Грција е кабает , што сега......

Неврзани работи кои и немаат баш многу врска со авијацијата.
Simple chit chat for things that may not really correspond with aviation.
Post Reply
User avatar
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 23:39
Location: New Foxсиче!
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by KVARK »

Зоран wrote:
KVARK wrote:
alvarhanso wrote:Хм, доста оштро. :shock:
Досега немам чуено вакви квалификации и формулации упатени кон НАТО, ЕУ или некоја друга организација.
Да видиме какви ќе бидат реакциите на посочениве... доколку ги има секако.

Според мое скромно мислење, ваквото лелекање од еден премиер над Светската неправада е исклучително нелидиерски и нестратешки потег.
Што му преостанува , се посраа на мегународното право , заради кое војуваа кога им оди во прилог. :mrgreen:

А што добро ќе добие Македонија ако премиерот вели дека сме предадени од НАТО-зликовци? :shock:
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Зоран »

Треба да се тресна во маса , па за разврска ке види ме можеби Македонскиот Косор е Зоран Ставревски.
Вака до недоглед не оди а пораката е јасна името, презимето,газот се на куп па кај нас така фини разработени .....
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15403
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by IgorMKD »

Не можам да не признаам дека Премиерот во овој случај крајно отворено и транспарентно му ја презентира на народот комплексноста на нашиот проблем. И јас сакам да видам дали оваа порака ќе предизвика реакција или ќе биде игнорирана надвор од Македонија. Во секој случај, мислам дека по ова интервју ништо повеќе нема да биде исто. Но, да видиме.
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
DesertFox
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 813
Joined: 10 Jul 2010, 19:55
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by DesertFox »

IgorMKD wrote:Не можам да не признаам дека Премиерот во овој случај крајно отворено и транспарентно му ја презентира на народот комплексноста на нашиот проблем. И јас сакам да видам дали оваа порака ќе предизвика реакција или ќе биде игнорирана надвор од Македонија. Во секој случај, мислам дека по ова интервју ништо повеќе нема да биде исто. Но, да видиме.
Чудна работа, презентирано беше само она што некому одговара да биде презентирано...не знам тука што имаше отворено и транспарентно?
brynner

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by brynner »

Ne pamtam ovie raboti bilo koga da bile javno kazani, OSVEN kako denes, pred domasnata javnost.

Da diga nos moze onoj komu mu se moze. Vakov "elaborat" se prezentira tamu kade sto bi znacel nesto posustinsko od rejting kaj glasacite - samo sto TAMU nema da donese nisto dobro. Zatoa i se zboruva doma...

Kolku sakale drobele nie ovde, ovaa mashinerija e taka dobro uigrana, sto PRVO precizira efekti, a POTOA definira sredstva kako da gi realizira.

Skolski primer za vesto planiranje.
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15403
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by IgorMKD »

Да не се лажеме, во РМ има мрежа на ДКП кои повеќе од сигурно и без исклучок ова интервју ќе го проследат до неколку риципиенти. Така да, нема да остане незабележано во меѓународни води. Дали ќе има реакција? Искрено не верувам бидејќи меѓународната заедница преферира да биде глува кога некој друг е во право а таа е затекната со смкнати гаќи. Било како било, можеби е и добро некогаш прљавиот веш да се извади на виделина, особено откако 20 години дипломатски "преговори" не доведоа во позиција да сме "лепрозни" за членство во НАТО и ЕУ со никаква перспектива тоа да се промени дури и да прифатиме низа отстапки покрај веќе направените. Јас сум длабоко убеден дека денес да седнеме со ропациве од југ и да им понудиме да се викаме Р. Whatsoever дека пак ќе најдат причина да не блокираат. Едноставно, тие работат на уништување на оваа држава по секоја цена. Да не се лажеме, да им се пружи историска прилика, јужњациве и воено би нагрнале на нас. А најстрашно е што сето ова "испод жита" е одлично ускладено со Софија и Белград. Не случајно, би рекол, во дел од интервјуто Грција се споменува, меѓу другото, и како предизвикувач на тензии во нашата земја...
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 23:39
Location: New Foxсиче!
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by KVARK »

Неможам да се согласам дека Македонија има било каков излез освен дипломатски од денешнава пат-позиција.
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15403
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by IgorMKD »

Така е брат. Можеби оваа порака е истотака нешто што е договорено на дипломатско ниво или е дел од поширока агенда. Дипломатијата всушност, во реалноста, нема лимити во облиците и начините на дејствување.
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 23:39
Location: New Foxсиче!
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by KVARK »

IgorMKD wrote:Така е брат. Можеби оваа порака е истотака нешто што е договорено на дипломатско ниво или е дел од поширока агенда.

Дај Боже да е така!

Само на тој начин, еден ваков настап на Премиерот би имал смисла. Во секој друг случај, скапо ќе платиме.
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15403
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by IgorMKD »

KVARK wrote:
IgorMKD wrote:Така е брат. Можеби оваа порака е истотака нешто што е договорено на дипломатско ниво или е дел од поширока агенда.

Дај Боже да е така!

Само на тој начин, еден ваков настап на Премиерот би имал смисла. Во секој друг случај, скапо ќе платиме.
Искрено мислам дека и по 20 години не сме дораснати за самостојно водење на високи политики без амин од нашите ментори. Веројатно има критична група на актери/субјекти во меѓународната заедница кои кумуваат на наша проактивност и агресивност во застапувањето на националните интереси. Во спротивно, секако дека нема смисла да го кудиш оној од кого зависиш.
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
DesertFox
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 813
Joined: 10 Jul 2010, 19:55
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by DesertFox »

Да навлегувам од кои побуди го кажа она што го кажа дотишниот не би сакал, а за пропагандата и како тој храбар, промислен лидерски настап беше тука кај нас лиферуван...но, прифакам дека во промена на реториката нема ништо лошо, бидејки сепак, само тоа и можеме да промениме во нашиот случај, алтернатива за нашата земја нема, ако некогаш имало, поминало, така да тоа е тоа.
Што се однесува до дипломатско-конзуларните претставништва, мислам дека со оглед на тоа што многу подобро се запознати со СЕ што се случува во нашата земја многу подобро од НАС како народ, и граѓани на оваа земја (чест на исклучоците, и ева ја користам приликата да ги поздравам оние што читаат по службена должност :D ) мислам дека тој настап во нивните очи изгледаше мизерно. Која е придобивката од тоа, (со исклучок на јунаштвото и патриотизмот, нели, се за Македонија) мислам дека истото можеше да се направи на многу посуптилен, и поефективен начин, онаму кај што теба да лижеш не плукај, а дефакто ние треба да лижеме а не тие.
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33462
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by alvarhanso »

НАТО членките ја повторија препораката од Букурешт - нема прием без решение за името

Земјите - членки на НАТО Алијансата ги усвоија заклучоците од самитот. За Македонија е повторена препораката од самитот во Букурешт, дека покана ќе има кога се постигне решение за спорот околу името со Грција.

„Македонија ќе добие покана за членство во НАТО веднаш штом се постигне заедничко прифатливо решение за името во рамките на Обединетите Нации и силно повикуваме на интензивирање на тие напори“ – ова стои во декларацијата што ја усвоија земјите членки на НАТО на самитот што се одржува во Чикаго.

„Брзото решение и членството што ќе следи ќе придонесе за стабилноста во регионот. Ги охрабруваме преговорите да продолжат без натамошно одложување и очекуваме што побрзо да завршат. Ние ги поздравуваме и продолжуваме да ги подржуваме реформските напори во земјата. Исто така ги охрабруваме напорите за натамошно градење на мултиетничко општество. Го цениме учеството на Македонија во нашите операции и улогата што ја има во регионалната соработка, ја вреднуваме и долгорочната посветеноста во пристапувањето кон НАТО Алијансата“ – стои во усвоените заклучоци на самитот во Чикаго.

Во декларацијата уште се напоменува дека американската државна секретарка Хилари Клинтон, ќе се сретне со претставниците на Македонија, Босна, Црна Гора и Грузија за да се договорат идните планови за соработка.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=3 ... ntId=91567" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33462
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by alvarhanso »

На самитот во Чикаго - Турција лобира, Грција блокира

Како што ветија така и сторија. Турските претставници во Чикаго ја презедоа улогата на главен македонски адвокат во битката за заклучоците како што се нарекува целодневната дискусија во Мекормик центарот.

Според непотврдени сознанија на маргините на самитот се случила и билатерална средба меѓу претставници на двете земји откако на пленарна седница немало договор за неколку спорни точки од заклучоците меѓу кои и за начинот на кој ќе биде третирана Македонија. Според информациите на Канал 5, и покрај силниот притисок со кој се соочува Грција од повеќе страни, нема никакво поместување од заклучокот од Букурешт поради тврдиот став на Петрос Моливијатис кој во никој случај не сакал да се согласи на промена на букурешкиот документ во делот за Македонија. Причината зошто се уште до долго во ноќта по локално време нема договор за начинот на кој ќе биде опишан самитот во финалниот документ е што од друга страна Турција не се согласува со ова и со уште неколку други прашања по што веќе се поставува прашањето дали до утре воопшто може да има договор за речениците во завршниот документ.

Сигурно е само едно, по јавните пораки од Атина дека доколку Македонија биде ставена на агенда ќе следува вето. Поканата за членство е вон секое сценарио и дека она што Македонија може да го добие е само соодветно вреднување на пресудата на Хашкиот суд.

Денеска попладне по македонско време на средбата на земјите кои имаат свои војници во Авганистан треба да говори претседателот Иванов, а вечерва следува и прес конференцијата на генералниот секретар на НАТО, Расмунсен, кој уште вчера самиот го прогласи за голем успех затоа што сојузниците се договориле за неколку од крупните прашања кои беа тема на расправа.

А Чикаго деновиве е град од кој иако привремено се иселени најмалку еден милион луѓе, сепак е во хаос. Неколку илјади демонстранти на неколку места се судрија со полицијата во обид да го искажат својот револт против војните кои ги води западот, но и против фактот што еден процент од населението е сопственик на 99 проценти од светското богатство. Меѓу протестантите има и луѓе кои знаат и за нашиот проблем со Грција.

„Грција не треба да кажува или да прави лоши работи против делот од поранешна Југославија кој сега се вика Македонија затоа што македонските луѓе не сакаат да земат дел од грчката територија. Двата народи секогаш биле блиски, уште од античко време “, вели еден од демонстрантите.

Турските претставници на самитот во Чикаго лобирале за фер пристап кон Македонија, но речиси минимални се шансите ваквите напори да ја променат политиката на НАТО - членките. Грција инсистира на формулацијата од Букурешт која ја става Македонија во позиција да чека пред вратите на Алијансата додека не се реши спорот за името.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=3 ... ntId=91560" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15403
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by IgorMKD »

DesertFox wrote:Да навлегувам од кои побуди го кажа она што го кажа дотишниот не би сакал, а за пропагандата и како тој храбар, промислен лидерски настап беше тука кај нас лиферуван...но, прифакам дека во промена на реториката нема ништо лошо, бидејки сепак, само тоа и можеме да промениме во нашиот случај, алтернатива за нашата земја нема, ако некогаш имало, поминало, така да тоа е тоа.
Што се однесува до дипломатско-конзуларните претставништва, мислам дека со оглед на тоа што многу подобро се запознати со СЕ што се случува во нашата земја многу подобро од НАС како народ, и граѓани на оваа земја (чест на исклучоците, и ева ја користам приликата да ги поздравам оние што читаат по службена должност :D ) мислам дека тој настап во нивните очи изгледаше мизерно. Која е придобивката од тоа, (со исклучок на јунаштвото и патриотизмот, нели, се за Македонија) мислам дека истото можеше да се направи на многу посуптилен, и поефективен начин, онаму кај што теба да лижеш не плукај, а дефакто ние треба да лижеме а не тие.
И повторно... ДКП ќе пренесат каде треба, а таму не се примарно оптоварени од секаквите детаљи што се се случува во Македонија, иако несомнено се редовно брифирани од своите структури, па соодветно ќе можат и да ја примат пораката во изворна форма бидејќи истата кога се чита од меѓународната заедница не содржи лаги туку е едно огледало за нивниот однос кон нас во текот на изминативе две децении. Нема ништо лошо да се збори малку поотворено со странците. Знаете кога ќе почнат да не почитуваат? Кога ќе сватат дека сме пораснале и сме способни самите јасно, гласно, одлучно и без пардон да се бориме за нашите национални интереси. Тогаш ќе не сметаат за дораснати и за almost-рамноправни партнери. Се дотогаш ќе не третираат на начин како што Премиерот го опишува. Можеби оваа порака иде во таа насока да им се каже дека дојде време да почнат да го бараат решението за проблемот кај другата страна и во своите редови а не само да не притискаат и понижуваат со попатно цинично глумење разбирање за нашиот проблем, секоја чест на исклучоци!
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15403
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by IgorMKD »

Македонија ги исполни сите услови и непотребно се држи надвор од НАТО
21.05.2012 - 09:52 | Македонија

Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО и е еден од најголемите поддржувачи на мисијата на НАТО во Авганистан според бројот на жители, но сепак нејзината покана во Алијансата непотребно се одложува.

Ве повикуваме да ги вложите сите потребни напори, јавно и приватно, да го поткрепите македонското место во семејството на НАТО и да ги повикате другите сојузници од Алијансата да ја продолжат политиката на отворени врати за нови членки.

Ова во писмо до американскиот претседател Барак Обама го пишуваат Доналд Рамсфелд и Вилијам Коен, поранешни секретари за одбрана на САД, и Сенди Бергер, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Бил Клинтон и на државниот секретар Хилари Клинтон.


Во обраќањето до Обама, тие потсетуваат дека последен пат кога водачите на НАТО беа собрани на самит во САД, во 1999 година, издадоа заедничка декларација дека „ниту една европска демократска држава чие членство ги исполнува целите на Северноатлантската Повелба нема да биде исклучена од разгледување на нејзиното членство“. Оттогаш, посочуваат, НАТО прими девет нови членки, при што последните покани беа испратени во 2008, а доколку оваа година не бидат примени нови членки, тоа ќе значи дека потенцијално ќе поминат шест години без нови покани.

- Денес НАТО е на крстопат. Додека членките на НАТО го намалуваат трошењето за одбрана, новите земји аспирантки за членство од Југоисточна Европа можат да ги обезбедат потребните капацитети и човечки ресурси за Алијансата. Овој регион постојано напредува по конфликтите во 1990-те години, но стабилноста на Балканот не може да се смета за загарантирана. Оттаму, бидејќи оваа година не се очекува на агендата на самитот на НАТО да биде проширувањето, стравуваме дека вратата за проширување нема да биде отворена во Чикаго, наведуваат Рамсфелд, Коен и Бергер.

Не можеме да си дозволиме, сметаат тројцата поранешни високи американски претставници, да испраќаме збунувачки пораки до оние држави кои се подготвени да станат и да се ангажираат. Нагласуваат дека Македонија која ги исполни сите услови за членство во НАТО, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Грузија кои исто така се ангажираат за членство во Алијансата, ќе бидат обесхрабрени од продолжувањето со тешките реформски процеси доколку не се одржи иницијативата во процесот на проширување.

- Вратата на НАТО мора да остане отворена за овие клучни сојузници. Нивните придонеси кон мисиите на НАТО мора да бидат признати и на самитот на лидерите на НАТО треба да се посочи на јасен пат за нивно полноправно членство, укажуваат Рамсфелд, Коен и Бергер.


Бараат од Обама на Самитот во Чикаго да го преземе лидерството и да се заложи за натамошно проширување на НАТО.

- Американскиот Конгрес повеќе пати ве поддржа вас и вашите претходници со повици за навремен прием во НАТО на сите наши сојузници кои доаѓаат од поранешниот советски блок. Вашето преземање на лидерството во Чикаго ќе ја продолжи долгата традиција на американска поддршка за интеграцијата на нашите демократски партнери во трајна транс-атланска алијанса, и ќе помогне да се зацврстат две декади на американски вложувања во безбедноста, стабилноста и демократијата на Југоисточна Европа. Мисијата на Алијансата останува незавршена се додека Европа не биде цела, слободна и во мир. Поради таа цел, членките на НАТО во Чикаго мора да ги удвојат своите обврски кон проширување на Алијансата, истакнуваат Доналд Рамсфелд, Вилијам Коен и Сенди Бергер во заедничкото писмо до претседателот на САД Барак Обама.

Доналд Рамсфелд беше секретар за одбрана на САД од 1975 до 1977 година во администрацијата на претседателот Џералд Форд, како и од 2001 до 2006 година во администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш, а служел и како конгресмен, американски претставник во НАТО и шеф на кабинетот на претседателот Форд. Вилијам Коен е поранешен секретар за одбрана на САД, од 1887 до 2001 година, во вториот мандат на претседателот Бил Клинтон и поранешен конгресмен. Сенди Бергер беше советник за национална безбедност на претседателот Бил Клинтон во неговиот втор мандат, а во 2008 година беше советник за надворешна политика на актуелниот државен секретар Хилари Клинтон за време на нејзината кампања за претседател.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... or-od-nato" onclick="window.open(this.href);return false;
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33462
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by alvarhanso »

IgorMKD wrote:Знаете кога ќе почнат да не почитуваат? Кога ќе сватат дека сме пораснале и сме способни самите јасно, гласно, одлучно и без пардон да се бориме за нашите национални интереси. Тогаш ќе не сметаат за дораснати и за almost-рамноправни партнери. Се дотогаш ќе не третираат на начин како што Премиерот го опишува.
Ако е така Игор, ми се чини дека е троа утнат терминот. Ваквите ставови требаше да ги презентира барем една недела порано за да стигнат на упатената адреса со време. Интервју со оштри тонови на денот кога одлуката (т.е формулацијата во NATO документите) за нас е горе-долу веќе донесена е задоцнета реакција... нервозен тик на премиерот, кој повторно ќе биде храна за една недела празни муабети ("Па потоа ние треба тука да се радуваме и со недели да го дебатираме заклучокот").

Реакции: Интервјуто на Груевски шанса за обединување или задоцнета артилерија
http://www.mkd.mk/32850/makedonija/reak ... ska-ruzin/" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 23:39
Location: New Foxсиче!
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by KVARK »

Изјава на Стево Пендаровски
Моето прашање и дилема не е дали државата има план Б и алтернативни меѓународни организации каде би барале членство, туку дали за двојните колосеци на меѓународната политика и користењето на помалите од поголемите земји разбрал сега или тоа го знаел уште кога се нафатил да ја води државата.
http://www.mkd.mk/32850/makedonija/reak ... ska-ruzin/" onclick="window.open(this.href);return false;
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
User avatar
DesertFox
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 813
Joined: 10 Jul 2010, 19:55
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by DesertFox »

alvarhanso wrote:
IgorMKD wrote:Знаете кога ќе почнат да не почитуваат? Кога ќе сватат дека сме пораснале и сме способни самите јасно, гласно, одлучно и без пардон да се бориме за нашите национални интереси. Тогаш ќе не сметаат за дораснати и за almost-рамноправни партнери. Се дотогаш ќе не третираат на начин како што Премиерот го опишува.
Баш ова, и јас радо би го коментирал, бидејки моментално ние и немаме дипломатија, може нешто во стилот јуниорЧИЊА, а што се однесува на тоа за што сме (НЕ)способни, нема потреба да дискутираме, ја живееме туѓата имбецилност, а под туѓа сигурно не мислам на онаа фраза "death to the west" сега окарактеризирана како патриотска... Да не должам многу, кога старите дипломатски кадри велеа дека Грција е исклучително опсана на полето на меѓународната политика, и дека долги години војува на ова поле и тоа на повеке фронтови, замислете со нашата моментално киндер-дипломатија како им изгледаме (па на сите не само на грчињава)?! А изјавите од типот на Калимеро, никогаш и никаде не поминале добро, затоа што тоа е израз на слабост, спротивно на општото мислење.
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Зоран »

СЕ плашам дека ке добиеме пакет од типот ,земи или нема друго.
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 6117
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Trpkovski Vladimir »

Зоки, било кој пакет може да се прими, ама може и да се одбие. Да се разбереме, и јас би сакал како држава да станеме членки на НАТО и ЕУ, ама дефинитивно не по секоја цена.

Некој спомна дека ние немаме друга опција. Апсолутно погрешно, ние имаме друга опција. Ние таа опција ја живееме веќе 21 година. Не дека таа опција е најдобра, ама сепак е опција.

Знаете, си личиме на некои деца кои сакаат да влезат во диско-клуб, ама избацивачот стално им наоѓа некоја мана за да не ги прими таму, те патиките не ни биле чисти, те требало сако и кравата да се носи, те не сме бричени, те косата ни била мрсна, и се така ќе продолжат се додека не се свеснеме дека не сакаат да не пуштат.
Е тогаш можеби ќе дојде време ние самите нешто да направиме за нас, без оглед на вратарот од диското, да заличиме на луѓе, почитувани и респектирани, па тогаш самиот газда на диско клубот да не повика да дојдеме кај него.
Значи треба да научиме самите да си ги решаваме проблемите, како во економијата, така во одбраната, така и во политиката. Кога тоа ќе го научиме, самите ќе не побараат, бидејќи и нив им одговара да не примат и во НАТо и во ЕУ, пред се поради тоа што се наоѓаме во срцето на Балканот, и преку нас се скратуваат патиштата кои се важни за самата ЕУ и НАТО.
Едноставно, треба да престанеме толку да се форсираме со влезот во ЕУ и НАТО и да почнеме да си ги решаваме сопствените проблеми, без да се надеваме на помош од истите.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: Majestic-12 [Bot] and 10 guests