Небесниот самурај-Сатоши Анабуки

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
Post Reply
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Небесниот самурај-Сатоши Анабуки

Post by MaKoM »

Воздушниот Самурај-Сатоши Анабуки


Момчето чудо , како е познат нашиот Самурај , е еден од нај резултатните пилоти на јапонската армиска авијација.И покрај тоа нема голема слава зад неговото име ,се до денот 8 ми октомври, ден во кој ке се прослави името на Сатоши, ден во кој ке собори три бомбардери Б-24 и два ловци П-38.

Роден во 1921г во семејство на селани , младиот Сатоши брзо покажува афинитет кон небото.Уште од најмлада возраст е запишан во редовите на специјалните школи на јапонските кралски сили, за заштита на царството и за зајакнување на младото тело и дух.Во април е запишан во курсот за предвремена подготовка за армиски пилоти во военото школо во Токио.Неговото школување продолжува во школите за пилоти ловци во Камагаја И Тачаири.Тука се покажува како одличен ученик ,и успешно ги завршува март 1941.После тоа е распореден во 3-ти Чутај(ескадрила) на 64 ти Сентај (полк) .Пред да почне војната е префрлен во 50 ти Сентај на островот Формоза( денешен Тајван).

На 7 ми декември 1941 младиот каплар учествува во нападот над Филипините .Првата воздушна победа ја извојува над еден П-40Е од 17 ловечки свадрон.Еве како се секава на тој настан Сатоши.
...Немаше ништо посебно во тоа соборување, летавме на висина од 1500м кога ни јавија дека еден група јенки напаѓаат наши бродови во заливотЛенген,.Се насочивме кон нашите бродови , јас пикирав надолу и почнав да го исправам авионот , во тој момент забележав еден јенки како напаѓа една наша барка, почнав да го следам , во еден миг П-40 почна да се искачува нагоре, со таа маневра ми дојде директно во мојот нишан.Проклетиот немаше никаква шанса,Моите топови го разнесоа на парчиња...

После окупацијата на Бурма , 50 ти Сентај е преместен , но ескадрилата на Анабуки е оставена да војува на тој фронт.На 9,ти февруари 1942 Анабуки соборува уште два П-40 од 17 ЛС.над Лимеј.Во тоа време тие два авиони се единствените оставени од УСААФ да ги штитат Филипините .
Во април ескадрилата на Анабуки е дислоцирана во Јапонија, каде е превооружена ,Старите авиони Накаџима Ки-27 се заменети со новите Ки-43И Неј Најабуса.Целосно одморени и со нова техника , единицата се пребазира на аеродром Минголодон во предградието на Рангун.
Тука на тој театар на воени дејства почнува да се покажува квалитетот на момчето чудо.Нај добар пример за тоа е борбата на 24ти декември 1942 кога во воздух се срекаваат јапонци и британци.
Иако авионот на Сатоши е оштетен,системот за собирање на тркалата не работи.Така да тој цело време се бори со спуштени тркала.
...Тој ден имавме задача да патролираме во сектор 24,Летавме на висина од 5200м , под нас случајно се појави голема формација од бомбардери Бленхајм , која беше обезбедувана од Хурикани.Не брзавме да нападнеме ,целот гнев и желба да се докажеме пред британците ја ставивме во втор план.Зазедовме позиција зад групата ,тогаш еден хурикан се залепи зад мене,еден од нашите отвори оган и британецот беше принуден да бега. Но јас сега бев залепен зад него , почна еден танц, те лево те десно ,Британецот очигледно имаше искуство , но неговата грешка беше што сето тоа го правеше со еднакви временски интервали.Успев да пресметам дека ке оди десно и со валјак се завртев и ми дојде во нишан.Три кратки рафали и енглезот, се помири со неговиот бог.Се чуствував горд , Сега нека кажат дека сме лоши летачи...(Во британските весници редовно излегувала статија за војната на далекиот исток., Во една таква статија еден познат стручнак на РАФ има дадено изјава дека јапонците се лоши летачи,поради фактот дека имаат нарушен систем за рамнотежа, бидејки додека биле мали, нивните мајки ги носеле на грб во специални кошници...МаКоМ) ...Борбата продолжи ,тргнав кон бомбардерите, но бев премногу ниско,така кога дојдов под формацијата се устремив директно нагоре.еден Бленхајм беше втората моја жртва за денеска.Ја пробив формацијата и кога помислив на нов напад ,осетив трескање по мојот авион, се завртев и еден Хурикан се беше залепил во мојата 6ка.Но имав предност. Мојата брзина беше многу помала и успеав да го преметнам мојот авион преку крило ,додека британецот само прелета покрај мене,Почнав да го следам , тој се спушти многу ниско,над самата џунгла.Се мислев дали ке имам доволно муниција и гориво да се вратам.Почнав да стрелам ,но не се забележуваше дака имам оштетување од Хуриканот.Наеднаш почна да пикира и се забоде со носот покрај една река.Трети за денеска , Мислам дека беше доста, Се вратив во базата...

Британците признаваат дека тој ден имаат само два загубени авиони,Два Хурикана од 607 и 615 сквардон, Пилотот на еден од авионите. Плт.Офф.К.Д."Чак"Фергусон е исфелен од кабината при експлозијата на неговиот авион крај реката Ивараи.Тој паѓа на плажата и покрај сериозните повреди и изгореници успева да преживее.
На 26 ти јануари Анабуки соборува еден Б-24 Либератор ,но тоа нема да му е последнит, После девет месеци ке успее да собори три во еден лет. Плус два П-38 од ескортот.
На 8ми октомври во 12.15 часот.Сатоши полетува за префат на бомберска формација од Б-24 кои имаат за цел пристаништето во Рангун.Но поради проблем со свекиците на моторот(изгледа му биле замастени-МаКоМ) Сатоши полетува 5 мин после ескардилата.Тој ден времето е магливо и видливоста е ограничена.Но сосема случајно "налетува"на формацијата, Во првиот момент е запрепастен бидејки според брзината на летање на формацијата личи дека се имаат испразнето,и од фактот дека нема никакви траги на бомбардерите од борби со другите 11 ловци од неговата ескадрила.Се досетува дека никој од неговите другари не е успеал да ги најде во маглата.И решава да се бори сам.Анабуки лета на висина 5500м а формацијата до 11 бомбардера е на 500м под него.Сатоши гледа со раширени очи за ескорт и го наога ,два П-38 летаат релаксирано по права линија.Анабуки осека дека ловците се со намалена концентрација, поради успешниот напад на Рангун , без да сретнат отпор.Тој пет пати дава рапорт по радиостаницата која за негова несрека не работи.Анабуки успева да се доближи зад П-38 ците и кога едниот е во нишанот почнува рафален оган , стрела се додека не е на неколку метра зад едниот П-38.После прелетот прави лупинг и гледа како едниот лајтниг се преобрака преку крило и пага надолу кон џунглата а позади него има густ црн чад.Анабуки брзо се престројува зад вториот но , го нема веке елементот на изненадување,П-38 почнува стрмно пикирање надолу, Сатоши знае дека неговиот Ки-43ИИ нема можност да го достигне. И се откажува од гонење.Сега патот кон Б-24 е откриен , но за да се собори Б-24 со митралези од 12.7мм треба голема стратегија. Така Сатоши се устремува нагоре.Со висинска преднина над и десно од формацијата тој дава полна гас и кога формацијата е на 1200м од него почнува стрмно пикирање, со неговата кимикаѕе( немојте да го мешате со Камикаѕе,авионот на Сатоши е крстен по неговата жена Кимико.-МаКоМ) кога се доближува на 700м од формацијата почнува да стрела , со кратки рафали константно корегирајки го оганот од двата негови Хо-103-12.7мм митралези.На растојание 400м веке е рафално пукањето...
...Се што ми беше пред очите беше само непријатели.Пикирам скоро под агол од 90.надолу кон џунглата , живот или смрт сега нема врска.Ако сум потребен уште на господ ке преживеам.Ја гледам мајка ми ,и ми се слушаше како ми вика "Напред Сатоши напред!"Знам дека таа е силна жена и си велам викам дека и јас треба да сум таков.Растојанието продолжува да се намалува ..300м..200м...гледам како куршумите влегуваат во големиот Б-24 ..150м ..100м пракам уште еден рафал.Американците пукаат од сите цевки, целата формација е во чад од одбрамбеното оружје, но јас знам дека е многу тешко да ме погодат , бидејки сум под голем агол ..50м...40м Крилото и моторите на "мојот"Б-24 почнаа силно да чадат.Одма вртам лево и ја пробивам формацијата.Педесет митралези пукаат по мене но јас со голема брзна се тргнав од нивниот домет...


Во моментот кога Анабуки тргнува за втор напад, гледа како бобардерот кого го пукаше.гори во десното крило, и како екипажот скока со падобрани.Се насочува за повторен напад кога одненадеш гледа трасирачки куршуми да поминуваат покрај неговото десно крило.Во следниот момен неговата Кими, се потресува од силниот удар, Сатоши е ранет во левата рака.Залепен за инструментната табела тој успева да го воведе неговиот авион во десен вираж.Брканицата продолжува , но пилотот на П-38 брза да ја доврши работата, но виражите на хајабуса се многу пократки и Сатоши знае дека П-38 ке изгуби енергија на вртење и ке биде приморан да пикира,маневра каде неможе да ги стигне.Сатоши постојано се врти назад и во моментот кога П-38 завртува надоле.Сатоши го насочува носот на Хајабусот надоле и од растојание 30м го растура десниот морот на П-38 , целото предно стакло е испрскано од маслото од моторот на Лајтнингот.Анабуки го губи од вид , во моментот кога успева да го најде тој е веке далеку во пикирање кон џунглата.(покасно ке му биде признает и тој авион како победа но Сатоши не е убеден дека го има соборено)

Сигурен дека го неутрализирал вториот Лајтнинг , Сатоши ја преврзува раната од левата рака со шалот,Во кабината има испарување од моторен бензин. Почнува да му се мати, но решен да се бори до крај , прави уште еден напад повторно пикирајки под голем агол , Овојпат пукајки во кабината на Б-24 и во левото крило. Бомбардерот се запалува се преобрака и пикирајки пага во џунглата, Сатоши забележува само два падобрана.
После вториот напад Сатоши гледа дека неговиот авион е оштетен , при давање на полна гас моторот се гуши , има декомпресија на моторот.Болката во раката е многу силна а и испарувањето од бензинот го опијанува уште толку..Еве како се секава на тој момент.
...Во еден момент си помисклив деке е доста за денеска.Направив заврт за да дојдам на курс кон мојот аеродром ,и што да видам ?Американските бомбардери ја намалиле брзината ,сигурно за да осигурат одбрана на еден нивни авион кој го имав погодено во моторите.За нива несрека се уште беа во мојот опсег.Денеска не ми изгледа многу мудро но тогаш бев ранет и опијанет од бензинските пари , се насочив за повторен напад.Видот почна да ме напушта.Гледав се поматно.Раката ме болеше многу, шалот беше веке црвен од крвта.Малку го отпуштив , болката се смири но крвта течеше повеке.Бев како дрогиран. Но мислите ме вратија на мојата прва лекција како пилот.Во главата ми звучеше мојот инструктор."штом непијателот е на домет ,вие сте должни да го нападнете,Секое друго дело ке е срам за вас и вашето семејство." Пред очите повторно се појави мајка ми.Ми вика."Ајде Сатоши оди синко , патот е отворен"Бавно почнав да се издигам нагоре."непријателот е пред мене и моја должност е да го нападнам" Додека се качував на поголема висина во мислите ми беше само "Во напад , во напад"Сега можете да ме наречете и глупак, самурај со магарешки инает.Но тогаш само на напад мислев.

Анабуки почнува да пикира но ...нема веке муниција!.Се одалечува со пикирање и користејки ја натрупаната енергија повторно се крева на поголема висина.

...Ако се беше во ред со мене и со мојот авион само ке им мавнев со крилата и ке се вратев дома.Но опијанет од бензинските испарувања и горев од желбата за победа.Авионот се тресеше , немав веке куршуми,раката ми крвареше. Во еден момент целиот свет се сврте против мене.Ја завртев рачката и почнав да пикирам , во моентот кога почнаа да пукаат по мене , го исправив авионот за да бидам што помала цел.Хајабусот се тресеше од погодоците на американците.Мокноста на моторот многу брзо паѓаше, во еден момент почна да се тресе многу силно,ми стана јасно дека имам влезено во турбуленцијата од моторите на бомбардерот пред мене.Веке не мислев ,единствено желбата за победа ме носеше напред.Нема друго решение,ке се судрам со него.Го исправам мојот Хајабус и викам на цел глас."Држи се Јенкииии" .И покрај што сударот е неизбежен мојот инстинкт за самозаштита ме тера да ја тргам рачката(Џојстикот) накај мене.Во следниот миг ,се случи силен тресок.Мојот пропелер се заби во десната опашка на Б-24 .Со целата моќност на моторот 1130кс.,опашката летна нагоре.Јас немав никаква контрола над авионот ,како некоја невидлива сила да го командуваше.Следниот момент се заврте и тресна со крилото во левата опашка.Ударот ме отфрли настрана оклу 12 м , пошто сега пак Б-24 одеше кон мене.Треснав со крилото во делот на опашката,Мојот Хајабус се завтре и застана на грбот на огромниот авион.Додека се чудев што се случи гледав како американците ме гледаат со отворени усти.Сите од соседните авиони зјапаа кон мене, ме зачуди зошто никој не пука. Се уплашив. Ами што ако ме однесат така во нивната база. Почнав да го барам мојот пиштол и меч.Незнам колку време сум седел така ,сигурно не повеке од 2-3 сек , но мене ми се чинеше како да е цел саат.Во еден момент Либераторот почна да се тресе , силни вибрации минуваа преку целиот авион, се гледаше дека тоа е една машина која не може да се контолира. Големиот авион почна да пикира , а јас се одлепив како лист од гранка.Мојот авион се уште можеше да се контолира.Пробав да го стартирам моторот.ме послужи среката.Но се се тресеше толку силно што буквално потскокнував од седиштето.За момент се свртев и гледам како Б-24 се плеснува во морето.Но сега имав други грижи.Со судни маки успеав да го донесам до брегот. Кога ја допрев земјата авионот се распадна.Со скршени нозе и ранета рака загубив свест.Сум се разбудил после 3 дена.За моја срека ме пронашла една од нашите патроли...


Подвигот на Сатоши Анабуки е опишан во весникот "Јомиури Еији Сузуки" со што добива голема слава.Борбениот дух на неговата единица се подигнува , Самиот Сатоши е награден со многу награди и одлукувања. Генерал Кауаб кој е командант на јапонскиот окупационен корпус во Бурма му поклонува кинеска поема , која сам ја напишал за него.А генерал Он Сан кој е командант на Бурманската армија лично го посетува во болницата каде му се поклонува.
Во 1944 во февруари тој се врака во Јапонија каде е многу почитуван инструктор на ловечките единици на армијата на Јапонија.Во тоа време е назначен во многу опасна мисија да префрли една ескадрила Накаџима Ки-84 Хајате кон Филипините. При летот се пресретнети од американски морнарички авиони Груман Ф6ф-5 Хелкет.Во жестоката борба Сатоши успева да собори 6 (ШЕСТ) Кон крајот на војната е распореден во ПВО на Јапонија каде успева да собори еден Б-29 со авион Ки-100.

За време на неговата воена кариера тој води дневник,каде внимателно и во детали ги опишува своите битки и подвизи.Во него тој опишува 173 битки каде раскажува за 51 воздушни победи.од кои 30 му се признати.
Историчари кои се занимаваат со таа проблематика излегуваат со тврдења дека неговата цифра со победи е некаде околу 39.

Во 1950 Анабуки се приклучува кон одбрамбените сили на Јапонија.Како пилот на...хеликоптер.


Иван Ефтимов

Користена литература
Списание Аеросвјат бр21 март2002 автор Тошко Драгиев
Last edited by MaKoM on 19 Apr 2007, 14:07, edited 2 times in total.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Image
batkata

Image

avijonceto

Image

Ki-43 hayabus brka Mitchel B-25

Image
pak batkata so katana :lol:
...shoveling shits up the hill...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

повек инфо за авиојончето.....http://en.wikipedia.org/wiki/Nakajima_Ki-43
...shoveling shits up the hill...
User avatar
NightCrawler
Падобранец
Падобранец
Posts: 12
Joined: 28 Aug 2006, 17:30
Location: Strumica R.Makedonija
Contact:

Post by NightCrawler »

Добар пилот бил овој.Интересна приказна, браво. Чудно како не ја забележав досега. :wink:
Оти ја нема на насловната страна.????
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Ке ја ставиме и на насловна. само незнам дели ви е интересна. Никој до сега не пишуваше. Незнам и дали некој ја има прочитано.
Ако ви се допадна кажете да знам , да ви ставам уште некоја, таква.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
WINGMAN
Падобранец
Падобранец
Posts: 163
Joined: 17 Jul 2007, 02:56
Contact:

Post by WINGMAN »

More zakon e. Kako ne bila interesna. Stavaj uste ako imas.
User avatar
Snajper
Падобранец
Падобранец
Posts: 17
Joined: 29 Aug 2007, 18:08
Location: Р.Македонија
Contact:

Post by Snajper »

Браво МаКоМ , супер напишано, како и се до сега.Се надевам дека ке ни се сретнат патиштата некој ден.

Сакав да кажам дека малку е веројатно да има толку многу соборени авиони во еден лет. Сепак имајте предвид дека има само 2 (два) митралези од по 12.7мм и дека има ограничено количество муниција.

ама како и да е , во војна се е дозволено.
...French + Greek = FREAK...
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Текстот не е мој, само го преведов и малку го именив и дополнив од некој друг интернет сајт. Тестот е на еден италјанец кој ко има прекопирано од еден весни од Јапонија, статија пишувана во воено време , во кое сигурно е требало некој напумпан расказ за да се крене моралот на народот.


Поздрав
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Ema
Падобранец
Падобранец
Posts: 42
Joined: 28 Apr 2009, 22:01
Location: Skopje
Contact:

Post by Ema »

Браво , браво ме заинтересира. Кој знае дали нашите пилоти ке реагираат така.

Поздрав до авторот на текстот.
avijaciska medicina....zakon
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Ema wrote:Браво , браво ме заинтересира. Кој знае дали нашите пилоти ке реагираат така.

Поздрав до авторот на текстот.
Незнам , ти треба да кажеш за нашите пилоти.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33348
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Небесниот самурај-Сатоши Анабуки

Post by alvarhanso »

Не знаев точно каде да го ставам клипов... но бидејќи е од WWII и е снимка од Јапан....

http://www.youtube.com/watch?v=2uhpoLJH ... r_embedded" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Небесниот самурај-Сатоши Анабуки

Post by kocov »

не бе лоши во авиација јапонците кога ја почнаја војната ако се земат нивните копнени сили кој можи да речиме дека малку заостанале во технологија во однос на сојузниците.Но сепак големите капацитети на америка слабата противподморничка војна на јапонија со која американците успеја да ги отсечат од нивните ресурси низ азија си го направи своето .А к-100 е оној авион кој имаа кандар крилија
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33348
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Небесниот самурај-Сатоши Анабуки

Post by alvarhanso »

http://www.youtube.com/watch?v=bvsI_0E8ep0" onclick="window.open(this.href);return false;
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 8 guests