АЛШАР

Неврзани работи кои и немаат баш многу врска со авијацијата.
Simple chit chat for things that may not really correspond with aviation.
Post Reply
User avatar
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5835
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep
Contact:

Re: АЛШАР

Post by Canemakedonski »

Зоран wrote:
Canemakedonski wrote:
Зоран wrote:ке има кеш во буџетот.
Ма само 20 тони во НБРМ другото нека им го!
Јас мислам дека ќе биде обратно.

Имав прилично добар совет од професорот по металургија на обоени метали ( талиумот го саккат во грами а ти работиш со кила ( се мисли на токсичноста на истиот) )... :nenene:
А НБРМ?
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

Е и таму е токсично!
ја знаеш компонентата за боите за 500 и 1000 денари .
++++ 5-6 милјиарди такви депонирани ++++++
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

Цане еве како ке оди математиката

јас бев за златото они го дадоа !


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22514" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5835
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep
Contact:

Re: АЛШАР

Post by Canemakedonski »

Зоран wrote:Цане еве како ке оди математиката

јас бев за златото они го дадоа !


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22514" onclick="window.open(this.href);return false;
Е и јас бев ама со умови што го напишале ова:
Пред да биде заштитена зона, на локалитетот од 1986 до 2000 година се спроведуваше научниот проект „Лорекс - експеримент“ за лорандитот, кој прекина поради новиот статус на локалитетот. Проектот имаше за цел да го одвои неутриното од талиумот за да се создаде моќен извор на еколошки чиста енергија што може да ги замени фосилните горива, чии резерви секој ден се намалуваат и чие користење ја загадува животната средина.
No comment :evil:
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

Но комент тотоале,
User avatar
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5835
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep
Contact:

Re: АЛШАР

Post by Canemakedonski »

И та убаву му објаснил професоров:

Енергијата што ја зрачи Сонцето се создава при реакциите на фузијата што се случува во неговото јадро. Топлината, ослободена во реакциите, се пренесува кон повисоките слоеви доминантно преку фотони. Мал дел од енергијата се пренесува преку електрони или по пат на конвекција. Потребни се околу милион години фотонот создаден во јадрото да ја измине внатрешноста на Сонцето (700.000 км) и да стигне до површината. Од овие причини, информацијата што овој фотон ја носи до Земјата не може да даде никаква слика за моменталните процеси во јадрото на Сонцето. Единствени честици што настануваат во термонуклеарните процеси и кои без никакви интеракции поминуваат низ Сонцето се сончевите неутрина. Неутриното е неутрална честица што се создава во процесите на претворање на нуклеоните еден во друг. Првпат неговото постоење теоретски е претскажано од Паули во 1931 година, за да се запазат законите за одржување на енергијата и на импулсот. Интересот за проучување на сончевите неутрина е поради одговорот што тие можат да го дадат на многу проблеми во науката: проблемот на скриената маса на вселената (кој може да се реши ако се утврди дека масата на мирување на неутриното не е еднаква на нула, како што се сметаше досега), објаснување на сложените механизми и реакции на пренос на енергија што се одвиваат во внатрешноста на Сонцето, може да се провери исправноста на поставениот модел за термонуклеарните реакции во Сонцето. Меѓутоа, основен проблем при детекцијата на неутрината е извонредно малиот пресек на реакциите со јадрата на елементите со кои е исполнет детекторот. Првиот експеримент за детекција на сончевите неутрина е почнат во 1968 година во САД од страна на Давис. Во Јапонија од 1986 година, со експериментот Камиоканде 2, се врши детекција на неутрината преку електроните што предизвикуваат Черенково зрачење. Тука како цел се користи вода. Во спомнатите експерименти, принципот на детекција е поставување соодветна мета во некоја рударска јама, длабоко под земјата, за да се елиминира влијанието на космичките зраци и другите надворешни влијанија и поставување голем број детектори во целта што регистрираат продукти на реакцијата. Стандардниот сончев модел досега не е потврден, бидејќи со сите досегашни експерименти се детектирани помалку неутрина одошто теоретски е очекувано. Единствен проект што предвидува геохемиски природен детектор е проектот „Лорекс“, кој се заснова на определувањето на посебен изотоп што настанува преку реакција помеѓу изотопот на талиум (кој се наоѓа во талиумовите минерали) и електронското неутрино. Оваа реакција е предложена од страна на Фридман во 1975 година. За таа цел е предложено да се користат талиумови минерали (пред сѐ минералот лорандит) од рудното наоѓалиште „Алшар“ во Македонија, кое е најголемо наоѓалиште на талиумови минерали во светот.

(Блажо Боев, професор на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип)

П. С, Тој коментаторов Александар не сум јас, иако сосема се сложувам со коментарот.
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

Заклучок од минерал нема енергија ++++ туку од гориво....
User avatar
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5835
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep
Contact:

Re: АЛШАР

Post by Canemakedonski »

Зоран wrote:Заклучок од минерал нема енергија ++++ туку од гориво....
И златото е поскапо од талиум.
User avatar
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 23:39
Location: New Foxсиче!
Contact:

Re: АЛШАР

Post by KVARK »

Canemakedonski wrote:
(Блажо Боев, професор на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип)
И проф. Боев (патем речено, ми пиша 9-ка по Кристалхемија, иако мислам дека успеав мнооогукратно да го разубедам во текот на годините кој минаа од тогаш во таа негова проценка) има голем удел во небулозите и глупостите кои се создадоа околу Алшар. Посебно во сегментот кога Лорандитот беше поврзуван со Македонската фаланга и Александар Македонски...

И денес соработувам со луѓе кои работеле на проектот Лорекс. Јасно е као бел ден, а денес и потврдено во научната литература, дека теоријата на мини-сонца како алтернативен извор на енергија е една голема грешка на квантно-физичките пресметки кои биле правени во почетокот на седумдесетите години на минатиот век. Така да, сетоа тоа паѓа во вода...

Алшар крие непроценливо богатство на интересни геолошки објекти. ако го земе некој концесионер и почне некаква сурова експлоатација, без притоа државата да има увид во тоа, верувајте непроценливо парче од нашето гео-хемиско богатство ќе заврши во странски музеи и научни институции...
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22515" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5835
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep
Contact:

Re: АЛШАР

Post by Canemakedonski »

KVARK wrote:
Canemakedonski wrote:
(Блажо Боев, професор на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип)
И проф. Боев (патем речено, ми пиша 9-ка по Кристалхемија, иако мислам дека успеав мнооогукратно да го разубедам во текот на годините кој минаа од тогаш во таа негова проценка) има голем удел во небулозите и глупостите кои се создадоа околу Алшар. Посебно во сегментот кога Лорандитот беше поврзуван со Македонската фаланга и Александар Македонски...

И денес соработувам со луѓе кои работеле на проектот Лорекс. Јасно е као бел ден, а денес и потврдено во научната литература, дека теоријата на мини-сонца како алтернативен извор на енергија е една голема грешка на квантно-физичките пресметки кои биле правени во почетокот на седумдесетите години на минатиот век. Така да, сетоа тоа паѓа во вода...

Алшар крие непроценливо богатство на интересни геолошки објекти. ако го земе некој концесионер и почне некаква сурова експлоатација, без притоа државата да има увид во тоа, верувајте непроценливо парче од нашето гео-хемиско богатство ќе заврши во странски музеи и научни институции...
Па проблемот со недостасувачките неутрина од Сонцето е решен како што вели Википедија во 2002, а за тие мини сонца или фузиони реактори, првиот комерцијален се очекува да проработи некаде 2050. На времето, во Галаксија и Космоплов имаше извештај за напредокот на секој 5 10 години.
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33462
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: АЛШАР

Post by alvarhanso »

Ааааа.... во овој напис ми се чини се надминаа себеси. :lol:


Шпиони го напаѓаат Алшар

Минералните суровини од најстарите времиња претставувале предмет на посебен интерес на разузнавачките служби. Во поновото време минералните суровини и целокупната минерална економија претставуваат посебен предмет на интерес и дејствување на шпионските агенции.

Во основа на интересот на разузнавачките служби е големото економско, социјално, политичко и воено-стратегиско значење на овие исцрпливи, необновливи и нерамномерно разместени природни ресурси во односот на држави, региони, континенти и воено-политичките алијанси.

Во современите услови, минералните суровини станале многу важен фактор за средствата за производство и материјалните елементи на производствените сили. Едновремено, производството и обезбедувањето на потребните количества минерални суровини (метални и неметални, масла, нафта, гас и друго) има извонредно влијание врз воспоставувањето и одржувањето на економската стабилност на земјата, усогласувањето на нејзината стопанска структура, обезбедувањето соодветен стабилен и динамичен стопански развој. Сето тоа во суштина длабоко ги одразува и нејзината одбранбена способност и материјалната подготвеност да ги зачува својата независност, суверенитетот и територијалниот интегритет. Тоа, пак, значи дека секоја минерална суровина има и соодветно воено-стратегиско значење. Оптимално користење на рудното богатство, располагање со резерви и можности за отворање нови наоѓалишта претставува значаен придонес за одбранбената способност на земјата, па оттаму во најголем дел и произлегува интересот на РС за низа карактеристични прашања што, директно или индиректно, се однесуваат на минералните суровини и минералната економија во целост.
Целиот комплекс на минералната економија, како предмет на интерес и простор на дејствување на шпионите, не е подетално истражуван и проучуван и му недостига нужен научнотеориски пристап, систематско проучување и следење.

Непознавањето, несфаќањето и несистематското следење на активностите на современите разузнавачки служби во областа на минералната економија може да има голем број последици. Соодветни служби и институции обрнуваат нужно внимание и на овие прашања, но меѓу експертите и вработените во областа на геологијата, рударството, металургијата, нафтената индустрија, енергетиката и сродните дисциплини многу малку е сторено и уште помалку се работи врз ширењето на овој вид безбедносна култура и однесување.

Хитлер во 1941 година на Балканот со Гестапо ги обезбедуваше “Борски рудник&рдљуо;, “Мајданпек&рдљуо;, “Мачкатица&рдљуо;, “Трепча&рдљуо; со “Леце&рдљуо;, јагленокопите во Обилиќ, Хром-Лојане, Радуша, Саса и Алшар... Денес, неофашистите од ЕУ и светот повторно ги држат клучевите на овие рудници и подрачја со минерални суровини. На Косово се пресметуваат „големите“ пријателски служби - ЦИА, Ми-6, ДСТ, БНД... за суровините што ги има во таа проколната земја. Во БиХ е почната нова стогодишна војна за господството врз минералните суровини. Само, тука крвават „чесниот крст и црвената полумесечина“, колат и едните и другите, а еврата и доларите - одат во Брисел и во Вашингтон. И сето тоа во името на Алах и на Господ. А јас се прашувам - Господе, кој овде е луд?!

Денес му се настрвиле на Алшар и сите шпионски патишта водат преку автострадите наречени НВО и екологисти-чистачи на Кожув Планина и симпатизери на зимските спортови и планинарењето со инструменти за геолошко опсервирање и истражување. Сите нив ги „возбудува“ епизодата со товарени коњи, на кои припадниците на Третиот рајх на Хитлер изнесувале непроценливо богатство од Алшар. И додека трае јагмата за македонските стратегиски минерални суровини, никој од субјектите што се платени да ги следат и попречуваат шпионските и мафијашките акции на територија на Република Македонија не мрднува ниту со прст. Има и такви за кои медиумите во Скопје пишуваа дека се на платниот список на една моќна „пријателска“ служба. Актуелните шпионски служби во современи услови најмногу се заинтересирани за оние податоци за минералите, суровините (резерви на стратегиските суровини) што се штитат со соодветни прописи, за да станат пошироко достапни. Тоа се заштитуваните податоци до кои се доаѓа најчесто преку нелегални извори. Одредени податоци од доверлив карактер може да се најдат во отворените извори, кога до нив всушност се доаѓа по легален пат. Еден број податоци се одлеваат и преку одредени кредитни аранжмани со странските партнери, потоа преку договори помеѓу домашни и странски фирми, како и низ научнотехнички и други видови соработка. Странските специјалисти, најчесто инженери и техничари, кои ја одржуваат (или монтираат) во прво време продадената опрема (машини и нивно пуштање во работа - технолошкиот процес), сервисирање на машините (одржување), во голем број случаи работат за разузнавачки служби на својата или на други земји.

Image

Иван Бабановски, професор на Факултетот по безбедност во пензија
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... k.facebook" onclick="window.open(this.href);return false;
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

Лазански е само мења идендитет.....
User avatar
Iko
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 45851
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA
Contact:

Re: АЛШАР

Post by Iko »

Зоран wrote:Лазански е само мења идендитет.....

:lol: :lol: :lol: :lol:
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

Ti vikam ja mu go poznav stilot.
User avatar
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5835
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep
Contact:

Re: АЛШАР

Post by Canemakedonski »

Море дајте да побареме некој извор на вода во или околу Алшар. Гарант е извор на вечната младост. Извор на вечниот памет сигурно не е :P
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

Canemakedonski wrote:Море дајте да побареме некој извор на вода во или околу Алшар. Гарант е извор на вечната младост. Извор на вечниот памет сигурно не е :P
Спред Љубичицата Алшарика можеш да си замислиш што има.
Според името на рудникот е наречена и истата ,ништо од тоа нема да добиеме освен тешко труење со Арсен ...него да си собереме 2-3 кила добра цена има.
User avatar
Canemakedonski
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5835
Joined: 11 Nov 2006, 22:12
Location: Prilep
Contact:

Re: АЛШАР

Post by Canemakedonski »

Зоран wrote:
Canemakedonski wrote:Море дајте да побареме некој извор на вода во или околу Алшар. Гарант е извор на вечната младост. Извор на вечниот памет сигурно не е :P
Спред Љубичицата Алшарика можеш да си замислиш што има.
Според името на рудникот е наречена и истата ,ништо од тоа нема да добиеме освен тешко труење со Арсен ...него да си собереме 2-3 кила добра цена има.
Јас мислев нешто психоделично, а то...
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

По психоделично здравје......
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: АЛШАР

Post by Зоран »

http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razono ... a-zhivotot" onclick="window.open(this.href);return false;
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: Bing [Bot], Majestic-12 [Bot] and 9 guests