По падот на визниот режим посетата на вакви случувања горе/доле е олеснета нормално кој како може,еве еден аеромитинг во не така далечно соседство,интересна програма на организаторите како и план кој се треба да улета,башка тука јадеш гулаш,... бегаш http://repulonap.hu/airshow/rovatok/en/
СИНГАПУР (Си-Ен-Би-Си/Ројтерс) - "ЕрАзија" и Џетстар" ја најавија првата нискобуџетна алијанса во светот. "Џапан ерлајнс" поднесе барање за стечај и се надева дека ќе стане сосема нова авиокомпанија во сосема различна алијанса. Дури и вработија калуѓер на местото главен извршен директор. Авиокомпаниите од Западот претежно објавија загуби...
После тоа што да се очекува од големото авиошоу во Сингапур што беше отворено вчера, а ќе трае во наредните пет дена. Познавачите велат - Очекувајте чуда.
На неверојатни 30.000 хектари отворен и 40.000 квадратни метри затворен простор ќе изложуваат 800 компании од авиоиндустријата од над 40 држави.
По релативно неуспешните минати саеми во поглед на продажбата, во Сингапур ќе има зделки. Рецесијата падна и нарачките можеби ќе се зголемат. Доколку не е така, зошто "Боинг" би го испратил Ренди Тинсет, заменик претседател за маркетинг на "Боинг комршал ерплејнс", таму?
Второто чудо што се очекува од Сингапур е доминација на азиските компании. Кинезите и Корејците со сите сили ќе се претстават на Аеромитингот. Кинезите летаа во нивниот регионален авион "комак АРЈ21" и многу зборуваат за авионот со тесно тело "919". Корејците пак, ги имаат своите "ФА50" и "Т50", заедно со хеликоптерот "сурион". "Мицубиши" и "Сукхој" се, исто така, присутни. Па затоа, наместо едноставно да се гледа во вообичаените нарачки на "Ербас" и "Боинг", можеби ќе има нешто што ќе изненади - но сепак ова е Аеромитинг во Сингапур.
Никако не смеат да се заборават и товарните авиони. На сцената настапува сосема нов "ербас А330"и привлекува многу внимание.
Немојте да се изненадите колку овој авио митинг ќе биде достапен до широките народни маси, велат организаторите. За прв пат во историјата на авиосаемите, нема да има покриеност само од весници и телевизии, туку овој настан ќе биде покриен и од веб страните за дружење. "СимплиФлаинг" ќе го пренесува секој аспект од авиосаемот и ќе комуницира со делегатите преку "Твитер", "Фејсбук", "ЈуТјуб" и други блогови.