 Jan 2011, 15:11, edited 1 time in total.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"

Paluba Info - Forum o naoružanju i vojsci...
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
User avatar
 
Posts: 5541
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo

Re: Парк аеродром

Postby Skopjeair » 29 Jan 2011, 15:07

А да ја остават пистата без авион да можат бар Анушки да слетуваат кога прскаат! :)
I fly BELL 206 when I am sober!
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
User avatar
 
Posts: 3184
Joined: 12 Oct 2006, 09:23

Re: Парк аеродром

Postby Trpkovski Vladimir » 29 Jan 2011, 15:27

Го најдов постот, сепак бил на АвијацијаМК од 2006 година. :)
Еве каде тој им предлага на опшитна Аеродром да направат парк со авиони во него. viewtopic.php?p=5316#p5316 Можеби сега ја рециклираат неговата идеја. ;)
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"

Paluba Info - Forum o naoružanju i vojsci...
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
User avatar
 
Posts: 5541
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo

Re: Парк аеродром

Postby dragan_mig31 » 29 Jan 2011, 15:51

пологично ми е дека е су-25 или ми-24 пошто е тоа 10 пати поедноставно и поефтино за средување од тие олупините по касарните на кои им фалат могу делови оплати поклопци и слично.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 21444
Joined: 04 Aug 2006, 13:01
Location: Југославија

Re: Парк аеродром

Postby Loaded_Dice » 30 Jan 2011, 19:22

Не би претпоставувал било што, ама предосеќам дека нема да биде експонатот виситински авион него ќе направат некаква си макета-споменик на квази авион, се разбира тој што ќе ја дизајнира сигурно ќе лапне добра паричка, а на што ќе изгледа крајниот резултат може да се претпостави :D
Loaded_Dice
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 1114
Joined: 04 Aug 2006, 21:48
Location: Skopje, MK

Re: Парк аеродром

Postby KVARK » 30 Jan 2011, 22:54

Loaded_Dice wrote:Не би претпоставувал било што, ама предосеќам дека нема да биде експонатот виситински авион него ќе направат некаква си макета-споменик на квази авион, се разбира тој што ќе ја дизајнира сигурно ќе лапне добра паричка, а на што ќе изгледа крајниот резултат може да се претпостави :D



Ќе излеат еден Пегас од бронза во Фиренца! :evil:
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
User avatar
 
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 22:39
Location: New Foxсиче!

Re: Парк аеродром

Postby IgorMKD » 31 Jan 2011, 05:14

KVARK wrote:
Loaded_Dice wrote:Не би претпоставувал било што, ама предосеќам дека нема да биде експонатот виситински авион него ќе направат некаква си макета-споменик на квази авион, се разбира тој што ќе ја дизајнира сигурно ќе лапне добра паричка, а на што ќе изгледа крајниот резултат може да се претпостави :D



Ќе излеат еден Пегас од бронза во Фиренца! :evil:


:bravo: :bravo: :bravo:
"Igor, dojde vreme skoloto da e posledna sansa za onie koi nemaat nikakov drug talent ;)".
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
User avatar
 
Posts: 15301
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје

Next

Return to Историја на авијацијата / Aviation history

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest