Двајца пилоти од компанијата Нортвест Ерлајнс, задлабочени во својот разговор, не ја оствариле навреме радио врската со контролата на летање поради што ја одминале пистата на аеродромот во Минеаполис.
Својата грешка ја увиделе дури еден час подоцна откако морале да ја повторат целата постапка за слетување. Авионот бил успешно приземјен, а патниците не сфатиле дека станува збор за пилотска грешка. Во инцидентот никој не бил повреден.
Според официјалните лица на аеродромот во Минеаполис пилотите се занеле во разговорот за својата професија, поради што го изгубиле чувство за локацијата на која се наоѓаат.
Истражителите не ја исклучуваат можноста грешката да настанала и поради замор, бидејќи пилотите не знаеле дека ја одминале пистата се додека стјуардесата не ги известила за тоа.
Авионот ербас А320 летал од Сан Диего до Минеаполис и превезувал 144 патници и пет челнови на екипажот.
A1
Пилоти се замуабетиле и ја одминале пистата
- Scylla
- Капетан на Concorde
- Posts: 4913
- Joined: 12 Jul 2006, 03:21
- Location: Лозана
- Contact:
Пилоти се замуабетиле и ја одминале пистата
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 1 guest