Парк аеродром

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
Post Reply
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 6112
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by Trpkovski Vladimir »

Makedon wrote:
A зошто да има југословенски ознаки??? Што толку сте запнале југославија па југославија, за Драган јасно ми е веќе. Точно дека летал под југословенски ознаки, ама зашто мора да има такви ознаки сега!? денес!? 20 години после таа држава, од која за влакно се извлековме а да не бевме наново тепани и делени и сами сте свесни!!!
Истата таа држава која требаше да ни остави авиони и хелихоптери како наш дел во ЈРВ и ПВО!!!
Немам ама баш никакви симпатии спрема таа бивша држава, а особено од кога на нејзино чело застана С.М. подржан од идиотон Шешељ, и тоа е причината Владо и Драган зашто не сакам да има југословенски ознаки.
Се надевам ви појаснив.
Колку години ти си живеел во бившата ни држава ????

Твоите и моите желби немаат врска со историјата, и јас би сакал Александар Македонски да не починел на 30 годишна возраст и да ја покорил Африка, или пак Самуил да не го фатиле со спуштени гаќи и да го вател во заседа Василие, ама историјата си е историја и неможе да се менува.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Парк аеродром

Post by kocov »

Според мене оргиналноста на леталото не се постигна поради политички причини, сега замислете си да советниците од општина аеродром или незнам кој таму одлучуваше за споменикот со авион да неговиот татко да бил осудуван за Македонија и да бил ставен во затвор во Голи Оток, и тој таму да умрел и сега тоа дете кога израснал и си оформил како возрасна личност тој мразел се што е повразно со Југолславија иако ЈРВ не било воопшто крива, била крива УДБА но ЈРВ е поврзана со Југославија и тие или тој мрази се што е повразно со СФРЈ, ете тој е проблемотшто се исполитизирано во оваа држава од почетокот но да бидиме благодарни и за оваа што се постигна со паркот.
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by Scylla »

Кога ќе размислите подобро и покрај тоа што е невидена шабанска изведба, 99% од народов нема да примети ни резервоари, бои, шеми, ознаки....Во било каква изведба (макар и од 100% сочуван и функционален авион да се стави таму) ќе биде исто за обичниот народ, виделе споменик на авион и толку. Така што, тој што го правел го имал ова на ум па не удирал кусури за бои, ознаки....
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 35572
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by dragan_mig31 »

Да али кога ќе види некој странец или некој општо ентузијаст одма ќе го провали па ќе следат негативни коментари а тоа не иде у прилог за развој на ваздухопловство и сачувавање историја.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33403
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by alvarhanso »

Scylla wrote:Кога ќе размислите подобро и покрај тоа што е невидена шабанска изведба, 99% од народов нема да примети ни резервоари, бои, шеми, ознаки....Во било каква изведба (макар и од 100% сочуван и функционален авион да се стави таму) ќе биде исто за обичниот народ, виделе споменик на макеонски авион и толку. Така што, тој што го правел го имал ова на ум па не удирал кусури за бои, ознаки....
Точно, но јас велам кога веќе не прави народот разлика... барем да се направи како што треба, за да оние кој се разбираат и прават разлика го ценат повеќе и се гордеат. :)
User avatar
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 16:44
Location: Skopje
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by firefox »

kocov wrote:Според мене оргиналноста на леталото не се постигна поради политички причини, сега замислете си да советниците од општина аеродром или незнам кој таму одлучуваше за споменикот со авион да неговиот татко да бил осудуван за Македонија и да бил ставен во затвор во Голи Оток, и тој таму да умрел и сега тоа дете кога израснал и си оформил како возрасна личност тој мразел се што е повразно со Југолславија иако ЈРВ не било воопшто крива, била крива УДБА но ЈРВ е поврзана со Југославија и тие или тој мрази се што е повразно со СФРЈ, ете тој е проблемотшто се исполитизирано во оваа држава од почетокот но да бидиме благодарни и за оваа што се постигна со паркот.
Друже, дали нечиј татко или дедо "туцал камен" негде заради неподобни дејствија и контрареволуционерни идеи во времето на "Братството и Единството" е апсолутно ирелевантно во однос на одлуките за поставување на вакви експонати! Личните желби и чувства нека си ги чува за дома, ова е од општествено значење, а не е наменето за поединци! Каде ги ставаш илијадниците дедовци - Македонци што животот го дале за идејата на Југословенството, дедовци кои и ден-денес многу повеќе ги има на телевизија и јавно негодуваат што историјата на НОВ во Македонија упорно некој ја девалвира и никој не ги есапи 2%, а поедици и случаи што можат на прсти да се бројат се пумпаат божем овој народ живеел како роб 50-60 години под знамето на СФРЈ. На телевизиите изгледа само џабе "лаат" и праќаат апели за се поголем број скрнавени и уништени споменици и паметници на жртвите од НОВ, сето тоа не само што очигледно нашиве моментални великани не го перцепираат туку намерно не го санкционираат ниту критикуваат! Сте чуле повик од компанијата на власт за реставрирање и поголема грижа за тие споменици - не, нема ни да чуете, целта е времето да си го направи своето, да останат празни заборавени постаменти и голи ѕидови кои така полесно ќе се отстранат, пренаменат и заборават дека воопшто постоеле. Не сакам нашите актуелни сопственици на власта да го прават она што Грците ни го прават нам преку својата пропаганда, само што ова во фудбалски жаргон се вика автопропаганда. Ама никој очигледно не е имун на тоа! Така еден народ не само што си ја осиромашува историјата туку ја карикатуризира и има дупки во развојот, а бидејќи народот е еден организам кој се раѓа, расте, учи итн. кога тој организам ќе има дупки во развојот ништо друго неможе да се очекува освен да се соочиме со општествена ретардација и поколенија кои толку ќе ја дегенерираат својата самопочит и себеспознавање што неминовно води до застранување и лесно проституирање на националното битие кое како такво ќе може да опстои само ако се припои или подложи на влијанието токму на оние од кои најмногу всушност денес треба да се плашиме, а нив ги сметаме за најблиски!
Ако јас (да не ме разбере погрешно колегата "Македон") себеси ќе се удирам во гради за тоа колкав Македонец сум, ќе истетовирам Сонце на Вергина на челото и ќе пцујам се Српско, Грчко, Бугарско, Албанско, комунистичко, клето Турско и незнам ти што све не значи дека навистина сум Македонец за почит, во 2001-та тие и таквите први спраштија од Македонија, а јас како сведок лично зе засрамив од масата големи и грлати Македонци кои урлаа на цел глас пред полициската станица во Ѓорче Петров за да им се даде оружје за наводно да ја бранеле својата татковина, ама кога им се обрати службеникот дека се потребни доброволци и дека дестинацијата е Арачиново, за 2 минути пред полицијата останаа десетина збунети кои сигурен сум се прашуваа каде во миг исчезна Македонштината, од што се упаши! Несакам во наредните години некој да не прекрсти, девалвира, кантонизира, федерализира и сл, ама ако недај боже тоа се случи, одговорноста нема да ја понесат соседите и историјата туку оние кои ја управуваат Македонија како самостојна држава!
Ете затоа авионот во Аеродром ќе беше подобро да не носи никаква ознака, да биде еднобоен и да нема никаква допирна точка со нацијата и државата туку да биде само обична скулптура на авион!
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Парк аеродром

Post by kocov »

Види вака фаирфох мојот дедо се борел за елас потоа во егејската бриграда, која го ослободувала тетово, гостивар, додека другиот мој дедо бил од крајот на 1944 до 1948 во составот на јна( тогаш ЈА) и учествуал во борбите на сремскиот фронт, но и двата беа разочарни од југословенството и двата се бореја за независна македонија но кога почнаја чистките порано беше да си гледаш работата. Имаш право кога напиша затоа и јас напишав за тоа кога личните омрази се ставија еве во изградбата на овој споменик, како што напишав погоре воопошто не беше криво ЈРВ тие на никој не му го собраја татко му вчерта но омразата е многу опасна работа. Кога сме кај жртвите од КПЈ беа големи само за пример да се сетиме на гробницата што е најдено во Велес, потоа да не се заборават гробниците на Бил бил камен во Битола, и тие луге не треба да се заборават кој навистина се бореја за Македонија на пример братму на Никола Карев е мачен и затворан од таткото на еден денешен висок функцонер во собранието, кој член на владејчката партија но како што се вели секогаш волкот си го менуват влакното но не и табиеот,и извините ако ги прекршив правилата на форумот со оваа оваа мое размислување.
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 9670
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by Bobo »

За мене,на авионот не треба да му се ставаат ознаки на било која држава туку веќе ако ставаат нека бидат на некоја од државите каде што бил во служба(било која немора србија)
Вака изгледа смешно!МКД 001 и тоа на лошо место ставени,мене ми боде во очи и не ми е убаво.Кога веќе се прави нешто нека биде професионално,а не само колку да има споменик!Смешно е,ко на моја кола ставам било какво обележје од африка (таблица,лепенка,знаме незнам било што што ке ја симболизира африка) а никад у живот неам стапнато таму ни ја ни па моја кола...така да големо FAIL имаат од мене!
Ready to take photos!
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 35572
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by dragan_mig31 »

Српски ознаки никад немаше ни да има него ќе имаше Југословенски кои се автентични у било која смисла на зборот.Можеше амерички или канадски али кој да чуе.Ова ни коа го праат WHAT IF не го напраја како треба.ЕПИК ФЕЈЛ

Image
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 16:44
Location: Skopje
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by firefox »

kocov wrote:Кога сме кај жртвите од КПЈ беа големи само за пример да се сетиме на гробницата што е најдено во Велес, потоа да не се заборават гробниците на Бил бил камен во Битола, и тие луге не треба да се заборават кој навистина се бореја за Македонија на пример братму на Никола Карев е мачен и затворан од таткото на еден денешен висок функцонер во собранието, кој член на владејчката партија но како што се вели секогаш волкот си го менуват влакното но не и табиеот,и извините ако ги прекршив правилата на форумот со оваа оваа мое размислување.
Значи, за жртвите од комунизмот - како што вели делот на името на нашиот најактуелен музеј во проектот Скопје 2014, можеби треба да се отвори нова тема (ако ја има се извинувам), ама "на кратко" - во секоја од новонастанатите држави кои влегле во составот на тогашна ФНРЈ по Втората светска војна постоеле националистички линии (оние кои сметале дека треба да имаат самостојни независни држави) и тие како такви не беа спорни ама крајно опасни самите по себе - да некажам крајно опасни по своите народи, само мнозинството авангардни ликови во времето на формирањето на проектот Југославија, кои ги имало од сите етноси и националности сфатиле дека единствен можен начин да се опстане и остане доволно самостоен и независен е да се збратимат и во името на Јужнословенската идеологија формираат творба во која сите ќе си бидат на своето, а не делови од планетава со кои ќе се поткусуруваат истокот и западот! Тоа на штета на националистичките движења и се оствари и опстојуваше добри 50-тина години се додека црвот на корумпираноста, а не националното битие кое беше само параван и храна за широките народни маси не го разјаде ткивото. Тоа го искористија токму националистите од сите нации на таа СФРЈ и токму тие ги предизвикаа страдањата на останатото население - страдањето на своите народи на кои тоа им беше страно и непоимливо и како што сега ние сме современици на тие збиднувања сме исто така неми сведоци на она што ќе се случеше помалку или повеќе пред 50-тина години, само што ако случајно се десеше реално само 2 народа - Србите и Хрватите (3 евентуално со Црногорците) ќе имаа свои држави, останатото ќе беше дел од Албаниа, дел од Србија, дел од Хрватска, дел од Грција, дел од Бугарија, Романија, Унгарија, Италија и Австрија, односно дел од се останато наоколу. Ја има негде тука Македонија - не, немаше ни да ја има, да не беа оние што ги предизвикаа жртвите од комунизмот ..... понатаму е небитно да се пишува.....
Авионот ваков каков што е, е само фикција, нечија илузија и тотална неукост. На остатокот од светот - барем оној што се разбира во ова ќе биде и остане скулптура на авион и ништо друго, затоа што реално и нема што да каже авионот ваков каков што е, нема порака, ШТЕТА!
Ако администраторите сметаат дека делови од моите две видувања се небитни и опширни и излегуваат од контекстот на насловот слободно нека ги избришат, за оние кои се доволно свесни ќе имаат значење, а за останатите и така е небитно!
П.С. @Кочов, жал ми е страдањата на твоите дедовци, не биле едини, ама се надевам дека мудро избрале, во животот сите ние избираме страни - петка или глава, таков ти е животот и ден денес ништо поразличен!
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 9670
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by Bobo »

firefox wrote:

Абе дај не го трујте топиков!
Ready to take photos!
User avatar
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 16:44
Location: Skopje
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by firefox »

За топиков и нема што да се пишува ако не се излезе од неговите рамки, ако останевме во нив ќе завршеше после 5-тиот "reply". На пример што би додал ти повеќе ако воопшто има што да се додаде, а не е веќе кажано, притоа да не излезеш од рамките на топикот!?
Според мене лаеле ние или не, за или против, авионот е поставен, само што веќе како експонат на себе не носи ништо, па дури ниту историската вредност што ја поседуваше во состојба каков што беше пред да го донесат од Куманово - Тип, Верзија, Сериски Број, Единица во која учествувал, Каде е произведен, од каде е донесен, Национална ознака на реално постоечко или ВВ кое постоело, камуфлажа, ..... се во едно авионов на себе веќе нема ниту трошка од своето минато! Личи на Т-33, а не е, некои велат дека бил ТВ-2, сега нема начин тоа да се потврди....итн,итн
Затоа за мене тој сега во ваква форма е само скулптура на постамент поставена во парк во населбата Аеродром!
Треба да се напише нешто повеќе?, јас незнам повеќе, ако има некој повеќе со мерак ќе го читам!
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15403
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by IgorMKD »

Сепак треба да го идентификуваме!
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33403
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by alvarhanso »

Шанкови на пистата во Аеродром

Во новиот парк Јане Сандански со импровизирана авионска писта и школка од авион што општина Аеродром го гради кај мостот Близнак, ќе се постават два покриени шанка со летни тераси. Шанковите кои ќе бидат како кафулиња, општината ќе ги издава, а месечната рента ќе се одреди на лицитација, со почетна цена од 100 евра.

- Предвидено е шанковите да бидат како кафулиња за посетителите. Ќе бидат монтажни со тврда градба, фасадни ѕидови, опремени со тоалети. Шанковите ќе се користат за послужување пијалоци. Се очекува да профункционираат штом ќе завршат градежните активности и откако ќе заврши процедурата со лицитација. Тогаш ќе може да се посочат и деталите - велат од општина Аеродром.
Покрај градежните активности, се привршува и со хортикултурното уредување на паркот на површина од 35.000 метри квадратни, со авионот и пистата што би требало да го симболизира времето кога во населбата функционирал воениот аеродром.

Во паркот ќе се изградат и две детски игралишта, тобогани, клацкалки, паркиралиште, плато и бина за одржување на манифестации. Кон него ќе се пристапува од шест влезови, два од страна на булеварот АСНОМ и четири од велосипедската патека на кејот.
http://www.plusinfo.mk/vest/17740/Shank ... -Aerodrom-" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
apo_bullseye
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1695
Joined: 26 Feb 2010, 13:53
Location: Скопје
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by apo_bullseye »

alvarhanso wrote:Шанкови на пистата во Аеродром

Во новиот парк Јане Сандански со импровизирана авионска писта и школка од авион што општина Аеродром го гради кај мостот Близнак, ќе се постават два покриени шанка со летни тераси. Шанковите кои ќе бидат како кафулиња, општината ќе ги издава, а месечната рента ќе се одреди на лицитација, со почетна цена од 100 евра.

- Предвидено е шанковите да бидат како кафулиња за посетителите. Ќе бидат монтажни со тврда градба, фасадни ѕидови, опремени со тоалети. Шанковите ќе се користат за послужување пијалоци. Се очекува да профункционираат штом ќе завршат градежните активности и откако ќе заврши процедурата со лицитација. Тогаш ќе може да се посочат и деталите - велат од општина Аеродром.
Покрај градежните активности, се привршува и со хортикултурното уредување на паркот на површина од 35.000 метри квадратни, со авионот и пистата што би требало да го симболизира времето кога во населбата функционирал воениот аеродром.

Во паркот ќе се изградат и две детски игралишта, тобогани, клацкалки, паркиралиште, плато и бина за одржување на манифестации. Кон него ќе се пристапува од шест влезови, два од страна на булеварот АСНОМ и четири од велосипедската патека на кејот.
http://www.plusinfo.mk/vest/17740/Shank ... -Aerodrom-" onclick="window.open(this.href);return false;
Ќе пиеме нафта (керозин) :D :D :D :D
User avatar
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5835
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by Canemakedonski »

Значи нема споменик на авион, туку шанк со интересна декорација :evil:
User avatar
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 23:39
Location: New Foxсиче!
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by KVARK »

Како што реков и претходно, идејата е добра и околниот простор добро се уредува. Има две главни патеки, во чија средина е постаментот со (не)среќново авионче и истите се обележани како аеродромска писта. Од страните има серија на светло сини светилки што ноќе дава многу интересен ефект, како навистина да е ПСС во прашање.
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
User avatar
Avijaticar
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1870
Joined: 08 Aug 2007, 01:21
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by Avijaticar »

Image
Image
build.mk
User avatar
Христијан
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 2749
Joined: 16 Sep 2009, 23:14
Location: Република Македонија
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by Христијан »

Изгледа одлично.
The only easy day, was yesterday!
User avatar
kiko737
Падобранец
Падобранец
Posts: 29
Joined: 23 Aug 2011, 00:46
Location: Bitola
Contact:

Re: Парк аеродром

Post by kiko737 »

Ексклузивно видео: Авион „слета“ во општина Аеродром

http://www.time.mk/read/451fb996cd/82fd ... index.html" onclick="window.open(this.href);return false;
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 4 guests