Page 1 of 1

Нападната стјуардеса во црногорски авион

Posted: 02 Feb 2007, 19:27
by avijacijamk
Албанец, кого германските власти го депортирале на Косово вчера се обидел да ја убие стјуардесата во авион на Монтенегро Ерлајнс, кој од Дизелдорф летал за Приштина, изјави во Подгорица директорот на компанијата Зоран Ѓуришиќ.

Тој соопшти дека во авионот биле патници од албанска националност кои германските власти ги депортираат на Косово, а црногорскиот авиопревозник секој четврток ги префрлува во Приштина.

Еден од депортираните откако ги извадил врвците од чевлите се обидел да ја задави стјуардесата, која во тој момент и служела патниците со пијалоци. Напаѓачот и пришол од зад грб и се обидел да ја задави со врвката, изјави Ѓуришиќ.

Напаѓачот бил совладан од припадниците на специјалната единица на МВР на Црна Гора, кои според специјален договор ги придружуваат летовите на Монтенегро Ерлајнс.

Специјалците организирани и присебно го совладаа напаѓачот, по што авионот безбедно слета во Приштина, соопшти директорот, додавајќи дека стјуардесата има повреди на вратот.

Црногорскиот министер за внатрешни работи Андрија Јовичевиќ синоќа потврди дека припадници на министерството во четврток спречиле потежок инцидент во воздухопловот на Монтенегро Ерлајнс, кој леташе на линија Дизелдорф - Приштина.

Тој додаде дека напаѓачот бил предаден на властите во Приштина.

A1