Чиле спотинг
- Scylla
- Капетан на Concorde
- Posts: 4913
- Joined: 12 Jul 2006, 03:21
- Location: Лозана
- Contact:
Чиле спотинг
Малку интересни слики од еден друг крај на земјата. 2 недели шетање по пустини, вулкани, гејзери и плажи накратко фотографии од четири аеродроми во Чиле.
По 14 часа директен лет од смрзнувачкиот Париз
пристигнуваме во една многу топла и интересна земја каде не пречекува следниот знак
После неколкуте прашања на граничната полиција дали Македонија е нова земја и каде се наоѓа, не верувајќи ми замина да се консултира со некој повеќе што знае географија. После 40тина минути проверки дали Македонија е во Грција, Египет или Азија, добив печат за влез. Веднаш што ми падна на памет чекај да видам што има од авиони. На мое изненадување аеродромот во Сантиаго има тераса и неколку места определени за спотинг (и фраери, веројатно?)
Домаќин на многу тешки авиони кои доаѓаат од Австралија, Нов Зеланд и САД, Сантиаго е доста интересен аеродром за сликање.
А еве како стигнуваат и заминуваат парите од овде
Ама некој мора и да одмори зошто температурата е +42 целзиусови
Во терминалот има доста невообичаени глетки
Дури и девојки кои стојат на располагање за печатење на онлајн бординг карти и други информации околу аеродромот
Пластифицирање на багажот?
И барем за мене доста интересни имиња на компании
А уште поинтересни дизајни на лого?
Најголемата и веројатно најдобра авиокомпанија во Чиле е ЛАН Ерлајнс (што стои за Латин Америка Нетворк). Лан првично постоела само во Чиле како Linea Aerea Nacional de Chile, но со одличното работење и добриот менаџмент се проширува и во Аргентина, Перу, Колумбија, Еквадор каде отвара свои компании како Лан Перу, Лан Перу итн за да ги обедени и направи огромен пазар во Јужна Америка. Оперираат со нови авиони и барем во Чиле имаат летови према сите аеродроми на секој час и половина, слично како автобуски линии. Поради должината на Чиле авиопревозот е страшно развиен и користен за секаква намена и транспорт. Никаде на друго место немам видено на лента за багаж да поминуваат велосипеди и бетономешалки. Работници во комбинизони чекираат сандаци со алати.
Како голема компанија разбира дека треба да се штеди и за сите свои летови авионите ги носи до писта со пушбек за да заштеди гориво.
Друга комапнија која има доста летови во Чиле е Скај Ерлајн.
Иако името е слично со нашата Скај Вингс, навиките не се исклучок.
За неколку минути подоцна да ја променат дестинацијата
Оперираат со многу стари Боинг 737-200 кои се претерано бучни, затоа го немаме во Европа и останатиот нормален свет.
И претерано бавни да се стигнат во трчање
За време на летот со оваа компанија вратата од пилотската кабина беше постојано отворена. Ама затоа имаат свои бонбони
Инаку во Чиле на сите летови што бев еден од пилотите секогаш стои при влезот и ги поздравува патниците, што не е случај повеќе во Европа.
Кога барав карти онлајн на сајтовите од овие две компании, секогаш, ама секогаш имаше разлика во цената кога пребарував на шпански и на англиски. Англиската верзија им беше 2 пати поскапа. Јас си ги купив преку шпанската и ми испаднаа по 50 евра од лет кој просечно траеше 2 часа. Инаку ако се има желба да се купува во последен миг, ако се распрашате на шалтерите за last minute карти на аеродромот за слободни места цената на картите се движи од 15 до 30 евра.
Чиле е доста богата земја но централизираниот систем (и многу јака војска) направиле земјата да има огромни разлики од еден до друг крај. Сиромаштија и беда на север, огромни богатства во средниот дел и близината на Сантиаго. Аеродромот во Темуко е одличен пример, доволно е да се види таблата со наредните летови
И така после пливање во гејзери, јадење лама, преживување на земјотрес со сила од 7.5 по Рихтер (кој траеше 1 минута и 15 секунди, буквално) се враќам во Европа со доста угодниот Боинг 777
и додека сеуште се нервирам поради силното сонце и температурата од +40 целзиусови времето во Париз е еднакво на самоубиство
Интерсесно е за колку брзо време се измислуваат нови правила и прописи

Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15459
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Манга!!! Respect!!!
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 36499
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Сцила ти се едноставно највечи пациент у живот што сум го упознал чиле бе ?:D
п.с. да не те уловија тебе со кока пред некој ден у охрид?

♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
- karamba
- Капетан на Enterprise
- Posts: 14325
- Joined: 26 Jun 2009, 23:07
- Location: Skopje,R.Makedonija
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Scylla секоја чест за дестинацијава,за тамошниот провод а бога ми и за деталниов извештај,
- alvarhanso
- Тест пилот
- Posts: 33900
- Joined: 21 Jul 2007, 13:34
- Location: Skopje
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Chi-Chi-Chi... Le-Le-Le!
Супер слики Scylla, а богами и одличен рапорт.
Ептен интересна земја... дифинитивно би ја посетил. Претпоставувам вреди да се утепа толкав пат, не?
P.S. Ја бива ламата?

- Iko
- Тест пилот
- Posts: 46083
- Joined: 06 Dec 2008, 22:55
- Location: Cape Town, RSA
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Santijago e prekrasen grad...i na mene i na soprugata ni ostana vo najtopli spomeni...voopshto celata zemja e fantastichna vo fizichki pogled...imash chuvstvo ko da si vo odredeni nejzini delovi navistina na Mars....lichno...po moj vkus...sekoj den bi go stavil eden Santijago ili eden Buenos Aires pred eden izvikan Pariz ili ne daj Bozhe, London (da se razbereme, nemam jas nishto protiv London ama mene lichno mi e eden od najizvikanite mesta koi sum gi posetil vo zhivotov) i nim slichni....edino...interesno...Lima mnogu me razochara...ochekuvav daleku povekje...ama shto znam...da Ok, ubav grad, se toa...ama nekako...premnogu siva atmosfera...me iznenadi kolku Peruancite se na nekoj nachin depremirana nacija...ko nekoj golem siv oblak da e nadvisnat nad taa zemja...ali ko shto vikam, po toa, Santijago ne voodushevi....fenomenalno mesto...grch lugje...ednostavno kako da vi gi opisham....edna urbana sredina naselena so narod koj komotno mozhe da kazham deka e aristokratija vo svoite maniri na zhiteli na edna prestolnina....edno prestolno gragjanstvo koe se kalelo so generacii...vo toj pogled...mozhe nie Skopjani da uchime ushte mnoooooooogu od takvi drugi glavni gradovi....
Edino mi e maka shto nikogash ne skoknavme do Brazil a po kazhuvanjata na mojot pokoen tatko vredi da se posetat mesta kako na primer eden Salvador (poraneshna Baia), Belo Horizonte i ostanati drugi mesta...od druga strana otvoreno kazhuvashe deka i pokraj negovata izvikanost - Rio e navistina odvraten grad...prljav, opasen, haotichen...a mu veruvam na negoviot vkus i na negovata ocena koja vo moite brojni lichni iskustva sekogash rechisi bez iskluchok se potvrduvala....na primer se sekjavam koga stalno mi veleshe deka vo sekoe doba ja stava edna Barselona ili Vladivostok pred eden Njujork ili Frankfurt...na istoto mislenje sum i jas deneska kako vozrasen chovek koj gi posetil...grch mesta vo odnos na ovie izvikani...
Nego interesno...ako ima mesta koi me razocharale do tolku vo mojov zhivot - toa se Kuba i Jamajka...tolku ochekuvav od niv...auh...sega da mi platish ne idam vishe tamu....so voodushevuvanje se spremav za Havana...koja crna Havana moj choveche....odvratno mesto....shljam od grad....tolku mnogu se razocharav...

- AlexGreat
- Пилот на Су-25
- Posts: 13296
- Joined: 05 Mar 2009, 22:18
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Jas odamna imam zelba za eden odmor vo Havana..ama ete ,ubavo sto mi go kaza svoeto mislenje druze..ke go imam vo predvid ako nekogas odam!Iko wrote:Santijago e prekrasen grad...i na mene i na soprugata ni ostana vo najtopli spomeni...voopshto celata zemja e fantastichna vo fizichki pogled...imash chuvstvo ko da si vo odredeni nejzini delovi navistina na Mars....lichno...po moj vkus...sekoj den bi go stavil eden Santijago ili eden Buenos Aires pred eden izvikan Pariz ili ne daj Bozhe, London (da se razbereme, nemam jas nishto protiv London ama mene lichno mi e eden od najizvikanite mesta koi sum gi posetil vo zhivotov) i nim slichni....edino...interesno...Lima mnogu me razochara...ochekuvav daleku povekje...ama shto znam...da Ok, ubav grad, se toa...ama nekako...premnogu siva atmosfera...me iznenadi kolku Peruancite se na nekoj nachin depremirana nacija...ko nekoj golem siv oblak da e nadvisnat nad taa zemja...ali ko shto vikam, po toa, Santijago ne voodushevi....fenomenalno mesto...grch lugje...ednostavno kako da vi gi opisham....edna urbana sredina naselena so narod koj komotno mozhe da kazham deka e aristokratija vo svoite maniri na zhiteli na edna prestolnina....edno prestolno gragjanstvo koe se kalelo so generacii...vo toj pogled...mozhe nie Skopjani da uchime ushte mnoooooooogu od takvi drugi glavni gradovi....
Edino mi e maka shto nikogash ne skoknavme do Brazil a po kazhuvanjata na mojot pokoen tatko vredi da se posetat mesta kako na primer eden Salvador (poraneshna Baia), Belo Horizonte i ostanati drugi mesta...od druga strana otvoreno kazhuvashe deka i pokraj negovata izvikanost - Rio e navistina odvraten grad...prljav, opasen, haotichen...a mu veruvam na negoviot vkus i na negovata ocena koja vo moite brojni lichni iskustva sekogash rechisi bez iskluchok se potvrduvala....na primer se sekjavam koga stalno mi veleshe deka vo sekoe doba ja stava edna Barselona ili Vladivostok pred eden Njujork ili Frankfurt...na istoto mislenje sum i jas deneska kako vozrasen chovek koj gi posetil...grch mesta vo odnos na ovie izvikani...
Nego interesno...ako ima mesta koi me razocharale do tolku vo mojov zhivot - toa se Kuba i Jamajka...tolku ochekuvav od niv...auh...sega da mi platish ne idam vishe tamu....so voodushevuvanje se spremav za Havana...koja crna Havana moj choveche....odvratno mesto....shljam od grad....tolku mnogu se razocharav...
Svi ruski ratni ciljevi biće ostvareni, ali postepeno. Pošto se postepeno i menjaju.
- Iko
- Тест пилот
- Posts: 46083
- Joined: 06 Dec 2008, 22:55
- Location: Cape Town, RSA
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Ne znam Aleks dali e do ekonomskata kriza i nivniot finansiski kolaps ama Havana e tolku gnasen i prljav grad da na choveka mu se zgadi...se e oronato, opadnato, istrunato...kupishta gjubre nasekade (veruvash ili ne, spored samoto nivno kazhuvanje, ne znam koku vreme - verojatno godini se vo prashanje, nivnata komunalna sluzhba voopshto ne funkcionira)...se e nekako shto znam...zapushteno i voopshto zanikade vo sekoj pogled (vistinska shteta poshto arhitektonski kako star Hispanjolski grad e navistina prekrasna, ama kako shto rekov zanikade "neguvana")...me podseti na Belgrad za vreme na sankcii - so razlikata shto vo megjuvreme Belgrad navistina pochna da se sreduva i povtorno da zalichuva na Evropska metropola...a ushte ko dete sum rasten so tie avanturistichki prichi za Kuba, Kastro, Ernesto (Che Gevara), Kubanski Rum, Kubanski Puri, Karibi, pirati i slichno...ochekuvav stvarno neshto epten...tolku mnogu se razocharav da ti vikam, sega da mi plakjaat ne idam vishe tamu....edino mesto na Kuba shto navistina mi ostavi vpechatok e Varadero (toa e prviot turistichki grad na Kuba koj beshe otvoren za stranski turisti)...fantastichno e sreden (normalno, im nosi tolku pari)....komotno mozhe da se meri so sekoe mondensko mesto vo svetov i daleku pozadi sebe i po ubavina (a iskreno i iznenaduvachki po mene) i po sredenost go nadmashuva eden izvikan Majami (eden od mene lichno najodvratnite gradovi koi sum imal mozhnost da gi posetam) i rechisi cela Florida...tokmu toa mi beshe pokazatel, malce da imaa usul Kubancite i da go napushtea toj "revolucionaren" (chitaj "inatliv") duh i da razviea nekoj "hibriden" sistem kako Kinezite (komunistichki politichki sistem so kompletno kapitalistichka ekonomija) mozhea da doguraat mnogu, mnogu daleku poshto chisto vo fizichki pogled Kuba e navistina rajska lepota od ostrov...shteta, vistinska shteta shto zaribaa taka gadno...so taa nesekojdnevna ubavina dadena od Gospod mozhea da stanat golema turistichka sila i voopshto moshne bogata zemja....
A Jamajka?!? Jamajka e edna crna i gadna pricha za sebe...mozham iskreno da kazham deka nikade vo svetov vo svojot zhivot ne sum se chuvstvuval tolku nesigurno i toa sred bel den....strahota edna....bukvalno za cigara kje te upucaat na ulica....iskreno...nokjno vreme vo Bejrut sum se chuvstvuval nesrazmerno posigurno odoshto vo Kingston sred ti vikam bel den....koga dojdovme vo pristanishteto....carinskite sluzhbenici ne predupredija kako stranci deka Jamajka kako drzhava na bilo koj stranec mu garantira lichna bezbednost samo do 150 metra oddalechenost od bilo koj aerodrom, pristanishte ili policiska stanica...mislev deka ne zezaat...i se iznasmeavme site...se dur ne iskochivme dole (dojdovme ti vikam so brod) vo pristanishniot sektor...i slushash samo na edno 100-tina metra od tamu...bam, bam, bam! Trchaat site unaokolu, vikanici, policiski sireni....ostanavme ko ukopani....jezivo mesto...

Tatko mi bidejki e pomorec ,raboti na tovaren brod za rasut teret,i najcesto se vo J.Amerika pa skoro cela ja ima prosetano...Chile,Peru,Argentina,Brazil i dr. pa mi ima kazuvano slicni prikazni za Rio...deka i mali deca vika..prvo oddelenie sto odat na skolo,cigarata v usta i sibaat...i mnogu opasno bilo,radi toa sto vikas,cigara da ne mu dades,i malo dete ti vagja pistol i te spastira na lice mesto..vo J.Afrika e biden isto..vo Durban,Cape Town...Johanesburg..i za Cape Town,taksistot gi zaklucuval v kola duri odel do trafika..da ne im go prereze grklanot nekoj frustriran crnec,sto mu dosle belci vo crneckiot del na Cape Town,koj e a 360o porazlicen od delot kade sto ziveat belci,pretezno Anglicani..
edni na drugi ne si vleguvaat bas,kolku da nema masakri,ama razlikata bila pregolema megju edniot i drugiot del na gradot.
edni na drugi ne si vleguvaat bas,kolku da nema masakri,ama razlikata bila pregolema megju edniot i drugiot del na gradot.
Svi ruski ratni ciljevi biće ostvareni, ali postepeno. Pošto se postepeno i menjaju.
- Scylla
- Капетан на Concorde
- Posts: 4913
- Joined: 12 Jul 2006, 03:21
- Location: Лозана
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Чиле како дестинација е доста популарна за туризам но не за урбаните градови туку природните богатства кои ги има во изобилство и се доста различни, од пустини на северот до делфини на југот. Градовите можат да бидат убави чисти како од бајка на една улицаalvarhanso wrote:Chi-Chi-Chi... Le-Le-Le!
Супер слики Scylla, а богами и одличен рапорт.
Ептен интересна земја... дифинитивно би ја посетил. Претпоставувам вреди да се утепа толкав пат, не?
P.S. Ја бива ламата?
За неколку улици подолу да мислиш дека си влегол во зоната на самракот
Полицијата и армијата се едни од најпочитуваните професии во Чиле. Располагаат со најнови и најскапи униформи, пиштоли, бродови, мотори, авиони, коли и никому не му паѓа на памет да си игра со полицаец или да го потплати. Контроли има постојано на секоја улица за автомобили и пешаци. И покрај ова, постојат делови од градови каде ако се најдеш во погрешно време ќе настрадаш гадно поготово ако си странец од локални банди.
Друга лоша особина на Чиле е храната. Мрсна, солена, со зачини и чуден мирис - никаква е! Од најефтините кафани до хотел со 5 звезди секаде, ама секаде постои некој чуден мирис на кујна во сите простории од рестораните кој не можам да го проголтам. Прашина исто така, од колиби направени од бамбус и кожа од лама до хотел од 5 звезди прашина ќе се изнаголташ.
Ламата како храна може да се најде само на северот од Чиле во длабоките пустински предели (Сан Педро де Атакама, каде што се возеше Дакар делот во Чиле) и бидејќи е заштитен вид може да биде ловена или одгледувана од локалните луѓе. Има прекрасен вкус, многу сочен, истовремено сосема малку солен и сосема малку благ вкус и многу многу жилаво месо.
А за природните убавини мислам дека ретко се наоѓаат вакви глетки. Еден од највисоките гејзери во Чиле на границата со Боливија, 6000 метри надморска висина и -20 целзиусови на лето
Варени јајца и чоколадно млеко во гејзер
Со преку 2000 вулкани (80% од целиот свет се наоѓаат во Чиле) постојат прекрасни врвови и пустински предели
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
- Bobby
- Капетан на B747
- Posts: 832
- Joined: 14 Nov 2009, 02:56
- Location: OHD - SKP
- Contact:
Re: Чиле спотинг
И одмене едно огромно браво за извештајот. Има што да се види и што да се научи.
To live is the rarest thing in the world, most people exist, that's all...
- Skopjeair
- H.M. MURDOCK
- Posts: 3197
- Joined: 12 Oct 2006, 10:23
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Scylla е како Берта Додевска со извештаите за местата! hahahahhahahah
I fly BELL 206 when I am sober!
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15459
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Scylla, ме стимулираш да најдам начин да скокнам до Чиле
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
- alvarhanso
- Тест пилот
- Posts: 33900
- Joined: 21 Jul 2007, 13:34
- Location: Skopje
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Patagonia here i come!
- Bobby
- Капетан на B747
- Posts: 832
- Joined: 14 Nov 2009, 02:56
- Location: OHD - SKP
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Или пак, оној србинот од „Свет на длану“. Се изнашета човекот по цел свет.Skopjeair wrote:Scylla е како Берта Додевска со извештаите за местата! hahahahhahahah
To live is the rarest thing in the world, most people exist, that's all...
- BORG
- Капетан на А380
- Posts: 1328
- Joined: 15 Jul 2006, 23:09
- Location: YYZ Toronto -Mississauga ON
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Ednostavno......
sekoja cest
sekoja cest
- Bobby
- Капетан на B747
- Posts: 832
- Joined: 14 Nov 2009, 02:56
- Location: OHD - SKP
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Сакав да прашам. Некој збор за услугата и авиопревозникот за време на летот?
Некоја слика од 777, можеби?
Некоја слика од 777, можеби?
To live is the rarest thing in the world, most people exist, that's all...
- Loaded_Dice
- Капетан на B747
- Posts: 1257
- Joined: 04 Aug 2006, 22:48
- Location: Skopje, MK
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Scylla, алал да ти е за репортажава, фино си се изнашетал на многу егзотични места . Да не успеа да начекаш дел од рели трката Дакар што беше пред некоја недела во Чиле ?
P.S. Инаку LAN Chile ако не се лажам беше прогласена за најдобра компанија оваа година во латинска америка
P.S. Инаку LAN Chile ако не се лажам беше прогласена за најдобра компанија оваа година во латинска америка
- Scylla
- Капетан на Concorde
- Posts: 4913
- Joined: 12 Jul 2006, 03:21
- Location: Лозана
- Contact:
Re: Чиле спотинг
Услугата прва лига, океј храна и голем избор на игри, филмчиња и музика на конзолата пред тебе (што кај Ер Франс е стандард за сите класи, додека пак кај Иберија пример само во бизнис и прва класа) а на такви долги летови прави разлика. Башка млади стјуардеси Немам слики од внатрешноста, еве една што најдов на ЕрлајнерсBobby wrote:Сакав да прашам. Некој збор за услугата и авиопревозникот за време на летот?
Некоја слика од 777, можеби?
Релито Дакар го промашив за 2 дена бидејќи сосема изумив на него, ми текна кога пристигнав во Сан Педро де Атакама каде се спремаа за доаѓањето и поминувањето на релито...Се утешив со рентање на еден Африка Твин 650 и еден ден возење низ најсувата пустина во светот.Loaded_Dice wrote:Scylla, алал да ти е за репортажава, фино си се изнашетал на многу егзотични места . Да не успеа да начекаш дел од рели трката Дакар што беше пред некоја недела во Чиле ?
P.S. Инаку LAN Chile ако не се лажам беше прогласена за најдобра компанија оваа година во латинска америка
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 13 guests