Зоран Иванов, падобранец

За љубителите на лесните авиони,падобранството,едрилиците и ултралесните летала.
For the fans of the light aircraft, paragliders, private flying and sailplanes.

Зоран Иванов, падобранец

Postby avijacijamk » 11 Sep 2006, 03:44

Image

Секој скок и секој лет е различен и нуди посебно чувство. Кога скокате со падобран, слободниот пад трае десет, триесет или педесет секунди - тоа е цел живот во мало. Неверојатно е како за толку кусо време и при движење од 200 километри на час мозокот работи толку брзо. Во тие моменти беспрекорно функционираат сите сетила.

- Чувството е индивидуално. За да го доживеете своето, ќе мора да скокнете со падобран. Ве уверувам, ќе ви се допадне.

Човекот ?паднат од небо" што вака уверливо н$ тера да полетаме како птица се вика Зоран Иванов. Тој е искусен новинар, сега директор на агенцијата МИА. Како послушен младинец во поранешна Југославија кој строго ги почитувал федералните закони, почнал да се занимава со падобранство на 16 години - тогаш законски одредена минимална возраст за почеток со воздухопловни спортови. Првиот скок му бил ?машки" и почетнички. Го ?збутале" во авион со дваесет мажи, но не се уплашил.

- Ух, беше тоа во далечната 1968 година во Вршац, Војводина. По теоретските подготовки во аероклубот во Скопје, почетниците-падобранци од цела Македонија н$ однесоа таму, зашто имаше адекватен авион за почетна обука. Беше хаос. По 20 почетници во авион. Првиот скок се памети цел живот, зашто никој од нас не знаеше што го чека - раскажува Иванов.

Со успешната обука во Вршац тој ја најавил плодната четириесетгодишна кариера во падобранството.

- При првиот скок не се уплашив, ама наредните беа скокотливи. Најголем страв доживеав на четвртиот скок. Го паметам тој страв. Во таква ситуација е многу важно да се има самоконтрола. Таа и тогаш не ми недостигаше. Некои се откажаа, не стасаа до десеттиот, но најголемиот број од нас од Македонија се вративме дома со завршена обука за почетници. Н$ чекаа скоковите со слободно паѓање - се сеќава најпознатиот македонски падобранец.

Зоран Иванов бил член на државната репрезентација за падобранци, учествувал на две светски првенства, на европски и на балкански шампионати и на многу меѓународни купови. Добитник е на најголемото признание во падобранството - Златна мачка со три дијаманти. Сопственик е на многу рекорди и признанија. Скокал и од 500 и од 5.000 метри височина. Најдолгиот скок му траел 100 секунди.

Вели дека, иако падобранството е индивидуален спорт, сака друштво во воздух. Омилено место за скокање му е Опатија, а најинтересно му било кога во ?мркли мрак" скокал на плоштадот Македонија.

- Јас сум спортски падобранец. Бев долги години член на државната репрезентација. Сум скокал на разни натпревари, на многу места во Македонија и во странство. Опатија ми остана во сеќавањето зашто се скокаше на плажа. Таму беше поставена целта. Интересни скокови имав и на вода во Охрид, во езерото. А можеби и најинтересни беа ноќните скокови во Скопје. Прст пред око не се гледаше, фенерите на ?газија" беа единствените знаци што ја обележуваа целта. Беше облачна ноќ, на Спортскиот аеродром ништо друго не гледав - се сеќава Иванов.

Највозбудлив воздухопловен спорт, според него, секако е падобранството. Но, забележавме дека со одбрани зборови раскажува и за пилотирањето.

- Не можам да ги заборавам миговите поминати во спортските авиони. Кога станува збор за овој спорт, без конкуренција е летањето со едрилици. Тоа е вистински предизвик. Да се биде со едрилица што повисоко и да се стигне што подалеку со помош на хоризонталното и вертикалното движење на воздухот и вештината на пилотирањето. Имам повеќе од 300 часови летови со едрилица и над 400 часови летови со авиони во својство на пилот. Кога ќе се соберат и летовите со авиони и хеликоптери со кои немам слетувано, туку скокано со падобран, часовите поминати во воздух веројатно даваат висока шестоцифрена бројка - ?пресметува" Иванов.

Во последните две години тој нема скокнано. Запре на бројката 2003. Но...

- Никогаш не се знае - вели загадочно Иванов.

Горан Игиќ
Премногу анализа доведува до парализа!!!
http://www.avijacija.com.mk
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 12:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia

Return to Спортска авијација / General aviation

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests

cron