Хеликоптерска ескадрила

Дискусии околу VATSIM мрежата. Се што не ви е јасно а сакате да го дознаете.
Discussions about the VATSIM network. Everything that you don't know but you are willing to find it out.

Хеликоптерска ескадрила

Postby MK SU-25 » 19 Sep 2011, 17:28

Не знам колкумина на форумов летаат на ФС2004, кој со авиони, кој со хеликоптери, но ако гледаме според бројот на активни членови на ватсим, многу сме малку. Барем да има 10 луѓе кои што го сакаат ова хоби пред компјутер. Дали има заинтересирани за хеликоптерска ескадрила? Општи правила за прием се да сте регистрирани на ватсим, да имате ФС2004, по можност многу подобро е да летате со палица отколку со тастатура. Освен тоа ќе летаме VFR низ Македонија и соседството. Досега сме двајца. Летаме на Ми-24, кој со што сака може да лета. Можете да летате и со цивилни и со воени хеликоптери. На Ватсим ние не правиме воени маневри, туку си летаме ВФР со воени воздухоплови, само како тренинг и занимација. Целта е да се увежба летањето на симулатор и ватсим, почесто да се дружиме на македонското виртуелно небо, да привлечеме повеќе заинтересирани, да бидеме поактивни. Целта не е симулирање на воени маневри во државава или соседството. Ако има заинтересирани нека се пријават. Барем еднаш пробајте, ако не ви се допаѓа неморате да летате повеќе, ништо не губите. Ќе видите дека е реално и забавно. :D
Amat Victoria Curam
MK SU-25
Морнарички пилот
Морнарички пилот

Return to MacVACC & VATSIM

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest