Отпуштена стјуардеса поради блог на интернет

Овде може да пишувате се што ве интересира за стјуардесите и стјуардите.
Forum dedicated for cabin crew and their duties.
Post Reply
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Отпуштена стјуардеса поради блог на интернет

Post by avijacijamk »

Критикување на работодавачот - само на сопствен ризик

Дневниот весникот “Кристијан Сајенс Монитор“ пишува за ризикот поврзан со водење на блог - интерактивен дневник на интернет, каков што водат околу осум милиони Американци, покажува едно истражување.

Некои од нив, кои на својот блог го критикуваат својот работодавец, откриваат дека тоа може да биде прилично опасна забава. Имено, нивниот идентитет честопати бргу се открива, а критичноста се “наградува“ со отказ.

Според една новинарка од Јужна Каролина, која била отпуштена поради блогот, најдобро е да пишувате за куќните љубимци или кујнски рецепти. Таа вели дека ако пишувате критички за својот шеф и колегите од работа, многу лесно може да ви се случи да го загубите работното место.

Слободниот новинар од Сан Франциско, Курт Хопкинс, собра документација за 20-тина „блогери“ од Америка кои загубиле работа. Една бивша стјуардеса била отпуштена поради тоа што на Интернет објавила свои полуголи фотографии - во униформата на својот работодавец.

Една Интернет фирма ја отпушти својата вработена затоа што на својот блог пишувала за техничките проблеми на компанијата.

Дневен весник што излегува во Сент Луис отпушти еден од своите вработени новинари кој на својот блог критички го анализирал пишувањето на блогот и правните последици поврзани со оваа се уште “неистражена територија“.

Некои сојузни држави ја штитат приватноста на своите граѓани, така што отказ од работа не може да се добие ниту лице кое, на пример, пуши марихуана или се игра комар, додека другите немаат такви закони.

Главно, “следете ги своите сништа, но немојте да се зачудите ако ја загубите работата поради критички интониран блог“ - предупредува еден правен експерт./Макфакс/
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
ACELERA
Падобранец
Падобранец
Posts: 29
Joined: 02 Apr 2007, 13:43
Contact:

Post by ACELERA »

како викаат... не ја гризај раката што те храни :wink:
Авион цура!
User avatar
FROGFOOT
Спортски пилот
Спортски пилот
Posts: 366
Joined: 29 Sep 2006, 13:42
Location: Skopje, Makedonija
Contact:

Post by FROGFOOT »

Ova e pravno-tehnicki problem, se kosat slobodata na govor i pravoto na izrazuvanje so otkrivanje delovni tajni i eventualniot potpisan raboten dogovor pomegu stujardesata i kompanijata vo koj sigurno ima i klauzuli za vakvi slucai.
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest