Нова книга за авиони
- Andonovic Vladimir
- Падобранец
- Posts: 20
- Joined: 06 Feb 2009, 08:21
- Contact:
Нова книга за авиони
Излезе од печат најновата книга на авторот д-р Владимир Андоновиќ со наслов „Еволуција на виталните системи на авионите“ - или воздухопловни легенди 2. Книгата на 160 страници текст и многубројни фотографии содржи: Пролог со кратка историја на летањето, 7 глави основен текст, библиографија и белешка за авторот.
Книгата ги обработува некои од крупните епохи кои биле пресвртници во еволуцијата на авионот и довеле до нови поквалитетни конструктивни решенија и скокови во перформансите како:
- примена на слободноносечкото крило,
- примена на системите за хиперпотисок,
- примена на метален пропелер и промена на чекорот на краците на пропелерот во лет,
- вовлекување/извлекување на стојните органи во лет
- примена на турбомлазни реактивни мотори,
- совладување на звучната бариера,
- епилог, или што понатаму?
За разлика од книгата „Воздухопловни легенди“ (од истиот автор), во која беа опишани историските херојски летови, тежиштето на оваа книга е врз конструкторите. На овој начин се затвора кругот на воздухопловните легенди составен од конструкторите, научниците и летачите.
Книгата се препорачува на широк круг читатели кои ги интересира воздухопловството, од средношколци и студенти, до професионалци во пензија.
Книгата е посветена на генерацијата матуранти 1955-1959 година на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ и последната глава на книгата содржи податоци за оваа генерација.

- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15459
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: Нова книга за авиони
Честитки професоре и голема благодарност за трудот и работата на вака дефицитарни теми во нашето општество.
Каде би можеле да ја најдеме и купиме книгата?
Каде би можеле да ја најдеме и купиме книгата?
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
- Andonovic Vladimir
- Падобранец
- Posts: 20
- Joined: 06 Feb 2009, 08:21
- Contact:
Re: Нова книга за авиони
Книгата може да се купи во книжарницата „Матица“ на бул. Св. Климент Охридски.
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15459
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: Нова книга за авиони
Благодарама професоре, ќе ја купам веќе од утре
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
- zlatko83
- Капетан на А380
- Posts: 1644
- Joined: 10 Sep 2006, 16:47
- Location: Skopje
- Contact:
Re: Нова книга за авиони
interesno
ce mi treba recnik da gi razberam nekoi od strucnive izrazi )
ali sepak ce mora da vleze u biblioteka )
ce mi treba recnik da gi razberam nekoi od strucnive izrazi )
ali sepak ce mora da vleze u biblioteka )
- Andonovic Vladimir
- Падобранец
- Posts: 20
- Joined: 06 Feb 2009, 08:21
- Contact:
Re: Нова книга за авиони
При пишување на книгата „Еволуција на виталните системи на авионите“ настојував што помалку да користам стручни изрази кои не се среќаваат во секојдневниот говор. Сепак некои морале да се појават. Доколку не Ви е тешко можете да ги соберете и испратите преку Форумот, а јас ќе Ви ги дадам потребните објаснувања. Книгата е пишувана со популарен јазик и скромна „тежина“ па сепак понекаде морало да се отстапи од овој принцип. Ви благодарам на јавувањето, се надевам дека книгата ќе Ви се допадне. Д-р Владимир Андоновиќ.
- Zoran MAF
- Капетан на SR-71 Blackbird
- Posts: 6627
- Joined: 02 Jul 2014, 19:44
- Contact:
Re: Нова книга за авиони
Поздрав Професоре ( ми предавате на ТМФ- Машински елементи )Andonovic Vladimir wrote:При пишување на книгата „Еволуција на виталните системи на авионите“ настојував што помалку да користам стручни изрази кои не се среќаваат во секојдневниот говор. Сепак некои морале да се појават. Доколку не Ви е тешко можете да ги соберете и испратите преку Форумот, а јас ќе Ви ги дадам потребните објаснувања. Книгата е пишувана со популарен јазик и скромна „тежина“ па сепак понекаде морало да се отстапи од овој принцип. Ви благодарам на јавувањето, се надевам дека книгата ќе Ви се допадне. Д-р Владимир Андоновиќ.
Мило мие што неуморно творите.
Поздрав само напред.
Искрено
Зоран .Т
Mijak 2
Si vis pacem, para bellum. Хочешь мира - готовься к войне
Si vis pacem, para bellum. Хочешь мира - готовься к войне
- Andonovic Vladimir
- Падобранец
- Posts: 20
- Joined: 06 Feb 2009, 08:21
- Contact:
Re: Нова книга за авиони
Почитуван колега Зоран Т.,
големо задоволство за еден стар професор е неговите студенти да се сеќаваат на него па и да му се јавуваат. Ве поздравувам и Ви посакувам добро здравје и успеси во професијата.
Со почит, проф. д-р Владимир Андоновиќ.
големо задоволство за еден стар професор е неговите студенти да се сеќаваат на него па и да му се јавуваат. Ве поздравувам и Ви посакувам добро здравје и успеси во професијата.
Со почит, проф. д-р Владимир Андоновиќ.
- Zoran MAF
- Капетан на SR-71 Blackbird
- Posts: 6627
- Joined: 02 Jul 2014, 19:44
- Contact:
Re: Нова книга за авиони
Задоволството е взаемно. Не престаНУВААТ КОНТАКТИТЕ СО НАПУШТањето на образовниот систем.Andonovic Vladimir wrote:Почитуван колега Зоран Т.,
големо задоволство за еден стар професор е неговите студенти да се сеќаваат на него па и да му се јавуваат. Ве поздравувам и Ви посакувам добро здравје и успеси во професијата.
Со почит, проф. д-р Владимир Андоновиќ.
Поздрав од ТЛМ Разине
проект печка за топшење алумијум
легура 5оо5
Искрено Зоран.Т
Mijak 2
Si vis pacem, para bellum. Хочешь мира - готовься к войне
Si vis pacem, para bellum. Хочешь мира - готовься к войне
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 1 guest