Здраво,
Еве за заинтересираните за параглајдерство неколку информации.
Еден линк до најактивниот параглајдерски (интернационален) форум, кој постои повеке години наназад
http://www.paraglidingforum.com/
Воглавно македонските параглајдеристи разменуваат мислења на групата
http://sports.groups.yahoo.com/group/pa ... ng_in_mkd/
За резултатите на нашите пилоти во светски рамки можете да се информирате на
http://civlrankings.fai.org/?a=328&ranking_id=416&
Најдобриот резутат на Македонската репрезентација беше на Европското првенство во Франција оваа година, 12 место од 30 европски земји, а од нашите 7 членови најдобар резултат постигна Димишковски Горан кој беше на 48 место од 134 европски пилоти.
http://ojovolador.com/press/?page_id=29
http://civlrankings.fai.org/?a=334&competition_id=676
Информации за циклусите натпревари на Светскиот Куп во параглајдерство (учествуваат воглавно фабрички спозорирани пилоти или останати кои ги усполнуваат строгите критериуми - нешто како Формула1 во овј спорт)
www.pwca.org
Од минатогодишниот циклус на овие натпревари конечните резултати можете да ги видите во attachment (ако успеам да го закачам) Најдобриот резултат од МКД пилот до сега на овие натпревари на врвен спорт е на Димишковски Горан, кој лани заврши 46ти од 256 пилоти кои се кавлификуваа и учествуваа.Овогодишниот сеуште трае.
Инаку, форумов МК авијација е сеуште тотално непознат меѓу повеќето
параглајдеристи во Македонија. Би можело повеке да се промовира, да се стави понекој линк до него и на други сајтови (на пример на www.xmkd.com во делот за параглајдерство).
поздрав,
С
Параглајдинг форум
- Suzana
- Падобранец
- Posts: 36
- Joined: 06 Oct 2006, 16:13
- Location: Geneve, CH
- Contact:
Параглајдинг форум
TEMPUS FUGIT
- Suzana
- Падобранец
- Posts: 36
- Joined: 06 Oct 2006, 16:13
- Location: Geneve, CH
- Contact:
параглајдинг форум
Може некој да ми каже зошто сум ,,падобранец,, на профилот?
Или уште подобро зошто нема посебна категорија за падобранци туку темите за падобранци се ставени во категоријата параглјадери и едрилици?
Да не ме сватите погрешно, но параглајдерството, поготово дисциплината Крос кантри (прелети)за која пишувам овде, нема баш многу заедничко со падобранство..

- avijacijamk
- Капетан на А380
- Posts: 2476
- Joined: 18 Jul 2006, 13:23
- Location: Skopje, Republic of Macedonia
- Contact:
хахаха, таман работа да те сватиме погрешно.
Најпрво ти си падобранец само поради рејтингот на испратени пораки, тоа ти зависи од бројот на испратени пораки, значи доколку испратиш повеќе пораки постепено ќе станеш, едриличар после спортски пилот, капетан на Б737, па така натаму.
Во оваа категорија се сместени падобранците, параглајдеристите, едриличарството, затоа што малтене се сметаат како летала со ист или сличен начин на летање, без мотор.

Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 1 guest