Пилоти се степале за време на лет во индиски авион

Пилотски муабети и случувања.
Pilot's talks and events.

Пилоти се степале за време на лет во индиски авион

Postby Scylla » 05 Oct 2009, 18:07

Њу Делхи, 4 октомври (МИА) - Патниците во авинот на компанијата „Ер Индија“ биле непријатно изненадени и уплашени кога за време на нивниот лет дошло до тепачка во пилотската кабина.

Авионот летал на линија меѓу Шарџа во Арапските Емирати, и индискиот главен град Њу Делхи, кога дошло до кавга а потоа и до тепачка меѓу пилотите во врска со обвинувања на една стјуардеса за сексуално злоставување.

Според весникот „Тајмс оф Индија“, пилотите поради тепачката во еден момент го оставиле празен и кокпитот. Еден од пилотите се заканил дека ќе го сврти авионот кон Пакистан, земја со која Индија војуваше четири пати во последнте 500 години.

Индиската национална авиокомпанија соопшти дека покренала истрага за случајот и оти ги суспендирала двајцата пилоти и двајца членови на екипажот.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4895
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Return to Пилоти / Pilots

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest