Истото може да се види и на фотографиите од оваа кула.

Долго време кулата немаше врата нити прозори, па и во најтоплите августовски денови внатре во самата кула имаше натрупано снег, а во последно време почнаа да паѓаат и камења и малтер од ѕидовите на самата кула, така да не е баш безбедно да се седи во нејзиното подножје, а тоа е нарочно тешко за време на масовниот планинарски поход кој се одржува некаде околу 25 мај (да да, сеуште се одржува

Минатата година Планинарското Еколошко Друштво Аргентус Моунт, инаку најмладо ама и можеби најактивно планинарско друштво во Тетово си зеде за обврска да ја реновира кулата и по можност да ја оспособи како планинарски дом, во кој би можеле да се одморат планинарите (ловците, војниците, граничните полицајци или било кој намерник), да се згрее и исуши доколку надвор го фатило невреме, па дури и да си спреми топол чај или кафе.
И така луѓето без скоро никаква помош од страна си почнаа да носат прозори, ја наместија вратата, со помош на другите планинари годинава успеаја да донесат поголемо количество на вода, песок, градежни скелиња и уште некои работи потребни за да се започне работата на реконструкција на истата. Проблем е што треба да се донесат и уште некои погабаритни работи што не можат да се влечат од Попова Шапка до Титов Врв само на планинарски раце.
Прашано е и во МВР и во АРМ за да им помогнат за да се достават истите со помош на хеликоптер, ама истите со ова или она извинување до сега ги одбиваат (иако и истите ќе можат да го користат објектот). Користењето на коњи од локалните жители за да се донесат истите е од прилика два пати поскапо (бараат околу 3.000 евра за неколкудневна работа).
Би ве замолил доколку некој од вас има било какво влијание во АРМ или МВР да проба да го употреби за да им помогнеме на членовите на П.Е.Д. Аргентус Моунт за да можат да добијат хеликоптерски транспорт кој во неколку (два-три) кратки летови би ја однеле потребната опрема до врвот.
П.С.
Истите не би се лутеле и на некоја финансиска или материјална помош, со тоа што финансиите не мора да бидат воопшто уплатени на клубот, туку може и директно да се уплатат на изведувачите и подизведувачите.
П.П.С.
Не, не сум член на Аргентус Моунт, ама луѓето ми се пријатели и го ценам она што сакаат да го постигнат со оспособувањето на кулата на Титов Врв.