Прва жена професионален пилот во Македонија

Пилотски муабети и случувања.
Pilot's talks and events.

Прва жена професионален пилот во Македонија

Postby jasmina » 31 Aug 2006, 08:53

:D :)


:D :D :D :D Eve sto najdov za prvata zena pilot vo Mk.Se nadevam deka ke gi ima poveke i deka ne e samo Kate.
(daj boze i za mene da citate nekoj den) :?



:D :o :lol: :lol: :bravo: :shok: :shok: :shok: :shok: :bravo: :bravo:

[img]http://www.vest.com.mk/images/{F550B906-3A33-4D6C-92D1-1B1C1EC62AB3}_kate-2.jpg[/img]

Што работиш?
-Пилот.
-Навистина. Женско пилот. Не сум видел досега!
Ваков дијалог Катерина водела многупати досега, со различни соговорници. Не им се верувало дека младата дама успеала во професијата што во Македонија се смета за исклучително машка. Заедно со уште неколку девојки со дозволи за спортски пилот, Катерина руши уште една балканска предрасуда. Во големите светски авиокомпании жените пилоти не се чудо.
Катерина Кајсторовска (29) е приправник за прв офицер. По 420 часа летање и претстои уште уште еден испит, па да седне на копилотското место во авионската кабина на "боингот 737-300" на македонската авиокомпанија МАТ.
"Со мене се се случува прв пат. Дури и со униформата. Морав да се изборам наместо машка вратоврска, да ми дозволат да носам женска марама. Бела јака и пудра не одат заедно. Како стјуардеса 7 години бев дотерана и наместена, па не можам ни како пилот пионаку. Нормално, нема високи потпетици", вели Катерина.
И кога сонува лета. Првиот обид за летање, сепак, и завршил неуспешно. На 4-годишна возраст се обидела да скокне со чадор. На баба и, што во последен миг ја фатила, и рекла: "Ако можат падобранците, зошто не можам и јас да летам".
Животната одлука да стане пилот ја носи кога завршува осмо одделение.
"Сакав да се запишам во Средното воено училиште во Рајловац, за пилот. Се распрашував од човек на човек, си ги стокмив документите и кога ги предавав во општина, ме одбија, бидејќи во генерацијата '89 не примале жени. Многу се разочарав".
Завршува прва година гимназија. Еден ден, на почетокот на распустот, татко и ја прашал дали уште сака да биде пилот. "Без размислување му потврдив. Тогаш ми покажа текст во 'Политика експрес' дека Пилотската школа на ЈАТ за прв пат ги отвора своите врати и не е битен полот. Летото 1990 година ги излетав првите 15 часа. Летавме на мал школски авион 'цесна 172', а овие часови беа за да се одреди дали кандидатот го бидува за пилот. Се гледаат способностите кога ќе седнеш во авион. Видов дека има многу работа ако сакаш да успееш, ама тие 15 часа ми беа доволни да се најдам во таа професија".
Доживувањето на првиот самостоен лет е незаборавно: "Не знаев дека сама ќе летам. На 10 часа, ако си безбеден да слеташ сам, те пуштаат самостојно да слетуваш. Тоа се вика лаширање. Дојде инструкторот и ми рече дека ќе летаме пет школски круга во зоната на аеродромот. Одлетавме два круга и инструкторот ми вели: 'Ајде слетај и паркирај'. Си мислам да не згрешив нешто, требаше пет круга. Инструкторот се сврте, го закопча појасот од соседното седиште и ми рече: 'Ајде ова исто што го направи со мене, направи го сама'. Полетав и почнав да плачам, да пеам, имав чувство кое не се опишува. Само тие што го почувствувале знаат што зборувам. Тоа е чувство на слобода. Истото чувство ми се повторува постојано кога летам и по сите тренинзи и одлуки, иако качувањето на адреналинот сега го гледам многу позрело. Првин мислам на безбедноста на патниците, веќе не сме двајца во авион. Затоа ми е многу важна обуката. Среќна сум секогаш кога полетувам и кога слетувам. Среќна и задоволна".
Од првиот лет на Катерина до денес, животот на Катерина тече како на филмска лента. Наредното лето '91 година оди во Вршац, на Навигационо летно училиште. "Правата обука ме чинеше 1.800 долари, а оваа 2.000 долари. Сите ми викаа дека со тие пари можам да отидам на одмор во Палма де Мајорка, а јас сонував да летам на голем патнички авион. Веќе имав 40 часа налет, доволно да полагам за спортска дозвола, но имав само 16,5 години. Постојано ми излегуваа пречки. Кога завршив средно, и имав доволно години, немав пари, во Србија ја фати војна, немаше услови за школување".
Се запишува на Правен факултет, на политички студии, и се вработува во "Шери касино" како крупие. Добро заработува. "Еден ден ми се јавува другарка ми и ми кажува дека има конкурс во 'Авиоимпекс' за стјуардеси. Се пријавив. Нема да бидам пилот, ама барем ќе бидам во авион. Во '93 ја почнав обуката и до '99 работев како стјуардеса, хонорарно. Околу 2 години работев и како крупие и како стјуардеса. Тоа ми беше единствен начин како да заштедам пари и да се вратам на Пилотската академија за да можам повторно да летам. На сите им беше чудно како можам да се откажувам од многу работи, годишни одмори, излегувања. Не можев да им објаснам колкав е тој порив и колку ме влече".
Во '99 година повторно заминува во Вршац, цврсто решена конечно да стане пилот. "Мојата среќа траеше кратко. По два месеца обука, на 24 март почна бомбардирањето на Југославија. Морав да се вратам во Македонија. Пак отидов во 'Авиоимпекс', тогаш добив и решение за работа како стјуардеса. Пак споив пет неработни дена и отидов во Вршац, положив за спортски пилот. После, една година се премислував што да правам. Конечно, на 3 септември 2000 го направив последниот лет како стјуардеса и реков дека ќе се збогувам со таа професија. Се вратив на Академија и продолжив да слушам теорија за професионална дозвола и да собирам часови на налет за професионална дозвола. Во декември 2001 станав професионал пилот".
Во 2002 полага за инструментално овластување, што значи управување со авион во лоши временски услови.
"Самоиницијативно отидов во МАТ, таму знев некои капетани и копилоти кои претходно работеа во 'Авиоимпекс'. Имав дозвола, но немав идентификација. Многу ми помогнаа колегите. По неколку месеци ми кажаа дека во МАТ дозволиле да тргнам на земјена обука на 'боинг 737'. На мојата среќа во тој момент и немаше крај. Нормално, млад човек, штотуку завршив, не ни очекував дека ќе имам шанса толку брзо да ми се случат овие работи, и тоа за таков авион, бидејќи јас потајно се надевав дека ќе летам на 'боинг'. Мојот сон почна да се исполнува".
Сега Катерина е на линиски тренинг, на обука на сите сегменти - полетување, летање, слетување, аеродроми, минимум 100 часа на одреден тип авион. Кога инструкторите ќе оценат дека е способна за проверка, ќе оди на испит.
Денот и почнува многу рано.
"Летовите ни се претежно утрински. Обично, секој претходен ден, пред да одам на лет, многу читам бидејќи има многу материјал, работите одат многу напред, има многу новини кои само стигнуваат од ден на ден, кои мораш да ги следиш, не само со теоријата туку и техниката во самиот авион. Постојано се преслушуваш. Ако не ти текнува некој термин или бројка, седнуваш и ги повторуваш. Кога веќе доаѓаме на аеродром, гледаме какво е времето, какво време не очекува, ја средуваме документацијата, проверуваме колку ќе бидеме тешки. Пред да влеземе има една подготовка, која е вообичаена пред секој лет, да видиме во какви услови ќе се движиме тој ден. Откако ќе го исполниме тоа, се танкува гориво, се прави детален преглед на авионот. Ако е се во ред, влегуваме во авионот и го подготвуваме за летање. Подготовките пред полетувањето траат еден саат пред летот. Ако е се во ред, влегуваат патниците, бараме дозвола од контролата да ги запалиме моторите, да ги стартуваме моторите да не истуркаат, да одиме да се наместиме на писта, потоа бараме дозвола за полетување. Откога ќе ја добиеме дозволата, полетуваме. По слетувањето на дестинацијата каде што одиме, излегуваат патниците, багажот се истоварува, собираме информации за временската прогноза, дали во Скопје има метеоролошки промени. Капетанот одлучува што понатаму. Доколку е се во ред, авионот го подготвуваме за повторно враќање, по истата процедура. Нашето работно време трае половина час по слетувањето".
Страв од летање Катерина никогаш не чувствувала. "Не ме плашат ни небото ни авионот, многу ми е убаво кога сум во воздух. Тоа што го знам, што секојдневно ги учам и го повторувам, тоа го применувам во летањето. Секое од илјадниците копчиња во кокпитот е обработено и нонстоп се повторува"

Вест
jasmina
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 17
Joined: 25 Aug 2006, 09:25
Location: skopje

Postby KVARK » 31 Aug 2006, 10:17

Daj boze! :wink:
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
User avatar
 
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 22:39
Location: New Foxсиче!

Postby fly_macedonia » 31 Aug 2006, 11:34

Со среќа и од мене 8)
jasmina, можеш ли да ни кажеш какво искуство и какви планови имаш со летањето (ако не е тајна)?

Btw, Кате многу упорна била, браво, знае ли некој што се случува сега со неа?
Зачленете се на VATSIM
fly_macedonia
Спортски пилот
Спортски пилот
User avatar
 
Posts: 373
Joined: 04 Aug 2006, 18:09
Location: Скопје, Р. Македонија

Postby jasmina » 31 Aug 2006, 13:02

:D :D :D :D :D fly,cek da diplomiram prvo .planovi imam mnogu,iskustvo nemam.vazna e zelbata. za drugo ke vidime :bravo:
jasmina
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 17
Joined: 25 Aug 2006, 09:25
Location: skopje

Postby avijacijamk » 31 Aug 2006, 13:16

Со Кате како што кажав, мислам дека не лета веќе за МАТ, мислам дека отиде за Хрватска или така нешто...
Премногу анализа доведува до парализа!!!
http://www.avijacija.com.mk
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 12:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia

Postby zlatko83 » 10 Sep 2006, 16:01

zalosno koga vakvi kadri ja napustat makedonija
zlatko83
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 1647
Joined: 10 Sep 2006, 15:47
Location: zuerich_schweiz

Postby alvarhanso » 06 Apr 2010, 12:39

И наша жена работи во облаци

Катерина Кајсторовска е единствената жена-пилот во Македонија, која речиси две децении наместо чекори, брои воздушни милји

Миркица Поповиќ

Додека секое понеделничко утро во Скопје возачите се борат со кошмарот наречен редици автомобили на улиците и недостиг од паркинг, Катерина Кајсторовска чека одобрение од контролата за летање за слетување на аеродромот во Виена. Скопските возачи се пробиваат со по некоја гребаница низ тесните паркинзи, чувствуваат мала омраза спрема оној што им го „украл“ местото за паркирање, а Катерина претпазливо го чека конечниот допир на авионските тркала со земјата, ги исклучува моторите и им се заблагодарува на патниците за укажаната доверба.

Катерина Кајсторовска е единствената жена-пилот кај нас и жената во чии раце патниците ја ставаат својата доверба за безбеден лет до некоја од европските дестинации - речиси две децении. Пријателски расположена, амбициозна и, едноставно, пријатна, Катерина живее во облаци од својата петнаесетта година. Моментно работи како подофицер, меѓу народот познато како копилот, а паралелно го завршува и своето образование за капетан. Нетрпелива е да ја заврши обуката за капетан на симулатор и земјената обука и, конечно, да седне на левото, капетанско седиште. Образованието за пилот го започнала уште на 15 години во Академијата за летање на ЈАТ. Работела седум години како стјуардеса во „Авиоимпекс“, потоа продолжила со студиите на Академијата на ЈАТ. Во 2002 година започнува со обука во МАТ за управување со „боинг 737-300“, а таму работи се' до затворањето на компанијата. Од минатата година работи кај домашниот авиопревозник „Ерлифт сервис - скајвингс“, каде што покрај подофицер, ја врши должноста и менаџер за безбедност.

Професијата го прави секој нов ден од нејзиниот живот различен од претходниот. „Секој безбедно завршен лет се вбројува во редот добро завршени приказни. Динамиката е голема, но тоа целосно ме исполнува. Се пронајдов себеси во оваа професија. Отсекогаш сакав да бидам пилот и можам да кажам дека сум една од среќните затоа што го исполнив животниот сон“, вели Катерина Кајсторовска на паузата до следното патување од Виена кон Скопје. Раскажува дека во почетокот на кариерата имало пречки и чудни погледи од околината кога се изјаснила дека ќе работи на остварување на сонот да стане пилот. За среќа, работи во средина каде што целосно е прифатена од колегите без никакви предрасуди, а на шега вели дека токму поради таа рамноправност нема ни некакви привилегии, односно мора да го работи истото тоа што го работат и мажите.

„Професијата бара постојана надградба. Моментно ги завршувам студиите по туризам, а потоа планирам и постдипломски студии на Технолошкиот факултет во Битола, на насоката за авијација. Оваа професија бара да си цел, постојано сконцентриран на работата. Зема огромен дел од животот и бара многу откажувања“, коментира Катерина. Екипажот на авионот е обврзан да биде најмалку еден и пол час на аеродромот пред патниците. За утринските летови е потребно да се стане рано, поради тоа често изостануваат дружбите со пријателите и ноќниот живот.

„Навикната сум на овие откажувања, бидејќи млада влегов во светот на авијацијата, професија која бара многу учење. Не ми е тешко, напротив, интересно е поради новите предизвици што се појавуваат постојано. Технологијата во авијацијата постојано напреднува. Сега имаме и нови прописи на кои се навикнуваме поради пристапувањето на Македонија кон Воздухопловството на заедничките власти. Имаме нов законски систем и очекуваме да добиеме дозволи кои ќе бидат европски признаени“, раскажува таа, додавјаќи дека и покрај жртвите што ги прави во приватниот живот, не би ја менувала професијата.

Подготовките за летање, како што ни објасни, се одвиваат во неколку етапи. Најпрво се оди во оперативниот центар на компанијата, каде што се собираат податоци за временските услови, се добива распоред на времето на летање и можните задоцнувања, потребното количество гориво, бројот на патници и предвидениот товар за авионот. Секој вторник се добива план на летање, според кој екипажот знае точно каде ќе биде таа недела. По работата во оперативниот центар, се оди на аеродром и започнуваат проверки на надворешната состојба на авионот поради можни технички проблеми. Сето ова, како што потенцира Катерина, е дополнителна проверка на претходната техничка проверка на авионот, бидејќи има книги со технички детали кои екипажот на авионот мора да ги разгледа. Доколку тоа помине в ред, се преминува на навигацискиот дел каде што се внесуваат податоци за дестинацијата и плановите за летање. Последниот чекор пред подигањето од земја е влезот на патниците и добивањето дозвола од контролата за летање.

Според Кајсторовска, најголем непријател во воздухопловството е маглата. Некои од проблематичните ситуации со кои се соочила се слетување на друг аеродром поради магла или други временски непогоди, но, за среќа, не била принудена да се соочи со пострашни проблеми. Ако во краен случај дојде до голем проблем, таа нагласува дека пилотот е подготвен за брза реакција и справување со ситуацијата благодарение на постојаниот тренинг на симулатор.

Со жалење вели дека кај нас се' уште нема институција за обучување на авиоекипаж, но оптимистка е дека ќе се променат работите во иднина. „Многумина ми се обраќаат за информации за школување, така што можам да кажам дека реално постои голем интерес за професијата. Сепак, обуката за да се стигне до овој степен е скапа, па можеби и тоа е делумно причина зошто во последните години немаме едуциран кадар. Се надевам наскоро да добиеме свој центар преку кој авијацијата ќе им ја приближиме на луѓето. Едно е работите за летањето да се осознаваат преку Интернет, а сосема поинаку е кога практично ќе се почувствува“, вели Кајсторовска на крајот од разговорот.

Време е таа да ја преземе контролата, а патниците да седнат на своите седишта, да ги врзат појасите и да ги исправат седиштата. Моторите се вклучени, светлата и мобилните исклучени, а во пилотската кабина се отвора уште една нова приказна.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3BE4 ... F2657F1C39
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 24690
Joined: 21 Jul 2007, 12:34
Location: Skopje

Postby Радивој Живанов » 07 Apr 2010, 13:58

Браво Катерина, од срца ти желим да летиш до пензије. И што пре на главно седиште капетанско.
Поздрав Лала.
Радивој Живанов
Пилот прва категорија
Пилот прва категорија
User avatar
 
Posts: 17
Joined: 02 Jan 2008, 21:09
Location: Zrenjanin


Return to Пилоти / Pilots

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest