cyber2smile wrote:не ми е јасно?! некои информации по обичај доведуваат до збунувачки размислувања
немал гориво,а летал до Приштина преку Скопје -
Skopjeair wrote:cyber2smile wrote:не ми е јасно?! некои информации по обичај доведуваат до збунувачки размислувања
немал гориво,а летал до Приштина преку Скопје -
Нема гориво да се купи во Приштина затоа тука сакал да слета за да наполни за враќање
Пилотот Франческо Монтањер, претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“, кој управувал со приватниот авион „пајпер Па 34-200 Т сенека“ што падна вчера попладне кај Кожле, Велес, бил искусен и добар пилот.
Летови како вчерашниот од Тревизо до Скопје, долг 800 километри, не се вообичаени за пилотите од аероклубот „Тревизо“, но пилотот Монтањер бил имал стотици часови летање зад себе. Временските услови за летот биле лоши, со дожд, ветер и мала видливост. Пилот бил и загинатиот Дарио Бастасин, кој пред десет години имал инцидент при слетување во Тревизо, но без поголеми псоледици.
- Од Тревизо заминаа четири авиони со 20 патници. Тие требаше да пристигнат во Косово на прославата на првата годишнина на тамошниот аероклуб кој беше основан со поддршка на аероклубот од Тревизо. Она што засега сигурно го знаме е дека трите авиони пристигнале, е еден се урнал најверојатно поради лошите вренески услови - изјави Маурицио Патуели од аероклубот „Тревизо“, пренесуваат италијанските меидуми, според кои авионот ги имал сите дозволи и одобренија за летање.
Со падот на авионот загинаа сите патници, покрај пилотите, уште и Италијанците Лука Дале Муле и Ангело Калегари, како и Косовците Иларија Бертио и Висар Бегај, кои имале и италијанско државјанство. Патувале кон Приштина, а над Македонија требало да извршат прелет и да дополнат гориво на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
По падот на приватниот авионот со германски национални ознаки, на терен е тим на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Комитетот е независно истражно тело формиранот според обврските од потпишаната Конвенција на Република Македонија за Меѓународно цивилно воздухопловство.
Активности за расветлување на авионската несреќа презема и Јавното обвинителство.
- По добиените сознанија, обвинителството во координација со надлежните институции презема мерки за утврдување на местото на несреќата, негово обезбедување и натамошно постапување. Истовремено се прибираат податоци и релевантни факти во насока на утврдување на причините за несреќата - соопшти Јавното обвинителство и најавува дополнително подетални информации.
За местото на падот на авионот први јавија лока
Марко СВ.Н. wrote:За FR24 мислиш ? На FR24 не може ништо да се види бидејќи авионот нема MODE-S транспондер (ADS-B),има делови од летот, но од пристап ништо не може да се види.
Марко СВ.Н. wrote:За FR24 мислиш ? На FR24 не може ништо да се види бидејќи авионот нема MODE-S транспондер (ADS-B),има делови од летот, но од пристап ништо не може да се види.
Return to Авионски несреќи / Case study
Users browsing this forum: No registered users and 3 guests