Пилотска плата

Пилотски муабети и случувања.
Pilot's talks and events.

Re: Пилотска плата

Postby karamba » 16 Jun 2018, 19:45

Браос Александар за успехот. Ете така во кратки црти објасни што и како си поминал ти па нека читаат понатаму и помладите од тебе, а ти немој да се праиш сега мангуп голем бидејќи си пилот и да не читаш тука на форумот наш :) :wink: Од време на време ќе си кликнеш тука и ќе видиш да не му треба на некој потенцијален колега твој некој инструкција.

Се најдобро уште еднаш
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
User avatar
 
Posts: 10714
Joined: 26 Jun 2009, 22:07
Location: Skopje,R.Makedonija

Re: Пилотска плата

Postby Марко СВ.Н. » 16 Jun 2018, 20:38

Pilot4e wrote:Почнав 2012 во Ваљево Србија школата случајно ја најдов на интернет и отидов лично да се распрашам.Таму завршив PPL и потоа се префрлив во Белград и продолжив со обуката за професионална дозвола.Луѓето премногу ми помогнаја, а и беа задоволни од моето напредување во летањето.Кога ќе ги соберам месеците за обука мислам дека за 3 години се завршува ако имаш финанси. PPL обуката(50ч) ми траеше 3 месеци потоа берев сати (100ч) морав да имам вкупно 150 за да продолжам за професионална дозвола. Кога го завршив тоа се запишав на ATPL теорија која трае 6 до 9 месеци. После тоа предавање се полгат 14 испити во директоратот за цивилно воздухопловство Србија. Тука мора многу учење и знаење.Јас по цели денови од сабајле до вечер морав да учам за да ги положам бидејќи има премногу прашања и се е на англиски и ако некој испит 4 пати го падниш се ти пропаѓа почнуваш од почеток а мораш минимум 75% да одговориш.Бара доста брзина и концентрација на испити. После тоа започнав обука за IFR/SE инструментално летање за едномоторен авион. Тука имаше летање на симулатор и авион вкупно 50ч. После тоа следи обука за CPL дозвола,тоа беа некои вежби VFR a кога го завршив и тоа упишав MEP multi engine piston кој трае 6.5ч летање и на крај полагав на двомоторен авион. Пред да почниш да полагаш IFR/SE мораш да завршиш 5ч NQ ноќно летање.Тоа е нај убаво нешто во цело мое летање што сум го поминал.

Исто така пред сето ова мораш да имаш лекарско уверение класа 1 и сертификат за англиски јазик минимум ниво 4.

Јас од сета моја обука сега имам CPL dozvola so MEP,SEP, IFR/SE, ATPL theory credit i English level 4.

Оваа година планирам да завршам MEP/IR кое трае 5ч преобука,MCC i JOC.

Кога ќе ги имам и овие со 300ч total time искуство летање исполнувам услови за аплицирање во wizz air а и други нискобуџетни авиокомпани.Проблем е е што дозволата не е EASA по европски стандарди но и за тоа има решение па ги конвертират.За Wizz air брзо прочитав дека освен EASA ги признават Србски, Македонски и Украински дозволи.

Моментално од типови на авиони имам летано:

Cessna 150 110hp
Cessna 172 160hp/210hp remis rocket
Piper pa-38 tomahawk 112hp
Piper pa-44 seminole 2x 180hp

Финансите ме костаја околу 30 000е , но тоа што сум го врвел јас сите овие години тешко дека некој млад човек ке го изджи па мислам дека ќе има дополнителен трошок од 5000е бидејќи доста кошта смештај превоз и сите давачки шо ги имаш додека си таму.

Јас имав среќа и голема помош од инструкторите и буквално сега ми се како фамилија.
Бев изненаден и покрај обуката научив доста многу работи во животот и направаија од мене сосема нов човек.

На младите ако го читат ова ги советувам ако ја сакат авијацијата од љубов и живеат за тоа неќа почнат и никогаш да не се одкажат. Низ годините ќе се соочат со многу пречки но треба да бидат силни. Ако се некои ко мене кој немат доволно финанси и родителите му се со една обична македонска плата ќе мора да се одкажат од многу задоволства во животот за да го постигнат тоа.

Ако не се храбри да го издржат тоа поарно да не почнуват бидејќи после тоа имат само загуба.

Ја за ова изгубив доста години, изгубив и пријатели односно непријатели но на крај се исплатува потполно ти се променува се во животот па и луѓето околу тебе.Премногу бев критикуван и понижуван од луѓето околу мене за тоа што споро го исполнував мојот сон но јас сум среќен и благодарен на мојата фамилија и сите инструктори кои ми беа како родители и ми го овозможија да го исполнам тоа.

Тоа е од мене што имам да споделам.

Во иднина планирам да летам на Airbus a320 и да се надоградувам на а350 или а380.

Се надевам и тоа 1 ден ќе ми се исполни бидејќи научив дека се е возможно ако вложиш доволно труд и веруваш во тоа.

Поздрав уште еднаш до сите.

Алексадар од Битола


Браво...ти симнувам капа.И еве ти си доказ дека се е возможно во животот доколку се сака вистински.Уште еднаш браво :bravo: :bravo:
ПС: И јас сум 17 години и мене ме чека истиот пат, ти благодарам за овој текст кој е еден вид мотивација за сите нас.
Марко СВ.Н.
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 995
Joined: 24 May 2013, 19:32
Location: Свети Николе

Previous

Return to Пилоти / Pilots

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest