Еве ја книгата во PDF ако некој сака да ја чита.Христијан wrote:Американски снајперист убил 255 Ирачани
Крис Кајл, поранешен снајперист од американските Морнарички фоки, е „најсмртоносен“ американски војник кој убил 255 луѓе во Ирак и, според сопственото кажување, не жали за нив.
Тој вчера ја објави книгата „Американски снајперист“ и по тој повод во изјава за британскиот весник „Дејли стар“ истакнал дека тагува само по своите соборци.
- Моите непријатели се дивјаци. Жалам само за луѓето кои не можев да ги спасам, маринците, војниците, другарите. Стојам пред Господ со чиста совест, изјави Кајл.
Двапати пукале во него, шестпати бил мета на бомбашки напад, а главата му била уценета на 20.000 долари. Во Ирак престојувај четири пати. Најголема оддалеченост од која Кајл го погодил непријателот била 1.900 метри во градот Садр.
Низ Ирак брзо се слушнало за неговите вештини, така што во градот Рамади го нарекле „Шејтан од Рамади“.
Овој некогашен родео-јавач истакнува дека за него е чест што Ирачаните го нарекувале „ѓавол“ и не покажува жал додека зборува како уживал во мачењето на непријателот во име на Господ. Неговите соборци го викале и „терминатор“.
Со 255 убиени непријатели, Кајл постави нов американски рекорд, но се уште е далеку од светскиот. Војникот со најсмртоносен резултат во светот е Финецот Симо Хајха кој убил 542 советски војника за време на Втората светска војна.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... 9539BCD398" onclick="window.open(this.href);return false;
http://depositfiles.com/files/poznce25g" onclick="window.open(this.href);return false;
http://turbobit.net/zcrx9o516zfc.html" onclick="window.open(this.href);return false;