Грција е кабает , што сега......

Неврзани работи кои и немаат баш многу врска со авијацијата.
Simple chit chat for things that may not really correspond with aviation.
Post Reply
User avatar
DesertFox
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 813
Joined: 10 Jul 2010, 19:55
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by DesertFox »

Што е е тоа што ние го живеевме и сеуште го живееме? Која е таа друга опција? Кој е тој што ќе ги реши нашите проблеми? Ние? Сега? Како?

Дајте да не се залажуваме, ние моменатално и во наредните најмалку 5 години не можеме да се справиме со династиите кои не владеат, а не камли нешт посеризоно да направиме, можеби тогаш ке видиме бар за момент како би треало да функционира системот на една држава.

Ама сепак, заборавив дека сме ние потомците на Александар Велики(по нашето воздухопловно пристаниште) па кој знае...
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 9688
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Bobo »

by dragan_mig31 » 05 Dec 2011, 22:11

Грција ќе си го премести од лева у десна ногавица по повод пресудава.Џабе се џапате.
Мора да го копирам легендарниов коментар кој ИСТО ке важи и за сега во Чикаго!
Ready to take photos!
User avatar
KVARK
Политички комесар
Политички комесар
Posts: 3753
Joined: 06 Aug 2006, 23:39
Location: New Foxсиче!
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by KVARK »

Bobo wrote:
by dragan_mig31 » 05 Dec 2011, 22:11

Грција ќе си го премести од лева у десна ногавица по повод пресудава.Џабе се џапате.
Мора да го копирам легендарниов коментар кој ИСТО ке важи и за сега во Чикаго!

Овој коментар е за во аналите на МАФ!

Драги легендо!

:bravo:
Останете желни за знаење! Останете несериозни!

Стив Џобс
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 35663
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by dragan_mig31 »

:D :D :D :D
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33462
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by alvarhanso »

„То Вима“: Турција неуморно лобираше да се смени заклучокот од Букурешт

Атина успеа да ја наметне својата позиција на Самитот на НАТО во Чикаго, Македонија да не влезе во Алијансата пред да биде најдено заемно прифатливо решение за името. Земјите членки на НАТО во оваа фаза не извршиле притисок за членството на Скопје, но нагласиле дека нема долго да ја трпат таквата ситуација, пишува денеска грчкиот весник „То Вима“.

Изданието посочува дека и покрај неуморните залагања на Турција во коминикето на Самитот да биде нагласена неодамнешната одлука на Меѓународниот суд на правдата според која Грција ја прекршила Времената спогодба со наметнувањето вето на Самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година, тоа не беше постигнато. Турската позиција била поддржана од Канада, Холандија, Словенија и други земји, но САД настојувале прашањето да не се отвора во момент кога Атина се соочува со избори и економска криза. Ставот на Вашингтон бил поддржан и од генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

- Во однос на Скопје имаше задкулисни разговори и еднострани обиди да се промени одлуката од Букурешт. Тие обиди сепак не успеја, изјавил министерот за надворешни работи на Грција Петрос Моливијатис кој ја претставува земјата во Чикаго.

Весникот воедно повикувајќи се на сигурни дипломатски извори, наведува дека во последно време почнале задкулисни разговори за определување на некаков рок за решавање на спорот и членството на Македонија во Алијансата. Тоа не се случи во Чикаго, но во соопштението од Самитот се посочува дека треба „да се интензивираат напорите“ за изнаоѓање заемно прифатливо решение до кое треба да се дојде што поскоро, со што ќе се придонесе за сигурноста и стабилноста на регионот. Преговорите мора да продолжат без „натамошни одложувања“ и да завршат „што е можно поскоро“, се бара во коминикето на НАТО.

- Сето ова бара од Атина да се подготви веќе за наредниот ден. Пораки пристигнаа од повеќе страни, меѓу кои и од Германија. САД, исто така, сакаат прашањето да се затвори, иако овој пат не пристиснаа, но веќе во позадина презеле активности кои можат да го олеснат процесот за изнаоѓање решение, пишува „То Вима“.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/71686- ... d-Bukurest" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
Loaded_Dice
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 1256
Joined: 04 Aug 2006, 22:48
Location: Skopje, MK
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Loaded_Dice »

Еве и јас со краток но ироничен коментар:

Со оглед што целиот свет и се тресе на Грција, повеќе нема сомнеж дека всушност Грците, а не Евреите се избраниот народ од Библијата, очигледно кој и да е авторот дошол до мала заблуда во поглед на географските термини, од која страна на медитеранот треба да се бара тој народ :twisted:

Да не звучам дефитистички , имајќи го ова во предвид не ни преостанува ништо друго освен да им ги исполниме сите желби на "избранивe", зошто инаку црно ни се пишува ...
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 6117
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Trpkovski Vladimir »

DesertFox wrote:Што е е тоа што ние го живеевме и сеуште го живееме? Која е таа друга опција? Кој е тој што ќе ги реши нашите проблеми? Ние? Сега? Како?

Дајте да не се залажуваме, ние моменатално и во наредните најмалку 5 години не можеме да се справиме со династиите кои не владеат, а не камли нешт посеризоно да направиме, можеби тогаш ке видиме бар за момент како би треало да функционира системот на една држава.

Ама сепак, заборавив дека сме ние потомците на Александар Велики(по нашето воздухопловно пристаниште) па кој знае...
Дезерт
Оној ден кога ќе се прифатиме самите себеси онакви какви што сме, и дека не сме ниту погоре, ниту подолу од останатите кои живеат на земјинава топка, и кога ќе сватиме дека никој друг неможе да ни ги реши проблемите, туку тоа самите мора да го сториме, дури тогаш ќе почнеме да напредуваме.
Каква и да е другата опција, ние веќе дваесет и една година ја живееме, значи може и така да се живее.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
DesertFox
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 813
Joined: 10 Jul 2010, 19:55
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by DesertFox »

Trpkovski Vladimir wrote:
DesertFox wrote:Што е е тоа што ние го живеевме и сеуште го живееме? Која е таа друга опција? Кој е тој што ќе ги реши нашите проблеми? Ние? Сега? Како?

Дајте да не се залажуваме, ние моменатално и во наредните најмалку 5 години не можеме да се справиме со династиите кои не владеат, а не камли нешт посеризоно да направиме, можеби тогаш ке видиме бар за момент како би треало да функционира системот на една држава.

Ама сепак, заборавив дека сме ние потомците на Александар Велики(по нашето воздухопловно пристаниште) па кој знае...
Дезерт
Оној ден кога ќе се прифатиме самите себеси онакви какви што сме, и дека не сме ниту погоре, ниту подолу од останатите кои живеат на земјинава топка, и кога ќе сватиме дека никој друг неможе да ни ги реши проблемите, туку тоа самите мора да го сториме, дури тогаш ќе почнеме да напредуваме.
Каква и да е другата опција, ние веќе дваесет и една година ја живееме, значи може и така да се живее.
Види вака Владимир, јас секогаш велам дека оној момент кога ние ВИСТИНСКИ ќе ги исполниме критериумите за влез во НАТО и ЕУ, од истиот тој момент тие две организации нас нема да ни бидат потребни, бидејки веќе ќе ги имаме решено најгорчливите проблеми на оваа држава.
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33462
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by alvarhanso »

Груевски: Остануваме посветени на НАТО, но немам намера да бидам лицимерен

Скопје, 21 мај 2012 (МИА) - Република Македонија има и капацитет и потенцијал да продолжи да остварува резултати и успеси, да реформира и модернизира, да спроведува проекти кои ќе го подобрат секојдневието на секого од нас. Никој не смее да се сомнева во тоа. Имаме капацитет да работиме и да напредуваме, како што имаме и право да бидеме незадоволни од оваа неправда што ни се случува, и тоа не е прашање на Груевски или Црвенковски, или Георгиевски или Петковски, или Тачи или Ахмети, или на кој било политички лидер или индивидуалец. И оттука, некои реакции на моето интервју за МИА дека било емотивно се нелогични и се критика без јасна цел, која доаѓа од луѓе кои не знаат да разликуваат вистина од емоција.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговорот на дописот од пратениците од СДСМ.

- Ние и понатаму ќе останеме посветени на реализацијата на стратешката определба за членство во НАТО, и ќе работиме во таа насока, посочува во писмото премиерот јасно посочувајќи и дека Македонија ќе продолжи со поддршката на мировните мисии на Алијансата.

Груевски упати и порака до граѓаните. - Вербата, вистината и правдата секогаш победуваат! Историјата тоа го потврдила безброј пати! Самите одлучуваме, и самите ќе оствариме нови подвизи и успеси. Имајте верба во себе, и во Вашите блиски. Ќе продолжиме да создаваме и да успеваме, треба сите да бидат убедени во тоа, пишува премиерот.

Во одговорот на дописот од пратениците на СДСМ тој посочува дека ваква реакција од опозицијата воопшто не го изненади и оти ја очекувал и „тоа токму заедно со тонот со кој е пишувана“. - А и самите знаете дека е пишувана од една рака, која се крие зад вашите потписи, принцип адекватен на се останато во вашата партија, посочува премиерот.

На самитот на НАТО во Чикаго, уште еднаш беше потврдено дека нашата земја ги има исполнето сите услови и критериуми за членство во Алијансата, и со тоа директно самиот НАТО ги демантира сите, како што наведува, „ваши досегашни обвинувања дека ние не работиме за евроатланската интеграција, исто како што тоа првпат го направи во април 2008. на Самитот во Букурешт“.

- Ова достигнување е дело на сите граѓани на Република Македонија и во оваа прилика би сакал на сите граѓани да им се заблагодарам за целокупната подршка која ја даваат на нашите напори за остварување на оваа стратешка определба, пишува Груевски.

Иако ги имаме исполнето сите услови и критериуми за членство, и иако активно, посветено и бескомпромисно придонесуваме во мисиите на Алијансата, Република Македонија, за жал не доби покана за полноправно членство во НАТО.

- Уште еднаш би сакал да кажам дека овој епилог е непосакуван, неправеден и неправичен, но не е неочекуван или пак изненадувачки, исто како што и вашата реакција беше очекувана за мене. Сите ние заедно, сме свесни и добро знаеме дека единствената причина за нашето попречување за остварување на нашите легитимни и легални аспирации, е противењето на нашиот јужен сосед, кој уште пред 21 година создаде проблем и отвори прашање околу уставното име на нашата земја, и спори и ни наметнува откажување од нашиот македонски идентитет, не престанува со тие обиди, и нема ниту волја ниту желба да пристапи кон посветено и конструктивно надминување на овој предизвик кој стои помеѓу нашите две земји, и двете земји ги оптоварува и им одзема енергија, се вели во писмото.

Треба да биде јасно и разбирливо, посочува Груевски, дека она што зависеше од нас, она што е легално и легитимно, базирано на цивилизациските вредности и придобивки, и што е зацртано како прифатлив стандард кој требаше да го исполниме - го направивме, а оваа Влада која ја предводам беше лидер во остварувањето на стандардите кои ги бараше НАТО од нас.

- Се што има предвидено Алијансата да важи за сите аспиранти за членство, како услови за станување член на семејството на евроатланстаката заедница е остварено, јасно и прецизно. Едноставно, она што нас не попречува да станеме членка на НАТО, не важело, не важи, и неможе и нема да важи ниту за еден аспирант за идно членство, и никој од нас, вклучително и Владата, нема одговорност за таквото наметнато прашање кое е сензибилно и кое сум длабоко убеден не може да се реши од позиција на сила и наметнување, како што некој се обидува да ни наметне, се наведува во одговорот.

Во овие мигови на голема неправда, продолжува премиерот Груевски, која силно ги погодува чувствата на сите нас, на сите граѓани на Република Македонија, и покрај вашите реакции кои по мене се крајно непотребни и бесцелни и не придонесуваат за интересот на нашата земја, апелирам до сите граѓани да останат спокојни и да не потклекнат на наметнатата отворена девалвација од Грција и на не по наша вина создадената фрустрација.

- Граѓаните треба да не дозволат оваа неетичка злоупотреба на позицијата која ја има нашиот јужен сосед и класична демонстрација на неконструктивно однесување, кое е во спротивност со основните начела на НАТО Алијансата-еднаквоста, слободата и владеењето на правото, на меѓународното право, да ги совлада, потишти или пак да им ги помати перцепциите и приоритетите, пишува Груевски.

Ако со неправда сме попречени да го добиеме она што самите сме го заслужиле и одработиле, се вели натаму, тоа не е и никако не смее да биде наша сопствена вина или пак одговорност.

- Ова се такви мигови, на предизвици, од кои веруваме и убеден сум, дека сите ние, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и останатите заедници кои живеат во нашата држава, ќе излеземе уште посилни, и тоа мора да го направиме и ќе го направиме. Обединети, сплотени, рационални, посветени, енергични, мудри и смирени. Достоинствено и чесно. Со труд и залагање. Ако вие како политичка партија се решите да реагирате на друг начин, кој е неконструктивен, тоа е ваша работа, а граѓаните ќе судат кој бил во право, а кој не бил во право, пишува тој.

Ние не ги носиме одлуките за членство во НАТО, продолжува тој, тоа го прават земјите членки на Алијансата. - Наше беше да работиме, да спроведуваме реформи и да модернизираме и да придонесуваме кон реализација на заедничките интереси. НАТО јавно призна дека тоа сме го правеле, во нивниот заклучок од Самитот, кој е јавно достапен и може да го видите. А ние тоа го правевме, беспрекорно, целосно, бескомпромисно, силно, мотивирано, со обединети сили, пишува Груевски.

Деноноќно работевме, вложивме енормни напори, средства, ресурси и труд, претрпевме многу самооткажувања, издржавме, нашите мировници смело и храбро ги ризикуваа своите животи за да придонесат и да помогнат на нашите заеднички цели, се во функција на вербата во светската правда.

- Јас, како премиер на Република Македонија, на кого граѓаните му ја дале довербата да управува со реформите и модернизацијата и со политиките, претседателот на државата, министерот за надворешни работи, за одбрана, за евроинтеграции, целата влада и сите лица на функции и позиции, пратениците, вклучително и вие, остваривме стотици средби за да ги промовираме нашите интереси, да ги објасниме позициите, да ги аргументираме истите тие позиции, да лобираме, да замолуваме, да бараме да се вреднуваат резултатите и достигнувањата, а да се игнориираат неправичните одлуки донесени врз база на посилна позиција, изминавме илјадници километри, не се штедевме и не застанувавме, иако знаевме дека е тешко, и дека за жал, и самите пријатели со кои зборувавме, и кои непосредно ги подржуваа и оправдуваа нашите ставови, ни сугерираа дека повторно ќе бидеме попречени, и тоа не по наша вина, туку заради нечија друга неодговорност, се вели во текстот. Сите ние, додава тој, и јас како премиер, имаме чиста совест, дека во име на граѓаните, во цели во кои сите веруваме, направивме максимум, се што од нас зависеше направивме, и секогаш ќе продолжиме така да правиме.

Потсетува дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг, најрелевантното тело за меѓународната правда и право, донесе одлука и зазема ставови дека нашиот јужен сосед нелегално не попречил во членство и дека не би требало да не попречи повторно ако побараме членство.

- Но, директно прекршување на ставовите на телото кое ги промовира правото и правдата на светско ниво, дојде повторно од земјата која не попречува, и чии политички лидери отворено на состанок одржан под покровителство на нивниот претседател, истакнаа дека тие се за вето, за попречување на нашата земја за членство во НАТО, и дека за да си ја остварат својата цел, треба да ги преземат сите средства, дури и најрадикалните, како што е ветото кое самите тие го истакнаа јавно, и тоа средства и мерки кои се и видливи и помалку видливи, се наведува во одговорот.

Сакам да Ве уверам, пишува Груевски, дека Република Македонија има и капацитет и потенцијал да продолжи да остварува резултати и успеси, да реформира и модернизира, да спроведува проекти кои ќе го подобрат секојдневието на секого од нас.

- Никој не смее да се сомнева во тоа. Имаме капацитет да работиме и да напредуваме, како што имаме и право да бидеме незадоволни од оваа неправда што ни се случува, и тоа не е прашање на Груевски или Црвенковски, или Георгиевски или Петковски, или Тачи или Ахмети, или на било кој политички лидер или индивидуалец, тоа е наша должност, да се грижиме за интересите на граѓаните и на нашата земја, и одговорно да ја зборуваме вистината. И оттука, некои реакции на моето интервју за МИА дека било емотивно се нелогични и се критика без јасна цел, која доаѓа од луѓе кои не знаат да разликуваат вистина од емоција, наведува премиерот.

Во таа смисла, додава тој, да, нашата реакција е емотивна. - Нашата реакција е логична и реална! Што треба да правиме? Да се радуваме? Да ја криеме реалноста и да забошотуваме и замајуваме сопствениот народ? Да бидеме политиканти од профилот на еден политичар кој ни се промовира на македонската сцена цели 20 години? Политичари кои климаат со глава и ценат дека пријателствата и партнерствата се прават само со недостоинствен однос? Не! Ние пријателствата и сојузништвата ги градиме со директен и искрен однос и само низ таа призма може да се гледа нашето делување и нашите јавни изјави. Исто како и во животот, пријателства се градат со отворен и искрен однос и кога работите за кои еден смета дека се неправедни, или создаваат фрустрација, треба отворено да се кажат и дискутираат, а не да се ставаат под тепих и премолчуваат, и само на тој начин едно пријателство или сојузништво може да се зацврсти и да се подобри неговиот квалитет. Или напротив, доколку се премолчуваат некои работи, а фрустрацијата расте и тлее тогаш тоа не може да води кон здрав однос и искрено пријателство, пишува премиерот.

Не сакаме и не знаеме да бидеме лицемерни, и додека некој ни ја попречува иднината и перспективата на два милиони граѓани на оваа земја да премолчуваме или да наведнуваме глава, или да се самообвинуваме за нешто што е вина на друг! - Не. Ние кажуваме директно. Јасно и прецизно. Искрено и чесно. Никогаш не очекувајте дека ќе лажеме. Политиката што досега ја промовираа некои од лидерите на опозицијата, како политика на свиткан рбет и криење на реалноста, не ја прифаќам како метод во политиката и однос кон сопствениот народ. Ако некој ја каже реалноста и вистината тогаш тој е емотивен, непримерен или кавгаџија. А ако некој го лаже сопствениот народ дека му го менува името во привремена референца и дека таа референца ќе трае само два месеци е визионер? Тоа ли се вашите вредности? Јас лично тоа не го прифаќам, вели Груевски. Не го прифаќам, истакнува тој, лицемерието како израз на политиката.

Посочувајќи оти забележал дека пратениците го доведуваат во прашање легитимитетот на моите позиции, Груевски потсетува дека пред неполни десет месеци имавме избори во Македонија и мнозинството граѓани јасно и недвосмислено доделија мандат на оваа влада и ја изразија својата доверба во нејзините политики вклучително и во позицијата по однос на ова прашање и која што за разлика од вашето постојано менување на ставови за ова прашање е јасна и прецизна.

- Јас моите позиции ги кажувам како премиер на оваа земја, и имам право и морална обврска кон мојот народ тоа да го правам. Секако доколку некој ја спори мојата легитимност и дали ова што го говорам има поддршка кај граѓаните има механизми како тоа може да се провери. Република Македонија има сила и ќе продолжи да работи во функција на остварување на економски раст и развој, за подобрување на стандардот на граѓаните, и за создавање на услови за задоволување на потребите на населението, ќе продолжиме со напорите за обезбедување и со реализацијата на инвестиции и капитал во функција на отворање на нови работни места, пишува премиерот.

Република Македонија, продолжи тој, има сила и ќе продолжи да го гради мултиетничкото и мултирелигиското општество, да работи на обединување во целите и вредностите на сите граѓани, да остане стабилна држава, која ја гарантира безбедноста и сигурноста на своите граѓани, исто како што тоа го прави секоја европска и евроатлантска држава, соочена со исти предизвици, исти моменти како што и тие се соочуваат, и да применува мерки и активности како што и тие применуваат и кои се прифатливи и соодветни во секој поглед, како и во однос на менаџирањето на односите и обезбедувањето на вредностите, така и во менаџирањето на ефектите.

- Ние сме на страната на правдата, зад нас се вредностите, и мора секогаш да останеме со вредностите. Историјата и развојот не се миг, тие се вечност, работите се менуваат, но ние не можеме да се смениме и да прифатиме да оствариме некое право под нелегитимни услови. Никој од нас, нема морално право да се откаже од чувството кое го поседуваме и со кое се самоидентификуваме и како политичка гарнитура никогаш нема да отстапиме од нашиот став за промоција и заштита на нашиот македонски идентитет, како што впрочем и објавивме во нашата програма со која победивме на изминативе избори, пишува Груевски.

И понатаму ќе останеме посветени на реализацијата на стратешката определба за членство во НАТО, истакнува тој, и ќе работиме во таа насока. - Ако некој ја каже вистината не значи дека некој се кара со стратешките партнери. Тоа е класично извртување на тезите. Немој да мислите дека некој повеќе ќе цени некого ако некој се однесува недостоинствено и не ги кажува работите со вистинското име. Тоа што како што некои од опозицијата велат дека досега многу лидери во Македонија не реагирале на овој начин не значи дека тие правилно постапувале. Точно е. Не реагирале. Но зошто!? И што добила Македонија од тоа што некој за да си ја спасува политичката кариера или за да не се замери дури и при најголема неправда, зад наметката на некаква политичка прагма и лажно визионерство го лажел сопствениот народ!?, одговара премиерот.

Ќе продолжиме со подршката на мировните мисии на Алијансата за обезбедување на светскиот мир и демократијата, затоа што, потенцира Груевски, тоа е она што сме го определиле и во што веруваме. - Ние ќе продолжиме и понатаму одговорно да се однесуваме и да постапуваме, нешто што не карактеризира сиве овие години откога ни е наметнат овој бесмислен, и на друго место невиден спор, кој е во спротивност со сите вредности и со меѓународното право и правда, се вели во одговорот.

Ние и понатаму, додава премиерот Никола Груевски во одговорот на дописот од пратениците од СДСМ, ќе останеме да се чувствуваме како Македонци, и јас сум убеден дека еден ден ние ќе успееме да ја реализираме нашата поставена цел, членство во НАТО и ЕУ, и изградба на силна, модерна и просперитетна Република Македонија. ев/16:55
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=94091120&lId=1" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33462
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by alvarhanso »

Амбасада на САД: Невини се изјавите на Груевски, се оградуваме од коментирање

Американската Амбасада упати реакција на интервјуто на премиерот Никола Груевски.

Во реакцијата стои дека Вашингтон се оградува од коментирање на изјавите од македонските власти, карактеризирајќи ги како невини.

Според нив, НАТО со Самитот во Чикаго покажал дека успешно се справува со низа отворени прашања кои се важни за алијансата но исто така потенцираат дека вратите на Алијансата се отворени за сите партнери кои бараат членство.

Исто така во Декларацијата која е прифатена од шефовите на државите се фали Македонија и нејзиното учество во мисиите кои се составен дел од плановите на НАТО.

На крајот од реакцијата стои дека договорот за понуда на членство сеуште стои но кога ќе се реши прашањето на името со Грција.
http://sky.mk/makedonija/22566-%D0%90%D ... D0%B5.html" onclick="window.open(this.href);return false;

Ова е веќе подјебавање. :)
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Зоран »

Тоа ни го прават години наназад!
што е чудно сега врв на лицемерието.
Проблемот е во нас кај грците гранитен став Ергаомнес, кај нас килав овој ни е за 3 дена ние за 6 месеци .
Ако речеме скапо ни е кој ве Е..е може ке иам и компромис.
User avatar
Христијан
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 2749
Joined: 16 Sep 2009, 23:14
Location: Република Македонија
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Христијан »

Си играат со нас, а и во право е премиерот немаше потреба да оди Претседателот во Чикаго, кога се исто ни кажуваат и не заебаваат.
The only easy day, was yesterday!
brynner

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by brynner »

Сите изјави на поддршка од извикани иднивидуалци доаѓаат БЕЗ ИСКЛУЧОК откако типовите станале поранешни фактори во својата дејност - освен ПиАр цели и ефекти, немаат друга тежина.

Оние ретките, пак, кои тоа го прават додека се во „активен состав“ - или тоа им е задача (...) или немаат тежина на фактор на влијание.

... И да, се‘ ова вака се‘ додека помошта ја чекаме однадвор, а во меѓувреме своите обврски и она што реално можеме самите да го направиме и промениме го усеруваме и сами себе се подјебаваме оти (на пр.) побитни ни се парламентарни и локални отколку „да се биде или не“ избори.
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 6117
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Trpkovski Vladimir »

DesertFox wrote:
Види вака Владимир, јас секогаш велам дека оној момент кога ние ВИСТИНСКИ ќе ги исполниме критериумите за влез во НАТО и ЕУ, од истиот тој момент тие две организации нас нема да ни бидат потребни, бидејки веќе ќе ги имаме решено најгорчливите проблеми на оваа држава.
И на крај испадна дека истото го зборуваме, ама различно го искажуваме. :D :D
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by kocov »

Денеска заменик министерот за одбрана изјави дека македонија можи да почни да соработува воено со КИНА
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 6117
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by Trpkovski Vladimir »

Кочов брат, ние одамна воено соработуваме со Кина.
До душа имаше мал прекин кога се правевме паметни и го признавме Тајван, ама после тоа пак се придвижи соработката.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by kocov »

Да ама првпат ваква изјава во смислам да се оди на замена за нато пактот
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15403
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by IgorMKD »

kocov wrote:Да ама првпат ваква изјава во смислам да се оди на замена за нато пактот
А кога рекол дека ќе го менуваме НАТО со Кина?
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by kocov »

IgorMKD wrote:
kocov wrote:Да ама првпат ваква изјава во смислам да се оди на замена за нато пактот
А кога рекол дека ќе го менуваме НАТО со Кина?
заменик министер за одбрана на р.макеоднија
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15403
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Грција е кабает , што сега......

Post by IgorMKD »

Пак не читаш што пишувам! Цитат?
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: Bing [Bot] and 12 guests