Шест основни пилотски инструменти во воздухопловите

За сите оние кои не се плашат да ги извалкаат рацете и облеката.
For those who are not afraid to get messy clothes and hands.

Шест основни пилотски инструменти во воздухопловите

Postby avijacijamk » 14 Dec 2006, 16:21

Еве малце да бидеме и едукативни. Овие се шест основни пилотски инструменти кои на пилотот му ги даваат основните информации во текот на летот.

Image

1. Брзинометар
2.Вештачки хоризонт
3.Висинометар
4.Покажувач на свртување и лизгање
5.Жиро- дирекционал
6.Покажувач на вертикална брзина

1.Брзинометарот како и кај автомобилите, ја покажува брината на летот. Најчесто брзинометрите се во кноти или километри на час.

2.Вештачкиот хоризонт ја покажува положбата на авионот во однос на хоризонтот. Со помош на овој инструмент пилотот може да одреди дали носот на авионот е испод или над хоризонтот и да одреди дали има некој наклон. Овој инструмент исто така е и основен инструмент во услови на слаба видливост.

3.Висинометарот ја одредува висината на авионот. Тој може да биде во стапки или во метри. Овој инструмент може да се подеси да ја дава висината во однос на притисокот на морското ниво или пак да ја дава висината во однос на земјата.

4.Покажувач на свртување и лизгање е инструмент кој му овозможува на пилотот да процени дали прави авионот координирано вртење или некоординирано вртење или лизгање.

5.Жиро-дирекционал е инструмент со чија помош пилотот може да го одреди правецот на движење на авионот во однос на магнетниот север.

6.Покажувачот на вертикалната брзина исто така се нарекува и вариометар. Тој на пилото му дава информации за рејтот на качување и снижување на база на промена на воздушниот притисок.
Премногу анализа доведува до парализа!!!
http://www.avijacija.com.mk
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 12:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia

Postby igor_mk » 15 Dec 2006, 00:25

ЕЈ ДОБРО ТИ Е ОВА СО ИНСТРУМЕНТИТЕ НЕ ЌЕ БИДЕ ЛОШО АКО МОЖЕШ ДА СТАВИШ УШТЕ НЕКОЈ ИНСТРУМЕНТ.
igor_mk
Капетан на B737
Капетан на B737
User avatar
 
Posts: 454
Joined: 22 Sep 2006, 15:49
Location: Скопје - Македонија

Postby avijacijamk » 15 Dec 2006, 00:31

А бе друже да знаеш само колку би сакал да опишам цела кабина, само кога би имал повеќе време. Иначе ај ветувам дека ќе напишам за моторни инструменти и за навигациски инструменти и може да направиме една дискусија за GPS, HSI А/Р и FMC.
Премногу анализа доведува до парализа!!!
http://www.avijacija.com.mk
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 12:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia

Postby avijacijamk » 15 Dec 2006, 18:28

:D Нема везе ГПС-от. Мислиш на радар?
Премногу анализа доведува до парализа!!!
http://www.avijacija.com.mk
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 12:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia

Postby Skopjeair » 15 Dec 2006, 21:58

Ima GPS so takava opcija vo avion a i nema!! Se zavisi od GPS- ot
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
User avatar
 
Posts: 3183
Joined: 12 Oct 2006, 09:23

Postby fly_macedonia » 16 Dec 2006, 03:17

Еве и мој придонес

@avijacijamk: "кноти" се јазли на македонски

Од шесте примарни инструменти, три работат со мерење на притисок од питот цевката (брзиномерот, висиномерот и покажувачот за вертикалната брзина), а три се жироскопски (вештачкиот хоризонт, координаторот за вртење и вештачкиот компас).

При летањето има 3 важни брзини:
IAS (indicated airspeed) - брзина која се чита од брзиномерот и се користи за управување (таа ги дефинира аеродинамичките способности на леталото во летот: брзина на столирање, максимална дозволена брзина на леталото итн.), дефинирање минимални и максимални брзини, при комуникација итн.
TAS (true airspeed) - брзина со која леталото се движи низ воздухот, не зависи од ветер и се пресметува преку IAS, висината и др.
GS (ground speed) - брзина на леталото релативна на земјината површина, зависи од ветер.

Што значи ако авион се движи со 250KIAS и 20 KNOTS апсолутен челен ветер, TAS ќе зависи најмногу од висината (што поголема толку е поголем TAS), а GS ќе биде 230 KNOTS.

Вертикална брзина е физичка величина која се јавува кај тела кои ја менуваат својата висина и се дефинира како промена на висината во единица време, во воздухопловството најчесто се користи fpm (стапки во минута).

Вештачкиот компас се користи како посигурна варијанта од магнетниот компас кој има подолго време за стабилизација при вртење и исто така јавува грешка чија големина е пропорционала со близината до половите. Меѓутоа вештачкиот компас не работи самостојно туку бара подесување со магнетниот компас.

Координаторот за вртење го покажува отклонот на лонгитудиналната оска на леталото во однос на правецот на движењето на леталото. Во склоп на тој инструмент има и прост покажувач на брзината со која леталото ја менува хоризонталната насока на движењето (таа величина се мери со промена на степени од насоката во единица време). Стандардно вртење е 360 степени во 2 минути, односно 3 степени во секунда.

Висиномерот се подесува во однос на релативен зададен притисок. Најзастапени типови подесување се:
QNH - најзастапен е во цивилната авијација, се подесува притисокот кој владее на локацијата и висиномерот ја покажува висината во однос на морското ниво.
QFE - се подесува притисокот кој владее на морското ниво и висиномерот ја покажува висината во однос на почетната положба.
Во најголем дел од светското цивилно воздухопловство притисокот се изразува во mBa=hPa, а во САД во инчи живен столб.

GS покажува радар, но може и GSP да покажува.
Зачленете се на VATSIM
fly_macedonia
Спортски пилот
Спортски пилот
User avatar
 
Posts: 373
Joined: 04 Aug 2006, 18:09
Location: Скопје, Р. Македонија

Osnovni istrumenti vo Helikopter!!!

Postby BORG » 24 Dec 2006, 00:43

Image
Image
Image
Image
Image
Image
Image
BORG
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 1328
Joined: 15 Jul 2006, 22:09
Location: YYZ Toronto -Mississauga ON


Return to Механика / Mechanics

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest

cron