
Еден словенечки параглајдерист е тешко повреден на јужните падини на планината Јахорина во Босна и Херцеговина, откако заедно со својот колега слетале на минско поле во тоа подрачје.
Според првичните информации, еден од двајцата параглајдеристи нагазил на мина и е тешко повреден. Дел од медиумите неофицијално јавуваат дека тој ја изгубил ногата во инцидентот.
Полицијата ги алармираше спасувачките служби, а во акцијата се вклучи и хеликоптер на Министерството за одбрана на Босна.