Психо пилоти

Пилотски муабети и случувања.
Pilot's talks and events.

Психо пилоти

Postby Scylla » 15 Sep 2010, 18:14

Шизофренија, обиди за самоубиство, сексуална девијација, алкохолизам и наркоманија се само дел од купот психички болести и зависности од кои се лекувале илјадници американски пилоти на комерцијални и приватни авиони.

Image

Ова го откриле новинарите на Бостон Хералд кои направиле анализа на медицински досиеја од 2008-2010 година, добиени директно од Федералната администрација за авијација (ФАА). Нивниот извештај доаѓа неколку месеци по инцидентот на меѓународниот аеродром Логан, кога пилот на Џетблу само неколку часови пред полетување се заканил дека ќе се самоубие на спекаткуларен начин.

Документите покажуваат дека на 15 пилоти им била дијагностицирана шизофренија, 292-ца се обиделе да се самоубијат, 2.700 биле лекувани од алкохолизам а дополнителни 1.253 биле дијагностицирани како алкохоличари, додека околу 1.500 биле зависници од дрога.

Други 87 пилоти страдале од сексуална девијација, вклучувајќи педофилија, воајеризам и фетишизам, 23-ца биле лечени од пост-трауматски стрес, 2-ца од параноја а 80-на од потешки афективни нарушувања како манијакална депресија. Извештајот открива и дека 78 пилоти направиле операција за промена на полот.

Од ФАА не можеле да кажат колкумина од овие пилоти пациенти сè уште летаат, ниту пак дали некој од нив бил трајно “приземјен”.

“Наша примарна цел е да се осигураме дека пилотите се здравствено способни да летаат. Имаме строги медицински стандарди и никогаш не издаваме лекарски уверенија доколку состојбата на пилотот претставува потенцијална опасност за него самиот и за патниците”, тврдат од агенцијата.

On.net
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
User avatar
 
Posts: 4893
Joined: 12 Jul 2006, 02:21
Location: Лозана

Re: Психо пилоти

Postby EDRILICAR » 19 Mar 2011, 16:59

EDRILICAR
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 806
Joined: 24 Jan 2007, 15:56
Location: Skopje, Republic of Macedonia


Return to Пилоти / Pilots

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest