Перспективноста на AvGas како авионско гориво ?

За сите оние кои не се плашат да ги извалкаат рацете и облеката.
For those who are not afraid to get messy clothes and hands.

Перспективноста на AvGas како авионско гориво ?

Postby Loaded_Dice » 12 Feb 2010, 10:56

Иако немам којзнае какво искуство во оваа област. би сакал да го слушнам мислењето на стручњаците на оваа тема:

Имено, имам многу негативно мислење за користењето на AvGas (високооктански авио бензин), особено во новите авиони. Според мене неговото време е завршено, а последните трендови во кревање на цената на нафтата и рафинериските трошоци а со тоа и стрмоглавото растење на неговата цена со оглед на малиот број на прозиводители го прави неперспективно и излишно гориво за во иднината. Од технолошки аспект сметам дека тоа е реликвија од 30-те години на минатиот век, кога технологијата на обработка на металите не дозволуваше да се произведат доволно безбедни авионски мотори со доволно голема компресија па затоа било неопходно ова гориво со висок процент на октани за да не дојде до оштетување на моторите. Во денешно време со сегашната технологија на метали и материјали за изработка на мотори која е многу понапредна од пред 50-на години, било кој мотор со поголема компресија што работи на регуларен бензин е далеку побезбеден и пo-reliable од авионските мотори пред 50 години. Да не зборуваме што се веќе сертифицирани и diesel мотори што трошат керозин и работат со многу високи компресии (Centurion, AustroEngines). Како и да е, не ја гледам потребата од AvGas во нови авиони, освен што огромен број од сегашната GA флота мора да го користи ова застарено и многу скапо гориво. За жал, мислам дека неговата употреба ќе продолжи уште долго време, пред се поради политички причини и бизнис интересите на големите нафтени компании :cry:
Loaded_Dice
Капетан на B747
Капетан на  B747
User avatar
 
Posts: 1109
Joined: 04 Aug 2006, 21:48
Location: Skopje, MK

Return to Механика / Mechanics

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest

cron